Monday, May 30, 2011

Independence day

(By Roger Mortis, 066/018)
Зависност и независност.
Од системот. Таков каков што е, а не таков за каков го декларираат надлежните служби. Се она кое што морате да го направите и го правите за да системот ви ја дарува привилегијата (а не правото) на живот.
Биолошки живот.
Другите квалитети од кои тој се состои...па...треба да платите за таа привилегија да сте среќни. Или барем за илузијата.
Цитат од „Trainspotting“ и поентата сама се наметнува.

Choose life. 
Choose a job. 
Choose a career. 
Choose a family. 
Choose a fucking big television. 
Choose washing machines, cars, compact disc players, and electrical tin can openers. 
Choose good health, low cholesterol and dental insurance. 
Choose fixed-interest mortgage repayments. 
Choose a starter home. 
Choose your friends. 
Choose leisure wear and matching luggage. 
Choose a three piece suite on hire purchase in a range of fucking fabrics. 
Choose DIY and wondering who the fuck you are on a Sunday morning. 
Choose sitting on that couch watching mind-numbing spirit-crushing game shows, stuffing fucking junk food into your mouth. 
Choose rotting away at the end of it all, pissing your last in a miserable home, nothing more than an embarrassment to the selfish, fucked-up brats you have spawned to replace yourself. 
Choose your future. 
Choose „life“...

But why would I want to do a thing like that? 
I chose not to choose „life“ : I chose something else. And the reasons? 

Причините? Повелете...

Животот се состои пред се од време. Може да се дефинира преку време и квалитативно и квантитативно. Без некои длабоки филозофии, барем за почеток. Времето е основна категорија и во квалитетот и исполнетоста на животот на поединецот. Човекот добива премалку или ништо за огромниот влог кој го става во рацете на коцкарот наречен Систем, а преку неговите брокери и локални комарџии - политичари, бирократи, паразити, работодавци...доколку не припаѓа во наведените категории, а и ако припаѓа и ако е во подолните ешалони на таа пирамида...ќе добие анална апликација на Ква-Зулу пенис.
Го вложува животот а добива - фекалии !


Никој не ме прашал дали сакам да сум дел од сиот овој лицемерен, злосторнички, крвав систем во кој однапред сум осуден на плаќање деривативи за се. Буквално се.
Well...No more.
Ya Basta, agueros de culo.

Слободата можеби е само можност да се располага со времето од кое се состои животот во што поголема и посеопфатна мерка. Ако сакате, може и да се измери, да се утврди некаква единица-мерка за слобода која би гласела “Колку од даден временски период поединецот троши на работи кои ги прави по свој избор, по своја воља и за свое задоволство“.
Веројатно со силината на интензитетот на употреба на изрази како “морам“...би се насетило во која мера човек е слободен и колку. Морам ова, морам она, морам да станам во толку часот, морам да легнам во толку, морам да одам на работа, морам да пополнам документи, да висам по шалтери, да тинтрам нечие его, морам да го трпам овој, оној, онаа...бидејќи ми зависи ова и тоа и она и се и ништо...морам, морам, морам...и така секој  божји ден, од колевка до гроб.

Не зборуваме за доброволна, по свој избор интеракција и соработка со луѓе. Туку за наметната и присилна, онаква која одзема и време и нерви и средства...а се добива дозвола за да поединецот биде - злоупотребен...или ако не ве плаши застарениот израз...Роб !
Ако тоа се примени на денешнава живеачка резултатите би биле поразителни. Колку од животот имаме за себе а колку системот?

Имањето доволно средства кои поединецот го ставаат надвор од вечната трка за “опстанок“, од сите условувања и уцени со кои системот се користи... е секако услов кој непобитно мора да се исполни. Секако дека 100% независност е тешко возможна, но постепено намалување на зависноста не само што е можно туку е на дофат. Секому. Ако нешто е добро во оваа 2011-та anno domini тоа се некои технички можности кои никогаш не биле толку достапни. Би се изненадиле да знаете колку малку е потребно за независен живот од социјалниот и психолошки притисок.

За енергетската, социјална, политичка, емоционална, духовна и интелектуална независност.
It only takes a ridiculous fraction of the time it takes to serve the system. And the stake at bet isn`t your soul or life or sanity. 

It`s fun actually. Imagine that...if you dare...

Is that you?

(By The Priest, 065/017)
Што е најпаметно да се каже денес, овде?
- Јас не сум од овде!
Дур сум настроен за пишување, иако не намеравам (веќе) да сејам глупости, што на никого не му се потребни (повеќе), си викам: Што ли да напишам, а да не сум ко (би)вол Оздоленски (пак) жигосан?

The Bronze take our pride.

Една саглам реплика од еден саглам филм е ова (од моите несаглам ценења на секоја уметност што се восприема со очи). Ама, репликата е далеку над уметноста. Што има уметноста со убавото? Има, ама не секогаш.
Барем вие така ја цените.

Знаете, многу би се пронашле во коментаров кој следи.

Дали Ви се случило некој да Ви дели сметки и да Ви соли памет, да не речам да ви дава бесплатни совети кои самиот не ги сфаќа?
Дали Ви се случило друг да Ви кажува колку го знае она што Вие го практикувате откако сте родени?

