Sunday, December 24, 2017

Загрижени Христијани

(By Roger Mortis, 299/179)
Светот на сектите, од перспективата на објективен набљудувач е бескрајно забавен и интересен. Но за членовите на тие секти, светот е мрачен, суморен и често е склон да се ближи кон крајот...
Деновиве актуелен е Ерусалим поради дебиласти политички интриги на претседателот на Империјата, некаков богат кловн со препарирана мртва џинџер мачка на главата.
Но Ерусалим бил актуелен и во блиското минато и тоа на неочекуван начин, далечен од оној кој вклучува палестински "маченици" или еврејски "бранители".

Крајот на милениумот не еднаш беше изедначен со крајот на Времето.
За објективниот набљудувач кој се интересира за секти, крајот на деведесеттите би бил нешто како златното доба на секташтвото, она што биле шеесеттите за Хипиците или педесеттите за Рокенролот.
Една таква апокалиптична секта ни доаѓа од Империјата, од градот Денвер поточно, каде што група вознемирени рисјани од протестанска провиниенција биле организирани околу извесен Монти Милер којшто и самиот бил релативно објективен набљудувач на секти и членувал во разни организации за превенција на секташтвото низ САД.

Но Монти не бил доволно силен и потпаднал на искушението, знаењето околу тоа како функционира еден Култ ги употребил за...стварање на Култ. Од борец против секташтво, низ неочекуван развој на настаните Милер се трансформирал во лидер на секта!
А таа секта си имала име, "Загрижени Христијани" и броела околу триста особи од најразлична возраст низ Колорадо.


Од што тоа христијаните биле толку загрижени?
Од Второто доаѓање секако.
Кое пак било најавено со распадот на СССР, за божиќ 1991 - сосема соодветен датум за почетокот на Последните денови, симболизирани преку падот на Антихристовото атеистичко царство.
Понесени од поразот на клетите безбожни комунисти и општиот притисок створен со приближувањето на годината двеилјадита - Милер и секташите се препуштиле на чудни дејанија, пред се` Милер се прогласил себеси за Второто Исусово доаѓање а своите секташи за нови Апостоли.

Некаде околу 1996, Монти започнал да комуницира со Бог и да пренесува катаклизмични предвидувања како она за скориот пад на Денвер во Адот со посредство на тектонски плочи на 10.Октомври 1998. За следната година програмата предвидувала пат во Ерусалим, промптна умирачка таму за да после три дена дојде до воскресение на лидерот на сектата, Монти Милер, познат и како Ким (?!).
Како што впрочем, и било запишано во Откровението.
Или барем онака како што секташите сметале дека пишува таму.

А предвидувањата не се остварувале.
Бројни секташи ја напуштале сектата.
Во потрага по друг водач.
По друга цел.

И така, преостанатите стотина Загрижени Христијани заминале на патот на убрзувањето на Настаните.
Распродавање на материјалните добра, откажување од овосветовните задоволства и собирање пари за конечниот пат.
Патот до Ерусалим.
Започнале да учат да ракуваат со оружје и експлозиви како и да изведуваат соодветни акции во склад со нивните цели. Планот бил истовремен координиран напад врз Ѕидот на плачот, Базиликата на светиот гроб и Ридот на храмот, трите најсвети места на трите Аврамови религии. Рафална стрелба и експлозии на DIY бомби врз масата народ.

Со тоа ќе се иницира хаосот и огнот
Низ кој ќе се роди новото доба.
Со новиот Исус.
Некогаш познат како Монти Милер
Во Денвер.
Колорадо.


Но израилските безбедносни сили и разузнавачки агенции веќе биле во исчекување на наплив на разни милениумски секташи и остали лудаци околу крајот на векот. Дали тоа Мосад имал вментато свој крт во Загрижените Христијани или нивното однесување било сомнително?
Природно, група од 20-тина американски секташи би стрчеле низ Ерусалим, и покрај тоа што живееле во изнајмена куќа и се труделе да се вклопат во околината.
Вака или онака, на 3.Јануари 1999, полицијата извршила упад во куќата на секташите при што следело нивно апсење. Бил пронајден секаков материјал но никакво оружје кое очигледно било сместено на друга локација. Четири секташи биле задржани за судење а останатите 15-16 биле веднаш депортирани од Израел и со придружба на агенти на Мосад се вратиле во САД.

После краткотрајна робија, секташите на чело со Милер отишле во Грција да шират секташтво но биле протерани и оттаму за да по некое време во 2002 се вратат повторно дома.
Оттогаш оваа секта имала повторно пад на популарноста и денес тавореле на маргините на секташтвото во САД со одвај педесетина секташи на чие чело сеуште бил Ким Милер.
Правник.
Месија.
Несуден урбан герилец.
И некогашен голем непријател на Култовите...

Tuesday, November 28, 2017

Некромантика

(By Roger Mortis, 298/178)
За несреќниот Анатолиј луѓето имале само една дилема.
Озборувањата се сведувале на дилемата дали Анатолиј е Асексуалец или сепак се работи за Некрофил.
А кога за било кој човек постои таква дилема, тоа е неубав знак.

Ништо убаво не произлегло од житието Анатолиево, напротив, овој несреќник на крај завршил во прегратките на кошулата без ракави, помеѓу меките ѕидови на лудничката ќелија, помеѓу електродите на машината за Електроконвулзивна терапија.

Но не поради озборувања. Сеуште тие ја немаат таа моќ да праќаат луѓе во лудница.
Туку поради долгиот пат кој го изодил Анатолиј, скоро цел живот, стартувајќи уште кога бил основец.
Тој пат започнал на градските гробишта во Нижњи Новгород, во почетокот на седумдесеттите, во тмурните советските времиња, во стариот град по рабовите на европска Русија.
Процесијата била тажна и траурна, сосема очекувано при погреб на единаесет годишно девојче. Присутен на погребот бил и малиот Анатолиј кој не можел да ги оттргне очите од девојчето.
Погледот му бил фиксиран како што никогаш нема да биде фиксирана ракета "воздух-воздух" врз својата цел.
Бидејќи ракетата нема душа.
А Тоља Москвин ја имал.


Фиксацијата не можела да биде ограничена само на гледање на лешот. Чувствувал како нешто да го влече кон неа, како да слушал женски глас кој му зборувал да се приближи.
Малиот несреќник се упатил кон сандакот и оставил еден срамежлив бакнеж на челото на покојната. Па потоа и еден на нејзините усни. Со тоа запечатувајќи го својот емотивен живот засекогаш.

Не се знае кога за прв пат чул за Мајкл Скот.
Не, тоа не е симпатично иритантниот Мајкл Скот од The Office, туку оној кој сметал дека мртвите може да бидат оживеани со помош на одредени ритуали и одредени хемиски формули, шкотскиот математичар, астролог и некромант, заборавен уште од средниот век, кога бил сметан за еден од најголемите интелектуалци во Европа.
И бил сметан за Вештер.
Сепак тоа било пред модата на употреба на вештери како огревен материјал да дојде до израз.

Некаде низ средно, или за време на студиите по Филологија и Лингвистика кои екстремно интелигентниот Анатолиј Москвин ги завршил со врвен успех, се заинтересирал и за Келтската митологија па може таму некаде, во огромната универзитетската бибиотека во Москва, преку лавиринтите на судбината, од некаде да искрснало името и делото на Мајкл Скот.
Како и да било, Тоља создал скромна но релативно стабилна кариера движејќи се на маргините на академскиот пазар на трудот, предавајќи, асистирајќи, преведувајќи, лекторирајќи, пишувајќи за списанија и весници, објавувајќи бизарни дела и работејќи на своето животно дело.

А тоа било попис на сите гробови во Нижњоновгородската област, своевидна database на сите покојни од почетокот на гробната бирократија па се до денешни дни.
За таа помалку морбидна цел, имал подршка од неколку колоритни ликови како Олег Рјабов и Алексеј Лесин кои освен вербално, го помагале и финансиски. Алексеј бил издавач на бизарно списание за сите ствари поврзани со смрт, списание во кое нормално нашиот Тоља бил чест контрибутор.


Но Анатолиј бил крајно осамен. Во Новгород а посебно во Москва, само како што човек може да биде осамен во милионски град, најстрашната врста на осаменост која е полоша од онаа на Арктикот или онаа во Сахара.
Затоа што луѓе има на секој чекор.
А нема збор.
Нема пријателска насмевка.
Нема безгрижен муабет.
Нема ништо.

Освен осаменоста, повременото живеење со родителите кои го подржувале (?!) во неговиот чуден животен пат, на сцена стапила и менталната болест, наводна Параноидна шизофренија, но тоа ќе биде дијагностицирано дури отпосле, по епилогот, можеби само како барање начин да се смести Анатолиј во предвиденото место во општеството.
Анатолиј никогаш немал девојка, не знаел како со жените, бил болно срамежлив, повлечен, збунет и крајно несмасен во нивна близина. Самодовербата му била пониска отколку Мртвото море, погледот изгубено талкал за да избегне поглед очи во очи.
Но на крај на краиштата тие и не му биле потребни.
Барем не во таа форма.
Барем не кога имале пулс.

