Saturday, May 23, 2015

Прва љубав заборава нема...

(By Roger Mortis, 169/049)
Трајко беше едноставно, да речеме селско дете.
Учеше во гимназијата со градски деца и не се снаоѓаше најдобро во сета таа урбана гужва од зовриени хормони, брзорастечки гради и ненајавени ерекции.
Во селото се` беше поедноставно и примерено за селското дете, високо и снажно како само што чуварче на говеда може да биде.

Имаше симпатија...Таа не беше претерано убава, уште помалку бистра. Но имаше некаква симпатичност, привлечност во неа, која делуваше како магнет за селското дете. Трајко не знаеше како да и пристапи, никој не го беше научил како да се однесува со жени, она што го видел во селото му делуваше премногу грубо за да го примени кон неа. А и говедата кои ги чуваше не беа којзнае каков пример за заведувачки способности.
Еден убав ден, Трајко реши сепак да и пристапи. Заборави што планираше да каже и само ја праша дали ќе сака да дојде во школскиот двор час и половина откако часовите ќе завршат.

Имаше нејасен план да седнат на клупата... и толку.
После тоа не му текнуваше што би правел. Девојката се согласи, дополнително збунувајќи го Трајко кој очекуваше да биде одбиен.

И така чукна и тој час, можноста за прва интимност беше сосема блиску. Тој факт само го правеше Трајко дополнително нервозен.
Седнаа на клупата. Молчеа, таа очекувајќи дека тој прв ќе започне муабет, тој незнаејќи што да каже. По некое време дури и во спориот мозок трајков се јави непријатност поради молкот а тоа комбинирано со силната ерекција го предизвика на дејство. Ја фати за цицката.
Малку посилно отколку што е обичај.

Иако таа очекуваше нешто да се случи, сепак повеќе и одеше паметот накај обид за бакнеж. Му ја турна раката и ја сврти главата нервозно.
Трајко беше во бунило, му се чинеше дека ќе беше подобро да се врати во селото или да пропадне в земја.
Но козјнае кога ќе му се укаже ваква прилика повторно, си мислеше. Секако, поимот `мислеше` е преоптимистичка процена на неговите умствени процеси во тој миг, но не треба да се суди престрого.


Без преголеми церемонии ја фати за вагината. Таа пушти чуден звук, дотогаш нечуен од Трајко кој не можеше да декодира што значи сето тоа. Дали и е убаво? Или и причинува болка?
Повторно девојката прејде во дефанзива и грубо му ја оттурна раката.

Трајко веќе беше во транс, имено фати пичка!...она буквално, ако веќе не преносно.
И сеуште не знаејќи што да направи следно, како да постапи, Трајко рефлексно и удри силна тупаница сред лице!

Не од што беше насилник, туку што не знаеше како поинаку да постапи. Трајковите надежи за секс и нејзините надежи за фаќање дечко завршија во локва крв и со скршена носна коска. Солзите неконтролирано и капеа, што е сосема очекувано при повреда на нос. Грозниот микс на крв и слуз и течеше како од чешма по лицето.
Дури и Трајко овојпат знаеше дека заебал работа. Се изнервира на самиот себе, а како што знаеме тој гнев е најстрашен од сите. И удри уште неколку бокса, ја искрши од мавање и истрча некаде во далечината...

Трајко никогаш не се ожени и немаше деца. Последен пат бил виден на потерница од Интерпол.
Девојката денес е министерка без ресор.

Најголемиот скитник

(By Roger Mortis, 168/048)
Си бил фиљан чоек под име Роалд Амундсен.
И така си скитал по светот, шо би се рекло денеска, адреналин џанки бил. Не му одел муабетот со луѓе многу, повеќе го разбирале албатросите и пингвините. И таков каков шо го родила мајка, непрокопсан, тргнал по седумте мориња да ака, а не како сите мажи домаќини да се фати за работа, да си напраи девет деца, да си ги плати сметките на време, да посади на бавча по нешто - како шо е ред, оти утрешнина куќа не крепи, со скитање никој маж не се сторил, требало да се свести, да работи, да организира семејна на слава и да покани родбина и пријатели за да го докаже домаќинлакот, па и свадба да исчека од синовите, како глава на семејството...

Инаку сериозно забегана појава, Роалд успеал во 1906 прв да го преплови Северозападниот премин, рута која 400 години ги праќала сите оние кои се осудиле да се обидат да ја освојат - во смрт.
После тоа се упатил на Југ каде прв стапнува на Јужниот пол во 1911 а подоцна се враќа на север повторно каде станува прв кој доаѓа и до Северниот пол во 1925, иако тоа се утврдило подоцна.
Она што никогаш не се утврдило е - каде исчезнал последниот голем херој на планетарното истражување?


Со цел да помогне и да го спаси еден свој колега скитник и истражувач од Италија кој со Цепелин се обидувал да го прелета Северниот пол и по пат доживеал катастрофа - организирал спасувачка експедиција со уште еден норвежанец и тројца французи. Групата требало да ги бара преживеаните низ непрегледното арктичко пространство со помош на хидроавион Латам Л-47, опремен за да издржи лет низ суровите услови на крајниот север.

