Saturday, April 23, 2011

Кафе

(By Naughty, 047/014)
(Втор дел)
Минувајќи ја улицата, го симна погледот за да ги избегне оние на минувачите од другата страна. Мислеше на тоа колку ќе уживаат во кафето. Додека го пијат, ќе си зборуваат и замислуваат за куќата во која ќе живеат. За бојата на ѕидовите во детските соби. За тоа како ќе ги воспитуваат дечињата. На крајот, кога таа ќе стане да ги крене празните филџани, ќе ја повлече за рака и ќе ја седне во скутот. Ќе ја прегрне и ќе ја пофали дека му сварила најслатко кафе на светот. И ќе ја бакне. 
Наеднаш, почувствува остра болка од левата страна. Рефлексно се сврте и тогаш... Тогаш запре се'. Целиот свет стана нем и се претвори во тишина, можеше да се чуе само себе си:
"Тој е! Тој е! Тој е!" - не престануваше да одекнува во нејзината глава.
"Звездан?!" - подвикна.
Човекот кој веќе беше стигнал до тротоарот, збунето погледна кон неа и се стаписа. 

"Кристина? Ти си?" - извика гласно.
Ја прегрна силно колку што можеше.
"Изгледаш прекрасно. Kако ангел. Секогаш си била." 
"Што бараш тука? Мислев дека си во Америка." - следуваше прашање.
"Се вратив пред некое време. Не можев да издржам повеќе таму. Но, тоа не е важно. Ти како си? Сигурно си веќе омажена. Имаш дечиња, а машкото се вика Лука. Секогаш го сакаше тоа име. Така?" - радоста на неговото лице полека се претопуваше во израз на болка.
"Не будалче, сама сум."
"Kако сама? Зошто?!" - го знаеше одговорот. Му потече солза. Не можеше да ја запре.
"Тоа е твое место." - рече таа. "Патем, уште го пиеш кафето слатко?"
Веќе не беше солза. Беше дожд. Почна да плаче на глас.
"Не требаше да заминам, љубена! Прости ми! Секогаш те сакав! Се вратив за тебе! Никогаш веќе нема да те оставам!"




Немаше сила да мрдне. Не си го чувствуваше телото. Само пулсот. Се' посилен и посилен. Неговата прегратка, неговите бакнежи, неговите солзи, и' вратија безброј слики. Се виде себе си како се смее. Плачеше. Се виде како се радува. Ја болеше. Беше преморена. Но, беше среќна. Конечно беше среќна. 

Полека ги отвори очите. Гледаше во небото. Над неа еден куп луѓе мрдаа со устите. Зборуваа. Викаа. Се' што имаше на нивните лица беше страв. Од тишината полека се издвојуваа пригушени звуци. Од далечината слушна забрзани чекори.
"Што се случи?! Што се случи?!" - викаше некој испаничено.
"Се разминавме на улицата..." - низ солзи, со прекини раскажуваше некој друг. 
"Ме нарече Звездан.. Изгледа мислеше дека сум некој друг.. Кога се завртев, таа се' уште стоеше на средина на улицата... Беше предоцна, не можев ништо да сторам.." 
Гравитацијата и' го повлече погледот на страна. Се' што можеше да види беше регистерската табла на искршениот автомобил. Не можеше да ја прочита. Знаците се прелеваа во чудни форми. Беа прекриени со крв. Само еден јасно се издвојуваше - З. Тоа беше последното што го виде.

Тој ден, навидум се' беше како и обично. Лука сеуште играше со другарчињата. Соседката по којзнае кој пат ги искачуваше скалите. Продавачот љубезно ги дочекуваше и испраќаше купувачите, а потоа задоволно ги броеше парите. Никој не почувствува дека времето запре за момент. А запре. Запре за да ја види најубавата насмевка на лицето на едно безживотно тело. Мачките беа мирни...

Кафе

(By Naughty, 046/014)
(Прв дел)
Тоа утро стана малку подоцна од обично. Беше будна веќе некое време, но имаше навика понекогаш да продолжи да сонува со отворени очи. Се доближи до прозорецот, и повеќе рутински, го повлече платното за да фрли краток поглед кон патеката што поминуваше зад нејзината зграда. Надвор беше пролет. Неколку зраци срамежливо влетаа во кујната и останаа таму заробени. Бариерата што претходно ги спречуваше да влезат, повторно беше на своето место, овојпат ги спречуваше да излезат.

Живееше сама. Немаше семејство, ниту деца, ни родители. Немаше ниту пријатели, немаше никој што се грижи за неа. Освен мачките, кои и' се умилкуваа само заради храната што им ја даваше - така таа мислеше, дека не ја заслужува нивната љубов, бидејќи некогаш ни самата не ги сакаше. Како и секое утро, откако ги нахрани, три на број, побрза да свари кафе. Уживаше во утринското пиење кафе, ја правеше среќна. Вареше на двапати, за неа со малку шеќер, за него слатко. Пробуричка низ креденецот и поткревајќи се на прстите од нозете, ја дофати кутијата, но сфати дека е празна.
"Немам кафе. Морам да најдам кафе." - како наредба и' проструи низ мислите.

На скалите се размина со жената која живееше над неа.
"Добар ден..." - тивко изусти.
Госпоѓата ја погледна без да ја сврти главата, промрморе нешто и се прекрсти, продолжувајќи да ги качува скалите.
Патеката поминуваше до школското игралиште, каде се' до пладне учениците имаа часови по физичко, а низ целата населба одекнуваше нивниот џагор, како крик со кој животот сакаше да ја докаже својата убавина на сите оние кои ја забораваа. Сакаше да ја слуша нивната игра, ја потсетуваше на деновите кога и таа играше на истото место.
Го забележа детето на соседите како стои покрај аут-линијата, очекувајќи некое од другарчињата да му ја додаде топката. Лука имаше околу десет години и беше најмилото дете што нејзините очи некогаш го виделе.




"Здраво Лука." - го поздрави тивко, дури плашливо..
За момент се збуни. Секогаш се збунуваше кога таа ќе го поздравеше. Родителите му имаа кажано дека е многу болна и дека затоа ретко излегува од дома, затоа е нечешлана и носи излитени фустани. Секогаш беше сама и не зборуваше со никој, а кога ќе проговореше, тоа беше речиси нечујно. Го облеваше по малку страв. Нејзиното бледо лице и тагата во нејзините очи го потсетуваа на дух. Но, го мачеше уште нешто. Зошто само кога го гледаше него, на лицето имаше насмевка?


"Лука! Ќе играш или цел ден ќе стоиш таму!?" - викна некое од децата.
"Здраво" - и' врати Лука набрзина и потрча кон другите деца.
Во продолжение, друштво и' правеше непрекинатото гракање на гавраните од густите крошни на дрвјата кои растеа крај патеката. Како мала многу се плашеше од нив. Ја потсетуваа на смрт. Но сега, нивната груба песна и' беше мелем на душата.
Продавачот ја пречека како што ја пречекуваше секој пат. Љубезен беше со сите муштерии.
"Добро утро, принцезо! Како си ми денес?" - се насмевна.
"Подобро." - одговори. "Ми треба кафе."
Додека ја испраќаше со поглед, лицето му стана сериозно. Загрижено. Длабоко воздивна и се врати внатре во дуќанчето да ги изброи парите.