Дали Ви се случило да се осеќате како кретен додека кажувате нешто (арно, паметно) додека тој што Ве слуша е интелегентен колку аргентинско магаре, а со тоа Ви ја навредува, Вам ви ја навредува интелегенцијата?

Најопфатно... Дали Ви е преку глава од се'?
Море море, почна да звучи како реклама на топ-шоп овај коментаров мој. А, тоа не е убава работа.



Знаете... за да Ве сфатат луѓето, или барем да ве чујат и почујат, мора да го посолите секој муабет. Не, не да се спуштите на ниво на „аргентинско магаре“. Не зборувам за таквите. Делењето бесплатни животни лекции со секаква багра е лоша работа, навика, лош принцип, лошо ______ (наведете што). Остајте го тоа на страна.
Зборувам за општи беседи. За разговори, полемики, расправии, меѓу луѓе кои можеби знаат да ценат и да чујат. Пред да почнам да звучам како Христос (не дека е лошо тоа, ама нејќам да перам изјави), ќе преминам на главното.
Не, не, уште ова. Знам, млад бев. Пред 9 години. Во еден период од црни облаци кои надвиснаа над сите нас (крвна ограда), не ми беше до смеење, ама ме насмеа токму тоа: - Попе, премини на главното! - рече еден домицилен жител на едно извесно село, додека попот фураше молитви на Водици, пред да го фрли крстот! Got that?
Се насмеав.

И еве, што сакав да кажам?

Мора, мора да бидеш гнасен во сите свои изјави. Мора да има нешто бескрупулозно и slightly одвратно за луѓето да се свртат кон твоите беседења.

Не е така?

Има милион примери. Низ музика, литература, таксисти-џаламкања, кафе муабети и сл. Ако муабетот не е подмачкан со бескрупулозност, не го бива!
Абе не го бива! Абе не!
Зарем морам и јас така? Ако веќе морам, знаете што значи тоа?

Дека пак и пак мора да се спуштиш на нивото на „аргентинските магариња“.

Мојов текст го посветувам на сите нас, што бараме нешто што не постои, секаде, секогаш, во сечиј џеб. Во сечија ламба го бараме Аладин (а преку све ни е од Арапи), во секоја вода бараме златни рипки (а не веруваме во желби), во секој комат бараме паричка (покрај тоа „на Цезара - Цезаровото„).
Сите ние!

За крај.

Не ги жалам недијагностицираните, отфрлените, гладните, бездомниците...
Се додека луѓе венеат, се додека луѓе венеат заради тоа што некој не може да си признае дека е „аргентинско магаре“.

Пљук пљук.

Click connect !

(By Marsovka, 064/017
Не знам дали воопшто некогаш би зборувала за мрачната страна на нетот. Онаа која ги истакнува сите работи ставени под тепих кај човештвто. Без разлика дали станува збор за педофилија, за асоцијалност, егоизам, лоши социјални способности, разни настраности, перверзии и фетиши. 

Сето тоа е оддалечено еден клик away и неколку волшебни зборови како силување, секс со малолетнички, ебење со коњи, дрва и старци (for real...). Интернетот нуди големи можности но не секој е способен да се справи со толкав избор. Многумина од нас имаат проблем со реалноста и со тоа што значи да се биде возрасен, многумина од нас радо би останале на рандом социјален сајт, бесплатни игри за играње...сето тоа за да можеме да бидеме лајкувани или пак  а бидеме моќниот елф кој ебава се живо и диво. Чудесиите на интернетот се големи, Алиса во земјата на чудата гарант не се осеќала вака како што јас се осеќам понекогаш кога читам рандом стории или пак гледам какви се не сајтови постојат. 


Но не само тоа има и бонус! 

Бонус е шокот кој ве мава, “Зарем вака размислуваат луѓето, зарем се палат ко мали дечиња на рандом глупости и секс со растенија, зарем сеуште веруваат покрај сите предупредувања и информации ?„
Зарем...зарем сево ова е вистинито? 

Заеби реалноста...таа е премногу здодевна и треба премногу напор треба премногу ризик, премногу нерви. Реалност е срањето кое ние не го сакаме, реалноста е нешто од кое бегаме. Во реалноста сме само студенти, чистачи, касиери, обични луѓе...Во реалноста нема ништо возбудливо...unless...

The new reality is one click away !

Tuesday, May 24, 2011

Патетика

(By The Marked One, 063/017)
Патетика.
Вирее патетика на планетава. Виреат црви, паразити, гнасотии на сите страни.
Морам да признаам, навистина сум вџашен од патетиката кој ми ја продавате а уште повеќе во вашата глупост која ви вели дека ќе ја купам.
Не хејтам, можеби ви изгледа дека го пишувам во афект, дека барам внимание или којзнае што друго не нема да се создаде во вашите инфериорни умови.

Да, подобар сум.
Попаметен сум.
Вие сте црви и со сласт ќе ве газам. Бубашваби сте.
Штеточини.
Патетика драги мои, всушност...заеби драги, не сте ми драги.
Ве презирам сите.
Значи, патетика...ја има секаде.

Образование, патетични обиди на корпоративните лидери да го скршат духот на новата генерација.
Во политиката - лаги, ситни, вметнати во медени зборови како хартија натопена во арсеник во fortune cookie.
Јесда на хартијата пишува Ќе живееш подобар живот додека да го свртиш од позади, веќе се препелкаш доле на земја, како куче и пена ти фршти од устата.
А позади пишува...Не кажувај на никој дека те дупиме у ребра!



