Wednesday, August 12, 2015

Just do it !

(By Roger Mortis, 218/098)
Многу е тешко да се замисли сценарио во кое ентитетите Веб-дизајн, Комета и Кастрација би се споиле во некаква заедничка точка, не верувам дека постои писател кој би можел на `сувисли` начин сето тоа да го спои и да создаде уверлив наратив.
Но затоа онаму каде што имагинацијата е немоќна тука е реалноста со својата понекогаш тешко веројатна но сосема реална динамика. А таа реалност за стотици луѓе во САД, од 1975 до 1997 била позната под името `Рајска Порта`.

Стартот на трендот на религиозно мотивирани самоубиства не принадлежи на сектичка туку на мејнстрим религијата Јудаизам и околу 960 припадници на истата (плагијат на опскурен пустински култ и абортираната религија на психото Акенатон) кои во 74 година АД одбрале да си го одземат животот соочени со алтернативата - предавање во рацете на паганските римски легионери...

Овој тренд доживеа свој `ривајвл` во деведесеттите кога екстремни секташи од сите страни на светот се обединиле во своето лудило и триумф на ирационалноста, соочени со појавата на три нули во бројот на годината која била последна во вториот Милениум.

Во веќе споменатата 1997 година, на небесата со голо око беше јасно забележлива кометата Хејл-Боп, можеби некој случајно залутан виртуелен патник-намерник на овој блог читајќи ги овие редови ќе се присети на спектакуларната глетка од пред 18.години кога небесното тело беше јасно видливо неколку месеци со својата долга опашка на небото, бледо осветлувајќи ја ноќта и привлекувајќи ги сите погледи вперени нагоре.
Токму таа појава која кај обичната раја не предизвикуваше ништо повеќе од блага нелагодност измешана со респект и понекоја случајна помисла за значајноста or lack there of на старата добра планета Земја - за мала група секташи значела конечен спас, избавување од овоземните страданија, вознесување на ново ниво на егзистенција и секако - враќање дома, како што пишувало и на нивното лого - Heaven`s Gate - Away team.


Домот бил вонземска планета од некоја, на јавноста непозната галаксија, идеја која вриела меѓу ѕидовите од мозокот на лидерот Маршал Еплвајт и неговата псевдо-сопруга Бони Нетлс која не го дочекала судниот ден во физички облик туку се јавувала како духовен концепт на својот квази-сопруг после смртта...
Светот, соочен со постојана лавина од срања, барем во последниве 6.500 години - бил страно место за секташите кои биле убедени дека се ништо повеќе отколку физички контејнери на вонземска свест.
Хард-кор од почеток до крај, сектата била иновативна, во чекор со времето а понекогаш и нешто понапред, интернетот освен како извор на приходи (дел од секташите биле веб-дизајнери и девелопери) служел и за самопромоција и за регрутирање на нови членови. И сето тоа во средина на деведесеттите кога нет-пенетрацијата била на самиот зачеток. Колку лешеви наместо 39 ќе имало во изнајмената `палата` во близина на Сан Диего, Калифорнија ако на располагање имале Фејсбук, Јутјуб или Твитер е прашање, јас би се кладел барем десет пати повеќе.

Еплвајт, енигматичен харизматик, поранешен универзитетски професор по музика и екс-рисјанин - доживеал тешка криза на идентитет, пред се` поради неговата несфатена бисексуалност и општата (контра)култура на шеесеттите години од 20.век што резултирало со нова религија во која имало место за вонземјани, Исус, Битлси (обожувани и од неговиот секташки претходник Чарлс Менсон), аскетизам и секакви Њу Ејџ ситуации од кои Маршал заедно со сопругата створиле прилично едноставен и заводлив концепт.
Земјата според нив била на прагот на `рециклирање` поради долгиот стаж на владеење на Сатаната во неа а вонземјаните со својот вселенски брод кој патувал вешто камуфлиран позади опашката на Хејл-Боп кометата - се упатиле кон земјата за да ги прифатат душите на оние кои ќе заслужат евакуација преку вознесение во бродот. А вознесението било можно само со долги сеанси, испосништво, негирање на сексуалноста (најмалку девет члена своерачно си ги отсекле своите тестиси) и секако - самоубиство!

Меѓу 19-ти и 21-ви Март 1997, опремени со нова облека и нови патики (Најки) - секташите припремиле пеколен коктел од големи количини Фенобарбитол, Вотка и сокче. А за да сонот биде конечен, тука биле најлонските ќесиња околу главата. Споро паѓање во сон придружено од задушување...
Поради заштита на нивните лешеви од сквернавење со фекалии и повраќаници (природна реакција на телото после пиење на коктелот и после задушувањето), Еплвајт и неговиот најдобар следбеник останале после иницијалниот суицид на 37 членови и членки за да ги исчистат гомната и повраќаниците и да ги остават лешевите во респектабилна позиција, на кревети, покриени со виолетови ќебиња. Потоа и водачот и неговиот `аѓутант` си го одзеле животот, како што и треба, бидејќи `капетанот` последен ја напушта клетата димензија...

Антологиските снимки, направени од секташ-кастрат кој по игра на случајот единствен ја пропуштил дешавката наредниот ден - покажуваат покриени мртви секташи во нестварно мирна атмосфера, нежно нарушена од стрчењето на 78 нозе, сите со црни Најки со препознатливото лого...They Just Did It !


Двајца екс-секташи откако виделе на ТВ за случајот, вознемирени од можното пропуштање на вонземскиот брод кој се `шлепал` позади кометата, се отруле два месеци подоцна со што конечниот биланс на секташи кои отишле во пресрет на вонземјаните ја стигнал конечната цифра 41.

Малку језиво но вистинито, сајтот на сектата сеуште постои и можете да го посетите на следниов линк : http://heavensgate.com/ иако од разбирливи причини не е ажуриран уште од Март 1997...
Непознато е кој плаќа за хостинг на овој сајт бидејќи бројот на преживеани активни членови бил 1 (еден) но бројот на екс-секташи од кои многумина останале со голема почит кон сектата и лидерот е неколку стотини па сосема е можно некои од нив да плаќаат за овој сајт.

Единствена секта која е по-Хард-кор во поглед на верувањата од оваа се Нувабијанците за кои е невозможно да се одреди од што све не земале да мешаат во лонецот на нивната теологија, разни митологии и религии кои нашле место во главата на нејзиниот основач Двајт Јорк, поранешен играч на Манч....лол, не, сепак тоа е друг Двајт Јорк, имено-презимењак на познатиот фудбалер и барем неколку стотини светлосни години позабеган од него.
Едно од фундаменталните верувања кај Нувабијанците е следново :

Everyone is originally conceived as twins, but usually only one of the twins survives to be born.
Other one is usually aborted. Some of the aborted fetuses survive their abortion to live in the sewers, where they are being gathered and organized to take over the world !

Фетуси.
Фетуси екс-близнаци.
Кои преживуваат абортус.
И се повлекуваат по канализации.
Каде што растат и се собираат.
Со цел да се организираат.

За освојување на светот...

На кратко ќе се навратам на почетната изјава дека фантазијата е немоќна контра реалноста. Бидејќи никој на светот не е толку (не)креативен за да може да измисли луѓе кои веруваат во погоренапишаново.
Такви може да створи само реалноста...

No comments:

Post a Comment