Можеби за да ја победи самотијата, можеби за да ја убие емотивната глад, да го неутрализира чувството на неадекватност поради својата физичка непривлечност или поради тоа што бил тотален лудак - Анатолиј започнал да откопува гробови.
Гробови на свежо закопани девојки, на возраст од осум до триесетина години.
Слушал како го повикуваат, како им е тешко под мермерните капаци и споменици.
Како никој не доаѓа да ги посети.
Како сите ги заборавиле.

Освен Анатолиј, Тоља, човекот кој ги сакаше погребите.

Вкупно откопал некои 150 гроба но во својот дом пренесол "само" 26 посмртни остатоци.
Веројатно оние кои не биле премногу трули, кои можеле да бидат хммм..."спасени", онакви какви што "враќал" во живот проколнатиот Мајкл Скот, некогаш, меѓу шкотските ридови, низ маглата и реата на мртвилото.
А дома, чекале спремни - када полна со сол, некои хемикалии, нашкрабана тешка езотерија наоколу по ѕидовите и книги. Со рецепти од Мајкл Скот.

И така, ден по ден, нашиот лудак ги сушел и балсамирал лешевите.
Ги облекувал и шминкал. И на крај ги "оживувал" со ритуалите на шкотскиот математичар.
Барем во неговата глава.
Таму тие биле одново живи, благодарни што ги избавил од тесниот дрвен ковчег.
Што им бил друштво.
Што ги прашувал како се`.
Што никогаш не им ги заборавал родендените.


Но во еден случај, родителите на едно покојно девојче, убиено од страна на наркоман во потрага по нешто ситно - биле чести посетители на гробот во својата болка. А таа била страшна, неопислива, кога виделе дека гробот е отворен. И таму ја немало нивната ќерка.
Алармирана била полицијата, медиумите, Радио Милева.
И не било посебно тешко, дури и во стравичната Русија, да се пронајде кривецот.
Тој и онака никогаш не ги криел своите опсесии.
Патот водел право кон станот во зградата, низ хаосот на околу 50.000 книги и списанија, неред и нечистотија.

И така родителите морале да ја закопаат по втор пат својата ќеркичка.
Другите 25 балсамирани "кукли"? Не се знае. Веројатно на општински трошок.

Уапсен во Ноември 2011, Анатолиј бил прогласен за луд и поради тоа избегнал затвор и бил пратен во лудница. На секои две години се вршела ревизија на неговиот случај. Во 2013 и 2015 било одлучено дека сеуште е премногу болен во умот за да биде пуштен.
Исто и во оваа 2017. Што значи дека најрано што ќе може да излезе на слобода е во 2019 година.
Анатолиј се колнел дека никогаш немал сексуални односи со лешевите, дека озборувањата за неговото некрофилство се злобни и одвратни. И веројатно било така, затоа што од она што се знае за некрофилите - тие никогаш не би се оддале на толкав напор и труд за да го задоволат својот нагон.
Но кој би можел да знае...
Подобро да е во право.

А тој само сакал да шета низ гробиштата.
Да си прилегне кога ќе се умори.
Врз нечие вечно почивалиште.
Да ја преспие ноќта таму.
Во друштво.
Како тогаш.
Во советските досадни седумдесетти.
Кога ја поминал првата ноќ на гробишта, до гробот на својата прва љубов, единствената девојка која ја бакнал во животот.

Friday, November 17, 2017

Симпатични животинки

(By Roger Mortis, 297/177)
Патувајќи низ алеите на перцепцијата, човек понекогаш се прашува зошто некои ствари ги доживува како симпатични а некои како антипатични?
Кој е и каков е мистериозниот тај-брејкер кој одлучува дали нешто ќе ни биде симпа а нешто бљак?

Како класичен пример можеме да земеме споредба помеѓу две птици, Тукан и Тигресто папагалче. Додека папагалчето е на врвот на симпатичноста, Тукан никој не сака, не го чуваат по кафези, не го галат по главата, не снимаат видеа со него како се врти на седалката и не ги аплоудираат на Јутјуб.
А за тоа можеби е виновен фактот што туканот е чудна птица. Уствари може да се каже дека целиот организам на туканот постои само како носач на импозантниот клун. Туканот пред се` се состои од клун кој зафаќа некои 70% од неговата појава. Зошто еволутивните процеси забегале натаму не е познато.
Сепак, Туканот, жител на Јужна Америка, е своевидно чудо на природата, летечки клун, интересна птица со живи бои за која човек би се чудел како воопшто се одвојува од тлото со сиот тој клун на себе. I like the Tucano.


Под сводот со лисја и светот во кој живее туканот се мота едно друго симпатично животинче а тоа е тапирот. Тапирот нема ниту една гламурозна особина, не е брз, не е особено бистар и нема особен осет за мирис - но затоа барем е дебел, здепаст и релативно спор. Иако служи како храна за гламурозниот Јагуар и славните и одвратни анаконди, ова битие кое наликува на несреќен спој помеѓу дебел Штакор, Мравојад и Магаре - е бескрајно мило и фино нешто.
Освен во Амазонија, го има и по Малајските џунгли.
Сепак, мора да се каже дека тапирот има една особина која ја нема ниту еден вид меѓу милионите во Амазонија. А тоа е феноменалниот осет за излез од опожарено подрачје. Ако во таа шума има пожар и има Тапир - следи го тапирот и ќе се избавиш од смртта. Игнорирај го тапирот и ќе завршиш како јагленисан леш.
Како и на кој начин ова животно го прави тоа, дали е шесто чуло, дали е некаков мистериозен радар во главата, дали се некои вирбации низ тлото - не се знае. Без разлика на тоа, стои фактот дека тапирот е мајстор за излегување од огнениот лавиринт.


Но врвот на симпатичноста е достигнат од една друга животиња а тоа е Вомбат, сосема необичен торбар од Австралија. На прв поглед делува како зголемена и дебела варијанта на познатата Коала, сепак се работи различно створење, коцкасто и несмасно. Си јаде трева и лисје, си пушта чудни звуци и последно време станува мода да биде домашен миленик.
Нема ништо спектакуларно ниту кај вомбатот, тој е таков каков што е, само си постои и мрзеливо се движи низ австралиските пространства.


Во релативна близина живее едно бизарно, нејасно и нежно животинче кое го нарекуваат Човечка Рипка. Иако не е риба а уште помалку човек, ова змијолико и јагуловидно суштество со раце и нозе (!?) евентуално е некаква роднина на саламандерот или некој сличен облик на водоземство. Нејзината боја е иста со онаа на човечката кожа, нејзините очи се само за украс бидејќи е полуслепа. А таква е бидејќи се прилагодила да живее во подземни води, во пештери, во понорници, во вечен мрак, како и сите балканци уствари. Крајно ендемична, живее само во Динарскиот појас со акцент на Постојнска Јама како место кое привлекува раја од светот да ја види. На тој начин таа е осудена да гледа по цел ден сталактити и сталагмити и да го слуша гадниот јазик на грдите Јанези.


Има едно чудо кое е толку симпатично што станува дути и антипатично, so good it`s actually bad. А тоа нешто има и име.
Мрзливец!
Да, навистина постои животно со такво име. А постои и смртен грев со таков назив.
Нестварно во својата спорост и тупост, ова неинтелигентно животинче со вечен cerek na usnama е тешко за перцепција. А можеби не се церека туку се смее? Но тоа може да се каже и за Гвинплен, јунакот од филмот "Насмеаниот", култно дело на доцниот нем филм.
Понекогаш е тешко да се оддели смеата од церекот...но да се навратиме на мрзливецот, тој природен феномен.
Што да се каже за битие кое го мрзи дури и да се почеша? На сметка на неговата мрзеливост, неговото крзно е дом на бескрајни роеви вошки, болви, гниди, црви, муви, крлежи и остали досадни напасти кои паразитираат врз мрзливецот. Не помага тоа што неговото срце отчукува само по неколку пати во минута, што неговата крв се движи нестварно споро низ крвните садови а неговиот метаболизам е толку спор што го мрзи и да се исере.
Едноставно, тој ги собира гомната во за тоа предвиден меур кој го празни еднаш на петнаесетина дена, кога после целодневно симнување низ цели шест метри дрво со помош на огромните и силни канџи - мрзливецот се празни...


Но сите овие погоренаведени животни во овој бесцелен рант бледнеат пред неговото величество, господарот на чудното, доајенот на бизарното - Клунарот. Интересен е неговиот назив на хрватски - Čudnovati kljunaš, што е сосема добро одбрана придавка за ова нејасно животно.
Се работи за недефинирано створење кое е цицач, но и покрај тоа несе јајца, ги квачи (!?) и се испилува како птица, има клун како оној на патка, секако сразмерно зголемен за да одговара на големината на Клунарот. А не е воопшто птица. Има и некакви рудиментарни заби со кои џвака.
Тука се и неговите шепи и нозе кои и поркај тоа што имаат големи канџи тие се искомбинирани со пераи со пловна кожа, повторно птичји елемент накалемен на оној на цицачот.

Ако тоа не е доволно необично, треба да се спомене и отровното осило кое скриено вреба потенцијална опасност и е спремно за дејство и самоодбрана. Осилата се карактеристични за некои инсекти, никако за цицачи.
Неговите очи се длабоко и чудно всадени и делуваат како оние кај змии, крокодили и слични рептилски бештии. Поседува и Сонар, сличен на оној кај китовите, а антена му е клунот преку кој ги собира сигналите кои се одбиваат од околината и на тој начин го лоцира евентуалниот плен.