Ипсилон генерааацијооо мојааа...толико тога нас дјели !?

(By Roger Mortis, 045/014)
Неформалните филозофи на Y генерацијата (а какви и би можеле да бидат освен неформални), разно-разни чудаци како Бил Хикс, Џорџ Карлин, Дејвид Ајк, Грег Брејден, Стјуарт Свердлов, Мајкл Талбот и многу други можеби за прв пат во историјата доведоа до пробивање на крутите парадигми за природата на реалноста и за човековото место во универзумот, конечно надвор и од религијата но и од мејнстрим научните објаснувања.
И можеби што е најважно тоа го направија во таква форма за да може да ја сфати буквално секој од чистач на кондури во некој сокак во Калкута до просечен тинејџер во Дармштат (или Мариово)...

Еве дел од автентичната филозофија на Y генерацијата каде конечно науката и духовноста си подаваат рака а емоцијата и умот се во среќен брак (ок, барем се трудат)...дестилирано во лоботомиран ум на припадник на наведената генерација...

Реалноста ја перцепираме како дел од човечкиот род. Со други зборови нашите сетила испраќаат електрични импулси/фреквенции до невронската мрежа во нашиот мозок кој ја „декодира„ реалноста. Значи реалноста постои само во нашиот мозок.
Истата ја делиме со околу 6,8 милијарди други хомо-сапиенс-сапиенси бидејќи со нив и само со нив делиме ист „процесор„ и исти сетила за перпецпија и инпут на информации до „процесорот„. 
Аутпутот на информации пак е многу поразличен за секој од нас и имаме голем распон во квалитет и квантитет т.е. од локалниот дебил со џигерица,златен ланец и треЊерка се до некој генијален научник или писател. Ист инпут, различен аутпут.

Дел од реалноста ја делиме и со некои животињи...што погоре се на еволутивната скала тоа поголем дел од нивната реалност (перцепција на реалноста поточно) е слична на нашата. Пример - кучињата (неспоредливо подобар систем за мирис од човекот) или мачките (за вид) или љиљаците (слух) имаат поинаква реалност од нас. Песојте мирисаат она што ние не можеме, мачките гледаат она што ние не можеме, љиљаците слушаат она што ние не можеме...тоа им дава различна перцепција на реалноста. Имаат многу поголем инпут на инфо-електрични импулси преку наведените сетила од нас. Така да песот може веројатно да препознае мирис на камен (груб пример), мачката гледа нешто што ние не можеме...although we`ll never know...we cannot see the world though canine or feline or bat eyes (bat`s have radars rather than eyes but that`s another issue)...can we?



Но и нашата перцепција не е детерминирана само од биолошките карактеристики. При употреба на било каква психо-активна супстанца перцепцијата се изместува,проширува или стеснува зависи од хемискиот состав на истата и од оној кој ја користи или злоупотребува...
Иако не мора да значи дека тоа е лажно...само е различно од вообичаената перцепција на реалноста...а дали се работи за нова реалност која е само различна од онаа која е општо и заеднички перцепирана како таква односно “Консензуз-реалност“ е прашање...

Декодирањето на инпутот на информации/фреквенции е во кореалција и со други работи познати како програмирање на умот (перење на мозок, пропаганда, mind control, системи на образование, психолошки матрици, религиозни обрасци, електро-хемиски баланс во организмот и многу други) со што значајно се разликуваме од останатите форми на живот на планетата во однос на распонот на можностите за декодирање на инпутот (влезот) на информација а со тоа секако и аутпутот (излезот) кој од друга страна е најважен за она кое се вика Его, Јас, Личност, Индивидуа или било кој збор со кој се опишува тоа.

Секако меѓусебната зависност на квалитетот и квантитетот на влезните информации е значајна, но пресуден е начинот на нивно декодирање преку “софтверот“, “оперативниот систем“ на нашиот ум.

Од тоа произлегува и прашањето каква моќ би имала некоја група луѓе кои би биле во можност да влијаат не само на инпутот на информации (тоа го може безмалку секој) туку најбитно - можност за даунлодирање на соодветен софтвер со кој подоцна индивидуата би ја декодирала реалноста.

Можеби историјата е само бескрајна низа на софтверски продукти, составени од некоја група со заеднички интереси низ разни временски периоди кои цело време по Top-Down принцип се даунлодираат во умовите на големото мнозинство луѓе на одредена територија, а секако и глобално во поново време.

Трансорбитална лоботомијо моја - here i come...
.............................
Ако некој го знае програмскиот јазик на софтверот кој ја условува нашата перцепција на реалноста и квалитетот на декодидрањето на истата, има литар и пол пиво и пола половен бубрег од мене...само во случај да не се одзива на “Џим Џонс“ или некое слично име...

Wednesday, April 20, 2011

30 Lennon, 30...

(By The Priest, 044/013)
Тивка ноќ над Ливерпул. Црна птица застана на кровот од Енфилд Роуд. За да ја пренесе веста од Новиот Амстердам...
И врнеше цела ноќ...
Сабајлето, тмурните облаци беа во форма на зборови. I'm tired of crying како да сакаше да каже небото...умре Ленон Џон

Еден работник на петтиот спрат од зградата која се креваше отиде на одмор. Го извади шлемот. Запали цигара и се расплака... умре Ленон Џон

Една старица од Стенли парк си го пиеше утринскиот чај и се присеќаше на се што поминала низ животот. Онолку колку што можеше да се сети, оти беше стара. Но се сети на него. И се нажали како да загубила близок. Изгуби дел од себе. Умре Ленон Џон

Учителката од школото каде што градот е „син“ пишуваше задачи на таблата. Тие што требаше да ги решат беа на плоштадот: држеа свеќи во рацете. Учителката ја слушна на радио: GIve peace a Chance...и ја испушти кредата од рацете....кредата се скрши...и срцето и беше скршено...умре Ленон Џон

На зелената трева на Енфилд Роуд, единаесетмината величенствени застанаа на центарот. На никој не му се играше фудбал. Бројот седум сега имаше и црна лента на раката, покрај црвената....тажен ден и за фудбалот...умре Ленон Џон

Ливерпул, Њу Јорк, Москва, Токио....сите беа тмурни ко Сиетл. Веста брзо го префрли целиот свет. Зборовите не беае доволни, затоа и воопшто ги немаше. Никој не знаеше да сврзи збор. Тагата беше голема...умре Ленон Џон

Црната птица стоеше цел ден на кровот од Енфилд Роуд. Наеднаш одлета и и го отстапи местото на црвената птица на една нога. Откако ја пренесе веста, ништо не беше исто. Господин Иронија е мртов...умре Ленон Џон.

