Чекај малку. Ајде да ја ротираме перспективата на момент, ок?
Секогаш кога човекот достигнува нови височини во било која област на науката, со секој последен крик на технологијата безрезервно се “шлепаат” мал милион квази-научни и ѓубре хипотези од полуедуцирани жими мајка интелектуалци во кој скоро секогаш е елабориран крајот на светот, поттикнат од новите “научни лудории.”
Лошата едукација, неиформираноста и селективното контемплирање во последно време сериозно го загрозуваат здравиот скептицизам а воедно и дозволуваат поволна почва за изртување на еден тон њу-ејџ религиозни гомнарии.
Искрено, длабоко сум навреден од секоја фолишајка приказна за се и сешто, за секакви непостоечки феномени накалемени на здрава наука, иако честопати застарена. Сепак, и покрај лопатите гомна, она што опасно ме лути е толерантноста која масата ја негува према овие лешинари. Сите тие врачови, надрилекари, исцелители, левитатори, телекинетици, пропагатори на њу ејџ бљувотини и спиритуализам кои за ебан кеш баратаат по разно разни социјални мрежи секојдневно врбувајќи тинејџери во нивната глупост.
Иако, во глобала ваквите декадентни појави сеуште се отерани у три лепе по некое непишано правило, за среќа сеуште одродени од општо признание, познати само на потиштени тинејџери и таратајки сепак масовната гомнарија на христијанството а посебно исламот е глобално прифатена.
Се нема гз да се делува отворено критички врз нешто заканувачко како Ислам. Зарем некоја жена што јаде ќотек секој ден и на 60 степени шета на пазар во бурка ќе проговори отворено против опресијата? Или некое 9 годишно девојче во Јемен. Оние кои правеа масовни свадби со 40 годишни мажи.
Евиденција за вашиот морален и интелектуален блуд има насекаде!
Време е да се побијат сите богови. Нови и стари. Сите се тука поради лоша едукација и некоректно размислување и сите предизвикуваат штета, како на себеси така и на околината.
Со овој манифест ги повикувам сите непријатели на лагата да се спротистават јавно на глупавоста и декаденцијата. Сите оние кои со помош на информираност и здрав скептицизам непрестајно се борат против гомнариите кои нашите сопствени мозоци ги генерираат.
Време е да размислуваме здраво. Oчигледно, нашата толеранција према вашите манипулации истекува.
“Whether we believe what we see or see what we believe, we will always find the truth distorted by belief.”
No comments:
Post a Comment