Saturday, April 25, 2015

Мувла

(By Roger Mortis, 164/044)
Вратата зашкрипе и таа влезе.
Нaшиот јунак не очекуваше дека таа ќе ја прифати поканата, но што е животот без понекое изненадување? Му беше мило што ќе има секс без особен труд. Затварајќи ја вратата погледот му скршна кон нејзините цицки кои под дејство на гравитацијата висеа беспомошно. Но тоа траеше кратко бидејќи таа, затворајќи ја силно вратата низ која влезе - одрони парче од ѕидот нагризен од влага.

Просторијата беше мемлива и просто бликаше сензуалност. Ја покани да седне на столчето од кое пред тоа несмасно ги тргна скинатите чорапи кои пред тоа ги крпеше.

Таа седна, затресувајќи го задникот одамна сатуриран со целулит. Почна да ја допира по нозете кои наликуваа на географска карта со сите тие раширени вени и испукани капилари...
Се напали! Или барем се присилуваше себе си да верува во тоа. Велат дека моќта на сугестијата била бескрајна.


Почна да се слекува ослободувајќи го мевот кој скоро и да не му дозволуваше да го види својот пенис. Му беше непријатно бидејќи бојлерот беше расипан уште пред да го отпуштат од работа така што туширањето не беше опција.
Сомителен мирис ги исполни ноздрите на госпоѓицата. Настапи кризен момент, гробна тишина која мораше да биде некако прекината... Извади шише ракија и ја понуди, да се опушти.
После гримасата која ја направи, таа се реши да ја испие ракијата на екс и да си тури уште една чашка.

Не помина многу време и таа спонтано почна да се соблекува. Типот стоеше настрана и си го дрвеше. Во настап на шмекерско лудило реши да и ги скине гаќичките како што тоа го беше видел во некој порно филм. И го направи тоа.
И смрдеата на расипано сирење во кое биле чувани сардини почна да еманира од нејзиното меѓуножје како пандан на бојниот отров кој излезе од неговите гаќи.

`Ќе те ебам`...заводнички процеди типот низ двата заба кои му недостигаа.
`Шо е бе, да не мислиш дека сум курвиште?` изјави таа со флертувачки сјај во стакленото око.
`Сега ќе те искинам од ебење мори, има да го видиш Стамбол...`

Полицијата утрото најде два леша во задоволна прегратка и со блажен израз на лицето, првичниот наод на вештакот беше дека се работи за задушување.

Ѓаволската пруга

(By Roger Mortis, 163/043)
Во долгата и неславна историја на експлоатацијата и во аналите на градежната мегаломанија, (феномен познат како `Бели слонови` поради нивната бескорисност) - посебно се издвојува Трансамазонската железница во сета своја бесмисла и трагдија.

Однапред осудена на пропаст, проколнатиот проект познат и како пруга Мадеира-Маморе  требало да ја донесе цивилизацијата во срцето на Амазон. Шанси за успех на овој проект постоеле само во главите на политичарите и на ниедно друго место.
Извонредно тешка област за изведување на градежни операции, на почетокот на 20.век, без никаква инфраструктура, непријателски настроени племиња, инсекти, болештини, јагуари и анаконди кои вребаат наоколу. Секако, кога постојат доволно сиромаси кои не пребираат многу за работа и не е проблем. `Џабе работи, џабе не седи`, рекол нивниот балкански пандан. Џабе цркни од маларија во случајов.


366 километри пруга која станала позната под името Ѓаволската пруга, чинела 5 години изградба и 13.000 животи на работници.
Се вели дека до секој дрвен праг врз кои се положени шините е закопан по еден човек. Градбата која предизвикала толку страдања на луѓе кои ионака немале никогаш среќа во животот, немала можност да успее да воспостави сообраќај. Амазонија се покажала посилна од прогресот, така фино извезен на Бразилското знаме и вегетацијата и влагата ја проголтале проклетата пруга, заедно со станиците, резервоарите, локомотивите....краци кои не водат никаде, станици на кои никој не се качува, локомотиви кои не испуштаат чад, мостови по кои не поминува надежта, илјадници гробови на кои нема имиња.