Моментот...

(By Roger Mortis, 043/013)
Дојде моментот кој сите го очекуваа. Свечената вечера беше при крај. Младенците иако уморни од сета глупава гужва, малограѓански честитки, луѓе во костуми кои не им се по мера, жени на кои вечно им се заканува кршење на петицата и кои се тетерават на штиклите...конечно го гледаат креветот пред нив, двајцата реликти на пуританското воспитување. Дојде моментот кој тој и таа го очекуваа...hush hush...



Изгреа сонцето и за Јуриј Владимирович Стрелцов, прв мандат, поранешниот комсомолец, четири пати силуван за цреме на плаќањето на долгот кон престилката на смртта и данокот кон Дедовштината. Воената академија, неприсуството на погребот на таткото алкохоличар и лудата верзија на едиповиот комплекс кон неговата мајка. Поткажувањето. Дојде неговиот момент. Власт. Пари. Моќ. Црвеното копче...

Дојдоа петте минути и за него, малиот од пристаништето, штедливото копиле кое држеше тезга, откажувајќи се од секојдневните ситни задоволства, стрпливо трасирајќи го патот кон средната класа, тоа дувло на попување и морализирање каде што тој мечтаеше да припаѓа, толку пати го имаше замислувано што и не остана место за некоја друга мечта...и конечно дојде пред целта, имаше свој бизнис. Иднината му изгледаше розева како задникот на мадагаскарски лемур.

Чекор со судбината фати и Дерек Чемберлен, роден во раскош и декаденција, Ivy League образование, Trust funds, површна површност, дете на сопственици на четири концерни за производство на страв, процесија низ многу женски и машки меѓуножја, скалилата на буржоаскиот сон, гувернерска канцеларија, нови избори и победа. Го доби своето, мандатот во Oval офисот. Моќ, слава и книгата со шифри за потомокот на старата лоза дегенерици.

Мозаикот се поклопи и за детето од другиот влез на зградата, не се делеше од фудбалската топка и од црвенилото во образите секогаш кога една негова мала плава врсничка ќе поминеше крај него. Се почесто им се сретнуваа погледите. Дојде и нивниот момент, првиот несмасен бакнеж и неговот збунето ломотење дека еден ден ќе игра за Евертон и дека таа ќе се гордее со него кога ќе им го набие на оние behind the Kop. Веројатно истиот ден кога таа ќе започнела да глуми заедно со Едвард Фурлонг...Сепак...тоа беше нивен ден, убав и прекрасен со вкус на нејзиниот јазик во неговата уста.

На исполнување на својата животна мисија од поодамна беше Ахмед Ибн ал-Самани, средовечниот шеик, чудовиштето од заливот, мајсторот за манипулации и интриги, строгиот муслиман, вечниот жонглер меѓу истокот и западот, коцкарот кој се коцкаше со милиони секој виденд, а во слободно време со животите и субдините на неговите поданици. Единственото нешто над кое немаше надзор беше баш во неговиот череп. Галопирачката шизофренија и манијата за величина.

Таа не беше ништо посебно по ниедна основа. Никаква фантазија не би била доволна за да најде некоја посебност и да и даде некакво значење. Освен за сопругот и двата сина, на нив тројца го посвети животот, приготви тони храна, испра тони валкани алишта и подари многу мајчински бакнежи за добра ноќ за синовите и инцидентен рутински секс за сопругот. Дојде време да се оствари нејзиниот сон. Синовите се школуваа, се вработија а на повидок беше и свадба на едниот од нив. Жената светеше како никогаш во животот.

Иднина предвидлива, танцот во сенката на Реал-политик полката и секојдневните радости и таги, малите и големите надежи на малите и големите играчи на сцената.

Некои би посакале да остане така, привиден спокој и лажен мир, насилство на екраните и пензионерски коментари во паркот. Скоро сите тоа го очекуваа, некаков си предвидлив пат на живеачката и главните актери како и епизодистите и статистите - likewise...Единствена пукнатина на таа слика беа демоните во една шеикова глава.

Вториот јавач на апокалипсата не дојде како што е предвидено во светите списи, немаше црвен коњ и меч. Дојде неприментно за морнарите на USS `Gettysburg` во форма на Exocet, а минути подоцна и за оние на `Удалои`.

Конфузната меѓународна конференција, прекинат коитус на врвот на страста од првата брачна  ноќ, отварање на силосите за ICBM, шеиковата последна партија покер, големиот влог и истовремениот удар врз двете супер сили. Розевата иднина на новопечениот бизнисмен доби темноцрвени тонови од Mегатоните детонирани над неговото пристаниште.

Црвеното копче, книгата за шифри, breakdown in communications, блефот на Јуриј, блефот на Дерек обата неуспешни и ефтино изведени.
Скаменетата прегратка на клупата каде првата љубов ја доживуваа wannabe фудбалерот и глумицата, несвесни дека првиот им е и последен бакнеж. Задоцнет државен удар, The Fulda gap blues, главата на шеикот надената на копје од почесната гарда.
Интерконтиненталните балистички ракети како си салутираат разминувајќи се на патот кон вечноста. Недосонуван сон на една мајка за парче среќа откраднато од монотоното секојдневие жртвувано во име на среќното утре...

Yes, everybody was looking forward to that day after...
Well,don`t be so daft...
There was no day after...

The Rave N

(By The Priest, 042/012)
Зона на самрак, како забрана за нови вирови. Сегашноста како темна вода извира. Стрмецот планински низ три димензии собира страв од врисок. Поглед кон светлина, светло чуство на бистрина, порака во шишето примена, а од никого не пратена. И прашање се јавува како сон. И буден сонуваш. А ако си ѕид, стоиш подалеку, а ако си клетва, се слушаш надалеку. И ќе бидеш се'. Што не треба. И со кое право моето лево рамо е пристаниште за тебе, небесна птицо непосакана?

За миг створи нов миг. За почеток, нејасно делуваш, и војникот со факелот беше нејасен, а уште е интересен. И лозјето што тага преку радост ќе понесе, што на чешма преку мака ќе те однесе. И со кое право, ти си лик на Едгар Алан По, а како ден живееш во безнадежна лага, во која само јас не верувам? И ништо не е доволно тешко за пустинскиот самец, за песокот во дланката на Персискиот мудрец, за престижот стогодишен. И зафати страна.



Низ земјени виуги, од злато до верба, од езеро до друга вода сина. И очи заслепени од кои го кријам рајот. Ги чувам вратите од туѓи раце, од туѓата сенка месечева. И со кое право сонцето изгрева и кога не треба? И со кое право молитвите се услишуваат и на оние кои првпат го слушнаа облачниот молк?
Години се бројат, во соба што не постои, и прозорецот е свртен кон ридот, сивиот камен и понорницата река. И трчај додека зборуваш за никој да не те чуе. Да не помисли животот дека го предаде ноќва. Во самица на трева. И дрвото на вистината споена од лаги. Повторно.

