(By The Marked One, 153/035)
Семејството беше една пречка.
Беше апсолутно недозволиво да се каже се` кај мене дома.
Пцуењето беше забрането.
Викањето беше забрането.
Отвореното критикување беше проколнато, фрлено некаде под тепихот.
Во тишината.
Бев долгогодишно размонтиран, разоружан. Моите оружја, зборовите. Не се сеќавам точно на се. Веројатно било потешко отколку сега. Иако не верувам дека било агонизирачко. Можеби само на моменти. Маалото во кое битисував. Тоа веќе беше друга приказна. Секоја секунда мината со џганот беше скапоцена.
Декларацијата како противник на верата на ближните во очите на светот не ја сметав за ништо посебно. Иако мојот свет имаше да каже многу за тоа. Сметав на нивната остроумност, а колку ли само бев заблуден...
Тргнав на исцрпувачка мисија, барајќи го трнот во очите на моите најблиски. Ме интригираше фрустрацијата во нивните очи секогаш кога еден од законите ќе прекршеше. Секој момент кога свесно ја пречекорував вербалната прохибиција.
-Професорке, мислам дека не сте во право!
-Извинете, наставнику. Зарем ова не може и вака да се реши?
Бев дете. Мислев дека сум од помош. Знаев ли дека боцкам во големата вреќа со сало? Знаев ли дека штотуку зачекорив на стаклено его?
Не. Не ми ни беше од посебно значење. Сметам дека бев во право. Дури и денес ги кршам индивидуалните табуа. Отворено, пред секого. Ја разоткривам патетиката. Не сум дете. Но сеуште сметам дека помагам. Иако сум презрен.
Градам имиџ кој биполарно го доживувам. Не знам дали ми годи туѓата фрустрација на моите плеќи. Дали сакам да сум вентил?
По ѓаволите, зарем мотивите се важни?
Ќе продолжам со мојот манифест. Мојата декларација да го правам она кое што сметам дека е правилно. Само, сега веќе не сум дете. Прангите на општеството како да олабавија последниве неколку години. Јазикот ми се одврза. Во есенција, себеси ќе се наречам двигател на себеомразата во секој од вас.
А мразејќи се себеси, ќе ме мразите и мене. И јас ќе ве сакам и мразам поради тоа.
Friday, August 24, 2012
Thursday, August 23, 2012
За секого по еден
(By The Marked One, 152/035)
Пишувам. Ткаам реченици, потковувајќи ги со времето минато низ оние мали прашливи книжулиња. Оние стотици илјади страници, сите човечки приказни кои ме пронижале. Хартијата со вистинска вредност. Кога бев помал, читајќи понекогаш позеленував од завист и љубомора, посакував да сум на местото на творецот на приказната во која лелеев. Таа книжевна хармонија истовремено ме ужаснуваше и вознесуваше во божествена екстаза. Посакував да бидам Тој.
Низ годиниве кои пролетаа, безмилосно и остро атакувајќи на мојата игнорантна младост можеби најмногу и посветив време на сопствената творечка моќ. Илјадниците реченици кои се излеаа од моите неразумно трошени мозочни ќелии постепено како мускул ја зацврстуваа оваа способност. Решив активно да пишувам.
Што?
Го пишувам она што го мислам бидејќи сакам да го кажам, или барем она што сметам дека мора да се каже. Малку генерично и магливо опишано. Но всушност тоа е и поентата. Моите мисли, моите размислувања, се што ме допрело а вредело да се спомне сум го навезел на тие листови, инаку безначајни. Се соголев себеси пред публиката. До коска, ја положив секоја моја клетка пред критичките очи на масата. Театрално, со многу емоции, урнебесно се распнав себеси за туѓата информираност и угодност. Мислам дека тихото вниманието кое проследи беше цената за која ја продавав душата.
