Saturday, May 7, 2011

Слобода? Не, благодарам !

(By The Marked One, 055/016)
Денес потребите на човека не се многу поголеми од минатото. Всушност, квантитетот удри само во поглед на населението.
Што се смени?
Се сменивме ли ние?
Квалитетот?
Но што е квалитет?
Не ли се и тоа стандарди пишани од некого, некаде?
Можеме ли да судиме?!
Подобро не.

А што правиме?
24 часа исполнуваме!
24 часа ветуваме!
24 часа усеруваме!
24 часа легализираме!
Што се не легализиравме...од дивоградби до педофили. Во последно време ја допуштаме и глупоста.
Ја легализираме дебилизацијата.
Можеби лошо се изразив. Не ја допуштаме глупоста. Ја форсираме.
Ништо лошо нели?

Се додека човекот е машина која не размислува за себе.
Склопени, стиснати еден до друг како запчаници во часовник, извади еден и целата структура е во тотален застој.
Не постои индивидуалност. Не се работи на себеси.
Се што се прави е се продава душата за корка леб.
Кур ми е - двор ми е. Гзот чаршија.


Да не не? Случајно да не не живееме за да ни го закопаат во чмар?
И убаво ни е. Ни личи на паметот .Оти така ни кажаа на времето.
Толку си можеме, толку си знаеме, до толку ќе ни навлезе.
Штета што само фекалните отвори ни ги пенетрираат. Камо ли нешто да пробие низ тоа черепите.

Да се прочита, да се сфати, да се разбере. Не!...мора да се критикува.
Се што е различно, се што е подалеку од нашиот нос.
Страв да не ни се смее народот, оти така ни е кажано во минатото, нели?!
КОЊИ!
Како коњи гледаат само напред, оти така рекол газдата!
Трчај Дорчо, оти инаку нема слама. Трчај Дорчо или ќе останеш гладен.
И навистина, ќе останеш гладен и осамен, ќе те фрлат на студот и ќе ти се потсмеваат.
Некои ќе те сожалуваат некои ќе те навредуваат.
Некои ќе се нудат да ти помогнат.
НЕ!

Не ми треба вашето лицемерие, душегрижници. Не ми треба вашето сожалување.
Бидејќи јас сум над вас.
Јас дадов многу за да ги видам скалилата нагоре, и сега кога конечно можам да ги опипам, мислите дека ќе ви пружам рака за да се качите и вие или пак да ме симнете повторно долу?
Мало морген, на орелот не му е местото меѓу свињите.

Но јас не сум тука за да судам. Не сум ни тука за да ви помогнам, ниту пак да ви објаснувам.
Јас само минувам, а вие сакате плукајте, сакате следете, или пак најдобро од се, своја скала изградете.

No comments:

Post a Comment