Speak no more...

Two brothers in the back of my mind

(By Roger Mortis, 041/012)
Излишно е да се каже дека не ги запаметив нивните имиња. И покрај тоа што учеа во другиот клас и што беа добри луѓе. Двајца браќа, цигани. Да...го имаа се она што нас ни бодеше очи. Партали, смрдеа, вечна  настинка...тешка сиротиња со еден збор...да не опишувам понатаму бидејќи не ми се опишува состојбата на нивната беда.

Беа ете...различни од нас. Остануваа после часови и одеа да соберат од мензата она што останало. Нас, на ситите говеда ни делуваше sooo lame таквата постапка. И тоа што се повторуваше секој ден.
Знам...знам...тоа го собираа за дома, за да каснат нешто уште неколку нивни браќа и сестри. Сега знам. А тогаш...ги пресретнувавме надвор и им го правевме она кое им го правевме...лебот завршуваше на земја од каде повторно го земаа, шлаканиците, клоците и навредите беа standard drill, ни служеа како боксерска вреќа на која ги истуравме ебаните фрустрации од дома, од школо, од ќенеф, од мозокот кој ни беше празен иако натопен во тестостерон кој не се трошеше во нечија пичка туку во шољата од вецето, задните клупи и садистичките испади врз послабите од нас.

Бевме стандарден произод на образовниот и општествениот систем. И ни беше лесно во умот и мило на душата.



Ништо од тоа не може да се спореди со шокот. Шок...зошто не пружаа отпор, зошто не се бореа, зошто на некого од нас не му ја скршија главата навечер позади некој ѕид со шипка...зошто не ги повикаа своите бројни браќа, братучеди, другари...браќата Цигани...се уште не можам да сфатам иако знам дека одвај стоеја на нозе...и веројатно имаа некоја своја животна филозофија (ова е срање каква филозофија, ама ајде...да ја развијам мислата во некој правец...) која беше неразбирлива за нас...
И уште нешто знам...nevermind Махатма Ганди и се она што сум го прочитал од тогаш...преку вас излезе на виделина она што го криевме...тешката заебаност...наша а не ваша...вие само сакавте да ве оставиме на мир. И солзите во вашите очи, и зборовите, измешани цигански и македонски со кои не молевте да ве оставиме...тоа се врежа во нашиот хард диск...остана...иако секогаш ќе биде избегнувано при евоцирањето спомени од `среќните школски денови`...

Не...браќата не беа единствените на кои им беше приредувано тоа. Иако на друг начин имаше и многу други. Кои добиваа редовно следување мизерија и очај. Заради други “причини“ секако, соодветниот фајл даунлодиран од системот во нашие черепи се активираше на различни работи...но со сличен резултат.

Сме биле деца? Не сме знаеле поинаку? Е па фала...родители, роднини, комшии и наставници што не направивте такви. Фала што не воспитавте така, најголемо задоволство ни беше а и уште ни е да видиме некого во калта да се утешиме дека не сме најзаебани гомна на светов, дека и под нас има некој кој можеме да го газиме. Свршувавте на тоа и нас не дресиравте на тој начин.
Фала за ништо.
..............
Ова ви е посветено вас...знам дека не живеете во виртуелниот свет, дека немате интернет и дека овие зборови никогаш нема да ги прочитате.
Ви се извинувам од се срце и се надевам дека еднаш, некогаш ќе го имате сето она што јас го немам и дека еден ден ќе ме погледнете со ист онаков презир со каков што јас и останатите ве гледавме тогаш.

Thursday, April 14, 2011

Четири часот наутро

(By The Priest, 040/011)
Четири наутро е најосамниот час во Универзумот. Или не? 
Не знам. Кој спие, кој се токми да спие. Кој се ебава. Кој пие чаша вода. За освежување. Ама никој не прави нешто посебно.
Посебна салама можеби.
Сите заедно лутаме на овај вселенски брод. Сите заедно и несложно кон Морисоновиот перихел. Не е „Морисонов“ (Џимов) оти мене ми текна, туку така е. А тоа е така, оти јас го кажувам. Зашто да не е?

Сетете се како се живееше некогаш. Лед Зеплин и пиво. Или само пиво. Или само Лед Зепелин. Или само размачкана шминка која врескаше „еееј, јас ги знам Зепелин“. Или каква била шминка. Или било што. Само сетете се.
Тоа беше посебно. Крстопат на генерацијата се прави. Луѓе, тоа е страшно. Јако страшно. 
Мојот виртус е да ве потсетам што беше. Мојата должност е да ви кажам што ќе биде. 
Има голема разлика.
Никој не ја знае азбуката на природата.
Ниту на братството, кое ние упорно го заменуваме со пријателство.
Нема пријатели. Има луѓе кои се тука да ти одмагаат. Во се'!
Луѓе кои ти помагаат се браќа. Тие работи не се мешаат. Но, сето спаѓа во комплементарноста на заебаната шминка која претпочита познавање на:
- природата
- азбуката на природата
- Лед Зепелин
- братството




Премогу нечесно се поставени работите.
Премногу нечесно е да се сменат. Премногу нечесно е да не се сменат.
Каде е честа?
Медалот на честа кој беше сервиран милион пати во изминативе години не е чесен начин да се покаже кој е чесен. 

Дајте ја цела облека која ги крие вашите големи слободни плакари на некој што нема плакар. 
Не ги полевајте своите цвеќиња со вода која гаси жед.
Направете го својот разум да функционира разумно.
Не ги кријте емоциите.
Со тоа ги негирате природните слова, братството и Лед Зепелин.

Убави очи и долги трепки.

Mascarade

(By Roger Mortis, 039/011)
Маски...ми поделија неколку кога се родив, некојси дождлив ден пред икс години иако беа без упатство за употреба. Употребата се учела покасно, иако зборот учење е само еуфемизам кој се користи за анална пенетрација без соодветен лубрикант.

Една од многуте маски која има форма на рамнодушност и аргоганција беше предвидена за криење на емоциите. За да се скрие нешто што се чувстува према нешто или (ужас над ужасите !) према некоја. Тогаш тргнуваат обединетите сили на малограѓанштината, позерството, мудрувањето и останатите импотентни појави кои во име на системот се грижат да детектираат дали некој некаде и некако на светов е среќен и...да го уништат.





За да не испадне дека е досадно, таа деструкција на она што е најдобро во нас и кое на сите очајнички ни треба добива различни форми. А тие форми доаѓаат во вид на маски кои треба да ги носиме во зависност од приликите и во зависност од тоа какви фекалии треба да проголтаме. Чисто за да се вклопиме во средината, системот кој ќе не исцица до даска и ќе не фрли во отпадот на животот, каде што завршуваат сите патишта кои започнале во некои времиња кога со невина насмевка сме сме се радувале на обичен сончев ден, минувањето на симпатијата покрај нас или едно обично јадење чоколадо кое сега го јадеме откако ќе прочитаме колку калории има и дали има изминат рок.