Патетични сте луѓе.
Приберете се и мислете додека имате време. Наскоро и мислењето ќе ви го забранат.
И убаво ќе ви биде, со оглед на тоа дека има некој кој ќе мисли на вас.
Како што би рекле...Не се замарај.
Трагикомедија.
Секаде вирее патетика.
Не ми цепидлачете со коментари како емо/attention whore.
Мене ме заболе кур што мислите за мене, јас надминав, се вакцинирав од срања како патриотизам и слични болештини.
Вашите гомна на друго место...
Ако имате нешто да кажете, кажете го на авторитет!

ПИЧКИ!
Немате гз ни глава да дигнете додека ве чмарат!
Како ноеви, пробувате да ја закопате главата во земја додека ве тртат, ама не приметувате дека тоа е јавно и дека под вас има асфалт, и дека таа глетка за некој како мене е комична.
ПИЧКИ!
Одете во војска, таму чмарчето ќе ви доживува оргазам секој ден!
Боже...од каде оваа желба за чмароотечение?!
Пичкици на секој чекор!
Не ви се плашам, вие, кои се курвате за илузија на безбедност!
Патетика!

Saturday, May 14, 2011

Непријател

(By The Marked One, 062/017)
Понекогаш си се чудам на самиот себеси. 
Како на лента си го прегледувам животот...
 Си ги проценувам постапките. 
Се прашувам...
Дали сум толку пореметен колку што ми трубеа дека сум?

Добро ли е тоа?
Не барам одобрување, се прашувам себеси, се разбира, туѓо мислење во врска со мене...мало морген.
Но тогаш...ако сум толку self-centered, дали и самиот непријател се наоѓа во мене?
Се прашувам,  дали некој размислува за нивниот arch-rival?
Дали некогаш некој се запрашува, кого јас  треба да надминам?
Попусто, сеуште го чекаат симболот на нивната вера, чекаат авторитет кој ќе им укаже на грешките.

Каква трагедија!
Кој е тој толку дрзок кој се осмелува да суди!
Зарем не гледате, зарем толку се милозвучни нивните лаги?!
Не верувај, проверувај!
Надмини и победи, ти немаш потреба од докажување, ниту пак некој има право тоа од тебе да го бара!



Проклети нека се нивните ветувања!
Не ги чекај тие богови, тие ќе ти донесат пранги!
Ќе бидеш окован а тие ќе се гостат на твоја сметка ,од твојата утроба!
Отфрли се што те влече удолу, уништи ги сите препреки!
Никогаш не застанувај!

Ќе ти понудат помош, можеби и алат и оружје, цел арсенал ќе имаш на располагање.
Одмини ги и плукај врз нивните глупештини, Манифести на Глупоста!
Не обожувај!
Ни животно ни човек!
Урни ги темелите на храмот во кој чмаеш!
Никогаш слуга!

Знај, робовите ќе служат, ретко кој ќе се издигне од правта, не дозволувај слепиот да те подведе,  тој не го знае патот, тој не ја видел светлината.
Издигни се над простите.
Тие не вредат, царството божјо не припаѓа на таквите.
Адот е полн со котли, во нив вријат глупаци.
Значи сега сфаќаш, колку е безвредно се околу тебе.
Не води ги тие битки, оти ќе загубите и двајцата.
Твојот непријател се крие на друго место.
Тој не е ниту во замок ниту во колиба.
Тој е внатре, тој те јаде и вистина ќе ја консумира твојата совест, доколку ти му дозволиш.
Постои само една битка и таа е вечна, но во моментот кога ќе загубиш, засекогаш ќе паѓаш во бездната.

Победи!

Дома !

(By The Marked One, 061/017)
Се ближат избори, ќе се дрка на велико. Дебилниот ни народ едвај чека да почнат ППП, (Платени Политички Порничи) и да може слободно да го измава на уште некој манифест.
24 часа ова правиме, она правиме. Многу направија за нас, редно е повторно да си ги ставиме на власт.

Чудна работа, како ова време сите се куропецаат како се независни, како никој нив не може да им каже што да прави, а на избори ќе се поредат пред месна заедница како јагненца пред кланица. Кроток народ сме, за жал, a можеби и е природно, со оглед на фактот дека Турците 500 години ни ги ебеа бабите, потоа и Срби...и Бугари...
Всушност не сум воопшто зачуден кога ја гледам оваа маса возрасни дечиња како се обидуваат да изгребат подобар живот.
Но колку и да треба да глумам сожалување, ќе морам со големо незадоволство да ви соопштам дека нема да бидам во можност да ви одам по теркот, туку во овој момент ќе пристапам кон бомбардирање со навреди.

Ми се гади од вас, апсолутно сум вџашен од вашата желба за чмароотечение.
Се разбира, во конотација.
Македонецу, ти не си папокот, туку шупакот на светот. Смрдиш на лековерност.
Веруваш во лаги како малите копиљаци кои им веруваат на најразните лажги на нивните родители кои ќе ветат се, со цел да го мавнат малиот од глава и да можат на раат да погледаат вести или Бумбар.

