Monday, May 2, 2011

Избори 2012

(By Marsovka, 050/015)
КРАЈОТ НА СВЕТОТ СТИГА ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ! – на сите медиуми веќе има за тоа, на 21 декември завршува Мајанскиот календар, откриен е огромен астероид кој оди на кај земјата и ќе удри за неколку месеци.

Три дена пред крајот на светот :

Русија :
Масовни пијанчења, се пријавуваат илјадници случаи со труење од алхохол и лоша вотка.

Америка :
Оргии, предозирања со хероин и платинести холивудски курви се прикажува онлајн некое ТВ шоу - “Дочек на крајот на светот“ каде Парис Хилтон е нивната водителка и организаторка.

Европа :
Европејците седат во Брисел и измислуваат нови регулативи за тоа дали треба или не треба да има крива крставица за дочек на крајот на светот.

Ориент :
Се убиваат луѓе јавно, се воведува шеријат таму каде што не е воведен и сите се убедени дека после судниот ден ќе ги чекаат 72 девици.

Германија :
Дет метал журка која трае веќе неколку дена и која се планира да се изведува се до крајот на светот. Проследена со оргии, гладијаторски борби и конечно воскреснува кај нив освојувачот…

Јапонија :
Секс со играчки јавно на улица, насекаде се нудат играчки за секс дури и оние што се за деца.
Организираат јавен настан каде се одбираат најнови первезии Live on TV …




Македонија :
Атмосферата е напната, наоколу плакати. Ја слушаш водителката: “На судниот ден ќе објават резултатите од изборите, до сега водат Сдсм во неколку општини…Поради техничката неможност прегласувањето ќе се изврши под итно и ќе се оди од куќа до ќуќа за да се повикаат локалните жители да гласаат таму каде што ќе има прегласување.“
И толку за изборите 2012, организирани по повод крајот на светот. Следно на програмата Б.Ц. е фатен како има секс со малолетничка, неговата партија објави дека објавените слики се фотомонтажаа и дека очекуваат илјадници луѓе да дојдат на митингот по повод нивната победа на изборите кој е закажан само неколку часа пред крајот на светот. Нашата дописничка е на терен : – “Да, како што гледате веќе пристигнуваат илјадници Сдсм подржувачи со транспаренти ние го победивме Вмро на судниот ден. Иако има уште 48 часа пред почетокот на митингот кој се смета дека ќе биде последниот и најдолгиот митинг во Република Македонија, сепак уште пред неколку дена почнаа да доаѓаат автобуси од секој дел од државата. Еве еден нивен симпатизер да видиме што има да каже...“

И така драги мои…

No comments:

Post a Comment