Кога за прв пат бил забележан при крајот на 18.век во Австралија (каде што единствено живее) луѓето биле шокирани од неговата појава а првите научници пред кои било доведено мртво клунарче биле навредени бидејќи помислиле дека некој се обидува да направи шега, да ги измами и исмее преку франкештајновско спојување на делови од разни мртви животни и птици. Сепак не се работело за превара и реалноста за постоењето на Клунарот набрзо осамнала како непобитен факт.

И покрај дебелото крзно (?!), водата е неговото царство каде што е брз и спретен, а копното е негова резервна територија на која е спор и несмасен. Дебелиот опаш истоветен со оној на дабарите воопшто не му смета во движењето. Подеднакво добро дише и во вода и на суво. Можеби фактот што нема стомак како цицачите туку некаков недефиниран дигестивен тракт е само уште еден во низата поединости кои го прават исклучително интересно животинче. На нет може да се погледнат видеа каде што припитомени клунари уживаат да бидат чешкани како мачките. One cheeky freak of the week.

Абориџинската легенда кажува за времето на Сонот а таму се сонувал и оној сон за Стварањето.
Таму, надлежните божанства биле зафатени измислувајќи животни и птици.
Кога завршиле со работа и ги креирале сите живи битија на планетата - забележале дека во сета таа гужва им останале разни органи и екстремитети како неупотребен вишок.
Бидувајќи несклони на расфрлање, им било жал да ги остават така сите тие органи, сами и бесцелни по себе, туку се решиле да состават една целина од тоа што преостанало.
Таа целина било она што е денес познато под името - Клунар.

Friday, October 27, 2017

А што беше тоа човек?

(By Roger Mortis, 296/176)
Демоните на физичката болка се интресна појава. Иако крајно досадни, неповторливо иритантни - тие понекогаш знаат да го упатат човек низ широчините на меморијата, низ булеварите на паметењето и да ископаат зборови и реченици од некои одамна заборавени времиња, искажани или запишани на некои сосема небитни места.

Едно од основните прашања на кое сеуште нема конечен, јасно дефиниран одговор е што е тоа што не` дефинира како луѓе.
Генетиката кажува дека сме физичка инкарнација на ДНК записот, психологијата и социологијата објаснуваат дека се работи за влијанието на програмите кои ги даунлодираме преку нашиот биолошки хардвер и понатаму ги процесираме преку нашиот софтвер во главата, религиите кажуваат за творба на Семоќно битие според "Неговиот лик".

Еден феномен кој малку се судира со сите овие ситуации (а можеби и подржува некои од нив) е оној за Дивите деца, кои од најмала возраст или како бебиња се оставени да умрат а потоа по игра на случајот (или судбината ако така сакате) биднуваат “усвоени“ од животни при што живеат, јадат, се однесуваат и социјализираат исто како животните со кои се движат, на пример одат на четири нозе, лаат, гризат...


Можеби сте слушнале од баби и дедовци дека во некое село имало дете кое што го оставиле на мечките или волците и слично, Цепенков пишува за дивото дете "Мечо", а низ интернетот се пронаоѓаат стории како онаа за Оксана Малаја, жената-пес.

Оксана била пронајдена во Овидјополскиот реон во Југозападна Украина.
Нејзината појава би била типична за една девојка од тие простори.
Но Оксана не е девојка.
Не е ниту е човек.
Оксана е куче.

Родена во семејство од дното на доцната советска реалност, татко и мајка алкохоличари но и своевидни пионери на тешката наркоманија во тој реон од Украина via новопристигнатиот "афганистанец", хероин кој го довлечкале воените ветерани во раните осумдесетти.
Крајно сурови и сирови, парот човеколики отпадоци ја оставиле Оксана покрај некаква шумичка, за среќа немајќи доволно социопатија да ја убијат, но во секој случај претпочитајќи го Коњот пред осуммесечната ќерка.

Оттогаш па се до раните деведесетти, никој не се заинтересирал за судбината на Оксана.
Останувале само повремените муабети на локалната раја дека слушнале од некого за некакво девојче кое се движи четвороношки вклучено во глутница на кучиња.
Овој пат информацијата не била урбан мит туку реалност. Не се знае точно како но после неколку средби со девојчето кое лаело, завивало, душкало и уринирало поткревајќи ја "шепата", било организирано враќање на Оксана меѓу хомо-сапиенсите при што била фатена после голема борба која содржела и касање. Не знаејќи што да прават, луѓето ја одвеле во локалниот дом за ментално заостанати деца.


Оттогаш започнува мачна епопеја на една личност која морала да го изоди патот на драматична метаморфоза од пес во човек. И тоа во пост-советска Украина.
Низ годините до полнолетство, Оксана тешко се привикнувала на животот во домот. Ќотекот станал вообичаена воспитна мерка а околијата во која Оксана постојано бегала од домот станала магнет за луѓе кои сакаат да видат нешто невообичаено, да се уверат во нешто митско. Украинските неверни Томи ја пронаоѓале како се приклучува на песји глутници и превртува канти за отпадоци, како глода коски и како им `ржи во обид за отпор.

Враќана постојано во домот, со текот на времето Оксана започнала да учи да оди на две нозе, некако да го користи гласниот апарат за формирање зборови, да врши нужда во тоалет...
Релативна слава Оксана доживеала преку документарец на ББЦ кога имала дваесетина години кога сеуште била повеќе пес него човек.

Денес Оксана е сепак повеќе човек него куче, живее некаде во Украина, зборува со извесна потешкотија во говорот, се лути кога ја нарекуваат "жената-пес", во настап на сентименталност (чисто човечка особина) има желба еден ден да ја најде мајка си која ја оставила како бебе да умре во шумата...и има дечко со кого што живее.

Познати се илјадници слични случаи уште од најстари времиња, документирани и потврдени случаи за деца-кучиња, деца-шимпанза, деца-горила, деца-кенгури, деца-мечки, деца-леопарди...

Најславниот случај е можеби оној на Дивиот Петар од Хановер во 18.век кој поминал околу 12 години како животиња, пред да биде пронајден и како сензација биде прикажуван низ панаѓури, пазари и селски собири низ Германија и Англија како “човекот-ѕвер“.
Стекнал голема слава и за 60 години колку што поминал во општеството научил цели три збора...


                                          Оксана Малаја денес.

Најчудно е можеби тоа што тие деца се хранат со иста храна со која се хранат и животните, без облека одат наоколу изложени на секакви температури а гласот и движењата воопшто не се разликуваат од оние на животните со кои живеат...и преживуваат и раснат со години и години без некои проблеми.
Овие случаи укажуваат на премостување на генетиката, барем кога се работи за менталниот свет, за човекот како подвижен хард-диск на кој може да се даунлодира, брише и пак префрли животна програма различна од онаа генетски преродредената.

Каде престанува биолошката предодреденост а каде започнува можноста за целосно нова парадигма? Кој е начинот за изнаоѓање на нов пат низ крстопатот на судбината, без трагичните игри на животот и без суровоста на Случајот?
Тоа се прашањата кои си пробиваат пат низ болката и остануваат во меморијата барем неколку дена, низ призмата на нејасната емпатија и понекоја залутана солза...

Friday, October 20, 2017

Петок

(By Roger Mortis, 295/175)
Петок е обично ден кој се поврзува со позитивната страна на животот.
Крај на работната недела, старт на викендот, време кога оптимизмот царува, чашата е половина полна, петокот е крајна спротивност на неговиот зол брат - Понеделникот.

Но тоа е на копното.
Низ морските широчини, каде што викендот не постои, каде што чашата е секогаш полупразна, каде што песимизмот и маглата се еден чекор понапред од разумот - таму Петок значи и нешто друго, значи ден кога не се започнува ништо, ден кој треба да се прескокне, да се заборави.

Крајно суеверните морнари понекогаш знаеле да бидат проблематични при инсистирањето на нивните суеверија. Британската воена морнарица како главен империјалистички играч во светот при крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век се соочила со неколку побуни на морнарите кои предизвикале главоболки. Секако дека суеверијата не биле причина за тоа, но знаеле да бидат иницијална каписла.
А на врвот на баксузот било испловувањето на бродовите на ден Петок.

И поради таа причина, а можеби и не баш, околу почетокот на деветнаесеттиот век, Адмиралитетот на Британската кралска флота, се обидува да ги разбие вечните морнарските суеверија околу испловување во петок, решено било еднаш засекогаш да докаже дека нема ништо баксузно да се исплови на тој ден.


Во еден Петок, во Јануари 1818 година, бил нарачан бродот HMS Friday (Брод на Неговото Величество - Петок).
Се работело за Брик, релативно мал и брз едреник чија кобилица била положена на навозот на бродоградилиштето во Петок, бил спуштен на вода во Петок и бил предаден во официјална употреба...во Петок.