Послушен си како бубатор - петкаш!
Ако си сам свој господар, тогаш зошто по ѓаволите со цел памет му го тртиш шупакот на некој паразит во костум.
Робовите ќе служат...и ти ли си роб?



Надмини идиоту!
Зарем твојата судба е да лежиш како куче во калта, како вол да го влечеш плугот, доволно колку да не се бунтуваш.
Стазис.
Надмини ги своите ограничувања, ти си човек!
Зарем тебе ти е потребен лист хартија и куп свињи за да те научат на добробит?!
До кога ќе слугуваш, како на сопствените догми, така и на туѓите?!
Надмини глупаку!

Ако навистина имаш капка самопочитување, тогаш гласај за себеси, а не за некоја партија!
Или најпаметно, на денот на изборите...спиј.

Писмо до вашите родители

(By The Marked One, 060/017)
Една работа, сакам да прашам нешто што ме мачи, а е многу битно.
Барем за мене, очигледно е дека многумина оваа работа ја земаат здраво за готово.
Имено, родителствување. Да клецнеш и од твојата авантура да излезе рожба.
Добро...сите го можеме тоа, скоро сите де...но што понатаму?

Кои се сите обврски на родителот према своето дете?
Кои се сите обврски на детето?
Што да прави?
Кога да прави?
Како да прави?
Зошто да прави?
Каде да прави?
Со кого да прави?

И така натаму. Чисто колку да се воспостави контрола, вашето дете можеби и во овој момент рола џоинт!
Внимавајте, можеби вашата ќерка има дечко со долга коса, или пак којзнае какви се не други ужасии се натежнати врз светата душа на вашето дете...
Вашето дете е светост, која вие морате да ја чувате како капка вода, се разбира дека не смееме да им дозволиме на нашите деца да страдаат.
Ние сме должни на новата генерација да им пружиме што е можно побезболен влез во светот на возрасните.
Се разбира, сите оние кои се согласувате со ова погоре, сте тотални диздибидуси, имате интелигенција на шкопени камили и треба да бидете заклучени во дрвен сеф и спалени на Бадник.



За несреќа и мојот пат ме доведе натаму, низ трњето догми.
Гадна работа. Ме торпедираа со доктрини и лаги, ми го затвораа носот и во уста ми бутаа полна лажица гомна.
Никогаш не ја отворив устата и гомната паднаа пред моите стапала, каде што им е местото.
Среќен сум што не сум единствен, мака ми е што сме малкумина.
Понекогаш дури се прашував дали е само миризбата...дали можеби нивните гомна се вкусни, дали лоботомијата е лекот.

Слобода...не фала, имам!
Не ми треба вашата so-called демократија господа!
Стуткајте си ја хипокризијата и набутајте си ја во `гз, затоа што од таму дојде.
Време е глупоста да се сретне со својот создател и заедно да се вивнат во пламен.
Родители, бидете радосни што вашите деца не се уште еден коњ во стадото.
Радувајте се на нивниот критички настроен ум, на нивната Волја за слобода.
Радувајте се затоа што вашите деца не потклекнаа под обидите на нивните учители да ги претворат во трутови и гордејте се на отпорот кој го пружаат према лажните авторитети.
Светот на ваквите треба да остане, оти во спротива, паднавме во бездна...

Friday, May 13, 2011

Love is a derivative

(By Roger Mortis, 059/017)
Често за објаснување на меѓуполовите односи и лоботомии се користи биолошката парадигма произлезена од “Потеклото на видовите“ и понатамошните истражувања кои се надополнувале на базичните претпоставки.
Иако тоа е точно за животинскиот свет, не е баш точно за светот на човекот.
Не поради неоснованоста на претпоставката туку поради нејзината целосна проекција на релација животиња - човек.
Проблемот е во резултатите.

Се вели дека во секого се крие дивјак, животиња, неандерталец.
За жал, не се крие неандерталец туку граѓанин, дивјаците се мртви 30.000 години а само понекаде има знаци дека преживеале.
А граѓанинот е потребен покорен и послушен. И таков е.
Дали тој граѓанин има кур или пичка, на елитата која ја контролира нашата перцепција на  самите себе си и на реалноста и е сеедно...разликата е во нијансите.

Матрицата е хакната, така што на мажите и жените им е наметната програма.
За системот е кобно доколку мажите и жените откријат дека најубавите, најкорисните и највредните работи на овој свет се бесплатни и достапни за секого.
И што све можат да постигнат заедно, надополнувајќи се по природата и духот на комплементарноста на дуалистичката основа.

И затоа се оди кон даунлодирање програма (Светото тројство - медиуми, образование, средина) кои ќе се погрижат машкото и женското да не го постигнат она за кое се способни заедно.
Емоционално сакатење, кондиционирање уште од пелени, наметнување модели на однесување, вештачки индуцирани потреби и замисли...you name it they are doin it...




И како што гледаме во реалноста 99,99% од врските се борба на надмоќ.
Мажите како физички посилни го користат својот адут.
Жените ебат во мозок, што е нивен адут, а сето тоа во име на разни стратегии во вечната војна наречена - борба за надмоќ. Физичка, интелектуална или психолошка...сите се како некакви коти на некој рид од голема тактичка вредност на кои јуриша Егото.
Но за разлика од воените операции тука и двете страни - губат, а добива системот кој паразитира врз човечката несреќа, мизерија и незадоволство.
Зошто инаку мислите би се продавале телевизори со екран 102 цм, автомобил без кров или рандом ситница со чие набавување конечно, ама конечно - ендорфинот ќе почне да тече низ крвните садови...
Од порно индустријата па се до сите беспотребни предмети кои ја сочинуваат главнината од економијата, иако работата забегува all the way to Babylon...

