Tuesday, May 10, 2011

The End

(By The Priest, 056/016)
Ја знаете „With a little help from my friends“? Ако ја знаете, не мора да ви ја џвакам поентата што ќе биде раштркана подолу. Ако не ја знаете...too bad.
Животот е прекраток за да се научат основните работи.

Јас не знам што си мислел Ринго Стар во време кога Џон, Џорџ и Пол беа главните фаци од Ливерпул до Кобе, од Хамерфест до Ушуаја. Можеби Хикс ја погоди поентата со неговото „Битлсите беа толку high шо му дозволија на Ринго да испее неколку песни“. Можеби, но најверојатно има друга димензија на шалабајзеријата кај „бубачките“. И не само кај нив.

Колку е битен мотивот, поддршката, подадената рака, зборот што ќе се чуе кој ти дозволува да ги поминеш сите животни, биолошки, општествени препреки. Најразлични, најопшти, секојдневни. Мене таа песна што ја пее, најверојатно неслучајно Ринго, ми ги објаснува работите.
Колку ли е тешко самото општество без тие неколку сегменти што Ринго ни ги покажа дека ги има. И колку се небитни бубачките во целиот тој „од“ на универзалноста, оти истите тие работи не прават да бидеме сосем слични, и тотално различни од тие луѓе кои ние ги сметаме „вонземјани“.

It's been clear to me која е формулата за успех. Покрај силниот болид во Формула 1 кој го тркалаше Шумахер Мајкл. Онаа другата. Формулата за успех, за постигнување нешто. 
Долго време читав книги, димев цигари, џвакав мастики, гледав фудбал, играв МАМЕ32, мислејќи и “заварувајќи“ се дека мотивот е главниот и единствен предуслов за успех, за пребродување, за достигнување на зацртаното. И крај краева, за да имаш „нацрт“ треба да се биде мотивиран.
Но, побогу, од кај иде тој мотив? А? Е ... malo sam se presao.




Пак да се навратам на песната што ја пее Ринго? Нема потреба, нели? Веќе ме разбирате? 
Па можеби, оти немам мотив да го пишувам сето ова, па на крај можеби ќе изгледа како да го „стокмило“ некое седмо-одделенче, а не како просветен работник кој треба да му предава животни и просветни лекции на тоа „седмо-одделенче“. Колку се само испретумбани работите, кога немаш поддршка, драги мои. Ни гравот не е грав, ако нема добра потпршка. Ни лисицата околу врат на некоја госпоѓа не е природна, ако не ја отепал некој ловџија. Ниту Џими Хендрикс свиреше на Сарџент Пепер албумот...Добро, за последново не сме толку сигурни, земајќи го во обзир стартот на ова THE END сценарио. Со кое, i must be certain.

Јасно е, нели? Или си тука, или не си. Знам дека имаше една „теееешка филозофија“ која гласеше: Мислам, значи постојам.
Дечки, секако не е така. Ако си сам, буквално или во која и да е форма (па и да си сам во работите кои сакаш да ги правиш, без поддршка на никого), не постоиш. Никогаш не си постоел.
Usrana sminka defilira nasem putu za _______________ (секој има право да наведи место и причина).

Секако, таа фраза, во ова општество, кое ќе го исплукам за крај, е сеопфатна. Оти, сега гледам дека секој мој коментар, секоја моја саркастична забелешка, секоја моја железна иронија била... во најмала рака (На Шон Мерион) глупава, оти...општеството постои заради и поради човекот. А не поради ноевите на некои фарми во Струмица или кај Групчин.

А како да го исплукам? Најдобро што можам. Ќе почнам од себе. Јас, исплуканиот.

„Нашето општество е загадено ко Драгор, а ние го сакаме чисто ко Радика. Нашето општество е глупаво ко Питер Грифин, а ние го бараме паметно како „Шефот“ на Саут Парк. Нашето општество е корумпирано како ФК Порто, а ние го сакаме чесно како Шкотската фудбалска федерација. Нашето општество нема иднина, а ние го сакаме со добра заднина. Нашето општество е против нас, а ние го сакаме За нас. Нашето општество сме НИЕ, а ние сакаме...“

„They asked us if we were happy. We said - WE DON'T KNOW. Took us by the hand, and up we go“

No comments:

Post a Comment