Дури и за капетан бил пронајден човек со пезиме Петок, некој си Џејмс Фрајдеј. Првата пловидба била закажана исто за - Петок.
Скромната свечена церемонија служела за да ги потисне стравовите, за да ја совлада Паранојата, да го сузбие гласот во главата на присутните дека сето тоа можеби и не е најдобра идеја...
По испловувањето бродот HMS Friday без проблеми се упатува кон мирната морска шир, запловува кон зајдисонцето, отпоздравува со бродовите со кои се среќава...и неколку дена подоцна исчезнува без трага, никогаш повеќе не е виден ниту некој слушнал што се случило со него.

Некои упатуваат на постоењето на урбан мит со слична тематика, некои се колнеле дека навистина постоел таков брод, трети истражувале низ регистрите на Кралската морнарица но не успеале да пронајдат докази за постоењето на таков брод, барем под тоа име.

И така брикот Петок останува заборавен помеѓу загадочната несигурност на морнарските приказни во пристанишните крчми, помеѓу тутунската магла и мирисот на силниот алкохол, некаде помеѓу тивкиот разговор и незаузданото суеверие се губи трагот на бродот кој требало да означи поинаков пристап и триумф на рационалноста над мистеријата.
Наместо тоа, Петок со своето кратко (не)постоење само послужил како извор на нови легенди, митови и преданија кои до ден денес пловат низ океаните и низ умовите на лицата кои го обожаваат непознатото, кои се радуваат на необичното и недефинираното...

Friday, September 29, 2017

Флоп

(By Roger Mortis, 294/174)
На сите ни е позната причата за Титаник, металниот мастодонт и наводното техничко чудо кој потонал на своето прво патување. Но имало и бродови кои не стигнале ни до тоа, не стигнале ниту до тестирање на машинеријата и пловноста или до пробно патување на кратка релација. Има бродови кои не стигнале никаде.

Не може да се знае какви мисли се роеле низ главите на насобраната маса народ во пристаништето Сестри Леванте на северот на Италија едно мирно пладне на 22.Септември 1907.
Политичари, бизнис могули, римокатолички свештеници, продавачи на печени костени, фино облечени дами, локален пролетаријат и остала жабарска раја - биле тука да посведочат на лансирањето на најголемиот италијански патнички брод на сите времиња.

Принчипеса Јоланда, 150 метарскиот прекуокеански линијаш со некои 16.000 тони депласман требало да биде гордоста на нацијата позната по гнетење тестенини и лош фудбал. Со капацитет од 1.600 патници и 360 членови на екипажот, невиден луксуз и техничка опременост, овој брод бил врвот на Навигационе Џенерале Италиана, компанија за прекуокеанска пловидба и постојан снабдувач на Северноамериканскиот континент со свежо емигрантско месо.


На даден сигнал за спуштање на бродот низ навозот во водата, Принцезата веднаш стигнала во водата и истиот момент, накривувајќи критично на една страна преку самото спуштање во вода започнала да прима вода низ бројните отворени кабински прозори и остали дупки во трупот. Бродот кој требало да служи со децении - останал над вода неверојатни 22 минути пред да потоне пред очите на илјадниците присутни кои во неверица, шок и паника не можеле да им поверуваат на сопствените очи. Со тоа бил соборен и 279 години стариот рекорд на шведскиот адмиралски брод Васа кому му требале три часа да се најде на дното на денот на неговото свечено пуштање во оперативна употреба.
Екипажот и новинарите кои се наоѓале на него сепак навремено го напуштиле овој бизарен и епски флоп од брод и за среќа немало човечки жртви.
Единствена жртва била националната гордост на рајата која вербално комуницира со помош на нервни тикови. 

Понатамошните инспекции на бродот јасно укажале дека нема да може да биде изваден и спасен и покрај тоа што се наоѓал плитко, на самиот брег. Останало само да се спаси она што може, највредната апаратура како супермодерното бежично радио на Маркони и моќните парни мотори со тројна ескпанзија на пареата. Трупот останал да гние во пристаништето како нем сведок на инженерско-технолошко-пропагандната катаклизма.

Претпоставките за нарушениот центар на гравитација биле најактуелни, а бидејќи Принцезата имала и своја сестра, Принчипеса Мафалда која исто така била во изградба - научените лекции биле применети за барем вториот и последен брод од истата класа не биде сличен дебакл. Низ трупот бил ставен соодветен баласт а дел од структурата на палубата била отстранета со цел да не дојде до критично преоптоварување и накривување. 

Но животот е непредвидлив а судбината притаена па така проклетството било само одложено, конструкторскиот флоп бил само латентен и се активирал во 1927 кога овој брод, после 18 години служба се претворил во трагедија. Историјата на втората Принцеза била исполнета со проблеми, епидемии поради расипување на фрижидерите и затнувања на цевките на отпадни води, глувеење низ океанските широчини на неколку наврати  поради тотален колапс на погонската група, откачување на едниот па чак и двата (?!) пропелери, заглавуање на кормилото и лутање налево или надесно, гнилеж на дното на трупот и соодветно примање вода...


А тој 25.Октомври 1927 бил особен ден. 
Тогаш, едниот од пропелерите не се задоволил со едноставно откажување туку започнал да се тресе и да се витка кон трупот - попатно сечејќи го истиот на неколку места и овозможувајќи на водата да започне да навлегува брзо. Сигурносните врати не функционирале и тоа го означило крајот на патот за овој брод. Среќната околност била што потонувањето се случувало на рута омилена при патување во Јужна Америка и неколку брода пристигнале навреме за да ги спасат повеќето луѓе од бродот. Сепак, 314 души биле препуштени на нивниот воден гроб, од вкупно 1.259 колку што се наоѓале на Принцезата во тој момент.

До ден денес оваа несреќа останува најтешка во историјата на Апенинското морепловство, кое пак во 2014 не изненади со нова катастрофа, потонувањето на Коста Конкордија познато по бегањето на жабарскиот офицерски кадар на чело со капетанот и оставањето на патниците да се удават.

На тој начин завршува една неважна прикаска за двете заборавени огромни метални сестри кои биле зачнати под несреќна ѕвезда, под лош распоред на небото, под гневот на морето, технолошки флопови во потрага по несреќа, ужас, јаглен и лешеви.

Sunday, September 3, 2017

Сосема небитен африкански мозаик

(By Roger Mortis, 293/173)
Африка можеби не е позната по голем број на реномирани секти, но тоа не е поради тоа што секти нема во Африка, туку поради тоа што тие ретко успевале да се пробијат кон светската јавна перцепција, да го надминат локалното, да го пребродат регионалното.
Но затоа една од нив се прослави на толку драматичен и језив начин што успеа да го направи Џонстаун да изгледа премногу меко...

Ниту една африканска секта не може да се спореди со легендарното Движење за реставрација на десетте божји заповеди од Уганда. Земја позната по својот најславен син, култниот диктатор Иди Амин Дада, неславен по еден куп глупости, еден интересен филм и една .gif анимација - се покажала како плодно тло за сериозни забегувања кај дел од популацијата. Може помеѓу рајата имало и оптимизам дека после децении диктатура, глад, болести, граѓански војни и корупција конечно ќе осамнат подобри денови. Наместо тоа, сликата на мизеријата била комплетирана од бизарен секташлук со драматичен епилог.

Кога немаштијата ќе се збратими со безнадежноста тогаш може да се очекуваат екстреми.
А еден таков пат кон екстремното била и сектата со необично долго име која проповедала скорешен крај на светот (1.1.2000 година, се разбира).

Во деведесеттите, тоа златно време на секташтвото, низ светот се афирмираа голем број на феноменални секти. Надоаѓачкиот нов Милениум создаде плодно тло за исчекување на крајот на светот. Во Уганда, судбината споила две особи со крајно сомнително потекло кои ќе бидат клучни за спектаклот наречен масовен суицид.


Џозеф Кибветире, мистериозен лик со пропаднати политички амбиции, извесно материјално богатство и несомнена духовна сила - одлучил дека официјалните доктрини на Католичката црква повеќе не одговараат на потребите на времето.
А времето, било блиску.

Но што е Јин без Јанг, што е денот без ноќта, што е Џозеф без Кредонија?
Тоа било името на жената која ќе го радикализира Џозеф до крајни граници, поранешна "дама на ноќта", власничка на бакалница и производител на пиво од банани.
Презимето на онаа која го видела светлото, силно се покајала и одлучила да стапи на патот на праведноста - било Кверинде.
Наоѓајќи се во своевиден духовен расчекор, Кредонија видела во Џозеф голем потенцијал за теолошки иновации, со акцент на претстојниот Армагедон. И така на светот се појавила уште една секта, Движењето за реставрација на десетте божји заповеди.

Околу 1990, се појавила нивната заедничка книга со чуден наслов "Навремена порака од Рајот : Крајот на времето" каде што била изложена теологијата на сектата. Со доаѓањето на "вујче од Америка", некаков Доктор на теолошки науки со име Доминик Катарибабо, сектата добила на религиозна тежина. И така, година по година, бројот на следбеници почнал да расте за да достигне некои 5.500 изгубени души при крајот на деценијата. Крајно антагонистични кон сексот и личната хигиена, отворени кон детскиот труд и ропството, оваа група започнала да се припрема за Судниот ден кој требало да осамне на 1.1.2000 година со почетокот на Милемиумот. Сосема неинформирани за календарските подробности и фактот што новиот Милениум дојде на 1.1.2001 а не 2000 - секташите започнале да распродаваат и она малку што го имале, да ја колат стоката и чекор по чекор да се простуваат од овој свет.