И на крај некоја гледа мажиште, јак ебач во Herr Јозеф Фрицл, чичко Адолф Хитлер или Ричард Рамирез а во непосредна околина на пример има некој со кого би можела да има убав живот или врска. Секако тоа е крајната граница, просекот гледа Twillight.
А тој...тој седи дома и се пали на Анџелина Џоли, Џена Џејмисон или Меган Фокс и му е мака што не е доволно богат, убав или моќен за да ебне некоја со такви техничко-тактички карактеристики. Не е толку до јебачината колку што е до аплаузот. И до тоа што секој и секоја замислуваат дека им припаѓа нешто далеку подобро отколку што се самите тие. Дека судбината им наменила некој таков/таква. Баш за нив универзумот сковал план.

Деривативи...gotta appreciate them...

Кругот е затворен, и „тој„ и „таа„ се мизерни, караванот врви, системот профитира.

Amores Perros

(By Naughty, 058/016)
Научив дека женските се курви.
Дека и ние машките сме курви. Дека женските не знаат што сакаат. Дека и машките не знаат што сакаат. Всушност, најголемиот дел од луѓето не знаат што сакаат, а останатите често забораваат.
Научив дека животот не е фер. Дека секад добрите го добиваат џганот, а џганот добрите. Среќни лубовни приказни има само таму, во приказните. 

Научив дека заради гореспоменатите курви, плус малограѓанштина, сплеткари, завидливци и секакви други паразити, довербата во денешно време е апстрактен поим, па ја нема ни каде што е заслужена. Научив дека најголемиот дел од луѓето не знаат да препознаат лојален карактер, бидејќи и самите тоа не се. Зашто да се биде таков, лојален, значи свесно да ризикуваш да ти биде зариен нож во срцето. Треба многу ХРАБРОСТ. 




Научив дека "Amores Perros". Може да те сјебе до максимум. Дека не сум толку силен колку што мислев. Дека сум пак долу. Дека немам друг мотив за живот освен љубовта. И нема да имам.
Научив дека не постојат "грешки" кога постапуваш од срце, од душа. Но, можеби грешам.
Научив дека сум способен во секоја да го најдам она макар и скриено парче добро и во него да се заљубам. А можеби сум само наивен и затоа ќе го јадам и во иднина.
Научив дека не постои ни такво нешто како "преболување". Љубовта е давање, а не земање. Секој крај отцепува дел од тебе, неповратно. Нема назад. 

И сега знам, дека да сакаш некого искрено и вистински, е како слободен пад од висина која нема да те убие, но ќе ти ги скрши сите коски. Ќе боли страшно многу, ама чувството додека паѓаш е неописливо прекрасно и неповторливо. Еднаш го направив. И ќе го направам пак. Свесно. И токму тоа ме прави ГОЛЕМ.

PS. Remember people, ХРАБРОСТА Е ДОБЛЕСТ!

Четиво

(By The Priest, 057/016)
Hello my friends, we meet again. It's been a-while, where should we begin? 

Добро, од кај да почнеме? Сигурно нема од „неделните случувања“. Не сме „некоја емисија на кратовска селска телевизија“. Ќе почнеме од пристрасни, реални коментари.
Епа, кога не се ценеа оние „посаглам“, тогаш, вака нека биде. 

На почетокот беше зборот. Зборот „кретен“.
Ако се водиме според таа теорија, тогаш, се што почнало, секој никулец на секоја цивилизација се наоѓа во Македонија. 
Кретен е убав збор. Не би требало да е навредлив за никого, оти важи за секого. Во Македонија, секој може да биде магистер на науки, експерт, политичар, кретен. Посебно кретен.

Замислете, што ќе беше доколку се даваа субвенции за кретенизација на народот? Мислите, ќе беше доволна Народна банка за да исплати секаква кретенштина во државава? Ќе имаше проблеми, гарантирам. Не сум економски експерт за да предвидам што значи, ама дефинитивно тој настан ќе го има во “македонската историја“ после...триесетина години. Каква историја? Нема да ВИ се верува дека се насмеав додека го пишував делот за историјата. Македонска? Хех ...

(3 минути подоцна)

До кај бевме? Менував некои песни на Винамп што беа заглавиле, па ми избега мислата. Само, немојте да ме поистоветувате со „македонштина“. Сеуште се држам, сполај му на Горнион. И не, не зборувам за нашиот премиер Никола. 
Упс, грешка. Прекршив неколку заповеди. Со самото тоа што напразно го изговорив името негово. Нека се свети името твое (перфектна идеја за реклама на ЕВН крвопијците и струјодарителите).

Bobby's alright.
Полициска држава! Полициска држава!
Па ќе биде бре, ќе биде! Ај нека се жали некое стадо овци на „волчја падина“ да ги видам. Не жалете се, падинава не е ваша. Или е?




Мед и Ум.
Медиум.
Кој ли Ве лоботомира бре браќа? Кој? 

