Се чувствувам...неинтелигентно. И знам точно каде да го насочам прстот.
Не, не се чувствувам виновен.
Бидејќи НЕ сум. Во ниеден момент не сторив нешто што ја повреди мојата трансцедентност.
Во ниеден момент не направив грешен чекор, а сепак, ете се губам!
Пливам во проклет океан на медиокритетот.
Мизерија во водухот.
Се чувствувам намалено.
Безвредно...
Постигнав многу! Премногу, и можам да докажам!
Но не сакам, бидејќи сфатив дека не вреди да се докажуваш.
Од секаде летаат навреди и ме следи исмевање, но јас сфатив.
Во секој миг си ја повторувам вистината.
Од секаде летаат навреди и ме следи исмевање, но јас сфатив.
Во секој миг си ја повторувам вистината.
Знаеш дека сакаат да те сопнат идиоту. Тоа е нивна задача.
Лежат на земјата и љубоморат на секој кој чекори високо над нив.
Но тие не вредат. Тие никогаш нема да го видат она што го видов јас.
Не оти не се кадарни, туку затоа што не ја чувствуваат потребата.
Но ни тие самите не се виновни, како и коњите, и тие се од секаде врзани, и усмерени да гледаат само право.
Коњот е роб, тој е биомашина која ја врши работата.
Истото го гледам и кај луѓето.
Тие не чувствуваат. Тие се робови на сопствената мрза, на сопствениот неразум.
Жртви на догми, со испрани мозоци лежат во калта како свињи!
Зарем навистина треба да ги вреднувам?
Истото го гледам и кај луѓето.
Тие не чувствуваат. Тие се робови на сопствената мрза, на сопствениот неразум.
Жртви на догми, со испрани мозоци лежат во калта како свињи!
Зарем навистина треба да ги вреднувам?
Не, никогаш нема да се спуштам во калта, туку надмено ќе ги газам додека се гушат во сопствените лајна, секој според своето!
Можеби звучам надмено, полн со гордост, арогантно.
Но ви велам, јас пројдов многу за да ја акумулирам мојата ароганција.
Јас дадов многу за да добијам причини за да бидам горд.
Горд сум на себеси, затоа што не сум уште еден од оние кои робуваат на медиумите.
Доволно сум горд за да ме наречете арогантен.
Арогантен и сум, но јас имам причини да имам.
Вие немате.
No comments:
Post a Comment