Амундсен и друштво полетале во Јуни 1928...и никој никогаш повеќе не чул или видел било што од нив. До денешен ден е непозната причината и начинот на смртта на Роалд. Спасувачки и истражувачки експедиции подоцна се обидувале да најдат некаков траг, но попусто. Амундсен заминал во димензијата на исчезнатите пионери кои го пробивале патот за остатокот од човештвото.

Италијанецот Нобиле кој бил цел на спасителната експедиција поради која исчезнал Амундсен бил пронајден жив (иако не баш здрав) од друга спасувачка екипа. Половина членови на италијанската експедиција настрадале.

Амундсен никогаш не бил физички пронајден како што не бил и психолошки - никој не може да каже од каде доаѓа потребата за доживотно скитање по предели низ кои никогаш не стапнала човечка нога. А можеби е подобро што е така.

Во чест на Роалд Амундсен, светецот заштитник на сонувачите и скитниците.

Колонијата Роанок

(By Roger Mortis, 167/047)
Еден од првите Aнглиски обиди да се организира колонија во новиот свет (Северна Америка) и да се `усреќат` неброени генерации домородно население, почнал добро...за да заврши језиво.
Во 1585 година, околу 150 колонисти се доселиле на островот Роанок на атлантскиот брег на денешна Северна Каролина. Снабдувањето на колонијата се вршело со бродови, но во тоа време немало начин да се одржи редовен сообраќај меѓу Англија и островот-објект на колонизација..

На неколку наврати од 1585 до 1587 бродови доаѓале и си оделе од островот каде што и покрај одредени проблеми ситуацијата била во ред, дури и првиот англиски колонист роден на Американско тло (прв `Американец`) бил од редовите на таа колонија. Не верувам дека го крстиле Хенк и дека се родил со Bud light sixpack во рацете, но како и да било, тој бил прв.

Поради Англиско-шпанската војна (онаа со Големата Армада и уште поголемото невреме) и намалениот поморски сообраќај - колонијата останала 3 години без контакт со надворешниот свет.


Џон Вајт, татко на првото дете родено во новиот свет кој во 1587 се вратил во Англија за да набави материјал за потребите на колонијата - се вратил на островот, но не по неколку месеци како што планирал туку по три години поради околностите. И имал што да види...или поточно кажало немал, затоа што немало никаква трага од жителите, сите до еден исчезнале и до денешен ден не е позната нивната судбина.

Не само луѓето туку и куќите, шталите и другите објекти исчезнале. Се` што пронашле морнарите бил нејасниот натпис на непознат јазик `Кроатоан`, издлабен малтешки крст во дрво, неколку топови и некои ситници...

Една од многуте нерешливи мистерии со кои е пребогата нашата плава планета, еден од многуте настани кој ги инспирира милионите armchair Indiana Jones`s на авантура низ мозочните синапси ако не веќе низ географската локација на настанот.

А зошто да не? Скоро све се знае, сите песни се испеани и сите слики насликани. Непознати остануваат само случките од амбисот на историјата. И неколку други ситници, но тоа е веќе друга прича.

Tuesday, May 5, 2015

Бентли

(By Roger Mortis, 166/046)
И така си се буди еден човек наутро и гледа низ прозорецот...некоја темна сенка како да му надвиснала над душата, мачно му е, му се дере на најјблиските, бесно удира пајак кој си лази по зидот...гледа надвор во своето Пунто - современик на Cranberries и депресивни мисли со суицидален зачин му доаѓаат ненадејно во мозокот, она фул кома.

Зошто? Затоа што нема Бентли, и тоа караван верзија, за да може да пренесе некоја вреќа цемент дури фура преку фаст лејн траката на афтопатот кон...оу вејт, ако има Бентли нема да треба да пренесе никаде вреќа со цемент...а вреќа со пари можеби!? Даааааа...јако, вреќа со пари...и ќе си ги брои навечер пред легнување, купчиња по 100 евра таман пред да ја изебе онаа типката шо не го рецка два посто, онаа плавата од онаму...


Баш ќе и покаже шо е маж, само да се збогати, она на него копук...ццц...

Не знае како ни кога му се јавила насушната потреба за Бентлито но потребата е веќе тука и тука е да остане, си свила гнездо во фантазијата на човекот и си седи како мрзелива мачка пред шпорет.

И така напатен и зловолен заминува на работа да се расправа со газдата кој три месеци му должи плата, три по двеста - шесто еура, а сметките не прашуваат...доаѓајки до вратата на фирмата зема воздух и влегува. Здогледувајќи го газдата се насменува со сила и му вели `Добро утро шефе, како сте шефе, што ќе работиме денес, како е сопругата? Добро е, а? Е па фииино... а синчето...?`

Ни трага ни глас од замислената расправија и решителен повишен тон со кој ќе си ги бараше парите за сработеното. Си вели `ич-ич ами малку?`...`толку народ е без работа па јас да кукам сега?`

И така црнчејќи, при крајот на работното време се појавува газдата со радосна вест дека би било фино да остане уште два саати, пошто му се јавиле од Припичино дека ќе стигне возилото или нешто така...на тој начин газдата сурово ја прекина визијата за Бентлито која беше стапила во акција во умот на нашиот јунак и тоа визија во Хај Дефинишн, неверојатна резолуција, дури можеше и да ги препознае гомната од гулаби на шајбната од Бентлито.