Откако Последниот ден дошол и заминал а Судниот ден и Второто доаѓање ги немало никаде на повидок - голем број секташи разочарани и гневни ја напуштиле сектата.
Останувајќи со околу 1.400 најфанатични приврзаници, двоецот лудаци успеал да направи нов спин на новонастаната ситуација и да го одреди 17.Март 2000 (денот на Св.Патрик) за новиот погоден датум.
Не за Армагедон туку за Вознесение.
А најдобар начин за вознесение била смртта.

Таа ќе дојде во нивниот камп во областа Канунгу во вид на масовно самоубиство со неидентификуван отров. За разлика од нивните славни претходници од Џонстаун, овој пат немало ефтини сокчиња за растварање како агенти на смртта туку секташите одлучиле да заминато со стил, пиејќи Кока Кола измешана со отров.
778 души заминале од овој свет во главниот камп во Канунгу а други 283 умреле на пет помали локации низ областа.
До денес не се знае колку од вкупно 1061 леш извршиле самоубиство, колку биле убиени од други секташи а колку загинале во пожарите предизвикани од експлозија во главниот камп.
Не е позната ниту судбината на лидерите и основачите.
Првично се тврдело дека Џозеф и Кредонија се упоколиле во настаните за да години подоцна наводно бидат видени живи, Џозеф во Малави а Кредонија во Уганда. По Џозеф и официјално била распишана меѓународна потерница како осомничен за масовно убиство.


Иако на прв поглед овој секташлук и епилогот од него делува како копија на дешавањата во Џонстаун во 1978 со мали примеси на одлучноста која ја покажаа членовите на Рајската Порта во 1997 - сепак мора да се признае дека оваа секта имала и оригинални замисли и концепти иако не сум сигурен кои тоа би биле.
Според бројот на лешеви оваа секта е во самиот врв во историјата, поморбидни од нив се само Тагите од Индија. Но Тагите биле поклоници на хомицидот а не на суицидот. Што се однесува до суицидалните секти опседнати со Судниот Ден, тука Движењето нема конкуренција бидејќи го надмашува славниот Џонстаун за цели 122 лешеви. Она што недостасувало во однос на квалитет е надокнадено со квантитетот на трупови.

И онака е премногу тешко да се достигне славата на Џим Џонс или креативноста на Маршал Еплвајт, со еден таков терет на грбот не можат да се носат угандски распоп и некаква екс-проститутка-ванаби-Марија-Магдалена.
За крај треба да се упати критика до медиумите кои дозволиле еден ваков настан да пројде сосема незабележано. И не само тоа, и ex-post-facto вниманието кое го заслужува оваа секта е непостоечко, нема документарци, книги, филмови за овој настан. На што се должи тоа е прашање, дали се работи за латентен расизам каде што смртта на 1061 црн секташ е помалку битна од смртта на 41 бел секташ од САД, дали Источна Африка сепак е предалеку од главните текови на информација, дали перцепцијата на луѓето е кондиционирана за да смета дека такви настани се нешто нормално во тие подрачја...

Најверојатно се работи за Њуз-фид расизам...

Tuesday, August 15, 2017

Сиво небо

(By Roger Mortis, 292/172)
Живот пише романе. 
Барем така гласи релативно популарната фраза произлезена од третокласните србијански тв-серии.
Можеби има нешто во таа фраза.
Но како и да е, романот за Д.В. никогаш нема да биде напишан.
Бидејќи никој не сака романи за губитници. За наивни. За сиромаси. За добричини.

Д.В. беше добар човек.
Во време кога добрите луѓе беа презирани.

Роден во меѓувреме, во недефинирана земја, во расчекорот на историјата, во моментот на непознатото, под сивото небо, Д.В. не беше амбициозна личност. Воспитуван според прилично застарени концепти израсна во нормален човек, лик со скромна самодоверба и прикриена сентименталност.

Сивото небо под кое живееше донесе време во кое работата во приградското село повеќе не носеше ниту гол опстанок. Неговата детска воља која се приклонуваше кон желбите на дедо му за останување на имотот беше игнорирана и тој се најде на сивиот асфалт во градот помеѓу двете исушени речни корита.
Траумата на замената на руралниот свет со урбаниот живот остана кај него низ тинејџерските години па и понатаму во младоста. Потекнуваше од традиционално семејство на некогашни чувари на шумата. Одамна изумрена должност која се пренесувала од колено на колено низ вековите, низ сите промени и замени, преку сите војни, епидемии и моќници, се` до времето кога небото стана сиво.


Тешко му беше меѓу школските клупи. Претешко за неговата едноставна душа да може да најде вербален израз за теретот кој го носеше секој ден, по шест часа, па и повеќе.
Не беше лесен и патот по кој што тргна подоцна, со занаетот, но сепак му изгледаше бескрајно полесно да работи по цел ден отколку да слуша монотон глас на средовечен монструозен дебил пред табла или да го прашува дали смее да оди да моча.
Школото потполно ја уби желбата за читање и интелектуален развој кај Д.В. Се плашеше од книгите како од бесно куче. Карактерот пак не му дозволуваше да верува во било какво божанство и така Д.В. повторно се најде на сред пат, под сивото небо.

Небото беше сиво и оној ден кога замина во странство.
Сиво беше небото и кога се ожени.
И кога му се роди ќерка.
Па и кога сфати дека заработил сосема добра сума низ двете децении престој во земјата чиј јазик не успеа сосема да го совлада. Можеби ќе го научеше подобро да немаше страв. Од читање.
Барем да успееше да се приврзе кон некој колектив, да се запали по некаква идеологија, да навлезе во водите на организираниот мистицизам - неговиот животен пат веројатно ќе имаше поинаков расплет. Но таа можност ниту еднаш не му дојде на ум.

Сончев беше денот на неговиот погреб.
Присутни беа околу седум лица на кои им беше криво што таков прекрасен ден мораат да го минат навидум тажни. Сопругата одамна го напушти за друг, а ќерката беше единствена на која срцето и беше скршено на повеќе парчиња отколку што имаше штурци на гробиштата.
Поп по службена должност недостасуваше бидејќи оние кои си го одзеле животот и онака ќе горат во пеколот.


Во последните пар години од животот Д.В. некако успеваше да го потисне стравот од читање и пишување и прв пат после завршувањето на средното школо купи молив и тетратка. И во неа ставаше наивни, несмасно сентиментални мисли, крајно детински и лоши цртежи и понекоја дамка од солзите кои понекогаш не можеше да ги совлада.
Ќерка му ја наследи заштедата и целосно исплатената куќа, но она кое и беше најмило беше тетратката. А во неа имаше дрвја, поточиња, недефинирани птици, слаба црна мачка која ја имаше повеќе отколку другите елементи, куќи и едноставни сцени на рурален живот сместени помеѓу тагата која извираше од наивните и не особено смислени реченици.
На една страница таа се препозна и себеси во еден лошо нашкрабан цртеж...
Не знаејќи да си објасни зошто, девојката не даваше никому да ја види тетратката. А за нејзина среќа, никој тоа и не го сакаше. И таа беше воспитувана според прилично застарени концепти. И таа израсна во нормален човек, лик со скромна самодоверба и отворена сентименталност.

Таа беше добар човек.
Во време кога добрите луѓе беа презирани.

Saturday, August 12, 2017

Јадни врабац

(By Roger Mortis, 291/171)
Врапците се птици кои никој не ги приметува.
Нивното постоење се подразбира, посебно во урбани средини, исто како она на станбените блокови или паркинзите. Едноставно се тука.

Тие се битија кои си летаат наоколу, малечки, јаднички, плашливи, најчесто во кафено-црно-сиви невпечатливи бои, кутри само како што врапчињата на сред зима можат да бидат.
Не знам зошто но скоро секогаш кога ги гледам (а ги гледам секој ден) - ми предизвикуваат чувство на блага меланхолија. Дали поради тоа што симболизираат сиромаштија или маргинализираност или нешто десеето или поради некој лош филм во главата, кој би знаел.
Иако имаат сосема добар глас и си пеат врабји песни секое утро, тоа чувство на меланхолија сепак се појавува непокането, од страна, од непознат правец, без особена причина надвор од појавата на врапците.


Но тоа чувство после извесно време беше наподополнето со чувство на некаква милост. Мали, јадни, бедни, некои бушави, некои шарени, слаби и дебели, тажни и весели - почнав да ги приметувам и да им давам храна и вода на малите јадничиња.
А тие пак, од своја страна носат подароци.

Можеби зад постоењето на врапците се крие тоа дека тие се малечок пердувест контејнер за заробените души на невидливите, на сиромасите, на исклучените, на изолираните, на заточените, на немоќните, понижените, несреќните...

Легендата зборува за злобната страна на Гаутама Сидарта познат и како Буда кој ги проколнал врапците да бидат неприметни до крајот на светот. Имено, во моментот кога Буда се просветлил - сите живи створови дошле да се поклонат пред него. Тигри, кобри, пци и стаорци, оси, комарци и луѓе.
Единствено ги немало врапците кои понесени од својата игра, барање храна и безделничење не сметале дека тој настан е којзнае што. И така при крај на церемониите, привлечени од огромниот број животни и птици - се појавиле колку да видат за што станува збор. Искрената љубопитност, а не величината на Буда биле причина за нивното присуство.
Буда, просветлено гневен на тоа што врапците се дрзнале да не се поклонат - ги проколнал никој да не ги приметува до крајот на светот, да останат на маргините на постоењето, на крајот од перцепцијата...Јадни мали Врапко.

