Wednesday, June 24, 2015

Духовното чедо на Хари

(By Roger Mortis, 185/65)
НР Кина во годината 2008. веднаш асоцира на глобалниот настан познат како Олимписки игри. Но во тоа време на светска обземеност со спортскиот ритуал, целосно незабележано прошол еден многу позначаен настан - а тоа е мисијата на Јанг Џиа, млад човек на негови 28.години кој го повторил подвигот на неговиот британски пандан Хари Р. и тоа со двојно поголема ефективност.

Човек со сомнителна способност за социјализација, на маргините на конкурентниот мегалополис на олимпискиот Пекинг - Шангај, измачуван од демоните на немаштијата и бештиите на бирократијата доживеал врв на мизеријата во вид на апсење и жесток ќотек пропратен со понижување и изживување во полициска станица.
А причината за апсење е неверојатно дистописка - тоа што возел нерегистриран точак. Го употребувам зборот точак пошто неговиот стандарден еквивалент - велосипед звучи безвеза. Или беше без врска...

Во земјата каде арачот е на ниво да мораат да се регистрираат и точаци (веројатно поради нивната масовност а со тоа феноменално голема даночна база) - немало простор за ликови како нашиот Јанг.
Но Јанг не бил од оние кои ја гушат својата мака во молк. Како духовно чедо на култниот Хари - се решил да се одмазди. Прво се обидел преку редовни канали, со тужба, но редовните канали биле затрупани од ѓубрето на цајканската правна недопирливост. Откако ги исцрпел `легалните` можности се одлучил на драстичен чекор.
Тука постојат разлики во фактографијата, постојат неколку верзии околу DIY Дамокловиот меч кој требало да биде орудие на праведниот гнев...според некои се работело за ефтина реплика на самурајски меч (Катана), според други за нешто подолг кујнски нож а спред трети - грубо изработено самоделско сечило од страна на самиот Јанг Џиа.


Како и да било, Јанг вооружен со споменатото сечило, чекан, гас-маска и цела гајба со Молотови коктели се упатил кон полициската станица во која бил измачуван. На патот на Правдата се испречиле барем дваесетина цајкани но Јанг понесен од осветнички транс искасапил шест, тешко ранил тројца а полесно уште неколку од чуварите на редот. Може само да се замисли напнатоста на таа ситуација во сета своја крвава драматика и убавина...

Олимпијадата му донела на Јанг неколку месеци живот бидејќи судењето било одложено за некои `поинакви` времиња, кога камерите на светските медиуми нема да бидат толку присутни. Правните перипетии биле необично кратки и за разлика од Јанговата тужба кога бил измачуван - овој пат државната `правда` се обрушила со сета своја тежина на обвинетиот - во форма на смртноносна инјекција во Ноември 2008.

Сличностите со случајот на Хари се фрапантни (иако Јанг имал двојно појак скор) - меѓу народот почнала да се пее песна за Херојот Јанг, разни дисиденти и непријатели на режимот почнале да го користат како симбол на класната поделеност а извесен кинески Панк-рок бенд под име Панг Гу снимил песна за Јанг Џиа со (слободно интерпретиран) наслов Нож дома свог ...за која што морале подоцна експресно да заминат во егзил...

Легендата за Јанг Џиа како далекуисточна варијанта на легендата за Хари, вирее на далечниот Исток а освен неа делумно вирее и Другарот Јанг, не како дух или зомби туку во сосема поинаков контекст.
Raduje me jedna istina, sa bara se niko ne vraća? Цајканите секако нема да се вратат, но Јанг...
Органите на Јанг сега живеат втор живот, пресадени во припадници на подобростоечки Кинески граѓани на кои им бил спасен животот поради недоброволното донирање на органи од лицата на смрт осудени во хипер-капиталистичката оаза, овозможена од Кинеската комунистичка партија...

No comments:

Post a Comment