Ми годи. Бидејќи сакам да го кажам, и сакам да бидам чуен. Затоа го правам на најдобриот можен начин. Метод кој ми овозможува да го привлечам вниманието и потоа да го насочам кон она што е битно. Она што треба да биде потенцирано. Истовремено, моето его постојано се храни и згојува. Како богато дебело дете кое ги краде чоколадите под елката ден пред Нова Година.
Вооружан со артилеријата која сиве овие години ја акумулирав, воедно и подобрувањата кои ги извршив на истите. Секоја дебата ја гледам како судир. За мене бојното поле е таму, бидејќи таму сум челичен. Би сторил се како би ја зголемил мојата моќ да се изразам, воедно да триумфирам против практично секого бидејќи сакам да победувам, или пак, морам да победувам. Велат дека на светов постои куршум на кое е испишано твоето име. Јас на секој испишан збор закачувам по еден куршум.

The score so far
(By The Marked One, 151/035)
Ноти, една до друга нанижани низ најразлични интервали, наговестуваат дефиле на ураган. Колку и да мразам рекурзивни сеќавања, или мразев кога бев дете, ме удри силно во глава “repetitio est mater studiorum” . Премотување на филмот, како да отворив кутија-албум со слики и наеднаш да минав низ сите, некои од нив доживувајќи ги како денот на кој се сликани. Веројатно е она што ме прави сентиментален. Иако деновиве немам време за тоа.
Во одекот на минатото, или барем сребреникавата линија на помраченото небо која ја потенцира подобрата утрешнина сеуште ги гледам скалилата. На почетокот на оваа етапа пред многу години, во миговите кога мислев дека истата завршила мислев дека ќе преминам со голема емотивна експлозија. Сега, мислам дека немам време ни за тоа.
Разоткривањето на вистинското наравоучение на секоја животна фарса е од суштинско значење во секој случај, барем дотколку еволуирав. Да го разберам очигледното.
Имав, па и имам луѓе што ме сакаа. Ме сакаат. Не сум сигурен колку ги сакам или ги сакав за возврат.
Калкулациите ми избегаа. Единаесетката од време на време ми се појавуваше во фокусот. Бев почитуван и презрен. Можеби затоа што се проституирав за внимание, а бев скапа курва.
Стариот карактер, се она што го изгради мојот лик низ неколкуве години сега е излишeн кожурец. Немам никаква интелектуална потреба да се навраќам на некое старо заборавено доба и повторно да се валкам во арам и катран. Барем не без да аквизирам нешто, а сега сум сигурен дека нема.
Дури и да добијам нешто од таа реинкарнација, бенефицијата од застарена технологија е мала и ништожна. Зарем не се стремев кон иднината? Тие богатства ги оставам на некој друг, некој кој ќе ја има среќата да ми чекори во стапките. Не сум егоцентричен, само имав добар живот.
Она што ме прави горд, а е продукт на годиниве е непокајанието. Ја разбив догмата на јавното мнение, секој комшиски муабет, секој стереотип, секоја родителска замерка кои ме прогонуваат до ден денес. Не жалам ниедна постапка, ниеден збор кој го упатив. Бев дете и се однесував како што и доликува на мојата возраст. Единствено можеби пораснав малку пребрзо, додека вчера бев млад и бунтовен, денес се чувствувам стар и намќор.
Не ме држи, ниту на било кој начин спречува да продолжам да еволуирам. Се менувам без да сакам, иако ќе речат на полошо. Восприемив доволно мудрост од луѓето од кои ја побарав, луѓе кои сепак не беа секогаш тука за мене. Но, не бев ни јас. Благодарам ќе го чувам за друг пат, иако можеби некој некогаш го заслужи.

Exposure Manifesto
(By The Marked One, 150/035)
Чекај малку. Ајде да ја ротираме перспективата на момент, ок?
Секогаш кога човекот достигнува нови височини во било која област на науката, со секој последен крик на технологијата безрезервно се “шлепаат” мал милион квази-научни и ѓубре хипотези од полуедуцирани жими мајка интелектуалци во кој скоро секогаш е елабориран крајот на светот, поттикнат од новите “научни лудории.”
