Friday, May 13, 2011

Love is a derivative

(By Roger Mortis, 059/017)
Често за објаснување на меѓуполовите односи и лоботомии се користи биолошката парадигма произлезена од “Потеклото на видовите“ и понатамошните истражувања кои се надополнувале на базичните претпоставки.
Иако тоа е точно за животинскиот свет, не е баш точно за светот на човекот.
Не поради неоснованоста на претпоставката туку поради нејзината целосна проекција на релација животиња - човек.
Проблемот е во резултатите.

Се вели дека во секого се крие дивјак, животиња, неандерталец.
За жал, не се крие неандерталец туку граѓанин, дивјаците се мртви 30.000 години а само понекаде има знаци дека преживеале.
А граѓанинот е потребен покорен и послушен. И таков е.
Дали тој граѓанин има кур или пичка, на елитата која ја контролира нашата перцепција на  самите себе си и на реалноста и е сеедно...разликата е во нијансите.

Матрицата е хакната, така што на мажите и жените им е наметната програма.
За системот е кобно доколку мажите и жените откријат дека најубавите, најкорисните и највредните работи на овој свет се бесплатни и достапни за секого.
И што све можат да постигнат заедно, надополнувајќи се по природата и духот на комплементарноста на дуалистичката основа.

И затоа се оди кон даунлодирање програма (Светото тројство - медиуми, образование, средина) кои ќе се погрижат машкото и женското да не го постигнат она за кое се способни заедно.
Емоционално сакатење, кондиционирање уште од пелени, наметнување модели на однесување, вештачки индуцирани потреби и замисли...you name it they are doin it...




И како што гледаме во реалноста 99,99% од врските се борба на надмоќ.
Мажите како физички посилни го користат својот адут.
Жените ебат во мозок, што е нивен адут, а сето тоа во име на разни стратегии во вечната војна наречена - борба за надмоќ. Физичка, интелектуална или психолошка...сите се како некакви коти на некој рид од голема тактичка вредност на кои јуриша Егото.
Но за разлика од воените операции тука и двете страни - губат, а добива системот кој паразитира врз човечката несреќа, мизерија и незадоволство.
Зошто инаку мислите би се продавале телевизори со екран 102 цм, автомобил без кров или рандом ситница со чие набавување конечно, ама конечно - ендорфинот ќе почне да тече низ крвните садови...
Од порно индустријата па се до сите беспотребни предмети кои ја сочинуваат главнината од економијата, иако работата забегува all the way to Babylon...

И на крај некоја гледа мажиште, јак ебач во Herr Јозеф Фрицл, чичко Адолф Хитлер или Ричард Рамирез а во непосредна околина на пример има некој со кого би можела да има убав живот или врска. Секако тоа е крајната граница, просекот гледа Twillight.
А тој...тој седи дома и се пали на Анџелина Џоли, Џена Џејмисон или Меган Фокс и му е мака што не е доволно богат, убав или моќен за да ебне некоја со такви техничко-тактички карактеристики. Не е толку до јебачината колку што е до аплаузот. И до тоа што секој и секоја замислуваат дека им припаѓа нешто далеку подобро отколку што се самите тие. Дека судбината им наменила некој таков/таква. Баш за нив универзумот сковал план.

Деривативи...gotta appreciate them...

Кругот е затворен, и „тој„ и „таа„ се мизерни, караванот врви, системот профитира.

No comments:

Post a Comment