Monday, May 30, 2011

Independence day

(By Roger Mortis, 066/018)
Зависност и независност.
Од системот. Таков каков што е, а не таков за каков го декларираат надлежните служби. Се она кое што морате да го направите и го правите за да системот ви ја дарува привилегијата (а не правото) на живот.
Биолошки живот.
Другите квалитети од кои тој се состои...па...треба да платите за таа привилегија да сте среќни. Или барем за илузијата.
Цитат од „Trainspotting“ и поентата сама се наметнува.

Choose life. 
Choose a job. 
Choose a career. 
Choose a family. 
Choose a fucking big television. 
Choose washing machines, cars, compact disc players, and electrical tin can openers. 
Choose good health, low cholesterol and dental insurance. 
Choose fixed-interest mortgage repayments. 
Choose a starter home. 
Choose your friends. 
Choose leisure wear and matching luggage. 
Choose a three piece suite on hire purchase in a range of fucking fabrics. 
Choose DIY and wondering who the fuck you are on a Sunday morning. 
Choose sitting on that couch watching mind-numbing spirit-crushing game shows, stuffing fucking junk food into your mouth. 
Choose rotting away at the end of it all, pissing your last in a miserable home, nothing more than an embarrassment to the selfish, fucked-up brats you have spawned to replace yourself. 
Choose your future. 
Choose „life“...

But why would I want to do a thing like that? 
I chose not to choose „life“ : I chose something else. And the reasons? 

Причините? Повелете...

Животот се состои пред се од време. Може да се дефинира преку време и квалитативно и квантитативно. Без некои длабоки филозофии, барем за почеток. Времето е основна категорија и во квалитетот и исполнетоста на животот на поединецот. Човекот добива премалку или ништо за огромниот влог кој го става во рацете на коцкарот наречен Систем, а преку неговите брокери и локални комарџии - политичари, бирократи, паразити, работодавци...доколку не припаѓа во наведените категории, а и ако припаѓа и ако е во подолните ешалони на таа пирамида...ќе добие анална апликација на Ква-Зулу пенис.
Го вложува животот а добива - фекалии !


Никој не ме прашал дали сакам да сум дел од сиот овој лицемерен, злосторнички, крвав систем во кој однапред сум осуден на плаќање деривативи за се. Буквално се.
Well...No more.
Ya Basta, agueros de culo.

Слободата можеби е само можност да се располага со времето од кое се состои животот во што поголема и посеопфатна мерка. Ако сакате, може и да се измери, да се утврди некаква единица-мерка за слобода која би гласела “Колку од даден временски период поединецот троши на работи кои ги прави по свој избор, по своја воља и за свое задоволство“.
Веројатно со силината на интензитетот на употреба на изрази како “морам“...би се насетило во која мера човек е слободен и колку. Морам ова, морам она, морам да станам во толку часот, морам да легнам во толку, морам да одам на работа, морам да пополнам документи, да висам по шалтери, да тинтрам нечие его, морам да го трпам овој, оној, онаа...бидејќи ми зависи ова и тоа и она и се и ништо...морам, морам, морам...и така секој  божји ден, од колевка до гроб.

Не зборуваме за доброволна, по свој избор интеракција и соработка со луѓе. Туку за наметната и присилна, онаква која одзема и време и нерви и средства...а се добива дозвола за да поединецот биде - злоупотребен...или ако не ве плаши застарениот израз...Роб !
Ако тоа се примени на денешнава живеачка резултатите би биле поразителни. Колку од животот имаме за себе а колку системот?

Имањето доволно средства кои поединецот го ставаат надвор од вечната трка за “опстанок“, од сите условувања и уцени со кои системот се користи... е секако услов кој непобитно мора да се исполни. Секако дека 100% независност е тешко возможна, но постепено намалување на зависноста не само што е можно туку е на дофат. Секому. Ако нешто е добро во оваа 2011-та anno domini тоа се некои технички можности кои никогаш не биле толку достапни. Би се изненадиле да знаете колку малку е потребно за независен живот од социјалниот и психолошки притисок.

За енергетската, социјална, политичка, емоционална, духовна и интелектуална независност.
It only takes a ridiculous fraction of the time it takes to serve the system. And the stake at bet isn`t your soul or life or sanity. 

It`s fun actually. Imagine that...if you dare...

No comments:

Post a Comment