Monday, June 15, 2015

Ел Псикопата`

(By Roger Mortis, 175/55)
Феноменот на сериските убијци одамна е навлезен во популарната култура.
До таа мера што припадниците на `елитата` на сторители на ултимативното кривично дело - убиство се перцепираат со фасцинација кај широките народни маси, на таквите креатури им се посветува несразмерно внимание, медиумите се полни со `подвизите` на особи кои според дефиниција убиле барем три лица со меѓупериод на `кулирање`.

Let`s jump into the bandwagon then...with a hip twist of course, let`s go to Latin America.

Познат е случајот на серискиот убиец `Зодијак` кој ординирал во САД во 60-те и 70-те години (а можеби и подолго) снимани се филмови и документарци и пишувани се и книги.
Надвор од секојдневните меридијани, манијак со сличен modus operandi и со иста способност за `исчезнување` и изоставање траги убивал во Коста Рика, поточно убил 31 жртва од 1986 до 1997. Наречен Ел Псикопата, убиецот најчесто убивал парови кои оделе на осамени места да имаат секс. Но со тек на време тоа му станало недоволно за неговите апетити и во една прилика масакрирал шест ученички заедно со учителката кои биле на излет во природа, во реонот кој станал познат како `Триаголникот на смртта` меѓу градовите Алахуела и Картаго.


Најчесто користел автомат М-3 Грис Ган за самите убиства, а кај повеќето жртви продолжувал со сечење на делови од телото, обично градите на девојките кои веројатно ги собирал како сувенири.
Костариканските власти се обратиле за помош на ФБИ но и покрај заедничката работа манијакот останува до ден денес на слобода. Дали продолжил да убива не е познато бидејќи после 1997 убиствата во тој реон престанале.
Не е невозможно еден ден и да се појави во јавност и да си живее безгрижно бидејќи во Коста Рика, за разлика од многу други земји - и убиството како кривично дело било подложно на застарување.

Постојат многу теории за тоа кој е убиецот, од екс-герилец на кого му избегала топката по удолница, богат и размазен син на влијателни родители кој своите манијакални апетити ги задоволува со помош на корумпирање на полицијата, а можеби и самиот Зодијак кој емигрирал во Коста Рика откако истрагата во САД се приближила доволно блиску за да избега во тропскиот рај и да продолжи со своите крвави навики.

Мистерија е зошто многу манијаци убиваат љубовни парови, што е тоа што ги доведува до бес при погледот на пар кој се бакнува или има секс?!
Дали нивната немоќ да остварат било каква искрена врска со припадник на човечкиот род ги доведува до убиствено лудило?

Како и да е, за неколку години се очекува излегување на албум со самолепливи сликички `Најголемите сериски убијци во 20.век`. Децата ќе можат да се менуваат со своите другарчиња со дупликати и да навиваат за својот омилен сериски убиец во директен пренос на најновото реално шоу -`Убиствено катче`.

No comments:

Post a Comment