Thursday, June 29, 2017

Накази, слика четврта

(By Roger Mortis, 290/170)
Малку по малку се довлековме до крајот на бездната на Балканската суморност.
Останаа уште државните ентитети формирани во 21.век. А овој век нажалост не наговестува подобри денови за жителите на овие морбидни кршови од општества.

Во далечната 2006. дојде и до конечен распад на последните остатоци на остатоците на СФРЈ, ребрендираната СР Југославија со ново име Државна Заједница Србије и Црна Горе. Одненадеж, како гол во 11.секунда, во Црна Гора бил распишан референдум за независност на кој со мала разлика било изгласано отцепување од ДЗСЦГ.
И така, во Мај 2006 на светската геополитичка карта се појави и Црна Гора.
Иако трагите на првата независност на Црна Гора датирале од 1696 кога била воспоставена православна теократија (!?) а сето тоа завршило во Версај после Големата Војна, надвор од историските претраги - невозможно е да се одбегне заклучокот за абнормалната небитност на оваа земја.
Постојат аеродроми во Патагонија кои се поважни од Република Црна Гора.
Со територија колку половина ФИРОМ и одвај 700.000 жители, оваа земја се афирмираше како главен центар за шверц со цигари, територија на која соработуваа организирани криминалци од жабарски, Тетрис (руски) и шиптарски провиниенции сето тоа преку координација на некојси Ѓукановиќ М., инстант-отец на нацијата и криминоген лик кој во јавноста не се појавувал без гардероба на себе од помалку од 20.000 евра. Тука е и дрогата, перењето пари, старата добра корупција, митската мрзеливост, инертност и глупавост на локалната популација. И што од тоа?

Ништо особено, само уште една беспотребна држава, како и сите останати на овие простори.

Наталитет скромен, морталитет стабилен, емиграција релативно изразена, иднина - крајно досадна.
Kolektivni identitet : Slaboumni Brđani, Karika koja nedostaje.
Геноциден потенцијал : Медиокритетски, во зависност од колективната идентификација на дел од населението. Голем број на четници и качаци.


И така конечно, еден тмурен и мрачен ден, низ ноќната темнина, на мала врата - на сцената се врати ентитетот кој никому не недостигал, барем од оваа страна на разумот, а тоа е Република Србија. Во Јуни 2006, откако шансите за задржување на Црна Гора во некаква заедница исчезнале - прогласена е Матицата Земја на сите забрадени, запотени, дебели, мрсни дегенерици кои локаат ефтина ракија, пафкаат најлош тутун, ждерат сланина и слушаат музика која им ги убива и онака дефицитарните мозочните синапси.
Нема што особено да се додаде на најновата форма на четничката државност а што не беше споменато досега, во претходните три дела од овој тажен текст. Од сета таа гужва на корупционаши и имбецили, на политичката сцена се издигна некаков мутав вол кој се одзивал на име Вучиќ А.
На чело со една таква подвижна реклама за абортус, гордата Србија, полека но сигурно, поносито и дично чекори на патот на најпопуларната врста на владение на Истокот - Клептократијата.
Не може а да не се напомене дека демоните на четничкиот колективен идентитет не се мртви, напротив - набираат сила и се припремаат за обнова на Душановото Царство под водство на некаков пропаднат гуслар и еден надрилекар.

Цела среќа што постојат Хрватска и Косово, за да може четниците да се огледаат во огледалото на конкуренцијата на пазарот на морони, на антагонистички и еднакво безвредни колективни идентитети.

Наталитет катастрофален, морталитет стабилен, емиграција драматично изразена, иднина - сомнителна.
Колективни идентитет : Кретеноидни Четници.
Геноциден потенцијал : Во постојана битка за прво место во регионот со оној усташкиот.


And last, but by no means least, тука е најсвежата држава на Балканот, шегата наречена Косово.
Фрик појава, за прв пат испилена на карта како автономна покраина во составот на СР Србија оваа целина не смееше и не можеше а да не се обиде да стане независна и суверена.
Иако Де-факто независна територија уште од НАТО интервенцијата и крајот на Косовската војна 1997-99, политичарите во овој ентитет калкулирале со Де-јуре прогласување на независност дури до Февруари 2008. Оттогаш наваму ја имаме и втората земја во Европа со доминантно муслиманско население.
И секако, втората со доминантен качачки, шиптарски или ако така сакате, арнаутски колективен идентитет. Освен со физичките карактеристики на населението, особено машкото - кои се сосема оригинални (огромни заби на горната вилица, испакнати синусни шуплини, ниски чела, чудна и смешна форма на черепот, коса која не трпи обиди за правење било каква фризура) - оваа држава изобилува и со сите форми на криминогеност така својствени за овој дел од светот.

Иако се зборува дека постојат кратери на месечината кои имаат подобра геологија и географија од Косово, тоа не мора да значи ништо. Зарем Луксембург е нешто подобар во тој поглед? Не е.
Но, Луксембург нема население кое носи кечиња и малцинство од загорени четници на северот. Во периодот на правното лимбо во кое се наоѓаше оваа територија, таа несебично му подари на светот масовен шверц со дрога и бело робје, трговија со органи и раѓање на мутанти како последица од големите количества муниција, радиоактивна или конвенционална сеедно, употребена од страна на НАТО пактот, таткото и маќеата на оваа земја - за да ја оттргне од Србија. Цената која ја плати населението на оваа крајно корумпирана дупка која по сите параметри е на самото дно на Европа - не е позната но се шпекулира со над 20.000 леша и 100.000 ранети, заточени, заболени и полудени особи.

Монголоидно но вистинито, Косово игра главна улога во државотворниот мит на четничката нација поради некаков катастрофален пораз на непостоечката србијанска нација во 14.век од страна на Османлиите. Тој мит сеуште е причина за секојдневна ламентација од страна на четничката раја и извор на бол, очај, мизерија, гнев, јарост и бес, со мали додатоци на апатија.

Се чини дека Косово е добредојдено за една ствар, а тоа е за да неписмената толпа низ извесни ентитети како ФИРОМ, Босна и Херцеговина, Албанија или Молдавија биде барем задоволна ако не и среќна што има сигурица дека нема да е на буквалното дно на Европа по на пример, корупција. Иако рајата низ ФИРОМ прави се` за да го надмине Косово, да кажеме во смртност на новороденчиња.
И во тоа и успева!

Наталитет солиден, иако далеку од некогашните златни времиња, морталитет висок, емиграција спектакуларно изразена, иднина - нејасна.
Identiteti kolektiv : Shqiptar, Kačák, Arnavut.
Геноциден потенцијал : На скала од 1 до 10...околу 4.


Тоа се тие неславни срања од држави-нации и етно-идентитети кои ја обележија последната генерација население низ просторите кои некогаш беа СФР Југославија.
Секако овој тажен список за неколку години може да подлежи на промени, може да се појават на сцената и Република Илирида, Народна Демократска Република Санџак, Кралството Истра или Војводината Војводина. Може Босна и Херцеговина и ФИРОМ да престанат да постојат.
Но тоа е во иднина а таа сепак содржи една константа. А тоа е дека овој простор ќе остане слепо црево, тамни вилајет, проклета авлија, дно на дното на стариот континент.

Sunday, June 18, 2017

Накази, слика трета

(By Roger Mortis, 289/169)
Движејќи се по селските сокаци, воопшто не е чудно доколку човек згазне на лепешка или песјо гомце.
Ако човек живее по Балканските пространства пак, не е воопшто чудно доколку ја осети впечатливата смрдеа на колективните идентитети кои виреат тука.
Одиме понатаму низ Екс-Ју сокаците за да хронолошки ги испратиме до крај чудовиштата кои излегоа од распараниот стомак на СФРЈ.

Седмо чудовиште е заразата која тлее под име Федерална Република Босна и Херцеговина.
Овој балкански Ирак на современата политичка карта се појавил во Март 1992 после успешниот референдум за независност бојкотиран од страна на четниците. Накриво насадена од самиот старт, оваа творба се состои од две, односно три целини, балијско-усташка и четничка кои и покрај сето клање се принудени да живеат заедно, во истите предвоени граници во кои живееле 1944-92 на крилата на Титовите фрази, кои за воља на вистината имале некаква мистична сила.

Сцена на најкрвавите епизоди во Екс-Ју војните (1991-2001), на оваа територија се смета дека загинале околу 110.000 раја а преку 250.000 биле ранети. Концентрационите логори повторно се појавиле на сцена во Европа по 1945 а средновековните методи на тортура повторно биле актуелизирани од страна на разни правоверни муслимани, православни и римокатолички христијани и слична патологија.
Наталитет ужасен, морталитет стабилен, емиграција особено изразена, иднина - крајно неизвесна.

Kolektivni identitet : Glupe Balije, Mujo & Haso, Muslići, Poturice.
Геноциден потенцијал : Набилдан со пристигнувањето на муџахедини од третиот свет, темните традиции на Ханџар дивизијата сеуште се живи.


