(By The Priest, 038/010)
Утро е дел од денот кога ќе решиш дека е редно да се стане. Никој не е должен ниту привилигиран да ти каже кога е утро, кога е пладне, кога е попладне. Астрономијата и твојот микрокосмос се надополнуваат толку добро што не постои таков часовник што може да ја попречи вашата колаборација.
Утринското кафе е јак, многу јак елемент во секојдневната приказна. Понекогаш е требно да го свариш сам. Понекогаш ти е смачено од тоа, па решаваш дека треба да се жениш. Но, во принцип, it's quite (re)freshing.
Но, нешто недостасува. Нешто...не е во ред. Ја чешкаш брадата, гледаш наоколу. Земаш уште една голтка од веќе изладеното кафиште. Се повлекуваш наназад, гледаш низ прозорецот. Нешто дефинитивно фали. Ама што?
Некои ќе прочачкаат низ плочите, цедињата, касетите, виртуелните папки, и (не)случајно ќе го најдат одговорот со (не)случајната одлука „ај денес да пуштам нешто ... како Led Zeppelin.
Но, повеќето никогаш нема да го најдат одговорот. Ниту кои се тие, ниту дали постои Бог, дали и колку има радијација во Jапонија, ниту дали утринското кафе е доволно за освежување.
No comments:
Post a Comment