Monday, May 2, 2011

Еден маж и една жена

(By Roger Mortis, 048/015)
Жан секојдневно нестрпливо гледаше кон реката. Се надеваше дека баш во тој момент ќе пристигне таа. Неговата една и единствена. Го знаеше секој детал од брегот, секоја сенка во пристаништето, во мозокот му беше врежан отсјајот на сонцето во водата, секој глас за доаѓањето на брод му беше пријател...
И сите го знаеја него лудиот Жан, оној кому надежта ми го испила умот, целта за потсмев на морнарите кои се празнеа во локалните проститутки и иритација за вечните циници.
Секојдневно висеше на пристаништето како инвентар за закотвување на надежта, немаше никакви информации ни за неа ни за своите деца, неизвесноста секој ден му откинуваше по парче илузија дека среќата сепак не го напуштила и можеби сепак...има некоја шанса да се сретне повторно...со својата Изабел...

Често беше цел на кадардни и некадарни советодавци, повикани и неповикани гости на неговата совест кои папагалски повторуваа да ја заборави неа, да ги прежали децата и да се ожени повторно. Низ сите тие години убедија секого дека се во право. Освен него.

Од другата страна на Амазон беше Изабел. Четири илјади и осумстотини километри далеку од Жан, некогашната убавица низ чии вени течеше крвта на конквистадорите но и онаа на Кечуа индиосите, мешавина која не трпи неуспех, образувана и свесна за светот околу себе.
И таа го чекаше Жан за кого се омажи премногу млада, навидум неискусна...по своја желба и на неизмерна радост на Жан, петнаесет години постариот картограф дојден од Франција за да го мери обемот на екваторот и да и даде конечна димензија на нашава планета, во експедицијата на Ле Кондамин.
И таа секојдневно очекуваше новости и нејзе тагата и даваше тежок израз во очите, го знаеше секој детал од брегот, секоја сенка во пристаништето, во мозокот и беше врежан отсјајот на сонцето во водата, секој глас за доаѓањето на брод и беше пријател...

Помина осум години со него пред тој да реши да заминат за Франција...после смртта на нивната ќерка од вообичаените тропски болести сепак реши да одат. Но сега тој одби да ја поведе со себе. Ги знаеше ризиците на експедицијата, ја убеди да остане и да ги гледа децата, ионака нема да пројдат повеќе од неколку месеци...
Ако само беше свесен колку ќе се оддолжат тие неколку месеци...
А беше во право, скоро половината од експедцијата остана да гние во амазонските мочуришта, данок на откривањето и трасирањето нови патишта...the forgotten heroes of a forgotten war...

Сепак стигна на целта на брегот на Атлантикот, со груби мапи кои ги состави сам. Сега само требаше да прати порака до неа да дојде. Тоа и го направи. Писмото не стигна никогаш, се загуби во проклетството на човечката лудост и садистичките игри на случајноста. Шпанија и Португалија ја затворија областа за Французите, на пат кон уште една војна за глодање на Јужна Америка.
Патот се затвори. Немаше напред, немаше назад. Како да не беше доволна цела Амазонија сега ди делеа и локалните манијаци жедни за крв и злато.

Иднината не фати чекор со сегашноста...барем за Жан и Изабел...




Потребен беше заобиколен пат...Жан тргна низ бирократскиот лавиринт кој беше еднакво гаден како и амазонскиот. Пишуваше, молеше, бараше премин низ шпанско-португалските територии. Се обиде да ги совлада препреките, цинизмот, неразбирањето, отвореното непријателство...месеците се сменуваа во години. Жан реши дека е доста и дека е време да ја земе судбината во свои раце. Му помогна Ла Кондамин, неговиот ментор кој успеа да искористи некои негови лични врски со локалните португалски моќници.
Една работа не му оставаше мир на Жан...знаеше дека португалците се свесни за неговиот став кон нив, за кореспонденцијата во која ги обвинуваше за нивните колежи врз домородците...сомнежот полека му прерасна во параноја. Дали заборавиле?

Иако му гарантираа и Ла Кондамин и локалниот гувернер дека се е во ред...дури и му обезбедија брод за да стигне до Риобамба, до Изабел. После толку години невољи и апатија тој гледаше замка и таму каде судбината не намераваше да му постави. Се качи на бродот и тргна...секој шепот на морнарите му делуваше како завера и намера да го фрлат на пираните. Една вечер се симна од бродот во Ојапок, некакво гратче заборавено од сите па и од лудите богови на Кечуа индиосите.
Бродот продолжи и без него стигна до некое одредиште кое не беше Риобамба, по воља на капетанот. А до Изабел стигнаа гласини за некаков брод на кој се наоѓа тој, на неколку стотици километри од неа. Тие гласини и без доволни да тргне низ џунглата иако без никакво познавање на опасностите и покрај предупредувањата дека оди во сигурна смрт. Оние кои ја убедуваа беа упорни и ги убедија сите.
Освен неа.

Малата аматерска експедиција набрзина составена и финансирана од неа беше однапред осудена на пропаст. Никој не го преживеа патот сите завршија како што претскажуваа локалните циници, изигрувајќи птици злослутници во вечен страв да не бидат побиени. Маларијата и мочуриштето го сторија своето. Крајот на патот на една љубов.

Освен за Изабел.
Сама, полулуда од страв, разјадена од инсекти и очај, таа продолжи. Како нејзините претци кои одеа да го пронајдат Ел Дорадо и оставаа коски во некоја зафрлена јама, сонувајќи за градот од злато одеше и таа. Со магловитиот инстинкт наследен од нејзината друга страна, индијанската, таа го бараше својот Ел Дорадо. А тој беше некаков си Жан Годен, човек од крв и месо за кого не беше сигурна ни дали е жив.

На 22 Јули 1770 таа здогледа некоја населба. Со последен напор на вољата се довлечка до првите куќи на...Ојапок! Истото место до каде што стигна и Жан.
Конечно беа заедно...

За многу работи не може да се даде никакво рационално објаснување. Ова е еден од тие случаи. Два духа непробојни под жестоките удари на судбината.
Безначајна епизода од историјата на Јужна Америка, фуснота во наводните големи игри и настани.

Или нешто сосема друго...

No comments:

Post a Comment