И никој не се запрашал зошто го прави тоа зошто тера сеир или гледа да уништи нешто убаво, нешто кое и самиот тој или таа го посакува да го доживее од дното на душата. Не се прашува бидејќи носи неколку од тие маски кои ги добил бесплатно а кои ќе ги плаќа до крајот на животот до конечниот триумф на крајниот победник - црвите под земја.
Црвите? Крај на патот? Можеби а можеби и не. Се осеќам како да сум ископал нешто од нафталин, од времињата кога за прв пат помислував на конечноста на животот на холограмската проекција позната како self experience. 

На крај во најдобра и најискрена балканска традиција еден поздрав - ебете се сите, цркнете, кршете глава и подалеку од мене. Имам еден живот и ќе го терам на мој начин. Ако не ви се допаѓа - well...see above...and shut the fuck up...

Wednesday, April 13, 2011

Да, утринско кафе...но, нешто фали!

(By The Priest, 038/010)
Утро е дел од денот кога ќе решиш дека е редно да се стане. Никој не е должен ниту привилигиран да ти каже кога е утро, кога е пладне, кога е попладне. Астрономијата и твојот микрокосмос се надополнуваат толку добро што не постои таков часовник што може да ја попречи вашата колаборација.

Утринското кафе е јак, многу јак елемент во секојдневната приказна. Понекогаш е требно да го свариш сам. Понекогаш ти е смачено од тоа, па решаваш дека треба да се жениш. Но, во принцип, it's quite (re)freshing.



Но, нешто недостасува. Нешто...не е во ред. Ја чешкаш брадата, гледаш наоколу. Земаш уште една голтка од веќе изладеното кафиште. Се повлекуваш наназад, гледаш низ прозорецот. Нешто дефинитивно фали. Ама што?

Некои ќе прочачкаат низ плочите, цедињата, касетите, виртуелните папки, и (не)случајно ќе го најдат одговорот со (не)случајната одлука „ај денес да пуштам нешто ...  како Led Zeppelin.

Но, повеќето никогаш нема да го најдат одговорот. Ниту кои се тие, ниту дали постои Бог, дали и колку има радијација во Jапонија, ниту дали утринското кафе е доволно за освежување.

Turn off the TV

(By Roger Mortis, 037/010)
Немам идеја...како да започнам со пишување на нешто...три точки?!

Инспирација? I don`t need no freakin` inspiration...добро де, можеби Das Boot од U-96...ако тоа се смета за инспирација...

За почеток сите сме во исто срање. Иако ја обожавам лоботомијата како големо достигнување на човековиот род морам малку да сум сериозен. Да, во ист сос сме патиме од истите болки, сите сме на бродот кој тоне а кој стаорците одамна го напуштаат. Можеме да се самозалажуваме до степен на инфантилност но на крај знаеме дека сме само штрафови во ритуалот на капиталот кој по својата некрофилска природа го гази она човечко кое еволуцијата ни го дала, со кое природата секојдневно не дарува а ние како лоботомирани мајмуни го игнорираме бидејќи е - бесплатно! 

Па работиме како идиоти по цел ден за истото да го - купиме!
Заглавени во меѓусебни односи на ниво на ботови со свест од која би се срамеле и термитите, ја славиме смртта на човечноста со занес на праведници. Праведници од оној вид од кој ми се повраќа, сите оние кои не убедија дека она што е бесплатно мора да се купи, она што веќе го имаме дека треба да го набавиме, а она за што сме свесни, дека треба да го дознаеме на телевизија или да ни го кажат на чколија. All of those nine-to-five Joe`s & Jane`s...




Сите ние сме армија на однапред осудени губитници, лишени од секаква алтернатива која би не довела до недвосмислен заклучок до кој степен сме заебани во умот и за какви монументални идиоти се работи. Никогаш не се чудете зошто работите не тргнуваат од мртва точка. 

Мртвата точка сме сите ние.

Голема легија на дебили кои работат цел живот за интересите на безвредни свињи кои никогаш нема да ги запознаеме и да видиме за какви гомна се работи.
Оние кои ни се даунлодирани како примери и модели се истите оние кои не вредат ни половина стих од `Азра` или Дон МекЛин, ма каков стих не вредат ни пробушен куртон.
Не дека не е страшно. Да се види дека нема ќуп со злато на крајот на виножитото, дека сме трчале во погрешна насока и дека животот поминал во потрага по еликсирот на шопингот во соседниот мегамаркет. И се она што било бесплатно а највредно сме го менувале за беспотребни ситници, играчки за возрасни деца и слична помија.
At least the economic parameters are fine...aren`t they...

For the last time please turn the TV off...untill it`s not late.
And if it is...i don`t give a shit...enjoy...
I`ll just switch the chanell and watch something else...

Sunday, April 10, 2011

Бескрајна свест

(By Igor, 036/009)
THE TAO THAT CAN BE TOLD OF
IS NOT THE ABSOLUTE TAO.

Да се сватат принципите на кои се темели универзумот се недостижни за човекот со овој капацитет што моментално го има.
Тоа ке се смени со тек на време, како што човекот ке доживува квантни скокови во развојот.
Мајката природа работи на случајот забрзано и кога тогаш треба да се очекува скокот.
Ако не скокнеме тогаш сигурно ке почнеме да пропаѓаме и тоа до самото дно.
Она што сигурно може човек да го знае, а тоа произлегува од искуството што го има,
е за неговата стварна природа или кажано со други зборови :

That who you can see, you are not; 
that which you can observe, you are not; 
that which you can become aware of, you are not.

Како да го доживееш ова искуство (со други зборови медитација) е друга работа, за тоа може да се дискутира многу и има многу методи.

BUDDHA SAID, IF YOU WANT TO KNOW THE REALM OF BUDDHAHOOD, YOU
MUST MAKE YOUR MIND AS CLEAR AS EMPTY SPACE, AND LEAVE FALSE
THINKING AND ALL GRASPING FAR BEHIND, CAUSING YOUR MIND TO BE
UNOBSTRUCTED WHEREVER IT MAY TURN. THE REALM OF BUDDHAHOOD IS
NOT SOME EXTERNAL WORLD, WHERE THERE IS A FORMAL "BUDDHA": IT'S
THE REALM OF THE WISDOM OF A SELF-AWAKENED SAGE.

Ултимативното знаење што произлегува од оваа будност или состојба на Буда (Christ consciousness) е љубов (compassion).




Или фактот дека Се е Едно, а ние сме дел од тоа Едно и има холограмска природа.
Се друго е променливо, се учи, се губи, се раѓа и умира, ама таа свесност е константа.
Значи материјата (формите и движењето на истата) произлегуваат од свеста.
Постои универзална свест која го креирала универзумот и која ги диктира правилата онака како што ја перцепираме реалноста.
Таа може да биде и вештачка интелигенција (тука влегуваат теориите од типот на Матрицата), а може и да е некаков жив ентитет.

