(By Roger Mortis, 173/53)
Дали е можно човек да не биде откриен кога е баран од ЦИА, ФБИ, Хоумленд Секјурити и генералниот штаб на американските вооружени сили и тоа после неколку години детална потрага, со ангажирање на сите расположиви средства кои се на располагање на најмасовната и технички најопремена воено-обавештајна машинерија?!
Можеби да а можеби и не...
А дали е можно човек да се скрие - не сам туку во друштво на патнички авион Боинг Б-727 in all it`s size & glory, во случај да го бараат горенаведените организации?
Сосема можно!
Тоа го сторил извесен Бен Падиља, американски пилот заедно со механичарот Џон Мутанту од Конго-Киншаса (симпатично презиме, нема што).
Во Мај 2003 од пистата на меѓународниот аеродром во Луанда, Ангола, двајцата ликови се качиле во ветеранот Б-727 кој бил без никакви ознаки на него, ги исклучиле сите сигнализации (светла, транспондери) и покрај шокираните контролори на лет кои не им дале дозвола за полетување - полетале.
И секако - од моментот на полетувањето до денес - нивната судбина и онаа на авионот остануваат непознати.
Во екот на паниката поради настаните од 9/11, Американските власти не штеделе средства да го пронајдат авионот и крадците. Попусто, после две и пол години опсежна потрага и неколку можни сценарија кои испаднале дека не се точни - се откажале од потрагата. Имајќи ја во предвид денешната технологија, чудно е како може да исчезне толкав авион без никаква трага зад себе. Никој никаде не видел или пријавил пад или слетување ниту пак прелет на авионот над некоја територија.
Останале само шпекулациите, гласините, теориите и претпоставките - од измама со осигурување, преку тајна продажба на авионот, влетување во паралелна димензија до киднапирање од вонземјани.
Но и да станувало збор за осигурување или продажба, некогаш, некаде ќе излезел на виделина некаков траг, било што. До ден денес немало апсолутно ништо...
No comments:
Post a Comment