Monday, May 30, 2011

Is that you?

(By The Priest, 065/017)
Што е најпаметно да се каже денес, овде?
- Јас не сум од овде!
Дур сум настроен за пишување, иако не намеравам (веќе) да сејам глупости, што на никого не му се потребни (повеќе), си викам: Што ли да напишам, а да не сум ко (би)вол Оздоленски (пак) жигосан?

The Bronze take our pride.

Една саглам реплика од еден саглам филм е ова (од моите несаглам ценења на секоја уметност што се восприема со очи). Ама, репликата е далеку над уметноста. Што има уметноста со убавото? Има, ама не секогаш.
Барем вие така ја цените.

Знаете, многу би се пронашле во коментаров кој следи.

Дали Ви се случило некој да Ви дели сметки и да Ви соли памет, да не речам да ви дава бесплатни совети кои самиот не ги сфаќа?
Дали Ви се случило друг да Ви кажува колку го знае она што Вие го практикувате откако сте родени?

Дали Ви се случило да се осеќате како кретен додека кажувате нешто (арно, паметно) додека тој што Ве слуша е интелегентен колку аргентинско магаре, а со тоа Ви ја навредува, Вам ви ја навредува интелегенцијата?

Најопфатно... Дали Ви е преку глава од се'?
Море море, почна да звучи како реклама на топ-шоп овај коментаров мој. А, тоа не е убава работа.



Знаете... за да Ве сфатат луѓето, или барем да ве чујат и почујат, мора да го посолите секој муабет. Не, не да се спуштите на ниво на „аргентинско магаре“. Не зборувам за таквите. Делењето бесплатни животни лекции со секаква багра е лоша работа, навика, лош принцип, лошо ______ (наведете што). Остајте го тоа на страна.
Зборувам за општи беседи. За разговори, полемики, расправии, меѓу луѓе кои можеби знаат да ценат и да чујат. Пред да почнам да звучам како Христос (не дека е лошо тоа, ама нејќам да перам изјави), ќе преминам на главното.
Не, не, уште ова. Знам, млад бев. Пред 9 години. Во еден период од црни облаци кои надвиснаа над сите нас (крвна ограда), не ми беше до смеење, ама ме насмеа токму тоа: - Попе, премини на главното! - рече еден домицилен жител на едно извесно село, додека попот фураше молитви на Водици, пред да го фрли крстот! Got that?
Се насмеав.

И еве, што сакав да кажам?

Мора, мора да бидеш гнасен во сите свои изјави. Мора да има нешто бескрупулозно и slightly одвратно за луѓето да се свртат кон твоите беседења.

Не е така?

Има милион примери. Низ музика, литература, таксисти-џаламкања, кафе муабети и сл. Ако муабетот не е подмачкан со бескрупулозност, не го бива!
Абе не го бива! Абе не!
Зарем морам и јас така? Ако веќе морам, знаете што значи тоа?

Дека пак и пак мора да се спуштиш на нивото на „аргентинските магариња“.

Мојов текст го посветувам на сите нас, што бараме нешто што не постои, секаде, секогаш, во сечиј џеб. Во сечија ламба го бараме Аладин (а преку све ни е од Арапи), во секоја вода бараме златни рипки (а не веруваме во желби), во секој комат бараме паричка (покрај тоа „на Цезара - Цезаровото„).
Сите ние!

За крај.

Не ги жалам недијагностицираните, отфрлените, гладните, бездомниците...
Се додека луѓе венеат, се додека луѓе венеат заради тоа што некој не може да си признае дека е „аргентинско магаре“.

Пљук пљук.

No comments:

Post a Comment