Ако свеста (или идејата, сеедно), не зависи од телото (материјата), тогаш каде би била нашата свест пред да се родиме?
Најверојатно во друго тело или форма.
Тоа што сме сега е директен производ на она што си сакал да бидеш во предходниот живот.
А таа предетерминираност се вика судбина.
Уствари ние сме тие што сме го барале ова да ни се случи, затоа нема надворешни интервенции и закони кои би биле неменливи по никоја цена.
Тука си меѓу другото за да дознаеш зошто си го одбрал ова кое си го одбрал, ако не во овој живот во другиот, па во третиот...

Цело време свеста еволуира и создава нови животни форми затоа што предходните не и биле доволни и барала повеќе.
Се со цел да дознае зошто биле желбите.
Човек доаѓа до момент кога барањата му се преголеми за да еволуцијата го овозможи преку ноќ.
Но затоа има механизам кај самиот човек што може се да смени за 24 часа.
Од време на време условите биле совршени и животот на земјата бил во хармонија, тоа во легендите и светите списи се нарекувало „Златното доба“.
Од време на време условите се малку неподносливи како денеска.
Времето е циклично (не во физичка смисла) туку како поим за перцепција на свеста.
На ова тврдење укажуваат научните докази, но сепак без некоја доза на верба ништо од ова не би функционирало.
Мојот разум вика да не верувам во ништо, моето срце вика да верувам во сето ова.
Ми останува да уживам.

THE TAO THAT CAN BE TOLD OF
IS NOT THE ABSOLUTE TAO.

Tuesday, April 5, 2011

Интересот е „права ствар“!

(By The Priest, 035/009)
Така зборуваше Џони. 
Бранимир Џони Штулиќ, балканскиот life guru.
- Пријателите служат за да одмагаат - велеше тој. На тоа дополнуваше:
- Интересот е важна работа. Ако го немаш, снаоѓај се како знаеш!

Да, гуру е човекот. Знае многу работи. Многу видел и чул. Сака да пренесе.
Ама, тоа не значи дека секогаш треба да се зема здраво за готово.
Како на пример, интересот.
На прв „поглед“ - демек се работи од користољубие ...

Не, првиот „поглед“ може да лаже.
Да, јас имам девојка од интерес. Добри пријатели, од интерес.
Со нив се „движам“ од интерес.
Ама интересот не е само од користољубие. Има нешто тука, а не е скриено како зајак.




Да, интересот е во тоа што, ми е интересно времето со нив. Се чувствувам вредно, корисно, рамно.
Од која и да видиш перспектива, пак е интерес.
Јас немам интерес да се дружам со некој што нема три чисти.
Не постои „немање време и сл“. Добро, се случува...
Но, одржување „контакти“ во живот, барем на апарати, зависи од ... интересот!

Интелектуално ниво, пред се.

Крај краева, што знам јас.
Секој се движи со „своите“. Со тие што ги одбрал. Да немаше интерес, пријателите ќе беа рандом.

Се ќе беше „онака“...

Добре дојдовте

(By Marsovka, 034/009)
Се сеќавате ли кога бевте помлади, кога сте имале 10,11-12 години, кога ги гледавте оние научно фантастични филмови полни со гламур, лоши специјални ефекти, удобни станови и возила, патувања на други планети, средби со други видови, прекрасни пејсажи, чиста планета земја, човечката раса еволуирала подалеку од eat-shit-sleep-fuck начинот на живеење и гледање, иднина во која секогаш доброто победува и сите се среќни и весели освен негативецот

Се сеќавате ли како фантазиравте за подобро утре за вас, за тоа како кога ќе стигнете за 30-от роденден да одите на Марс, како дел од научно истражувачката мисија, како сте успешен човек со кариера, како утре ќе биде подобро од денес, далеку подобро. Гарант сте мислеле дека посетувањето други земји за викенд нема да биде права тортура исполнета со страв дали ќе имате доволно пари, ниту пак дали ќе имате доволно пари за да го преживеете месецот. Сигурно дека сте мислеле дека животот ќе биде исполнет со авантури и задоволство . Yeah, така барем мене ми изгледаше додека гледав Star Trek... гламурозно, исполнето со шетање на други светови во најмала мера по други држави и места на планетава Земја.

Сега кога ќе погледнам назад и кога ќе ја активирам онаа преостаната меморија, сфаќам дека работите тргнале на далеку полошо. Многу полошо. Низ мојот прозорец се гледа нешто што требало да биде фонтана...кога се градеше јас се радував дека ќе има нешто со што ќе си играм. Сега е само нешто што труне. Иднината дојде а со себе донесе далеку повеќе кал по улиците, скапи пренхрамбени продукти, опасни улици, вода со вкус на бигор и разни хемикалии, облека со мизерен квалитет, воздух со мирис на запалена пластика и гума, бензин и чад. Иднината дојде  а со тоа донесе страв на лицата на луѓето, очај и беда. 

Ретко да видам насмевнат човек, уште поретко да осетам весела атмосфера, дури и кога влегувам во кафуле сите како некако да чекаат да дојде Дедо Мраз и да ги извади одовде. Како да очекуваат Бог да се симне лично само за нив и да ја помести планината само за нив, да им ги среди домашните обврски само за нив, да работи само за нив. Очекуваат исто така Бог наместо нив да протестира, oh yes...да протестира против работите што се случуваат во последно време. Очекуваат Бог да го смени размислувањето на политичарите и тие конечно да почнат да си ја работат својата работа.

Очекуваат Бог да ги казни ебаните гниди кои не цицаат и тормозат со години.
Очекувања, очекувања... 


Јас очекував да бидам факинг доктор али ради немаштијата не отидов тоа да студирам. Али не ни очекувам бог да ми понуди други алтернативи на иднината и каде се гледам јас.
Дали се сеќавате веќе на почетокот, кога иднината била јасна, убава и светла. Подобро да почнете ако не се сеќавате, бидејќи во спротивно гледање назад и преживување денес не е живот. Туку е тивко пропаѓање и трунење. Ебате почнете да гледате подалеку од утре, погледнете неколку години подалеку и кажете ми како се гледате. И да Дедо Мраз е мртов...јас го убив и неговиот труп скапува во ендекот а Бог е болесник кој се заебава со нас и нема да симне долу на земјата бидејќи му е презабавно да ја набљудува нашата бескрајна глупост.

Ја гледам иднината пак од оваа гледна точка и го осеќам мирисот на дистопијата. Ако не го мрднете вашиот задник таа дистопија ќе излезе од вашите главчиња и влезе во вашата реалност. Чекај ова е дистопија, само ние не сме забележале бидејќи сме презафатени со гледање „Survivor“ од седиштето во театарот наречен живот!
Проклетство луѓе почнете да се борите за себе иначе набрзо ќе гледаме ќе гледаме филм наречен „ Македонски хорор“.

