(By The Marked One, 062/017)
Понекогаш си се чудам на самиот себеси.
Како на лента си го прегледувам животот...
Си ги проценувам постапките.
Се прашувам...
Дали сум толку пореметен колку што ми трубеа дека сум?
Добро ли е тоа?
Не барам одобрување, се прашувам себеси, се разбира, туѓо мислење во врска со мене...мало морген.
Но тогаш...ако сум толку self-centered, дали и самиот непријател се наоѓа во мене?
Се прашувам, дали некој размислува за нивниот arch-rival?
Дали некогаш некој се запрашува, кого јас треба да надминам?
Попусто, сеуште го чекаат симболот на нивната вера, чекаат авторитет кој ќе им укаже на грешките.
Каква трагедија!
Кој е тој толку дрзок кој се осмелува да суди!
Зарем не гледате, зарем толку се милозвучни нивните лаги?!
Не верувај, проверувај!
Проклети нека се нивните ветувања!
Не ги чекај тие богови, тие ќе ти донесат пранги!
Ќе бидеш окован а тие ќе се гостат на твоја сметка ,од твојата утроба!
Отфрли се што те влече удолу, уништи ги сите препреки!
Никогаш не застанувај!
Ќе ти понудат помош, можеби и алат и оружје, цел арсенал ќе имаш на располагање.
Одмини ги и плукај врз нивните глупештини, Манифести на Глупоста!
Не обожувај!
Ни животно ни човек!
Урни ги темелите на храмот во кој чмаеш!
Никогаш слуга!
Знај, робовите ќе служат, ретко кој ќе се издигне од правта, не дозволувај слепиот да те подведе, тој не го знае патот, тој не ја видел светлината.
Издигни се над простите.
Тие не вредат, царството божјо не припаѓа на таквите.
Адот е полн со котли, во нив вријат глупаци.
Значи сега сфаќаш, колку е безвредно се околу тебе.
Не води ги тие битки, оти ќе загубите и двајцата.
Твојот непријател се крие на друго место.
Тој не е ниту во замок ниту во колиба.
Тој е внатре, тој те јаде и вистина ќе ја консумира твојата совест, доколку ти му дозволиш.
Постои само една битка и таа е вечна, но во моментот кога ќе загубиш, засекогаш ќе паѓаш во бездната.
Победи!
No comments:
Post a Comment