Што има телевизорите да Ви кажат што да јадете? Погледнете околу себе, нема ништо на трпезата. Побрзајте, мислам на радио слушнав дека статуите од милиони евра се чоколадни. Ама не кажувајте на секого. Грицкајте и уживајте. Нека не Ве знае секој. 

All the way.

Зашто така? 
Има ли некој во државава што гледа реално на работите? Има ли некој што има повеќе од 100 денари свој буџет а не ги здобил парите со непотизам или партиска книшка?

Marooned...
Не можете да добиете интелегенција, ама можете да добиете диплома. Си мислам, до каде стигна целата ситуација со народот наш „патриотски“. Преку студентите до месечина, нормално. Пред некој ден ги гледав, се смеев малку. Сакале да учат господата без три чисти. Што рече еден човек паметен, заборавив како се вика. Да протестираат професори, а против нив да има протест - реплика (?!), е тоа не го може ни на Монти Пајтон. Стварно бе, каде живееме ние?

(после 12 секунди)

Се прашував како да го вметнам исказот дека секој што вреди во државава треба да ја напушти во најбрз можен рок.
Ако не го направите тоа, сте:
- идиот
- навистина немате опција да го направите тоа
- имате членска книшка од ДПМНЕ, што значи сте од првата цртичка.

Пристрасно зборувам? Вие пристрасно го дишите воздухот, Ви замери некој? 

Си седам јас така, глупости си пишам, колку да ме врати на политичките води. Немам ни алкохол, ниту сакам да се напијам. Едно кафе добро би ми дошло. Оти, секоја приказна што има враќање е досадна на почеток. Ако се сеќавате, и Мајкл Џордан немаше некое „шоуастично“ враќање. Ниту Мајкл Шумахер.
Јас не сум Мајкл, ама се вратив. Да ги соберам „рибите“, да ги тргнам од поморот. Секој што ме слуша, ќе седи десно од мене, во имагинацијата наречена „што било, па и Утопија, само не Македонија“.

За крај, не очекувајте поента. Имате неколку пребркани редови, кои не морате да ги прочитате. Јас, направив тоа што морав. Вие, направете го тоа што морате. 
Јас се надевам дека кретенизацијата не важи толку широко, толку опсежна не е. 
Немојте да ме натерате пак да се откажам од Вас. Заради Вас.

На почетокот беше транзицијата. Само кај нас, сеуште сме библиски поврзани за истата.
May I say ...

Tuesday, May 10, 2011

The End

(By The Priest, 056/016)
Ја знаете „With a little help from my friends“? Ако ја знаете, не мора да ви ја џвакам поентата што ќе биде раштркана подолу. Ако не ја знаете...too bad.
Животот е прекраток за да се научат основните работи.

Јас не знам што си мислел Ринго Стар во време кога Џон, Џорџ и Пол беа главните фаци од Ливерпул до Кобе, од Хамерфест до Ушуаја. Можеби Хикс ја погоди поентата со неговото „Битлсите беа толку high шо му дозволија на Ринго да испее неколку песни“. Можеби, но најверојатно има друга димензија на шалабајзеријата кај „бубачките“. И не само кај нив.

Колку е битен мотивот, поддршката, подадената рака, зборот што ќе се чуе кој ти дозволува да ги поминеш сите животни, биолошки, општествени препреки. Најразлични, најопшти, секојдневни. Мене таа песна што ја пее, најверојатно неслучајно Ринго, ми ги објаснува работите.
Колку ли е тешко самото општество без тие неколку сегменти што Ринго ни ги покажа дека ги има. И колку се небитни бубачките во целиот тој „од“ на универзалноста, оти истите тие работи не прават да бидеме сосем слични, и тотално различни од тие луѓе кои ние ги сметаме „вонземјани“.

It's been clear to me која е формулата за успех. Покрај силниот болид во Формула 1 кој го тркалаше Шумахер Мајкл. Онаа другата. Формулата за успех, за постигнување нешто. 
Долго време читав книги, димев цигари, џвакав мастики, гледав фудбал, играв МАМЕ32, мислејќи и “заварувајќи“ се дека мотивот е главниот и единствен предуслов за успех, за пребродување, за достигнување на зацртаното. И крај краева, за да имаш „нацрт“ треба да се биде мотивиран.
Но, побогу, од кај иде тој мотив? А? Е ... malo sam se presao.




Пак да се навратам на песната што ја пее Ринго? Нема потреба, нели? Веќе ме разбирате? 
Па можеби, оти немам мотив да го пишувам сето ова, па на крај можеби ќе изгледа како да го „стокмило“ некое седмо-одделенче, а не како просветен работник кој треба да му предава животни и просветни лекции на тоа „седмо-одделенче“. Колку се само испретумбани работите, кога немаш поддршка, драги мои. Ни гравот не е грав, ако нема добра потпршка. Ни лисицата околу врат на некоја госпоѓа не е природна, ако не ја отепал некој ловџија. Ниту Џими Хендрикс свиреше на Сарџент Пепер албумот...Добро, за последново не сме толку сигурни, земајќи го во обзир стартот на ова THE END сценарио. Со кое, i must be certain.