Знаете зошто, зошто пред некое време се почна еден муабет за тоа како живеат некои постари роднини на баба ми. Како тие старци гнијат сами без помош. Како не можат да се грижат за себе си и се оставени на милост и немилост на луѓето каде тие живеат. Како нивните нафатирани деца не ги погледнуваат ни два пати бидејќи повеќе не се во можност да им праќаат месо, сирење, пари нив. Како се прав хорор филм државните пензионерски домови иако никогаш немав смелост да ги посетам бидејќи знам дека после тоа ќе ги барам нивните деца со секира. 

Сакате да ви кажам како изгледа иднината ако не си го мрднете задникот, влезете во ебаниот државен пензионерски дом, влезете во народна кујна да видите колку пензионери се прехрануваат таму. Каков ебан народ живее тука кога устите ни се полни за славното минато а самите сеуште ЖИВИ претставници на минатото ги третираме како гомно, смрдеж, ебан  леш. Веќе се полираат нивните ковчези и чекаат само да умрат, еден помалце another 300 000 to go...

Да тие се товар, да они трошат ресурси али ебате утре ќе бидете баш на нивно место и вие ебате ќе остарете. А погледнете што ве чека. Се сеќавате кога бевте раснети со прикаските дека пензионирањето е добро и дека остатокот од животот ќе го поминете опколени со внуците во мир, спокој и задоволство, се сеќавате на благословите од типот - “да живееш сто-и-една“ . Е па изгледа дека нема тоа да го дочекате според последните случувања. Има еден цитат што ми се врти во главата од Мишел Уелбек  - “Тогаш конечно станаа модерна држава, ги третираа старците како прав отпад“. 


Wooo hooo hooo станавме модерна држава, честито си ја ебавме иднината. Ако е ова ебаната сјајна иднина јас не ја сакам. Не сакам  да живеам 101 година, у курац ни до 70, ако ова е иднината сакам да се легализира ебаната еутаназија за да на 50 години скинам конци. Не ни сакам да дочекам пензија пошто не ни сакам да бидам во кожата на старците кои ги гледам наоколу. Не сакам ни да бидам третирана ко отпад само затоа што неам цврсти цицки и јако `гзе . Fuck you ! Нема да ви го дадам тоа задоволство. 

Добре дојдовте во ебаната иднина: смрди, никој не ве ебе два посто, ве третираат ко гомно. Почнете да се спремате од сега за да не ви биде претешка адаптацијата, бидејќи повеќе од очигледно вие сакате таква иднина според начинот кој ги  третирате вашите баби, дедовци, мајки, татковци и повторувајќи ги нивните порази но овојпат без нивните победи. Не заборавајте дека вашите деца гледаат и учат од  вас.

Monday, April 4, 2011

Огледалото

(By The Priest, 033/009)
„Знаеш, јас ги имав најубавите играчки. Ти, како мал, имаше играчки?“
- Не, никогаш немав играчки. Цело мое детство беше празно.

„Јас, најчесто се бањав во када, знаев по цел ден да си пливам со жолтото пајче“. ТИ, како мал, се капеше ли во када?“
- Не, јас никогаш не се бањав. Цело мое детство беше празно.

„На училиште бев најумен и најдобар ученик. Сите ме фалеа. Ти, беше добар ученик?“
- Не, јас никогаш не одев на училиште. Цело мое детство беше празно.





„Често одев на прошетки, излети, екскурзии. Најчесто со моите најдобри другари и другарки. Се надевам, и ти си го поминал истото?“
- Не, јас никогаш никаде не одев. Цело мое детство беше празно.

„За мојот 18-ти роденден, татко ми ми купи автомобил. И тебе ти купија, нели?“
-Не, јас немам татко. Цело мое детство беше празно.

„ А мајка ми пак, ми организираше одмор, пат околу светот. Ќе одиш и ти, нели?
- Не, јас немам мајка. Целиот мој живот е празен.

„А кој си ти? Што си?“
- Огледало

Сандеј афтернун

(By The Priest, 032/009)
Почнаа лебедите да испаруваат од Охрид. Жеравите од Дебрца. Луѓето и од Охрид и од Дебрца. А нема крај. Крајот одамна е „закраен“. Останува само да ги слушаме приказните на Боб Дилан,  кои не се за добра ноќ, ами се за добро утро. Сите приказни да беа за „будење“ ќе беше светот убав. Ама за добра ноќ се.

Навикнати сме ние на тешка лоботомија. Дека Дедо Мраз ќе дојде низ оџакот. А живееме на 11. спрат и се грееме со парно. Дека Црвенкапа одела кај баба и на посета и го преварила волкот. Што бара да живее баба и на Црвенкапа в шума? Како тоа го заеба волкот? И зошто после,  малите деца не ги пуштаат да излегуваат од дома сами? А претходно им раскажуваат приказни за девојче кое се шетало само низ шума. И на крај, треба сето тоа поучно да биде. А како дете сам да појдеш на флипери, низ нос ќе ти извадат се што фантазираш. Уште ако пиеше мартини, лошо ќе беше. Можеше и педер да испадниш. Нејсе.




Глуп збор. Нејсе. Некако те прави анемичен, меланхоличен. Апатија ти ствара бре! Нејсе ... Е што нејсе? Двајсе шо викаат нашите саутерн мен колеги.
До кај бев? Воопшто не е битно до кај бев, ами битно е до кај ќе сум, на крајот. И зошто Highlands oд Боб Дилан не е искомерцијализирана песна. Еееее. Јебеш.

Сакав да ви кажам дека ништо не е сигурно денес. Ама ниту утре ќе биде нешто подобро и посветло. Секогаш ќе биде ... за никаде!

Или нејќев да ви го кажам тоа. Ама на крајот (пак овај крај бе маме му ебам) се е исто. И почетокот е битен како крајот. И едно без друго не можат. И така зборуваше Џои Рамон. Бог да му душа прости, еден од поголемите испотени шампиони. Чест ми е што му бев современик. 

Долго време.

Sunday, April 3, 2011

Вај(т) најт?

(By The Priest, 031/009)
Пред неколку години, извесна изфилозофирана флегма ме праша:
- Што би одбрал? Вечно да биде мрак, или бескраен ден?
Јас пробав да му дадам ретко виден комплициран одговор, иако сега не се сеќавам која би ми била поентата за такво нешто. Но, јас му одговорив.
-Како што Плант во песната the Ocean вели: kidding around, singing songs 'till the night turns into day ...

И само што сакав да ја извлечам поентата на цитатот, еден пријател ме прекина со прекорот: Абе, остај ги Цепелин, кажи му што те праша. 
И навистина беше во право. Премногу филозофии не се потребни. Јас покасно одговорив дека денот е ден за луѓе. Ако некој нејќе да биде човек, нека не биде. 




Уште тогаш ја сумирав лутината и острината на мојот одговор, но тој е севременски. Премногу луѓе сејат глупости. Премногу луѓе се жалат на состојбата, на се'! Премногу луѓе имаат избор. Премногу луѓе не сакаат да го видат изборот кој им е блиску како носот.
А изборот на ноќта и денот останува. Некои од нас ја мразат ноќта. Некои ја обожаваат. Некои зафаќаат средина, но ... гравитацијата наречена night time ги влече сите. Или сакаш да бидеш додека сјае Антарес, или можеш да бидеш сам додека пече или гризе Сонцето наше.


