(By Roger Mortis, 176/56)
Чудна е потребата на властите во скоро сите рожби на злото познати како држави - да градат подземни скривалишта каде би се сокриле во случај на губење власт или во случај на природна или антропогена катастрофа.
Повеќето од државите во светот имале подземни скривалишта во распон од обичен бункер па се` до цели подземни градови. Нуклеарниот холокауст или Зомби апокалипсата не смее да ги затекне политичарите неподготвени...
Во САД се познати Норад центарот Чејен маунтин и Рејвнрок базата каде што постојат огромни подземни комплекси, во првиот случај издлабени во гранитна планина, каде што америчката власт и главниот штаб требало да се скријат во случај на инкаминг нуклеарни проектили. Освен подземните градови имаат и неколку авиони, сериозно модификувани Боинг Б-707 и 747, не само популарниот Ер форс уан туку и многу други, Е-4 Најтвоч на пример, најскапиот авион на светот после Б-2, тука се и соодветни бродови кои овозможувале продолжување на дејствија после `првиот удар`.
Советските власти исто така имале такви чуда, како континуитет на подземни тунели и градби уште од времето на Иван Грозни, се зборува дека под Кремљ наводно имало специјална линија на метрото која водела до други подземни центри или аеродроми и за неа требало хајест клиренс за да се пристапи. Најголем дел од тие градби биле започнати во времето на Сталин, а колку и какви постојат е предмет на шпекулации. Друг центар имало под планината Јамантау на Урал.
Своевремено Хитлер, како убер-злобна но и впечатлива особа имал свој подземен град под Берлин а тука била и Волчјата Јама во Источна Прусија. Можеби единствен пример на ставање во оперативна употреба на типично Думсдеј живеалиште со цел да се заштити власта, иако знаеме како сето тоа заврши (or do we?).
Во Баварија имало напуштени рудници за сол кои нацистите ги модифицирале во подземни бази од каде што требало да делуваат наци-герилските сили, организацијата Ди Веревулф после потпишувањето на капитуалцијата, вршење зулуми по сојузничките окупациони зони. Не биднало нешто од тоа, рајата била уморна од војни...но затоа останала легендата на нацистичките тајни бази на Антарктик (!?) каде Адолф, Менгеле, Борман и други фини господа и дами нашле прибежиште од рушевините на третиот Рајх и нормално, напорно работеле на создавање на четвртиот Рајх (а што друго и би правеле по цели денови на Антарктик).
Оваа теорија се базира на реални експедиции пред војната на Антарктик каде била прогласена Нова Швабија на одредена територија на белиот континент.
Што и не е толку чудно, кој континент би бил поприкладен за Ариевци од - белиот?
На просторите на екс-Југославија најпознати се подземниот град на Тито, `Д-0` кај Коњиц во Босна и подземниот аеродром (no brainer, but still...) Жељава во Хрватска.
Во Романија, Чаушеску изградил подземна мрежа под Букурешт, посебно околу неговиот дворец кој бил втор најголем објект во светот по квадратура после Пентагон. Недовршен до времето на прекрасното стрелање на Никулае, објектот сеуште не бил доволно истражен а наводно имало и раја која залутала истражувајќи по тунелите.....and was never seen again.
Во Македонија има муабети за планината Јасен каде што имало екс-ЈНА подземна база која денес имала намена за прибежиште на политичари во случај на фрка и некои муабети за слична градба на Криволак.
Основната идеја на ваквите бизарни градби е т.н.состојба на continuity of Government, продолжување на владеењето на државните власти и после катаклизмичен настан.
Или со други зборови - властите низ светот порачуваат дека планираат да земаат арач и во постапокалиптичен свет на нуклеарна зима која може да стане реалност само по нивна вина...
No comments:
Post a Comment