Останал само еден мал дел од пругата кој можел да се одржува и да се чисти од вегетација. Останатото било заборавено како и многу други проекти каде влогот се` нечии туѓи судбини и животи...

Како што некој со доза на морбидна резигнираност приметил, причината поради која се градела пругата било тоа што на `оној свет` имало недостаток од напатени човечки души па затоа овоземските демони се решиле да ја пополнат квотата...

Возот кој треба да ја покори Амазонија сеуште не е тргнат.

Friday, April 24, 2015

HUNZA virus outbreak !

(By Roger Mortis, 162/042)
WARNING !

No one is permitted to enter or leave this area without permission of the local health authority.

Due to HUNZA virus outbreak anyone found to violate this regulations will be arrested and put in quarantine custody !

Center for Desease Control general instructions :

People affected by the HUNZA virus tend to show one or more specific symptoms :
- will work for 200 dollars per month,
- will try to kiss ass for the abovementioned amount of wages,
- will lick clean the inside of a rectum for a sandwich,
- will suffer delusions of grandeur,
- will appear confused and generaly extatic if given a free bus pass on Friday,
- will not absolutely ever confront any authority at any cost whatsoever,
- will never ask why if molested,
- will show general downfall in intelligence and literacy.


Because of many rumors as to the cause of the epidemic, some have reported widespread panic in large urban areas.
Preliminary reports show 1991 as the year of the emergence of Patient Zero.
Antiviral medicine is still not available. Prevention and isolation are still most favorable precautions.

Стариот Мачор

(By Roger Mortis, 161/041)
Стариот мачор, излитен, ќор и сакат реши да си подлегне малку под стреата на болницата. Мирисите на урбаната џунгла на кои беше навикнат беа поинакви овој пат.
Нешто недефинирано како да висеше во воздухот, нешто непрепознатливо за доменот на мачешкиот ум но сосема конкретно за неговиот инстинкт.
Кој му кажуваше да бега, да трча некаде надвор од градот на паднатите ангели, исфрлени од неонскиот рај со декрет на власта.

Тоа и би го направил ако беше млад и силен, во времето кога беше страв и трепет за локалните ривали, татко на десетици мачиња.

Но не беше повеќе ништо... и се` што можеше е да најде суво место и да си прилегне.
Подлижувајќи си ги шепите, наглув каков што си беше не придаде особено значење на жестокиот звук, звук од приближувањето на ударниот бран на сто килотонската бомба која тукушто експлодира над градот.


И да знаеше за што се работи ќе беше доцна. Никогаш не ги сакаше луѓето кои му ја газеа опашката и го удираа со камења кога ровареше низ кантите за ѓубре. Како ѓубрето да имаше којзнае каква вредност за луѓето... И подобро што беше ограничен во мачешкиот опсег на перцепција, барем немаше да се ужаснува од човекот, врвот на еволуцијата, кој решил да фрли тактичка нуклеарна бомба врз членови на својот род.

На местото каде што стоеше стариот мачор остана само сенка. Сенка на мачор на ѕидот, со се` уши и опашка, феномен на радиоактивното зрачење кој го овековечи неговото присуство на Земјата. Штета што не остана никој за да го види тоа.

А мачорот си продолжи понатаму, како во прикаските на Прат - во мачешкиот рај каде што имало изобилство на врапчиња, риби, млеко... и секако глувци, убаво сортирани и свежи, на радост на заминатата мачешка душа. Неговиот израз поприми задоволна гримаса која премина преку искривената усна. Препозна неколку мачки во далечината кои не ги беше видел одамна.

Тоа не требаше да го зачуди. Бидејќи сите мачки одат во рајот.