Saturday, May 14, 2011

Писмо до вашите родители

(By The Marked One, 060/017)
Една работа, сакам да прашам нешто што ме мачи, а е многу битно.
Барем за мене, очигледно е дека многумина оваа работа ја земаат здраво за готово.
Имено, родителствување. Да клецнеш и од твојата авантура да излезе рожба.
Добро...сите го можеме тоа, скоро сите де...но што понатаму?

Кои се сите обврски на родителот према своето дете?
Кои се сите обврски на детето?
Што да прави?
Кога да прави?
Како да прави?
Зошто да прави?
Каде да прави?
Со кого да прави?

И така натаму. Чисто колку да се воспостави контрола, вашето дете можеби и во овој момент рола џоинт!
Внимавајте, можеби вашата ќерка има дечко со долга коса, или пак којзнае какви се не други ужасии се натежнати врз светата душа на вашето дете...
Вашето дете е светост, која вие морате да ја чувате како капка вода, се разбира дека не смееме да им дозволиме на нашите деца да страдаат.
Ние сме должни на новата генерација да им пружиме што е можно побезболен влез во светот на возрасните.
Се разбира, сите оние кои се согласувате со ова погоре, сте тотални диздибидуси, имате интелигенција на шкопени камили и треба да бидете заклучени во дрвен сеф и спалени на Бадник.



За несреќа и мојот пат ме доведе натаму, низ трњето догми.
Гадна работа. Ме торпедираа со доктрини и лаги, ми го затвораа носот и во уста ми бутаа полна лажица гомна.
Никогаш не ја отворив устата и гомната паднаа пред моите стапала, каде што им е местото.
Среќен сум што не сум единствен, мака ми е што сме малкумина.
Понекогаш дури се прашував дали е само миризбата...дали можеби нивните гомна се вкусни, дали лоботомијата е лекот.

Слобода...не фала, имам!
Не ми треба вашата so-called демократија господа!
Стуткајте си ја хипокризијата и набутајте си ја во `гз, затоа што од таму дојде.
Време е глупоста да се сретне со својот создател и заедно да се вивнат во пламен.
Родители, бидете радосни што вашите деца не се уште еден коњ во стадото.
Радувајте се на нивниот критички настроен ум, на нивната Волја за слобода.
Радувајте се затоа што вашите деца не потклекнаа под обидите на нивните учители да ги претворат во трутови и гордејте се на отпорот кој го пружаат према лажните авторитети.
Светот на ваквите треба да остане, оти во спротива, паднавме во бездна...

No comments:

Post a Comment