А зошто ноќта, а зошто не денот, немојте да ме прашувате. Сигурно би го цитирал Плант, ако не од the Ocean, тогаш од некоја друга маестрална музичка творба.


За тоа we have no doubts.

Saturday, April 2, 2011

Слобода

(By Marsovka, 030/009)
Поминавме векови врескајќи колку што не држи силата “Дајте ни слобода, дајте ни слобода,  дајте ни...“. Ја добивме после илјадници борби и превирања, ја добивме конечно. И што сторивме со тоа, што сторивме со слободниот избор? Се исплашивме, се исплашивме - бидејќи сме ние своите креатори на судбината, ние. Ние сме тие кои се виновни доколку нешто тргне наопаку, ние сме тие кои го држиме кормилото.
Испадна дека не е така розево како што го мислевме. Не е така лесно. Толку многу избори, толку многу патеки, толку многу работи...

Уште првите пет минути се свртивме назад кон нашите некогашни опресори вриштејќи и плачејќи како мали деца  “Сакаме назад“. Сакаме да бидеме ние згрижените, не е важна цената само да не мораме да бираме. Take away our choices, just take them away, give us an illusion, give us another pile of bullshit, new dogma, another oppresing religion and systems. Give back our slave chains. 



Секој ден имаме некаков избор, секој ден имаме некакво право, го знаеме тоа ама сепак не го користиме. Се жалиме, кенкаме, но во реалноста не сакаме да ја имаме слободата која можеби е на дофат. Затоа што треба да ја жртвуваме нашата сигурност, треба илузиите да умрат. Илузија е дека сме сигурни, илузија е дека сме обезбедени, илузија е дека сме независни. Секој од нас ја има слободата како избор но ретко кој ја бира. 
Секој избор има последици, изгледа дека не ни се допаѓа несигурноста и сносувањето на одговорност за нашите постапки. Затоа редовно седиме вовлечени удобно во нашето столче со оковот околу врат и ќенкаме дека не малтретираат, дека е овој или оној е крив. Уствари не сакаме да признаеме дека нас ни се допаѓа ова, ние сме амнестирани од превземање одговорност секогаш мора да има некој друг кој е одговорен и крив, безразлика дали е нашот Премиер, Хорхе, Бране или соседот Петре, важно е секогаш да има некој друг кој барем во нашите очи е крив. 

Прекрасна илузија каде ние сме ангелчињата со крилја и невини. Не за џабе Ниче рекол - Во рајот седат сите досадни луѓе. Има ли нешто подосадно од тоа да не го живееш жизвотот во целост? Има ли нешто попримамливо од тоа да бидеш во вечна улога на малото злоупотребувано беспомошно дете кое не може да стори ништо? Кое секојдневно добива порции на храна а за возврат да биде злоупотребувано. Бидејќи премногу се плаши да излезе низ отворената ширум врата или да ја поттурне подотворената - надвор кон непознатото и да вкуси слобода. Бидејќи не сака да се откаже од топлиот оброк и неколкуте часа телевизија.

I am walking away, I am tired of this lie, уморна од илузии недофатливи, уморна од кенкање. Заминувам кон непознатото... 

Friday, April 1, 2011

Трката на Животот

(By The Marked One, 029/009)
(Трет дел)
Хак!
Хак ме слушаш ли?!
Еј, Хак!
Хак, тебе ти зборувам!
Хак!

Само сон.

Лежеше во тврд кревет во болничкото крило. Беше приквечерина, барем тој заклучок изгледаше најлогичен според нивото на темнина во собата.
Се обиде да стане но се чинеше дека секоја клетка од неговото битие е направена од олово.
Се опушти и повторно се спушти на перницата.
Имаше некое чудно чувство во долниот дел од телото, се обидуваше да се помрдне но безуспешно. Погледна кон малиот замаглен прозорец од спротивната страна.
Низ него веќе јасно се гледаше месечината, беше скоро полна.
Убава глетка, си помисли. Колку ли ќе мине додека повторно не трча под нејзината насмевка.
Не знаеше зошто, но месечината отсекогаш му беше синоним за мајка му.



Всушност некое чудно чувство одвнатре му велеше дека всушност мајка му е месечината, се чувствуваше како да е вечно под нејзината закрила, безбеден.
Собата мирисаше на алкохол што го дразнеше,отсекогаш го мразеше тој мирис.
Го потсетуваше на детството, на работата во полето, многумина од работниците додека работеа на памукот редовно потпивнуваа ракија.
Но сега беше сам во собата, овде, на фронтот дури ни месечината не беше пријателски настроена.
Му недостигаше домот, и таа.
Се прашуваше дали ќе му дадат отпусница, да може да се врати и да се запише на факултетот.
Стариот Чемберс му вети дека ќе му фати врски, му рече дека отсекогаш знаел дека е талентиран за професијата.
Таков замаен во мислите не ги ни забележа Еди и полковникот кои штотуку се појавија на вратата.
Полека влегоа и се сместија до неговиот кревет.

-Што се случи... праша Хак.
-Леташе другар, како швабски проектил се вивна во небото. Веднаш потоа тргнавме во офанзива, благодарение на тебе се разбира... рече Еди со прилично широка насмевка на лицето.

“Смири се малечок, иднината на нашиот пријател не му е баш најсветла”
Полковникот полека покажа кон долниот дел од креветот на Хак.
Жал ми е дете промрморе тој.

“Деноноќно седевме и ја гледавме медицинската екипа како се обидува да ги закрпи деловите што останаа од тебе.”

“А швабите?” премалено праша Хак.

“Ах, швабите, швабите. Ги истеравме од брегот, конечно можам да речам дека имаме стабилна ситуација. Но што ти е тебе гајле, заминуваш во вторник…” рече полковникот.

Но...можам да...

Можеш да што? Да лазиш? Да молиш? Не се глупирај, одмори се од овој кошмар.
Ајде малечок, да го оставиме нашиот херој.

Излегоа.
Хак остана сам во темнината. Не му се спиеше. Главата го болеше и му се повраќаше. На сето тоа, во неговиот ум полека се прикриваше болната вистина. Никогаш нема да прооди.
Се прашуваше што ли ќе помисли таа, дали ќе биде исто како порано. Се немаа видено веќе две години, но тој знаеше дека таа ќе чека. Се чувствуваше згаден од себеси. Не сакаше да потроши уште еден човечки живот.
Во тој момент Хак сфати, сета горчлива, сурова вистина го удри во лице и тој заплака.
Неизмерна болка се всели во неговите гради и онака имаше тешкотии со дишењето, плачењето речиси го задуши.
Смртта на еден сон.

Полека плачејки не сети дека конечно повторно заспа.