Само месец дена покасно, на овој свет осамнала и следната абоминација, овој пат згужваната Југославија, идеја на морбидниот морон Милошевиќ С, неговата сопруга Марковиќ М. и Четничката академија на науки и уметности (САНУ) - СР Југославија.
Во овој случај имаме нејасно инсистирање на континуитет на терминологијата произлезена од идеите за обединување на јужнословенските земји. Оваа трета и последна Југославија (во секој случај најбедна) се состоела од четири од осумте федерални и репулбички територијални целини, имено Србија, Црна Гора, Косово и Војводина.

Иако краткокрајна, оваа земја ја задолжи цивилизацијата со невиден бран на радиоактивен Турбо-фолк, дизелаштво, филмска глорификација на неписменоста, криминалот и корупцијата која кулминираше во филмот Ране, крајно кретеноиден дрес-код во кој доминирале тренерки, златни ланци и бела чарапа, најниски плати во Европа, спонзораштво, криминал во чудовишни размери, секојдневни убиства по улиците на Белград, Ваљево и Сурдулица, Земља у раљама наркоманије, за да заврши тивко, после интервенцијата на НАТО пактот во 1999 и отцепувањето на Косово.
Прво преименувана во Србија и Црна Гора во 2003, оваа држава се распадна со заминувањето на послабата половина од федерацијата во 2006,
Најмалку 13.000 мртви и 50.000 ранети, вклучително сите воени судари како и криминалните пресметки и ликвидации и ексалацијата на други, навидум неповрзани со ратовите видови смрт е резултатот на постоењето на овој срам од држава.

Колективни идентитет : Мутави Четници.
Геноциден потенцијал : Највисок во Европа во тој период.


Дојде редот и на деветтата наказа, најмистериозната и најмалку позната од сите дванаесет ентитети а тоа е Република Западна Босна, чедо на социјалистичкиот директор и прото-тајкун Фикрет Абдиќ. Овој лик, познат по мега-аферата со една од најголемите прехрамбени фирми во СФРЈ - Агрокомерц, незадоволен од политиката на официјално Сарајево - се одлучил на интересен чекор, на создавање на своја држава!
Базирана околу компанијата Агрокомерц во околијата на некакво место под име Велика Кладуша, како соцреалистичко ехо на корпоративната псевдо-држава Фордландија во Амазонија основана од Хенри Форд, оваа приватна држава, такаречи сон на либертаријанците, организирана од кадар на екс-комунисти е нешто кое било на самиот раб на веројатноста.
Но сепак, во Септември 1993, овој државен ентитет испливал на површина. Со големина на половина Андора и некои 60.000 жители, Западна Босна преживеала некаде до Операција Олуја во 1995, кога за последен пат знамето на оваа државичка која го симболизирала вековниот стремеж на западнобосанскиот народ и неговиот водач и учител Абдиќ за своја држава - било симнато од јарболите околу фабричките хали на умирачкиот Агрокомерц. На нивно место биле дигнати бели знамиња со син штит во кој се мотале жолти кринови.
Данокот во крв за постоењето на оваа држава не е познат, иако е веројатно дека е многу помал од оние на соседите.

Kolektivni identitet : Balije u zaleđu.
Геноциден потенцијал : Непознат, веројатно низок.


Останува уште еден дел од квадрологијата на зомбираните колективни идентитети и државните заедници на овие простори, тоа шаренило со доминантни црвени и кафеави тонови, тој фон на смрдеа на распаднати тела, таа радијација на масовниот трансфер на јавни пари во приватни џебови...

Friday, April 28, 2017

Накази, слика втора

(By Roger Mortis, 288/168)
Продолжуваме со калеидоскопот на балканските колективни идентитети, крајно тажна тема која е најпогодна за евентуално туркање на суицидална особа преку прагот. Иако, во барем малку рационални околности би било поинаку.
Многу поинаку.

Четвртата творба родена од мртвата утроба на СФРЈ се нарекува Република Македонија.
Ако се направи некаква ранг листа на опстанатите државни ентитети, оваа (покрај Косово) е на самото дно.
Тотално небитна припиздина, не излегува на море, нема пловна река, нема вредни ресурси ниту енергенси. Но таа немаштија произлезена од географските и геолошките специфики е ништо во споредба со мизеријата наречена локална популација.
Морбидно, нестварно, фантастично глупава популација која се состои од неколку идентитети, главно од хунзи (самодекларирани потомци на Александровата империја), шиптари, цигани, селџуци, четници, торбеши, татари и цинцари. Социјална свест која е пониска од најдлабоката дупка околу Мртвото море, вродена склоност кон корупција и кодошење, ситна пакост и злоба во комбинација со антикултура на живеење - го прави ова место такво што го заобиколуваат и избеглици од војни по блиски и среден Исток, разни видови птици (како мршојадците) и многу вируси и бактерии. Се сомневам дека го заобиколуваат и натприродните појави.
Иако во оваа творба се одигра последниот воен чин од екс-ју војните кои хараа од 1991 до 2001 при што бројот на жртви на обете страни не надмина 300 а ранетите 1000, рајата е сеуште расположена за исправање криви Дрини.
За исправање кичма - не.
Наталитет ужасен, морталитет стабилен, емиграција особено изразена, иднина - нема.

Колективен идентитет - Ментално заостанати Хунзи
Геноциден потенцијал - Скоро непостоечки


Петтата е благоретардираната ситуација позната како Хрватска Република Херцег-Босна.
Херцеговците, познати како Хрватите во офсајд или како дел на нивниот колективен идентитет погоден за стереотипни шеги на сметка на нивните замислени или реални особини - не смееле да останат без своја држава. Како пандан на нивните четнички браќа по фекалии кои им течат низ вените - усташите секако си прогласиле своја држава на територија на СР Босна и Херцеговина со цел да ја испреварат евентуалната меѓународна поддршка за прогласување на држава позната како Босна и да се стекнат со можност за враќање на територии кои некогаш биле под капата на ултимативното зло познато како Независна Држава Хрватска.
Но испаднало дека таа земја е крајно ефемерна појава, замислена во болниот мозок на поглавникот за сиромашни, наведениот кривоусти социопат Туѓман Ф.
Мотајќи се наоколу по разни карти и мапи од 1991 до 1996, неуспевајќи да влезе во било кое издание на Атлас по светот, кумувајќи над барем 10.000 гроба и 22.000 осакатувања и ранувања - овој државен проект загинал под тежината на мастилото на Дејтонскиот договор.

Kolektivni identitet : Ustaše Light
Геноциден потенцијал : Сериозен, во склад со пошироката геноцидна политика на матицата земја.


Шестата е Република Српска.
Оваа загноена рана на Балканот била прогласена уште пред Босна и Херцеговина да прогласи независност што значи дека лицата како Караџиќ Р. и Плавшиќ Б. биле особено брзи во своите постапки да го испилат поредното кукавичко јајце кое подоцна ќе биде составен дел од Голема Србија.
Легло на геноцид, криминал, трговија со луѓе и се она кое што веќе беше наведено во делот за Република Српска Краина - оваа творба сеуште животари на маргините на сеќавањето и легалноста како составен дел на БиХ федерацијата. Но сега не претендира на независност и сувереност. Или сепак претендира? За тоа ќе треба да почекаат мајчица Србија да изнедри некој нов Дража или на Јован Деретиќ да му пораснат крила.
Краткотрајната независност 1992-95 која чинела 14.000 леша и 25.000 ранети не верувам дека ги задоволува аптетитите на локалното срамно глупаво и неписмено население.

Колективни идентитет - Говна србијанска.
Геноциден потенцијал - Сериозен, како дел од поголемата слика на србијанскиот геноциден ангажман во регионот.


Наредниот пат ќе се запознаеме со следните извори на зараза и параноја на Балканот.

Tuesday, April 18, 2017

Накази, слика прва

(By Roger Mortis, 287/167)
Оваа година поминува четврт век од распаѓањето на втората Југославија.
Онаа Титовата која што станала трудна после инсеминацијата од страна на повампирениот национализам од средината на седумдесеттите и после смртта на браварот и last stand обидот на извесен Марковиќ А. да биде спречено пораѓањето - се случило избежното т.е. започнале да се раѓаат нови државни ентитети. Врз тие ентитети биле полагани големи надежи, дека ќе пораснат, ќе завршат чколија, ќе одат војска, ќе се оженат...само скраја да е да породат нови ентитети, не, никако тоа. По можност да грабнат нешто од соседните, ништо повеќе.

Не навлегувајќи во внатрешните противречности и причините за распадот, интересно би било да се осврне човек на седумте џуџиња кои преживеаа од почетните дванаесет кои со своето неславно постоење за брзо време почнаа да смрдат неспоредливо повеќе отколку покојната СФРЈ во нејзините најсмрдливи времиња.