Лошата едукација, неиформираноста и селективното контемплирање во последно време сериозно го загрозуваат здравиот скептицизам а воедно и дозволуваат поволна почва за изртување на еден тон њу-ејџ религиозни гомнарии.
Искрено, длабоко сум навреден од секоја фолишајка приказна за се и сешто, за секакви непостоечки феномени накалемени на здрава наука, иако честопати застарена. Сепак, и покрај лопатите гомна, она што опасно ме лути е толерантноста која масата ја негува према овие лешинари. Сите тие врачови, надрилекари, исцелители, левитатори, телекинетици, пропагатори на њу ејџ бљувотини и спиритуализам кои за ебан кеш баратаат по разно разни социјални мрежи секојдневно врбувајќи тинејџери во нивната глупост.
Иако, во глобала ваквите декадентни појави сеуште се отерани у три лепе по некое непишано правило, за среќа сеуште одродени од општо признание, познати само на потиштени тинејџери и таратајки сепак масовната гомнарија на христијанството а посебно исламот е глобално прифатена.
И после 2000 години, нека си веруваат ако сакаат, не ти штети. Не ми штети?! И те како ми штети. Ти штети и тебе. Штети шеријатот, талибанското право. Штети педофилијата, штети шовинизмот, штети хомофобијата, штетат лажните пророци и нивните превари што ги продаваат како чуда. Зошто да бидеме селективни околу тоа кои лаги ќе дозволиме да се шират?! Зарем не е очигледна штетата што ја предизвикуваат Мухамедините фундаменталисти?!
Се нема гз да се делува отворено критички врз нешто заканувачко како Ислам. Зарем некоја жена што јаде ќотек секој ден и на 60 степени шета на пазар во бурка ќе проговори отворено против опресијата? Или некое 9 годишно девојче во Јемен. Оние кои правеа масовни свадби со 40 годишни мажи.
Евиденција за вашиот морален и интелектуален блуд има насекаде!
Време е да се побијат сите богови. Нови и стари. Сите се тука поради лоша едукација и некоректно размислување и сите предизвикуваат штета, како на себеси така и на околината.
Со овој манифест ги повикувам сите непријатели на лагата да се спротистават јавно на глупавоста и декаденцијата. Сите оние кои со помош на информираност и здрав скептицизам непрестајно се борат против гомнариите кои нашите сопствени мозоци ги генерираат.
Време е да размислуваме здраво. Oчигледно, нашата толеранција према вашите манипулации истекува.
“Whether we believe what we see or see what we believe, we will always find the truth distorted by belief.”
Чекај малку. Ајде да ја ротираме перспективата на момент, ок?
Секогаш кога човекот достигнува нови височини во било која област на науката, со секој последен крик на технологијата безрезервно се “шлепаат” мал милион квази-научни и ѓубре хипотези од полуедуцирани жими мајка интелектуалци во кој скоро секогаш е елабориран крајот на светот, поттикнат од новите “научни лудории.”
Лошата едукација, неиформираноста и селективното контемплирање во последно време сериозно го загрозуваат здравиот скептицизам а воедно и дозволуваат поволна почва за изртување на еден тон њу-ејџ религиозни гомнарии.
Искрено, длабоко сум навреден од секоја фолишајка приказна за се и сешто, за секакви непостоечки феномени накалемени на здрава наука, иако честопати застарена. Сепак, и покрај лопатите гомна, она што опасно ме лути е толерантноста која масата ја негува према овие лешинари. Сите тие врачови, надрилекари, исцелители, левитатори, телекинетици, пропагатори на њу ејџ бљувотини и спиритуализам кои за ебан кеш баратаат по разно разни социјални мрежи секојдневно врбувајќи тинејџери во нивната глупост.