Кожниот човек

(By Roger Mortis, 165/045)
Во разговор, луѓето често кажуваат дека животот им се врти во круг, понекогаш круг од кој тешко гледаат излез.
Но за еден човек кругот на проклетството станал буквален, начин за искупување на некој одамна заборавен грев кој останал во неговата душа, вечно да го потсетува на пропаста на можноста за среќен живот.

Како самопрогласена реалистична верзија на битието створено од Др.Виктор Франкештанјн - овој човек сметал дека не заслужува да егзистира меѓу луѓето повеќе, иако за разлика од `чедото` на новиот Прометеј - неговата нагрденост била морална а не физичка. Или барем така сметал, држејќи се кон некои престроги морални начела...

На североистокот на САД крај месноста Соу Мил Вудс околу 1858 година луѓето почнале да забележуваат човек облечен во груба кожна облека која сам ја `скроил` како во редовни интервали се појавува на одредени места.
На почетокот не обрнале многу внимание на чудниот горостас но по некое време увиделе дека интервалот по кој тој се појавува во нивното место е ист, т.е. 36 дена. Она што го дознале подоцна е дека Кожниот Човек (како што го нарекле) се движел во круг од 587 км околу реките Конектикат и Хадсон и секогаш минувал покрај нивната (и не само нивната) населба.

Со текот на времето, молчеливиот чудак им станал симпатичен па му давале храна и се обидувале да дознаат кој е и зошто патува на исти места без престан, со години. Човекот освен мумлање и чудни звуци, понекогаш кажувал нешто на француски но не можеле да го разберат. А било очигледно дека тој не разбира англиски. Никогаш не повредил никого, напротив бил љубезен кон луѓето и покрај својата мрачна појава.
Низ децениите Кожниот човек станал дел од локалниот живот, татковците им кажувале на децата дека за толку и толку дена големиот Кожен Човек ќе мине низ нивната населба. И секогаш човекот навистина минувал.

Спиел во пештери и склоништа кои стратешки биле распоредени по неговата вечна маршрута, се хранел со она што ќе најдел, уловел или ќе прифател од добрнонамерните луѓе.
Неговиот идентитет никој не го дознал иако се плетеле многу приказни и шпекулации. Се` до 1889 кога за последен 360. пат ја минал вечната патека зацртана во неговата глава и бил најден умрен од студ поради невообичаено острата зима таа година кога истрошената кожна облека не успеала да го спаси. Во пештерата била најдена библија на француски и некои писма и предмети, но идентитетот останал тајна.


Подоцна откако влегол во локалниот фолклор, новинари и истражувачи се обиделе да ја откријат тајната.

Најпозната шпекулација била дека наводно бил роден во Лион, Франција под име Жил Бургле, каде работел како дрводелец. Голготата започнала откако се вљубил во некоја Маргарет Ларон и сакал да се ожени со неа. Бидејќи била од богато семејство, нејзиниот татко, во склад со вредностите на своето време - одбил да дозволи брак но сепак решил да му даде шанса на Жил со тоа што би го вработил во својата кожарска фабрика. Ако Жил успеел да направи кариера за неколку години - ќе ја добиел и раката на Маргарет.

Почетокот ветувал, Жил добро напредувал и стекнал доверба, но нестрпливоста била кецот во ракавот на Несреќата која имала задача да улови уште една душа. Жил сакал да направи еден конечен потег со кој ќе го скрати времето за чекање на свадбата а тоа е вложување во купување големо количество кожа, очекувајќи цените да се наголемат драстично во наредниот период. Наместо тоа, на сцената се појавила нова техника на штавење која фабриката во која работел не ја поседувала и вредноста на набавката наместо да се наголеми, паднала за половина.
Целата заштеда, довербата, големи пари од власникот и можноста за брак со својата љубов - исчезнале како никогаш да ги немало.

Неможејќи да се соочи со новата реалност и пропаста на сите соништа - Жил по некое време исчезнал од Лион, а наскоро и од Франција. Приказната не кажува како стигнал до САД, но тоа и не е важно.
Друга верзија го прави канадски Французин кој избегал поради слични причини преку границата во САД.

Жил станал Кожниот Човек, вртејќи го вечниот круг во својата совест и во шумите на државата Њу Јорк. Доброволно осамен до крајот на животот, изолиран од ситните и крупните животни задоволства и без надеж дека човечко срце ќе се осмели да го засака - заминал во вечноста и во меморијата на генерации локално население кое до денес ја прераскажувало наводната животна сторија на сосема реалниот Кожен Човек.