Saturday, August 1, 2015

Sunday, Gloomy Sunday

(By Roger Mortis, 213/093)
Границата помеѓу масовната хистерија, емоционалната преосетливост, урбаните легенди и паранојата понекогаш е бледа и нејасна, таа граница знае да избледи до таа мера што ја прескокнува логиката и навлегува во шпекулативни води. Затоа пак понекогаш сета таа мешавина знае да извади на површина феноменална приказна...како онаа за музиката која наведува на посегнување по сопствениот живот...

Сите обиди да се пронајде правилна транскрипција на името на главниот јунак на приказната остануваат безуспешни во отсуство на лица кои го зборуваат Унгарскиот јазик. А такви нема многу во околинава и затоа наместо Резо Шерес, Режо Сереш (?), Ресо Шереш и остали малку веројатни комбинации, најдобро е неговото име да стои во оригинал.

Rezső Seress, унгарски композитор кој живеел во Париз, во 1932 ја компонирал песната Gloomy Sunday, музичко дело кое наводно одзело илјадници животи. Композиторот во тоа време се обидувал да изгради кариера во музиката, рискирајќи многу, без да прави компромиси и без да бара дополнителна работа со која би се издржувал.
Неговата свршеница не можела да ја поднесе постојаната немаштија и исчекување и го напуштила. Rezső Seress останал сам, без пари, без девојката која ја обожувал и која му го олеснувала самотниот живот во емиграција, без пријатели и без иднина...in one word he became Forever Alone.

На сето тоа се надоврзале и декемвриските париски денови со дожд и магла...крајниот резултат на неговата душевна состојба бил најголемиот успех на композиторот кој во еден единствен ден својата тешка `патња` ја претворил во ноти. Митот бил роден.
Една издавачка куќа ја прифатила музиката и ја отпечатила композицијата, а во јавноста е пласирана преку радиото и грамофонски плочи во изведба на тогашни и идни поп-ѕвездички како Пал Калмар, Пол Робертсон, Дамиа, Хол Кемп и супер-ѕвездата Били Холидеј.


Првата жртва паѓа во Берлин каде песната станува инстант хит.
Млад човек бара да му ја отсвират песната во кафеана, си оди дома, му кажува на неговите дека песната `го дотепала` и дека не може повеќе да продолжи, се затвора во соба и се убива со револвер.
Една недела после тоа, повторно во Берлин, млада девојка се беси. Во нејзината соба наоѓаат примерок од плоча со Gloomy Sunday.
Два дена подоцна во Њу Јорк, друга млада девојка се самоубива со плин а во пораката пишува дека сака на својот погреб да се свири Gloomy Sunday.
Следната жртва, некоја стара жена, исто во Њу Јорк, се фрла од седми спрат после слушањето на песната.
Истиот ден тинејџер во Рим се фрла од мост.
Последна песна која ја слушал била Gloomy Sunday...

Медиумите веќе почнале да ја третираат песната. Особено по случајот во Лондон кога комшиите на една девојка, иритирани од нејзиниот грамофон кој неколку часа ја свири таа песна поради изгребаната плоча решаваат да преземат нешто. На повиците и тропањето на нејзината врата никој не одговара. Повикана е полиција која провалува...девојката ја наоѓаат мртва. Самоубиство со преголема доза Барбитурати.
Поминуваат месеци и се` почести се новинските извештаи за самоубиства, посебно кај депресивни лица кои ја имале таа несреќа да ја слушаат Gloomy Sunday.
Управниот одбор на BBC решава да игра на сигурно и го забранува емитувањето на песната преку националното радио.

Во Париз, Rezső Seress за тоа време собрал добра пара на име на авторски права. Конечно финансиски стабилен, и пишува на својата девојка писмо во кое ја моли да му се врати. Наместо нејзин одговор, добива писмо од нејзините родители кои го известуваат дека девојката си го одзела животот со труење. Полицијата покрај отровот пронаоѓа и примерок на плочата со Gloomy Sunday покрај нејзиното тело...

Со почетокот на Втората светска војна песната паднала во заборав, бранот на извештаи за стотици самоубиства бил засенет од воените ужаси и страдање на милиони луѓе. And as people say, suicides tend to be a bit redundant in wartime.
Сепак песната уште еднаш се нашла на насловните страни многу години после војната и тоа ден по самоубиството на Rezső Seress, композиторот на најмеланхоличната песна на сите времиња.

Gloomy Sunday with a hundred white flowers
I was waiting for you my dearest with a prayer
A Sunday morning, chasing after my dreams
The carriage of my sorrow returned to me without you
It is since then that my Sundays have been forever sad
Tears my only drink, the sorrow my bread...

1 comment:

  1. После година и половина од објавувањето на овој пост, конечно го дознав вистинскиот изговор на авторот на песната а тоа било - Режу Шереш!

    ReplyDelete