Monday, May 2, 2011

Мрзицизам

(By The Priest, 049/015)
Од кај потекнува таа сеопшта, красно-гнасна особина на човекот?
Не знам!

Не знам. Колку убав збор за тргање на секаква мака од себе си. Што викаат Англичаните - „да имаш мајмун на грбот“. Од каде мајмуни во Англија?
Знам!

Оти тие беа прекрасни и добри луѓе, сакаа да му помогнат на светот, со тоа што ќе го ... поробат! да најеројатно, додека некој „избркоен“ британски капетан марширал низ густите дрвенести предели на југозападна и јужна Азија, на грб му се приготвил некој мајмунолик мајмун. Ете ти проблеми. Кога веќе луѓето им попуштаат, животните прават проблеми.
Крај краева, што е тоа „мајмун“? Боб Дилан арно посочи: - „Зошто баш ние да им даваме имиња на животните?!“ Арно посочи, ама само на тоа и ќе остане. Кога го имаме Фејсбукo'.

Решение за сите проблеми, освен за главоболката! Зошто?



Ако размислуваш, може да те „поболи“ малку главата. Ако си на Фејсбук, како тоа размислуваш? Интересно, нели?
Многу прашалници, ми го изгрдеа текстот, во кој сакав да прашам од кај доаѓа мрзата.
Замислете, тоа да е некоја болест, некоја настинка, па те дрма одвреме-навреме. Добро де, многу често, плус на тоа и епидемија е прогласена од диносаурусите навака. Ама што е тоа? Зошто, како, кога?

А толку општа и силна работа е мрзата.

Каква љубов, каква омраза. Мрзата е главен двигател на светот.
Затоа на почетокот беше зборот. Да не Го мрзело, ќе растоварал вреќи во стовариште, немало да шири демагогии на празна вселена. Нели?

Ме мрзи да мрзицирам понатаму. И онака попара е цел текст...

No comments:

Post a Comment