Иако, во глобала ваквите декадентни појави сеуште се отерани у три лепе по некое непишано правило, за среќа сеуште одродени од општо признание, познати само на потиштени тинејџери и таратајки сепак масовната гомнарија на христијанството а посебно исламот е глобално прифатена.
Се нема гз да се делува отворено критички врз нешто заканувачко како Ислам. Зарем некоја жена што јаде ќотек секој ден и на 60 степени шета на пазар во бурка ќе проговори отворено против опресијата? Или некое 9 годишно девојче во Јемен. Оние кои правеа масовни свадби со 40 годишни мажи.
Евиденција за вашиот морален и интелектуален блуд има насекаде!
Време е да се побијат сите богови. Нови и стари. Сите се тука поради лоша едукација и некоректно размислување и сите предизвикуваат штета, како на себеси така и на околината.
Со овој манифест ги повикувам сите непријатели на лагата да се спротистават јавно на глупавоста и декаденцијата. Сите оние кои со помош на информираност и здрав скептицизам непрестајно се борат против гомнариите кои нашите сопствени мозоци ги генерираат.
Време е да размислуваме здраво. Oчигледно, нашата толеранција према вашите манипулации истекува.
“Whether we believe what we see or see what we believe, we will always find the truth distorted by belief.”
Ова е светот, а светот сум и Јас!
(By The Marked One, 149/035)
Повеќето од вас кои поради грегариусност креираат и одржуваат врски во широк дијапазон, тоест врски од најразличен вид со одреден број индивидуи , во истиот релативно краток период се залетуваат во замката на безусловна доверба. Ваквите догматики во тој опоен шарм на лажна сигурност ги продавате и на другите околу вас, во обид да им го накалемите сопствениот став околу нивото на посветеност во врската. Па зарем ова не е хипокризија?!
Дефилирате со вашите фрустрации, комплекси и разновидни социолошки проблеми по интернет социјалните мрежи, положувајќи го фрагилното его под нозете на светот кој нема време за вашите јадосувања. Ги рефлектирате сопствените грешки во карактерната инфраструктура, плачипичкосувате кога некој ги истакнува како ваши.
Очајно посакувате, или подобро кажано секојдневно се будите од сон во кошмар обидувајќи се да се убедите дека постои еден убав мал розов свет кој упорно револвира околу вас. Своерачно изработените законитости по кои го молите Бога да функционира светот се екстензија токму на вашата ароганција, на вашата волја да доминирате, човечката исконска љубов кон воспоставена контрола.
Објектот во кој е насочен зракот доверба нема да се смени, нема да молдира. Едноставно ќе го запознаете подобро, и тогаш ќе ви се згади.

Да се биде што?
(By The Marked One, 148/035)
Да се биде човек.
Моќна реченица, силен стимул на наивниот хомо сапиенс. Да се биде човек. Колку е суптилно придвижувачка таа парола, тој изблик на божемен натурализам. Се вовлекува во сечиј говор, како мирудија во секоја манџа, сите повикуваат на истото. Да се биде човек. Да се пронајде човечноста во себе, да се рудари, умствено и душевно да се преметнува низ гребените на себството како би се пронашла светлината на човечката душа. Да се открие човекот во себе.
Звучи апстрактно, мистично а тоа и е она што го прави заводливо. Да се биде човек. Биди човек, направи ова. Па она. Па сега пак ова. Да се биде човек, да се биде член на манифестацијата на врвот на синџирот на исхраната, проекцијата на моќите на еволуцијата, сведено на обично квази интелектуално лакрдијаштво. Уморен сум од дефинициите, етикетите и условите кои некој пролетер во своето слободно време ги склопувал со ќофтиња и ракија.
Биди човек, донирај. Хм, дали се возгордеавте дотолку што алтруизмот си го накалемивте само во своето досие? Дали навистина се себеизмамивте, во долгите бессони ноќи низ кои талкавте низ вашата евидентирана инфериорност, тешејќи се дека можеби имате покомплексен живот од дождовниот црв? Бескрајно, во темнината цимолкајќи како мало лигаво дете се препелкавте во правта молејќи се на лажен Бог да ви се открие на миг, зрно утешение за бедните.
