Saturday, August 1, 2015

Фазаните

(By Roger Mortis, 215/095)
Популарната музика има свои подеми и падови, постојат повеќе нијанси на квалитет и неквалитет отколку во најдобриот каталог за индустриски бои, срамни и славни моменти, но само во исклучително ретки прилики тука се оние безвременски продукти кои еднаш во неколку години ќе ја почестат сцената со своето постоење, ќе излезат од рамките на популарното и баналното и ќе влезат во главата за да останат засекогаш таму.

Една од тие нумери на која времето (како и на Пирамидите) не и може ништо, напротив делува посвежо со секоја измината декада е незаборавната песна `Кад фазани лете`.
Доколку беше жив Оскар Вајлд сигурно би се гордеел со Бранимир `Џони` Штулиќ кој ете успеал да направи музички еквивалент на литерарниот феномен на Доријан Греј кој останувал вечно млад поради рефлексијата на неговите гревови на платното со негов портрет кое ги `впивало` ефектите од стареењето.
`Фазаните` остануваат млади поради рефлексијата на општествените гревови на платното наречено `Човечки живот` на кое `сликаат` генерации психопати и социопати познати како `владетели` а ефектите на страдањето ги впиваат `народните маси` во сета своја несвесна тупавост - на тој начин заштитувајќи ја песната од стареење и овозможувајќи и вечна актуелност.


Песната потекнува од Југословенскиот `нововаловски` бенд Азра, од времето кога новите бранови ги заплискувале бреговите на производителите на звуци од Германија до Ирска и од Југославија до Јапонија.
Иако се појавила како непланиран пород на Цунамито на Панк-рокот, новобрановската музика остави фанатастични песни, можеби токму затоа што дојде како резултат на музичари кои првите чекори ги направиле во Панкот, со нешто побистри умови од своите Панк-колеги - getting their act togehter - успеале да создадат нешто како ова :

Zašto tražiš karizmu u sebi punjena ptico
mogućnost prosvijećenosti
razdvaja te u beskraj od žudnje za misijom
miris zemlje
koncentrični krugovi gluposti i neznanja kao prstenje
ono dalje ne razumijem
izgleda mi da je mrtva straža

rekoh sebi `moj bože`
koliko demagogije sustavno poređane u artiljerijske salve
koliko pokradenih misli iza koji ne stoji ništa osim mržnje, sujete, vlasti
i koliko pokvarenosti treba da se izlije pred naše noge
i kako je do neprepoznavanja dovedena suština prevare!

i rijeka nije bila rijeka u samom početku
i nije nužno
da ne bude ponornica do kraja
što se događa
kad mrtvi fazani lete iznad naših glava
kad mrtvi fazani lete a nijedan ne pada!

I što se događa kad
očajanje zahvati ljude
kad očajanje neumitno prelazi u kajanje
gledajući iz daljine konture na sceni
padaju mi na pamet vodene boje
umazane ruke brzo se peru...

Дури и оваа да била единствена песна на Азра (а секако дека не е), дури и да биле типичен one hit wonder (а не биле) и по некој случај да престанеле да се бават со музика веднаш по објавувањето на `Фазаните` - тоа би било сосема доволно за да го победат времето и да ја пратат пораката. А коју су то поруку послали?
Една интерпретација би можела да биде следнава...

Zašto tražiš karizmu u sebi punjena ptico
mogućnost prosvijećenosti
razdvaja te u beskraj od žudnje za misijom
miris zemlje
koncentrični krugovi gluposti i neznanja kao prstenje
ono dalje ne razumijem
izgleda mi da je mrtva straža

Најчесто неугледните, физички и морални накази кои се на врвот на системот се наоѓаат во панична потрага по инстант харизма со која ќе го хипнотизираат гласачкото тело, полнети птици, препарирани дронови на Злото и деструкцијата, самопропагирани Месии и спасители на `народот`, подвижни ленти за исфрлање празни фрази и флоскули.
А зад сето тоа, во сиот свој сјај дречат koncentrični krugovi gluposti i neznanja kao prstenje, голата и грда реалност, понекогаш тешко разбирлива зад лажниот сјај на катодните цевки и течните кристали и мртвата стража на легиите глупаци спремни на жртвување поради туѓи интереси.

rekoh sebi `moj bože`
koliko demagogije sustavno poređane u artiljerijske salve
koliko pokradenih misli iza koji ne stoji ništa osim mržnje, sujete, vlasti
i koliko pokvarenosti treba da se izlije pred naše noge
i kako je do neprepoznavanja dovedena suština prevare!

Артилерискиот бараж е една симпатична појава, се работи за т.н. `артилериска припрема` на теренот кој подоцна треба да биде нападнат со пешадија. Стотици па и илјадници топови, хаубици и минофрлачи со часови и денови непрестано пукаат врз одредена територија за да уништат све што може да биде закана за пешадијата. А ако наместо гранати се пука со демагогија, резултатот не е нешто помалку разорен.
Секако, да се очекува оригиналност од елитата е смешно, со ретки исклучоци - се работи за репетиција на милениумски финти, рециклирани по којзнае колку пати.
Она што е тажно е фактот што ништо не може да го измести робот од неговата опсесија со робувањето. Може политичар да му го силува детето, може да го убие, да го ограби, да го уништи - ништо нема да го помрдне верникот од неговата верба во системот.
А тој систем и покрај се` треба да биде обожуван како што никогаш не биле обожувани Златното теле и Големиот брат, бидејќи се базира на пропагираниот морален аргумент за сопствената доброта и праведност како и псевдо-историската оцена за неизбежноста.

i rijeka nije bila rijeka u samom početku
i nije nužno
da ne bude ponornica do kraja
što se događa
kad mrtvi fazani lete iznad naših glava
kad mrtvi fazani lete a nijedan ne pada!

И `широката народна маса` не била отсекогаш збир на Зомби и не мора да биде таква до крајот на светот и покрај непрестаното летање на мртвите, безживотни и бесмислени `величини` над нивните глави. `Величините` кои и покрај немањето пулс и тоталното отсуство на содржина сепак летаат како Орли и немаат намера да паднат на земја, едноставно ледбат на облаците на глупоста на рајата.
Луцифер иако познат како есенција на злото, сепак бил исклучително фер ентитет кој барем имал доблест да падне главечки на земја откако му биле потсечени крилата. Или гравитацијата го сторила своето?!

I što se događa kad
očajanje zahvati ljude
kad očajanje neumitno prelazi u kajanje
gledajući iz daljine konture na sceni
padaju mi na pamet vodene boje
umazane ruke brzo se peru...

Прстот на вината мора да покаже кон себе, никогаш кон злосторникот.
Self consume your woes, што би рекол лудиот селски поет Џон Клер.
Рацете секогаш се мијат, постапка популаризирана од страна на Понтиус Пилат, прагматичниот гувернер на Јудеја. Денес миењето раце е изразено преку дебиластиот мит за `Социјалниот договор` и оној не помалку идиотскиот за `вољата на гласачите`.


А можеби сето ова било залудно и пораката нема кој да ја чуе?
Сосема можна и реалистична претпоставка.
И сосема погрешна затоа што пораките кои еманираат од длабочините на историјата ретко кога биле создавани за постојната публика. Или за публика воопшто. They just were.

In fact i cannot shake off the feeling that people creating all them amazing stuff did not give a fuck if anybody was nodding their heads understandingly...or not.
For if everyone was born out of the same stock, people would perish from shere boredom midst whatever class they belong to.
Meaning in life never comes cheap.

No comments:

Post a Comment