Friday, May 13, 2011

Четиво

(By The Priest, 057/016)
Hello my friends, we meet again. It's been a-while, where should we begin? 

Добро, од кај да почнеме? Сигурно нема од „неделните случувања“. Не сме „некоја емисија на кратовска селска телевизија“. Ќе почнеме од пристрасни, реални коментари.
Епа, кога не се ценеа оние „посаглам“, тогаш, вака нека биде. 

На почетокот беше зборот. Зборот „кретен“.
Ако се водиме според таа теорија, тогаш, се што почнало, секој никулец на секоја цивилизација се наоѓа во Македонија. 
Кретен е убав збор. Не би требало да е навредлив за никого, оти важи за секого. Во Македонија, секој може да биде магистер на науки, експерт, политичар, кретен. Посебно кретен.

Замислете, што ќе беше доколку се даваа субвенции за кретенизација на народот? Мислите, ќе беше доволна Народна банка за да исплати секаква кретенштина во државава? Ќе имаше проблеми, гарантирам. Не сум економски експерт за да предвидам што значи, ама дефинитивно тој настан ќе го има во “македонската историја“ после...триесетина години. Каква историја? Нема да ВИ се верува дека се насмеав додека го пишував делот за историјата. Македонска? Хех ...

(3 минути подоцна)

До кај бевме? Менував некои песни на Винамп што беа заглавиле, па ми избега мислата. Само, немојте да ме поистоветувате со „македонштина“. Сеуште се држам, сполај му на Горнион. И не, не зборувам за нашиот премиер Никола. 
Упс, грешка. Прекршив неколку заповеди. Со самото тоа што напразно го изговорив името негово. Нека се свети името твое (перфектна идеја за реклама на ЕВН крвопијците и струјодарителите).

Bobby's alright.
Полициска држава! Полициска држава!
Па ќе биде бре, ќе биде! Ај нека се жали некое стадо овци на „волчја падина“ да ги видам. Не жалете се, падинава не е ваша. Или е?




Мед и Ум.
Медиум.
Кој ли Ве лоботомира бре браќа? Кој? 

Што има телевизорите да Ви кажат што да јадете? Погледнете околу себе, нема ништо на трпезата. Побрзајте, мислам на радио слушнав дека статуите од милиони евра се чоколадни. Ама не кажувајте на секого. Грицкајте и уживајте. Нека не Ве знае секој. 

All the way.

Зашто така? 
Има ли некој во државава што гледа реално на работите? Има ли некој што има повеќе од 100 денари свој буџет а не ги здобил парите со непотизам или партиска книшка?

Marooned...
Не можете да добиете интелегенција, ама можете да добиете диплома. Си мислам, до каде стигна целата ситуација со народот наш „патриотски“. Преку студентите до месечина, нормално. Пред некој ден ги гледав, се смеев малку. Сакале да учат господата без три чисти. Што рече еден човек паметен, заборавив како се вика. Да протестираат професори, а против нив да има протест - реплика (?!), е тоа не го може ни на Монти Пајтон. Стварно бе, каде живееме ние?

(после 12 секунди)

Се прашував како да го вметнам исказот дека секој што вреди во државава треба да ја напушти во најбрз можен рок.
Ако не го направите тоа, сте:
- идиот
- навистина немате опција да го направите тоа
- имате членска книшка од ДПМНЕ, што значи сте од првата цртичка.

Пристрасно зборувам? Вие пристрасно го дишите воздухот, Ви замери некој? 

Си седам јас така, глупости си пишам, колку да ме врати на политичките води. Немам ни алкохол, ниту сакам да се напијам. Едно кафе добро би ми дошло. Оти, секоја приказна што има враќање е досадна на почеток. Ако се сеќавате, и Мајкл Џордан немаше некое „шоуастично“ враќање. Ниту Мајкл Шумахер.
Јас не сум Мајкл, ама се вратив. Да ги соберам „рибите“, да ги тргнам од поморот. Секој што ме слуша, ќе седи десно од мене, во имагинацијата наречена „што било, па и Утопија, само не Македонија“.

За крај, не очекувајте поента. Имате неколку пребркани редови, кои не морате да ги прочитате. Јас, направив тоа што морав. Вие, направете го тоа што морате. 
Јас се надевам дека кретенизацијата не важи толку широко, толку опсежна не е. 
Немојте да ме натерате пак да се откажам од Вас. Заради Вас.

На почетокот беше транзицијата. Само кај нас, сеуште сме библиски поврзани за истата.
May I say ...

No comments:

Post a Comment