Биди човек. Биди високата, супериорна фела во животинското царство. Како Бог, со крената глава чиниш носот ќе го зариеш во небесниот свод, бестрашно чекори низ се што надмина сиве овие милениуми. Па ти си човек. Твојата титула звучи фасцинантно, за миг се чувствуваш заслужно.
А што всушност си ти, минорен сапиенс, за она што ќе те проследи? Инфрачовек, црв во споредба со децата на новиот Еон. Твоите патетични обиди да го спречиш доаѓањето на чистилиштето на џганот, спасоносниот оган на умствено надмоќните, веќе те истошти. Џганот, стар и нов ќе го потиснеме и затвориме во високи печки. Ќе го протераме, стреламе по улиците, бесиме по мостовите и фрламе на пците.
На крајот, се што те очекува е смрт.

Saturday, August 18, 2012
The Leviathan, coming of age
(By Roger Mortis, 147/035)
Со промоцијата на државниот патриотизам и национализмот како негова појасна верзија се добиваат феноменални резултати за владеачките елити. Масата добива нова емоција, се добива нова група на која уплашениот поединец ќе припаѓа со едноставна декларација за припадност, по повод неговото раѓање меѓу одредени линии на картата. Или на неговите предци. Или чисто онака...
Сеуште нема одговор што е тоа позитивно во патрио/национализмот. За рајата. За олигархиите секогаш има. Тоа е само еден од механизмите за робовите да си молчат и да имаат блокада во умот, некаков firewall во случај да почнат да размислуваат какво влијание има државата врз нивниот живот, што навистина губат и што навистина добиваат.
Дваесеттиот век секако беше најкрвав во целокупната историја. Можеби показател дека со софистицирањето на државата во склад со технолошкиот развој би се дошло до можност за отфрлање на идејата за неспособност на поединецот или групата да решаваат за својот живот без туторство од надлежниот бирократ? Сосема обратно, за жал, дваесеттиот век беше век на врвот на национализмот и век на половина милијарда луѓе убиени од страна на државите. Впрочем, технологијата овозможи развој на пропагандата без преседан. Улогата на овој нов феномен најдобро го опишал никој друг туку мајсторот на пропагандата, херојот на апотеозата на идејата за државата, нацијата и расата - Јозеф Гебелс. From the horse`s mouth, as they say :
`If you tell a lie big enough and keep repeating it, people will eventually come to believe it. The lie can be maintained only for such time as the State can shield the people from the political, economic and/or military consequences of the lie. It thus becomes vitally important for the State to use all of its powers to repress dissent, for the truth is the mortal enemy of the lie, and thus by extension, the truth is the greatest enemy of the State.`
Да, Лагата.
Дека се делат заеднички интереси со луѓе кои никогаш не сте ги виделе и нема да ги видите во животот, дека ве ограбуваат за ваше добро, дека сте стока која не може без јарем, дека секаде наоколку вребаат `унутрашњи и спољни непријатељи`, дека вашиот живот не ви припаѓа вам туку на лица делегирани од олигархијата за таа намена.
Дека ако немаш никакви емоции за своите ближни тука се фудбалерите или пингпонгарите кои ќе ги љубиш жестоко но сезонски, на рати и тоа си автентичниот Ти кој се пронашол себеси.
Никогаш нема да ти кажат за тоа колку смрт, болка, мизерија и страдање донесе идејата за држава на човекот. Никогаш нема да ти кажат колкав дел од животот ќе ти биде одземен од страна на државата.
Дека на понудените емоционални и идентификациски `пристаништа` никогаш не би фрлил `сидро` по своја воља. Ама баш никогаш.
Никогаш нема да ти кажат дека она што си очекувал да го добиеш како повратна спрега е само ефтин мит кој не е поддржан од никаков правноважечки документ, мит, илузија на вешто штелуваниот тас на терезијата со цел да не превагне нагонот за биолошки опстанок и да заигра оружјето.
