Wednesday, June 24, 2015

Тужни дечак

(By Roger Mortis, 184/64)
Необичната и тажна сторија за Каспар Хаузер - "човекот кој дојде од никаде" :

На ден 26-ти Мај 1828 година во Нирнберг, чевларот по име Георг Вајхман здогледал млад човек на некои 15 до 20 години како целиот во партали, куцајќи и пуштајќи неразбирливи крици му се приближува. Вајхман го прашал човекот дали е се во ред, да не му се случило нешто, но како одговор добива само неодредено мумлање - кога младиот човек му дава писмо адресирано - До капетанот на 4-от ескадрон, 6-ти коњички полк, Нирнберг.
Сожалувајќи се на младиот, прегладнет и очигледно дезориентиран човек, Вајхман решава да се обиде да му помогне. Го носи дома, му дава јадење и гледа дека со детето нешто не е во ред, панично се плаши од разни предмети и бега од светлото...

Единствено нешто кое го добиваат како одговор од непознатата особа е - `Вајс нихт`, не знам ништо. По некое време чевларот го пронаоѓа капетанот на 4-от баварски ескадрон Весениг кој зачуден го отвара писмото и чита во него дека името на детето е Каспар Хаузер, дека е роден во 1812 и дека за целото време од неговиот живот бил затворен во некој подрум под земја каде еднаш дневно имал контакт со светлоста (кога му носеле храна), никогаш не бил пуштен надвор од подрумот каде друштво во 16-те години заточение му прават стаорците и неколку дрвени играчки-коњчиња.
Се наведува и дека бил несакан плод на нечија страст и дека најдобро би било баш капетанот Весениг да се погрижи за него (!?) и да го запише во воено училиште.
Весениг, немајќи намера да се грижи за Каспар - го носи во полиција каде случајот треба да се разјасни. Луѓето го сметаат Каспар за имбецил бидејќи не може да состави барем една разумна реченица. Ставен е во затвор, каде станува очигледно дека Каспар е навикнат на самување и мрак. Дури и неговата конституција е чудна како некој кој цел живот го поминал во ниска ќелија, подгрбавен.

Неговата судбина интригира неколку луѓе кои се обидуваат да ја разрешат мистеријата. Со првите контакти со луѓето со подобри намери отколку исмевање, Каспар ги демантира тврдењата дела е ментално заостанат - напротив, за многу брзо време учи да чита и пишува, а по некое време доаѓа под старателство на Георг Фридрих Даумер, професор и филозоф. Тука се случува целосна преобразба на Каспар кој за неколку месеци од неписмен и полу-нем достигнува да чита филозофски дела и да разговара со својот ментор Даумер. Што претставува незабележана брзина на интелектуален развој во познатата историја. Каспар зе неколку недели учи да црта, ги слика првите пејсажи, се занимава со компонирање, ги употребува и десната и левата рака (Амбидекстер) и почнува да ја пишува својата автобиографија.

Во неа кажува дека не знае ни кој е, ни кои му се родители, ниту од каде е, ни како се нашол во Нирнберг. Знае дека живеел во подрум, дека некој му подавал храна низ некаков отвор, дека одвреме навреме водата која му ја давале имала чуден вкус по што заспивал, дека немал видено целосно човечко лице се до денот кога се појавил во Нирнберг, а не знаел ниту кој му го дал писмото во кое се бара од тотално непознат човек (капетан Весениг) да се грижи за него...


Оваа автобиографија го прави славна личност низ цела Европа во тоа време. Јавноста се интересира за бизарната судбина која го снашла Каспар Хаузер.
Градот Нирнберг распишува награда за оној кој би дал информации со кои ќе се разјасни мистеријата, но никој таа награда не ја подигнува. Не постои никакво семејство Хаузер. Се отвара и истрага која по некое време заглавува, бидејќи не можат да се одделат фактите од шпекулациите кои тврдат дека Каспар е од кралско потекло од оваа или онаа династија.
Малку по малку Каспар се надева да дојде до нормален живот, но на 7-ми Октомври 1829 се случува обид за негова ликвидација. Каспар е најден со голема рана на главата предизвикана од чекан. Обидот за убиство се случува во куќата на неговиот ментор Даумер.
После овој настан се јавуваат и други луѓе кои сакаат да му помогнат, Анселм фон Фојербах и англискиот милионер Лорд Стенхоуп, кои решаваат да го заштитат животот на Каспар.
Најмен е платеник да го чува Каспар, но се` е залудно.
На 11-ти Декември 1833 Каспар Хаузер е заклан недалеку од својот нов дом.
Убиецот никогаш не е пронајден.

Дали се работело за садистички експеримент, континуирано одржување на табула раза во распон од 17 години, заточение поради припадност на аистократско наследно право или нешто сосема друго, не е познато. Латентните менатални супер способности на Каспар Хаузер кои дошле до израз откако бил избавен од подрумот се исто така причина за шпекулации околку неговата судбина и смрт.
Останува само тагата...

На неговиот надгробен споменик во Ансбах стоeле зборовите -

На ова место
од непознати причини
еден непознат човек
беше убиен од друг непознат човек.

На ова место лежи
загатката на нашето време
Место и време на раѓање - непознато
Причина за смртта - непозната.

No comments:

Post a Comment