Tuesday, August 4, 2015

616

(By Roger Mortis, 216/096)
Лудилото кај човекот знае да поприми разни форми, некои бенигни а некои ужасни до таа мера што предизвикуваат мрзнење на крвта и превртување на цревата.
Како што веќе споменавме, непостоечката Црна Ружа е синоним за секташко делување на овие простори иако никој не познава директно нејзин член - многумина се колнат дека слушнале од трета рака дека некој некаде направил зулум во име на ѓаолот...

Иако споменот на сатанистички секти кои прават ѓаволштини денес најчесто предизвикува потсмев - сепак реалноста е дека такви секти не само што постојат туку ако се земе просек меѓу бројноста на членството во една религиозна групација и извршени злочини од членови на истата - поклониците на Лукавиот би биле на врвот без сериозна конкуренција.

За разлика од други секти каде што `стадото` го насочува лудилото кон себе - некои од оние со преференција кон Сатаната го манифестираат своето лудило исклучиво врз околината.
Такви примери има многу а крвавиот траг се протега од Скандинавија до Мексико, од Сибир до Чикаго постојат креатури кои се обидуваат да дадат значење на својата психопатија со помош на ритуали и соодветни убиства - во име на ѓаолот...

Една од `најславните` сатанистички епизоди е сектата позната под назив `Екипата на Мевосек` кои оперирале во САД, поточно Чикаго и околијата во почетокот на осумдесеттите. Не станувало збор за заблудени интелектуалци или лица кои се `бараат себеси` и на тој начин забегуваат во егзотични секти. Оваа група се состоела исклучиво од нискообразувани луѓе од работничка класа, ликови кои чесно заработувале за живот, градежни работници и занаетчии кои наместо класна свест развиле вкус кон окултното, некрофилијата и канибализмот. Sort of a `equal opportunity` psycho club.
Официјално нивниот поход во слава на Паднатиот ангел започнала некаде во Мај 1981. во едно предградие на Чикаго каде што била пронајдена задавена проститутка (омилен плен на манијаците).
Убиствата на `дамите на ноќта` се честа појава но овој пат имало нешто повеќе, недостасувале градите на убиената а тука биле и убоди во пределот на вагината. Полицијата би преминала и преку тоа доколку во наредните година и половина не се појавеле уште 17 лешеви на жени од разни профили и возрасти, сите со трејдмарк - отсечени гради и искасапени вагини...


Случајноста одиграла најголема улога при откривањето на оваа секта која броела најмалку пет лица. Деветнаесеттата жртва - за чудо преживеала и дала прецизен опис на еден од секташите како и на возилото кое било употребено за нејзино киднапирање. Полицијата за кратко време, повторно по игра на случај забележала баш такво возило (црвено комбе) и при контрола биле пронајдени купишта облека и `сувенири` од препарирани женски гради...
Уапсениот за брзо време признал и ги `исцинкарил` своите сатанистички пријатели. Бројката од 18 жртви е најконзервативна процена т.е. оние за кои правосудниот систем имал доволно докази. Но тоа не значело многу бидејќи бројот на исчезнати жени на кои никогаш не им се дознала судбината во тој период бил многу поголем, некои проценуваат дека постојат барем педесетина жртви на оваа секта.
Нормално не` сите исчезнати биле резултат на оргијата на страв и психопатија која завршила во Октомври 1982, но индициите за други жртви освен оние веќе процесуираните не довеле до понатамошна истрага.

На судењето се дознало и за другите особености кои ја издвојувале оваа секта од останатите, силните лидерски способности на водачот Робин Гехт кој ги `заразил` останатите членови со сатанизам, нивните ритуали со сексуална пенетрација во отсечените места на телата на свежите лешеви, мешавината на крв и сперма која ја припремале во отсечените гради и потоа ја пиеле, поењето на ритуални песнички, тетоважите и цртежите на подовите во поткровјето на Гехт каде што главно ги извршувале своите ритуали, колективните трансови...
Гехт имал и мини-библиотека каде самостојно се образувал со книги на теми како `Средновековни начини за мачење` и `Ритуали во чест на злото`...

Двајца секташи добиле смртна казна но на лидерот подоцна таа му е заменета со доживотна робија, каква што добиле и двајца други лудаци. Петтиот не бил осуден во отсуство на докази а дали постоеле и други членови на `Екипата` останало само како предмет на претпоставки.
Доминација на еден лудак врз неколкумина други? Тоа било официјалното објаснување - но тоа не држи вода бидејќи шансата да се најдат неколку серијски убијци кои ќе прават дела како погоренаведените - истовремено, во толку мала географска целина - е невозможно. Постојат примери каде што двајца манијаци работеле заедно, но и тие се екстремно ретки во аналите на злочинот.

Легитимно служење на замислениот Принц на темнината?
Малку веројатно со оглед на тоа што таков не постои.
Но постојат такви кои веруваат во негово постоење и веруваат дека постои начин да му се `доближат`, да му служат со разни испади на исквареност и злоба и да заслужат место `до него` во замислената димензија каде што веруваат дека ќе ги однесе.
Ништо поразлично од останатите религиозно мотивирани злосторници и убијци, од почетокот на времето до денес...

No comments:

Post a Comment