А мене ми е непријано да ви кажам дека тој нагон е пред пораз, ако веќе не е и сосема поразен.

Friday, August 17, 2012
The Leviathan, spawn
(By Roger Mortis, 146/034)
Откако одредена класа на паразити во човечка форма дошле до сознание како да се приграби вишокот на производи на одредена територија која ја прогласиле за држава понатаму следува релативно едноставна динамика на настани, вечен круг на ограбувачи и ограбувани.
Но колку и да бил силен организираниот мистицизам, dollars for donnuts, често доаѓало до јавни и недвосмислени испади на незадоволство изразени во селски и робовски побуни и востанија, елиминации на аристократијата, клерот и владеачките семејства. Можеби најпознат пример од `старото време` се робовските војни во Римската империја, посебно Третата робовска војна во која робовите ја донеле Империјата на работ на колапсот. Името на Спартак останало до ден денешен како симбол на борба против државата и експлоатацијата.
Но Спартак сам по себе е само капка во морето во 7 милениуми старата борба меѓу паразитите и сапрофитите на две нозе. Од денешното `заборавање` да се даде фискална или да се пријави реалниот приход (двојно книговодство) се до набиената глава на надбискупот од Кентербери или испразнувањето на шаржер во телото на претседателот на САД Мекинли, борбата навидум е вечна и трае со различен интензитет, географските, културолошките, психолошките и индивидуалните разлики се и разликите во отсликувањето на таа борба.
Основните постулати на организираната сила со цел енфорсирање на собирање арач од популацијата омеѓена со одредена граница од друга популација остануваат непроменети од древните времиња на Сумер до денес. Разликата е во технологијата која се менувала и давала нови форми на грабежот.
Старата шема, the divine right to rule траела околу пет и пол милениуми. И сосема успешно со помош на клерот (без разлика дали замислените другарчиња биле наредени во пантеон, осамени ама сепак тројни, или едни и апсолутни) ерата на државата како регулатор на сите односи во општеството никогаш не била сериозно разнишана, иако имало неколку значителни предизвици. Се` до доцниот среден век. Then slaves become kinda restless.
Така доаѓаме до друг дефинирачки момент во историјата а тоа е настанокот на националните држави. По слабеењето на влијанието на религијата и нејзината улога во заштита на државниот поредок, поради Ренесансата, индустриската револуција, големите научни и географски откритија, астрономските ереси, меѓуконфесионалните војни и корупцијата на црквите (посебно католичката), новите идеологии и филозофии (можеби најдобро претставени преку Дидроовата изјава `Men will never be free until the last king is strangled with the entrails of the last priest`) и ерата на рационализмот, стотиците ако не и илјадници кметовски бунтови, востанија и револуции низ Европа и Азија...потребата од ново замислено другарче на кое ќе се повикува елитата во своето контунирано опстојување и експанзија на туѓ грб била очигледна.
Enters the new deception.
The Nation.
Но тоа другарче требало да им импонира и на свештениците на секуларниот мистицизам. На учените и писмените. Да одговара на новиот предизвик за припадност кон некоја група. Larger then thyself. Always.
Стравот од Бога е апдејтиран со Љубовта кон нацијата/државата.
За порационалните и оптимистичните тука се и наводните бенефити од државно-бирократскиот апарат врз даночниот обврзник.
Кој мора да работи двојно повеќе за да нема време да се прашува колку навистина чини тоа што наводно ќе го добие ако му се укаже потреба.
Но секако, едно останало непроменето. Државјанинот нема никаков документ каде е согласен со условите под кои треба да егзистира. Колку, дали и ако добие нешто за да не стане бесен и да ја согледа соголената реалност...се решава арбитрарно. Како во Сумер така и во Белгија...
(To be continued)

Subscribe to:
Posts (Atom)