(By Roger Mortis, 180/60)
Оваа е една од оние прекрасни larger then life мистерии, кои ги надминуваат и најсмелите филмски сценарија, кои остануваат неразрешени и после децении и само ја подгреваат славата на легендарниот извршител, очигледен поклоник на доктрината за `индивидуална експропријација`...
На 24.11.1971, некој лик со целосно рандом фаца, експресија и надворешност си купил карта во еден правец од Портланд до Сиетл под име Ден Купер. Си седнал на седиштето заедно со уште 35 други патници и по извесно време ја повикал стјуардесата за да и даде лифче. Стјуардесата, навикната на типови кои и се пуштале на разни начини не обрнала внимание по што Ден морал да инсистира.
На изненадување на струајдесата, немало покана за пијачка туку закана со бомба. Ден и ја покажал бомбата (или барем нешто што личело на бомба), споменал дека има контакт-упаљач во раката и дека пораката треба да оди кај пилотите.
Се покажало дека Купер е скромен киднапер на авион, барал 200.000 долари (околу 1,2 милиони во денешна пара) во апоени од 20 долари, 4 падобрани и полнење со гориво на авионот кога ќе слета во Сиетл. За возврат ќе ги ослободел патниците.
Пилотите се известени за ова и ја известуваат контролата на лет која пак го известува ФБИ. Советувано им е да постапат според барањата на киднаперот. Немало многу време да се исполнат барањата на киднаперот, околу два часа лет, но и покрај тоа - полицијата успеала да ги сними сериските броеви на банкнотите и да му ували еден лажен падобран меѓу четирите.
По слетувањето, Купер се покажал како киднапер од збор, душа од човек, и ги ослободил сите заложници. Not sure ни дека знаеле дека воопшто биле киднапирани. Тоа се вика киднапирање со стил.
Авионот бил наполнет со гориво и повторно полетал, овој пат кон Рено, Невада, на барање на Купер.
Уследиле многу чудни и специфични инструкции на киднаперот, брзина на авионот од 320 км на час (нешто над минималната потребна колку да се одржи во лет), висина од 3000м, барал да не се активира вештачкиот притисок и да се спуштат тркалата. Пилотите немале избор и се согласиле.
Подоцна станало јасно зошто воопшто ги барал тие работи и зошто воопшто избрал Боинг Б-727 за киднапирање. Имено, тој тип на авион поради конфигурацијата на мотори имал помошен излез со скалички позади, сосема погоден за намерата на Купер да скокне со падобран.
Купер порачал виски и цигари и спокојно си седнал на седиште. После некое време ставил два падобрани на себе, ги зел парите, наредил да го отворат помошниот излез и скокнал - во легендите...
Неколку ловци Ф-106 во тоа време веќе го прателе авионот но попусто, не виделе ништо освен тоа дека скалите на помошниот излез на патничкиот авион се отворени.
Подоцна медиумите ќе го наречат киднаперот Д.Б.Купер чунки тоа име им делувало некако посекси.
Авионот слетал, сите членови на екипажот биле во најдобар ред а некаде во шумите на државата Вашингтон веројатно се приземјил најдрскиот киднапер во светот.
И покрај стотиците полицајци, федералци, војници и доброволци кои деноноќно ја чешлаат областа никаков траг не е најден, ниту падобран ниту било што друго.
До ден денешен не се знае кој бил и како завршил киднаперот и покрај исцрпната истрага, деталното барање низ шумите и планините и медиумската хистерија. Разни теории со текот на времето се појавувале, имало многу осомничени но ништо конкретно. Единствена трага се појавила 1980 кога биле пронајдени три пакувања со вкупно 5.000 долари на брегот на некоја река а сериските броеви се совпаѓале со украдените пари. Тоа докажало дека...ништо не докажало само ги подгреало шпекулaциите кои траат и ден денес.
Се тврдело дека Купер е екс-специјалец поради знењето и смелоста, други дека бил аматер, трети дека загинал при скокот, четврти дека го виделе на рандом место години после настанот...каква и да е вистината, човек не може а да не се запраша зошто во такви случаи просто `навива` за престапникот.
Лично сум фан на верзија во која живеел долго и лагодно без да се занимава со секојдневни стресови и во која `уз муабет, кафе и цигара` на некој шанк расправал со присутните околу тоа кој бил навистина Д.Б.Купер...
No comments:
Post a Comment