Јасно е, нели? Или си тука, или не си. Знам дека имаше една „теееешка филозофија“ која гласеше: Мислам, значи постојам.
Дечки, секако не е така. Ако си сам, буквално или во која и да е форма (па и да си сам во работите кои сакаш да ги правиш, без поддршка на никого), не постоиш. Никогаш не си постоел.
Usrana sminka defilira nasem putu za _______________ (секој има право да наведи место и причина).

Секако, таа фраза, во ова општество, кое ќе го исплукам за крај, е сеопфатна. Оти, сега гледам дека секој мој коментар, секоја моја саркастична забелешка, секоја моја железна иронија била... во најмала рака (На Шон Мерион) глупава, оти...општеството постои заради и поради човекот. А не поради ноевите на некои фарми во Струмица или кај Групчин.

А како да го исплукам? Најдобро што можам. Ќе почнам од себе. Јас, исплуканиот.

„Нашето општество е загадено ко Драгор, а ние го сакаме чисто ко Радика. Нашето општество е глупаво ко Питер Грифин, а ние го бараме паметно како „Шефот“ на Саут Парк. Нашето општество е корумпирано како ФК Порто, а ние го сакаме чесно како Шкотската фудбалска федерација. Нашето општество нема иднина, а ние го сакаме со добра заднина. Нашето општество е против нас, а ние го сакаме За нас. Нашето општество сме НИЕ, а ние сакаме...“

„They asked us if we were happy. We said - WE DON'T KNOW. Took us by the hand, and up we go“

Saturday, May 7, 2011

Слобода? Не, благодарам !

(By The Marked One, 055/016)
Денес потребите на човека не се многу поголеми од минатото. Всушност, квантитетот удри само во поглед на населението.
Што се смени?
Се сменивме ли ние?
Квалитетот?
Но што е квалитет?
Не ли се и тоа стандарди пишани од некого, некаде?
Можеме ли да судиме?!
Подобро не.

А што правиме?
24 часа исполнуваме!
24 часа ветуваме!
24 часа усеруваме!
24 часа легализираме!
Што се не легализиравме...од дивоградби до педофили. Во последно време ја допуштаме и глупоста.
Ја легализираме дебилизацијата.
Можеби лошо се изразив. Не ја допуштаме глупоста. Ја форсираме.
Ништо лошо нели?

Се додека човекот е машина која не размислува за себе.
Склопени, стиснати еден до друг како запчаници во часовник, извади еден и целата структура е во тотален застој.
Не постои индивидуалност. Не се работи на себеси.
Се што се прави е се продава душата за корка леб.
Кур ми е - двор ми е. Гзот чаршија.


Да не не? Случајно да не не живееме за да ни го закопаат во чмар?
И убаво ни е. Ни личи на паметот .Оти така ни кажаа на времето.
Толку си можеме, толку си знаеме, до толку ќе ни навлезе.
Штета што само фекалните отвори ни ги пенетрираат. Камо ли нешто да пробие низ тоа черепите.

Да се прочита, да се сфати, да се разбере. Не!...мора да се критикува.
Се што е различно, се што е подалеку од нашиот нос.
Страв да не ни се смее народот, оти така ни е кажано во минатото, нели?!
КОЊИ!
Како коњи гледаат само напред, оти така рекол газдата!
Трчај Дорчо, оти инаку нема слама. Трчај Дорчо или ќе останеш гладен.
И навистина, ќе останеш гладен и осамен, ќе те фрлат на студот и ќе ти се потсмеваат.
Некои ќе те сожалуваат некои ќе те навредуваат.
Некои ќе се нудат да ти помогнат.
НЕ!

Не ми треба вашето лицемерие, душегрижници. Не ми треба вашето сожалување.
Бидејќи јас сум над вас.
Јас дадов многу за да ги видам скалилата нагоре, и сега кога конечно можам да ги опипам, мислите дека ќе ви пружам рака за да се качите и вие или пак да ме симнете повторно долу?
Мало морген, на орелот не му е местото меѓу свињите.

Но јас не сум тука за да судам. Не сум ни тука за да ви помогнам, ниту пак да ви објаснувам.
Јас само минувам, а вие сакате плукајте, сакате следете, или пак најдобро од се, своја скала изградете.

Круг

(By Roger Mortis, 054/016)
Необичен беше изразот на нејзиното лице. Некаква задоволна насмевка под очите кои избегнуваа туѓи погледи. Имеше некои четириесет и пет години. Оставаше нејасен впечаток дека некогаш била атрактивна девојка по која веројатно поминувале похотни погледи, нечии вљубени очи или барем по некој еректиран пенис...
Она што сега го привлекуваше вниманието кај неа, покрај испиеното и претенко тело, гротескната шминка и несигурниот од, беше нејзиното бебе од кое ниеднаш никој не ја виде да се оддели...

Секаде каде што одеше, одеше со своето малечко. Добро повиено и во сигурна мајчинска прегратка. Заштитено од све она за кое таа сметаше дека е закана за малото...како многу мајки и таа го имаше оној израз кој е несфатлив за мажите...

Никој не знаеше кој е татко на бебето, дали тоа бил некој војник на отуство, љубовта на нејзиниот живот или локалниот ебач од досада. Чудно беше што не беше цел на оговарање...освен на новодојдените во градот кои првпат ја гледаа...