Прва била некаква творба наречена Словенија.
По себе бесмислена, планинска земја со запечен излез на море и не особено лош комшилук, оваа земја во која се зборува јазик при чие слушање страда ушниот апарат - поминала низ кратка но телевизиски силно експлоатирана војна со не повеќе од 300 мртви и 2,000 ранети на патот кон безначајноста. Задржувајќи моменти од претходниот систем со нешто помалку сирова транзиција во споредба со останатите, Словенија, и покрај мега-скандалите со арамилак на најгласните патриоти од 1991 (Јанез Јанша кому патриотизмот му чинел барем 20 милиони евра јавни пари во сопствен џеб) за рекордно време го пронајде Брисел како замена за Белград и остана број еден во галеријата на наказите.
Наталитет ужасен, морталитет стабилен, емиграција не особено изразена, иднина - монотона.

Kolektivna identiteta : Umazani Janezi.
Геноциден потенцијал : Скоро непостоечки


Втора била бизарната појава наречена Хрватска.
Се зборува дека оваа земја била необично убава. Ако може да се искористи аналогија тогаш би можела да се замисли долгонога плавуша со сериозни социопатски тенденции и соништа за нејзината баба-сериски убиец која е сексуално активна само со лица со кои не може да се разбере,
Четири години подоцна од онаа кобната 1991, 26.000 мртви. 44.000 ранети бил билансот на творевината која ќе стане позната под популарното име Прчија у власништву 200 обитељи, собрани околу псевдо-диктаторот Фрањо Туѓман (а.к.а Кривоусти) и водачите на Претворбата.
Спасот од самите себе државјаните на оваа земја го виделе во бескрајните потоци на кредити и Брисел каде што со еднодецениско закаснение во споредба со северните им комшии - се запишале во клубот 28.
Наталитет ужасен, морталитет стабилен, емиграција во загрижувачки пораст, иднина, лагано сомнителна.

Kolektivni identitet : Usrane Ustaše.
Геноциден потенцијал : Висок. Претворен во реалност 1941-45 и делумно 1991-95.


Третата е веќе своевиден бисер.
Државниот ентитет под име Република Српска Крајина, основан во деновите на Злото со почетокот на летните горештини во сеприсутната 1991. Оваа манијакална држава своевремено се протегала на една третина од површината на Хрватска и била камен темелник во очекуваното скорешно обединување на сите земји каде што живееле Срби.
Финансирана преку грабеж на имотот на прогонета раја, шверц на се` што може и не може да се прошверцува, дознаки од буџетот на државата покровител за која ќе стане збор подоцна и сеопшто лудило - иднината сигурно изгледала сјајна !
Роднина на кукавичките јајца кои ги сеат матиците за да предизвикаат подоцнежни срања (Донбас, Крим, Трансднестрија, Абхазија, Накичеван итн.) - четничката гордост не успелала да го прослави петтиот роденден туку исчезнала есента и зимата при крајот на 1995 кога операциите на усташката армија Олуја и Блијесак ја изметиле од географската карта за неполни две седмици. 4.000 мртви и 15.000 ранети биле веројатно соодветна цена за неколкугодишната радост на популацијата која носи шајкачи и опинци.

Колективни идентитет - Дебилни Четници.
Геноциден потенцијал : Висок. Делумно пројавен 1991-95.


Четвртата во оваа парада на наказноста е Македонија.
Но за тоа во наредното продолжение.
За жал ќе бидат потребни најмалку четири дела за да се опфати моментот на раѓање на 12 розмарини бебиња од само една утроба...

Мајку им се свима најебем.

Tuesday, March 14, 2017

Патишта

(By Roger Mortis, 286/166)
Чудни се патиштата човекови.
Особено кога станува збор за колективниот идентитет и евентуалната идеолошката припадност, некои би рекле еволуциски вградената потреба од припаѓање на некое Племе.

Ако се тргне од претпоставка за барем малку натпросечна интелегенција кај поединец и елементарна интелектуална чесност - тогаш тој поединец кога тогаш во својот живот ќе стигне до Анархијата, на интелектуален и идентитетски план.
Едноставно е невозможно да биде поинаку.

Зошто е невозможно? Затоа што сите патишта водат кон поединецот како единка сама по себе, почеток на секоја група, последна инстанца на биолошката предодреденост. Никој не се родил во група.


Еднаш стигнувајќи до неа не се знае каде човек ќе продолжи и по кои координати ќе замине,
Раскрсницата на која ќе се најде е чуден феномен. Нема четири правци туку безброј.
Патот кој ќе се фати е ствар која зависи од илјада фактори.
Страв, немоќ, несигурност, утилитаризам, жена, деца, осуда од средина, плата, прагматизам, кредит за кола...или ништо од сето тоа туку нешто сосема осумнаесто.
И сосема разбирливо.

Сепак поентата е дека луѓето кои барем две минути во животот го очешале рамото со Анархијата се оние поради кои животот е колку толку поднослив во овие услови.

Saturday, March 11, 2017

Дивите луѓе

(By Roger Mortis, 285/165)
Групи дезертери за време на Големата војна, затечени на ничија земја или по планините, шумите и пустините на разни фронтови - ги отфрлиле дотогашните лојалности и препуштајќи се на своето лудило се втурнале во ограбување и канибализам.

Потполно ослободувајќи се од стегите на националната припадност, религиозните упатства и добрите манири, фанатично здружени во своето зло - припадници на разни војски се збратимувале по две основи.
Првата била онаа типична дезертерска приказна каде што уплашени и разочарани млади луѓе решиле да се обидат да преживеат без многу врева, криејќи се заедно со довчерашните непријатели со кои се знаеле преку нишанот, оптички или механички.
А втората...тоа била погореопишаната група на побеснети пореметени фрикови, решени да се одмаздат на целото човештво, да ги искинат сите смоквини листови, да ги прегазат сите норми, да ја убијат сета таа трагична наивност поради која завршиле таму, во дупките покриени од тенок слој жолтеникав Сарин. Низ облаците со Хлор, помеѓу лешевите низ чии очни дупки ровареле штакори - не било тешко да се дојде до радикална промена на перцепцијата.


Душевно уништени од страданијата, можеби посклони кон лудило од останатите, или само како сублимат на општото лудило во неговата најчиста форма, овие бивши војници касапеле ранети екс-колеги и правеле едноставни кулинарски специјалитети од нив.

Пред тоа темелно ги лишувале од сиот можен материјален имот, колку и да бил скромен. Не се ограничувале на тоа туку напаѓале и цивили, фарми и оази, овчари и козари, патници и уседелици. На рабовите на сите фронтови вирееле мали но впечатливи групи на Дивите Луѓе, сенки во маглата, паника во очите на регрутот тукушто пристигнат на фронтот кој слушал нервозно шепотење меѓу постарите војници за тоа како болните крици на ранетиот Гијом или Гери или Генадиј или Гинтер биле прекинувани од неколку тапи удари во далечината а смрдеата на печеното човечко месо зафатило место во умот на војникот кое со ништо не можело да се исфрли оттаму, до судниот ден.

Wednesday, January 18, 2017

Неславно минато

(By Roger Mortis, 284/164)
Интересна и псевдо-трогателна е желбата на извесен дел од популацијата да ломоти за семејните традиции.
Ако се знае дека на оваа територија аристократија не постоела, буржоазија имало само од онаа најситната а интелектуала скоро никаква - чуден е поривот за обид да се состави семејно стебло, генеолошко дрво на некаква си фамилија Митревци.
Wow, they survived for a long time. Just as anyone else!

Никогаш не сум имал желба да копам по минатото на моите биолошки претци.
Барем не надвор од она кое живее во меморијата на родителите (најдалеку до нивните баби и дедовци т.е. мои прабаби и прадедовци). Не се сомневам во припадноста на моите далечни претци кон ниските социјални слоеви (кметови/закрепостени селани/робови), нивната тотална обичност, анонимност и неисклучителност и мислам дека и тие не би сакале да бидат вознемирени во вечниот мир кој секако е подобар отколку нивниот скапан живот.


Рандом предок во 17.век на пример. Дури и да има начин да се дознае нешто (а нема) што е тоа што би го дознал? Дека се родил и умрел некаде на балканот, го проживеал животот во радиус од 15 км, писмо не пеел, `рмбал за физички да опстане и да ги спаси децата од глад, неколку од нив и ги погребал малечки, имал некаква невеста јадна, за жалење кутрата вечно под закана за смрт при пораѓање и умрел сиромав, каков и што се родил. Човек само би се натажил врз многуте генерации претци кои се раѓале во маки, не виделе никаков живот и умреле како кучиња. Ако се визуелизира тогаш тоа би довело до визуелизација на ликови какви што играа Ванчо Петрушевски и Џокица Лукаревски. И секако Лазар Бараков. Во најдобар случај некој како Раде Рогожаров.

Не ја разбирам потребата од самозалажување и пусти фантазии дека постојат прецизни генеолошки стебла тука кои досегаат пред 500 или повеќе години.
Освен ако не се работи за свештеничка фамилија (и тоа од повисок ранг), не ја бидува таа работа, не е ова Англија па да има "Книга на Судниот Ден" со попис на население од 1086 година.
Рајата била неписмена, османлиите не издавале изводи од матично а аристократија која ќе црта семејни стебла немало. Не знам на кој начин би можело да се дознае за некој си предок од некое планинско село во 1699 при немање никаква документација.

Веројатно никако.
Што не спречува некои луѓе да си замислуваат славни, богати и моќни претци.
А тоа е само пресликување на она кое го прават државните фрикови од историчари на едно помало, лично ниво.