Tuesday, June 30, 2015

Now you see it...

(By Roger Mortis, 186/66)
Исчезнувањата отсекогаш биле безвременски феномен, ако може така да се каже, бидејќи колку и да постои убеденост и консензус дека се случило најлошото - секогаш останува надежта дека некаде таму, некако, некои...успеале да ја измамат смртта, what`s more, дека можеби и живеат подобро отколку пред исчезнувањето, разблажена верзија на митовите за задгробна егзистенција во која за жал, веруваат премногу луѓе на кои предгробната егзистенција им носи само мизерија.

Боинг Б-707 во карго верзија на бразилската компанија Вариг полетал од Токио за Рио на 30.1.1979 со шест члена на екипажот и без патници.
Комуникацијата со контролата на летот била нормална, временските услови ок, немало ништо особено...за да половина час после полетувањето нагло се прекине сета комуникација, што всушност бил и последниот контакт на пилотите со оваа димензија. Постојат сличности со случајот на Малезискиот авион од минатата година само што тука имало и други фактори во игра.
Истрагата за брзо време навлегла во слепа улица а подоцна било издадено соопштение дека се работи за декомпресија во кабината - без да се има никаков доказ, тотално ништо со што би било поткрепено таквото тврдење.


Факторот што неофицијално бил значаен било присуството на 153 умтенички слики на јапонскиот сликар Манабу Мабе, проценети на тогашни 1,3 милиони долари (Повеќе од 4 милиони денес).
Дали таа сума била доволна за екипажот да види начин да си обезбеди безгрижна иднина? Можеби.
Ако се има во предвид дека подоцна се појавиле гласини дека некои од сликите искрснале по приватни колекции и аукции за клиенти од затворен тип, можно е екипажот да си направил сметка.

Проблемот со оваа теорија е во тоа што тешко сите шестмина би се согласиле да се одвојат од фамилии, пријатели, кариери и од сиот дотогашен живот со тотален прекин на комуникација со било кого.
Друг проблем е слетувањето. Б-707 е авион од првата генерација млазни патнички авиони за долги линии и му требала прилично долга, бетонска писта. Не дека не би можел да слета и на импровизирана, посебно ако е one-off ситуација, сепак е малку веројатно. А и каде би се наоѓала таа писта?
Подоцна следеле и други теории, како што е обичај и ред, на пример дека КГБ направил дил со пилотите да слетаат во Северна Кореја, веројатно базирано спрема сличен случај кога Јапонски граѓани, членови на (тогаш) злогласната урбана герила позната под името Јапонска Црвена Армија киднапирале патнички авион со кој слетале во Пјонг Јанг) до вообичаените интердимензионални створови и дежурните вонземјани кои обожаваат авиони и бродови, бидејќи се колекционери на ретро технологии од планетата Земја.

Ништо дефинитивно не се открило, официјалниот извештај и објавил војна на елементарната логика и случајот останува уште една од низата мистерии.

No comments:

Post a Comment