Saturday, May 7, 2011

Кафеавото јаболко не е доволно скапано

(By The Priest, 053/015)
Колку е само добро човек да помине 3-4 дена надвор од цивилизација. Се осеќаш опуштено, мирно, можеби напати изморено, ама крај краева - се чувствуваш како човек. Не знаеш колку бомби паднаа кај Триполи, колку земјотреси ја оптегнаа Јапонија, колку снег заврна во Полска. За ништо не те боли...

Но, доаѓа време кога треба да се соочиш со трулоста на цивилизацијата, со сите непотребни работи и информации кои ти се фрлаат во лице само што ќе го вдишеш првиот токсичен воздух во големиот скапан град. 

-Слушна за ова? Слушна за она? Како го коментираш? Од кај знаеш пак ти?

Луѓето се премногу паметни што своето знаење во секоја прилика сакаат да го зациментираат сонова филозофија која доаѓа од ЗЕН просториите на Сител, БИБИСИ, СИЕНЕН, или уште некоја просветителска ТВ штала. Знаете, на голем дел од населението кое и тежи на мајката Земја се храни од информациите кои им ги читаат целодневно и секојдневно. Знаете, тие воопшто не сфаќаат дека... веќе не се луѓе.

Јас пак, порано си викав да се замарам со нив... да им објаснам како одат работите, дека не е се' така како што ќе им кажат на телевизија. Но, најверојатно сум задоцнил. Со... векови можеби.

Ако не е телевизијата денешна, беше нешто друго. Побогу, 90 проценти од нашите „стари“ не знаат кој е Стенли Кјубрик, но... плачеле на индиските филмови со срцеперателна содржина некаде во 80тите години. 
А ние... на кои не им е до смеење, се прашуваме: Како ли дојде до оваа ситуација?

Имено... јас не сакам да окривам никого. Само сакам да се донесе закон за бесење на простата неписмена багра наоколу. 

Старите се очајни, помладите се раководат по нивни изреки, неродените играат лотарија (дали да се родат ове или во Танзанија; тежок избор јеботе). 
А ние, венееме млади. Како што спомнав во една претходна статија, магарињата секогаш ќе бидат магариња.




Но, многу се лоши кога јадат трње, кога мислат дека се... (недај Боже) коњи...

-Слушна бе, Осама Бин Ладен го отепаа!
- Аха... а кој беше тој?
- Па, од Алкаеда море, тој најакиот терорист...
- Аха... од кај знаеш?
- Па на Телевизија беше цело време. Абе амаан бе...


Знаете, подобро нашиот трул компшија да не чита и не слуша ништо, него да го следи „јавното образование“. Оти, вака... само не тераат да се повлечеме, да заминеме, да заборавиме... Ние, што знаеме нешто повеќе, нешто трето...

Заради неписменоста на трулежот овде наречен секојдневен човек пропаѓа се'. 
Никогаш ништо нема да се смени, никогаш ништо нема да биде поарно, додека постојат изреки и филозофии на нашите баби и дедовци“, додека нивните синови и ќерки си ја хранат душата со турски серии, додека нивните внуци и внуки го прават сето тоа комбинирано, а згора на тоа се наоѓа и алкохолизам и наркоманија, ќе си тера возот натоварен, да не можеш ни во ходник да стоиш, додека некои неартикулисани млади девојки за да заштедат 50 денари се туркаат и пикуваат во изгужваниот вагон, иако претходно биле направиле фризури од 1200 денари кај локалниот фризер.

Да дечки. Лоботомија. Неартикулисаност. Неписменост. Мрзливост и завист.
Основните темели на нашето секојдневие.
Јаболкото уште треба да скапува.
За на крај...
Да го изедеме!

No comments:

Post a Comment