(By Marsovka, 034/009)
Се сеќавате ли кога бевте помлади, кога сте имале 10,11-12 години, кога ги гледавте оние научно фантастични филмови полни со гламур, лоши специјални ефекти, удобни станови и возила, патувања на други планети, средби со други видови, прекрасни пејсажи, чиста планета земја, човечката раса еволуирала подалеку од eat-shit-sleep-fuck начинот на живеење и гледање, иднина во која секогаш доброто победува и сите се среќни и весели освен негативецот.
Се сеќавате ли како фантазиравте за подобро утре за вас, за тоа како кога ќе стигнете за 30-от роденден да одите на Марс, како дел од научно истражувачката мисија, како сте успешен човек со кариера, како утре ќе биде подобро од денес, далеку подобро. Гарант сте мислеле дека посетувањето други земји за викенд нема да биде права тортура исполнета со страв дали ќе имате доволно пари, ниту пак дали ќе имате доволно пари за да го преживеете месецот. Сигурно дека сте мислеле дека животот ќе биде исполнет со авантури и задоволство . Yeah, така барем мене ми изгледаше додека гледав Star Trek... гламурозно, исполнето со шетање на други светови во најмала мера по други држави и места на планетава Земја.
Сега кога ќе погледнам назад и кога ќе ја активирам онаа преостаната меморија, сфаќам дека работите тргнале на далеку полошо. Многу полошо. Низ мојот прозорец се гледа нешто што требало да биде фонтана...кога се градеше јас се радував дека ќе има нешто со што ќе си играм. Сега е само нешто што труне. Иднината дојде а со себе донесе далеку повеќе кал по улиците, скапи пренхрамбени продукти, опасни улици, вода со вкус на бигор и разни хемикалии, облека со мизерен квалитет, воздух со мирис на запалена пластика и гума, бензин и чад. Иднината дојде а со тоа донесе страв на лицата на луѓето, очај и беда.
Ретко да видам насмевнат човек, уште поретко да осетам весела атмосфера, дури и кога влегувам во кафуле сите како некако да чекаат да дојде Дедо Мраз и да ги извади одовде. Како да очекуваат Бог да се симне лично само за нив и да ја помести планината само за нив, да им ги среди домашните обврски само за нив, да работи само за нив. Очекуваат исто така Бог наместо нив да протестира, oh yes...да протестира против работите што се случуваат во последно време. Очекуваат Бог да го смени размислувањето на политичарите и тие конечно да почнат да си ја работат својата работа.
Очекуваат Бог да ги казни ебаните гниди кои не цицаат и тормозат со години.
Очекувања, очекувања...
Јас очекував да бидам факинг доктор али ради немаштијата не отидов тоа да студирам. Али не ни очекувам бог да ми понуди други алтернативи на иднината и каде се гледам јас.
Дали се сеќавате веќе на почетокот, кога иднината била јасна, убава и светла. Подобро да почнете ако не се сеќавате, бидејќи во спротивно гледање назад и преживување денес не е живот. Туку е тивко пропаѓање и трунење. Ебате почнете да гледате подалеку од утре, погледнете неколку години подалеку и кажете ми како се гледате. И да Дедо Мраз е мртов...јас го убив и неговиот труп скапува во ендекот а Бог е болесник кој се заебава со нас и нема да симне долу на земјата бидејќи му е презабавно да ја набљудува нашата бескрајна глупост.
Ја гледам иднината пак од оваа гледна точка и го осеќам мирисот на дистопијата. Ако не го мрднете вашиот задник таа дистопија ќе излезе од вашите главчиња и влезе во вашата реалност. Чекај ова е дистопија, само ние не сме забележале бидејќи сме презафатени со гледање „Survivor“ од седиштето во театарот наречен живот!
Проклетство луѓе почнете да се борите за себе иначе набрзо ќе гледаме ќе гледаме филм наречен „ Македонски хорор“.
Знаете зошто, зошто пред некое време се почна еден муабет за тоа како живеат некои постари роднини на баба ми. Како тие старци гнијат сами без помош. Како не можат да се грижат за себе си и се оставени на милост и немилост на луѓето каде тие живеат. Како нивните нафатирани деца не ги погледнуваат ни два пати бидејќи повеќе не се во можност да им праќаат месо, сирење, пари нив. Како се прав хорор филм државните пензионерски домови иако никогаш немав смелост да ги посетам бидејќи знам дека после тоа ќе ги барам нивните деца со секира.
Сакате да ви кажам како изгледа иднината ако не си го мрднете задникот, влезете во ебаниот државен пензионерски дом, влезете во народна кујна да видите колку пензионери се прехрануваат таму. Каков ебан народ живее тука кога устите ни се полни за славното минато а самите сеуште ЖИВИ претставници на минатото ги третираме како гомно, смрдеж, ебан леш. Веќе се полираат нивните ковчези и чекаат само да умрат, еден помалце another 300 000 to go...
Да тие се товар, да они трошат ресурси али ебате утре ќе бидете баш на нивно место и вие ебате ќе остарете. А погледнете што ве чека. Се сеќавате кога бевте раснети со прикаските дека пензионирањето е добро и дека остатокот од животот ќе го поминете опколени со внуците во мир, спокој и задоволство, се сеќавате на благословите од типот - “да живееш сто-и-една“ . Е па изгледа дека нема тоа да го дочекате според последните случувања. Има еден цитат што ми се врти во главата од Мишел Уелбек - “Тогаш конечно станаа модерна држава, ги третираа старците како прав отпад“.
Wooo hooo hooo станавме модерна држава, честито си ја ебавме иднината. Ако е ова ебаната сјајна иднина јас не ја сакам. Не сакам да живеам 101 година, у курац ни до 70, ако ова е иднината сакам да се легализира ебаната еутаназија за да на 50 години скинам конци. Не ни сакам да дочекам пензија пошто не ни сакам да бидам во кожата на старците кои ги гледам наоколу. Не сакам ни да бидам третирана ко отпад само затоа што неам цврсти цицки и јако `гзе . Fuck you ! Нема да ви го дадам тоа задоволство.
Добре дојдовте во ебаната иднина: смрди, никој не ве ебе два посто, ве третираат ко гомно. Почнете да се спремате од сега за да не ви биде претешка адаптацијата, бидејќи повеќе од очигледно вие сакате таква иднина според начинот кој ги третирате вашите баби, дедовци, мајки, татковци и повторувајќи ги нивните порази но овојпат без нивните победи. Не заборавајте дека вашите деца гледаат и учат од вас.
No comments:
Post a Comment