Мистеријата се разоткри еден обичен дождлив ден на скалите пред локалната болница. Од причини засекогаш закопани во нејзиниот ум таа често се врткаше околу градската болница.
Не...немаше никакви драми или соочувања со евентуалниот татко на малото. Никакви судбински средби, барем не од оние по кои се пишуваат романи, се прераскажуваат како најнов трач или завршуваат на страниците на црната хроника.




Само едно мало лизгање по лизгавите скали. И шок. Шок кога таа се зализга и падна по скалите. Прв пат по којзнае колку време бебето под влијание на неумоливата гравитација ги напушти нејзините прегратки и се стркала по скалите. Остана да лежи долу на нив, меѓу изразот во очите на мајката, некоја есенција на ужасот, стопирано време во нејзините очи и шокот на оние кои беа сведоци на случката.

Бебето остана да лежи. Таа во прв момент не се помрднуваше. И покрај падот во кој ги зафати сите скалила едно по едно...бебето не пушти ни глас...а како и би пуштило кога беше од - пластика!
Не беше тоа никакво бебе туку обична кукла, малку старомодна и излитена.
Пластиката не е склона кон повреди.

Колатерална штета на невидливите каприци на судбината, наркомански приказни од некое друго време, подмолна игра на случајноста, кармички инцидент без повратен билет...како и сите ние иако сите на свој начин, носејќи го својот крст се додека имаме некаква илузија пред нас. Дури имаме некаква пластична кукла во нашите раце имаме и нешто кое не тера да не застануваме. Да не го прекинуваме кругот.

Безначајна сцена од безначајна улица во малиот, сив град на границата со ветената земја...тажна инспирација во мозокот на еден работник на хидраулична преса за време на паузата за цигари...

Кафеавото јаболко не е доволно скапано

(By The Priest, 053/015)
Колку е само добро човек да помине 3-4 дена надвор од цивилизација. Се осеќаш опуштено, мирно, можеби напати изморено, ама крај краева - се чувствуваш како човек. Не знаеш колку бомби паднаа кај Триполи, колку земјотреси ја оптегнаа Јапонија, колку снег заврна во Полска. За ништо не те боли...

Но, доаѓа време кога треба да се соочиш со трулоста на цивилизацијата, со сите непотребни работи и информации кои ти се фрлаат во лице само што ќе го вдишеш првиот токсичен воздух во големиот скапан град. 

-Слушна за ова? Слушна за она? Како го коментираш? Од кај знаеш пак ти?

Луѓето се премногу паметни што своето знаење во секоја прилика сакаат да го зациментираат сонова филозофија која доаѓа од ЗЕН просториите на Сител, БИБИСИ, СИЕНЕН, или уште некоја просветителска ТВ штала. Знаете, на голем дел од населението кое и тежи на мајката Земја се храни од информациите кои им ги читаат целодневно и секојдневно. Знаете, тие воопшто не сфаќаат дека... веќе не се луѓе.

Јас пак, порано си викав да се замарам со нив... да им објаснам како одат работите, дека не е се' така како што ќе им кажат на телевизија. Но, најверојатно сум задоцнил. Со... векови можеби.

Ако не е телевизијата денешна, беше нешто друго. Побогу, 90 проценти од нашите „стари“ не знаат кој е Стенли Кјубрик, но... плачеле на индиските филмови со срцеперателна содржина некаде во 80тите години. 
А ние... на кои не им е до смеење, се прашуваме: Како ли дојде до оваа ситуација?

Имено... јас не сакам да окривам никого. Само сакам да се донесе закон за бесење на простата неписмена багра наоколу. 

Старите се очајни, помладите се раководат по нивни изреки, неродените играат лотарија (дали да се родат ове или во Танзанија; тежок избор јеботе). 
А ние, венееме млади. Како што спомнав во една претходна статија, магарињата секогаш ќе бидат магариња.




Но, многу се лоши кога јадат трње, кога мислат дека се... (недај Боже) коњи...

-Слушна бе, Осама Бин Ладен го отепаа!
- Аха... а кој беше тој?
- Па, од Алкаеда море, тој најакиот терорист...
- Аха... од кај знаеш?
- Па на Телевизија беше цело време. Абе амаан бе...


Знаете, подобро нашиот трул компшија да не чита и не слуша ништо, него да го следи „јавното образование“. Оти, вака... само не тераат да се повлечеме, да заминеме, да заборавиме... Ние, што знаеме нешто повеќе, нешто трето...

Заради неписменоста на трулежот овде наречен секојдневен човек пропаѓа се'. 
Никогаш ништо нема да се смени, никогаш ништо нема да биде поарно, додека постојат изреки и филозофии на нашите баби и дедовци“, додека нивните синови и ќерки си ја хранат душата со турски серии, додека нивните внуци и внуки го прават сето тоа комбинирано, а згора на тоа се наоѓа и алкохолизам и наркоманија, ќе си тера возот натоварен, да не можеш ни во ходник да стоиш, додека некои неартикулисани млади девојки за да заштедат 50 денари се туркаат и пикуваат во изгужваниот вагон, иако претходно биле направиле фризури од 1200 денари кај локалниот фризер.

Да дечки. Лоботомија. Неартикулисаност. Неписменост. Мрзливост и завист.
Основните темели на нашето секојдневие.
Јаболкото уште треба да скапува.
За на крај...
Да го изедеме!