Monday, February 15, 2016

Strangely Brown

(By Roger Mortis, 262/142)
Уште една вест од фасцинантната земја Индија го привлече моето внимание, овој пат не станува збор за поединечна бизарност туку за масовна, огромна, толку голема што се наоѓа на работ на веројатноста во оваа, 2016 година.

Не знам дали поимот `дефекација` е погоден за употреба, делува некако стерилно и не ја доловува ситуацијата која владее во Индија. Затоа тука е традиционалниот поим `сере` кој ни носи сосема прецизна информација.

Индија, земја која што е нуклеарна сила, место каде што постои вселенска програма и каде што пловат носачи на авиони - е соочена со срамен и анахрон проблем кој се заканува да ја уништи репутацијата на овој екс-доминион во светски рамки. Ако постои нешто кое што укажува на драстичните разлики помеѓу имиџот кој една нација, држава или култура сака да го промовира и реалноста тогаш тоа е следното...

Жителите на гладната земја Индија серат. Како што серат сите на светот. Но некаде оваа физиолошка потреба повеќе децении па и векови е ограничена со приватноста на тоалетот, ќенефот, ѓеризот, `вецето`. Тешкиот мирис, непокриеноста на гениталиите и хигиенската состојба налагаат целосна изолација на местото предвидено за серење во однос на останатиот дел од живеалиштето.
Освен во Индија. Таму серат и мочаат насекаде. На улица, на автобуска или железничка постојка, на стадион, на сред бел ден, луѓето серат. Настрана мочањето кое и не е некој здравствен ризик, серењето и изложеноста на населението на фекалии кои се разнесуваат насекаде и ја загадуваат храната и водата - биле и сеуште се причина за епидемии, за ретро-болести како Колера, Дезинтерија, Дијареа, Тифус и колонизација на цревата од страна на разни цревни паразити.


Како што проценува весникот `Тајмс оф Индиа`, во оваа земја секојдневно на отворено серат барем 700 милиони жители. Мојот мозок беше фатен неспремен од оваа вест и затоа не можам да ја визуелизирам таа слика каде што стотици милиони луѓе секојдневно ги празнат цревата по улици и сокаци, пред храмови и продавници, во шуми и пустини, по ливади и тротоари...

Дали поради здравствените импликации или поради меѓународниот углед - власта во Индија во соработка со ОН и нејзината програма `Уницеф` се решила да му објави војна на оваа навика!
Во далечната 2014-та година започнала жестока кампања за искоренување на јавното серење преку разни медиумски проекти кои што кај најмладата популација треба да предизвикаат подигање на свеста во поглед на хигиенските навики. Од зрелата и старата популација биле дигнати раце, ионака тешко дека ќе се откажат од славната културна одлика обоена во кафеаво.

На светло на денот излегол серијал цртани филмови кој заедно со серија стрипови, плакати, билборди и специјална видео игра наречена `Тојлет Трек` (!?) односно `Нужнички патеки` ќе треба да ја извади Индија од длабоките гомна, овој пат во буквален смисол.
Цртаните филмови имале свој протагонист кој се викал `Мистер Лу` што значи Господин Ќенеф и свој антагонист, одвратниот негативец `Мистер Пу` (Господин Лајно). Г-динот Лајно во склад со тематиката бил претставен во форма на човеколико лајно кое се движело наоколу и правело проблеми кои потоа морал да ги решава Мистер Пу како лик на јунак (!?)


Иако сето ова делува како заборавен и нецензуриран скеч на Монти Пајтон, сепак се работи за реална ситуација каде што се трошат јавни пари за изработка на цртан лик/стилизирано лајно со име Мистер Пу.
Дали и колку оваа програма ќе ги привлече младите и ќе успее во нивната сеуште неоформена свест да ја втисне улогата на тоалетот, бришењето задник и миењето раце - ќе покаже иднината. Ако се суди според резултатите на купови...хммм...проекти на ОН од минатото, не останува премногу простор за оптимизам. А можеби овој пат ќе настанат промени и во иднина 700-те милиони јавни серачи постепено ќе се свртат кон приватното серење?

До тогаш ќе остане стереотипот за Раџив, исушен хиндустанец кој ако го `притегне` едноставно ќе го симне долниот дел од облеката, ќе клекне и ќе се исере...на улица.

Friday, February 12, 2016

Antarctic mon amour

(By Roger Mortis, 261/141)
Ралф МекБантер ја подигна крагната на својата дебела јакна во обид да се заштити од ветрот.
Шансите да се запали цигара при таков ветар беа еднакви на шансите на Сан Марино да се квалификува на Светско во фудбал. Тоа го нервираше другарот Ралф многу повеќе од брзиот леден ветар кој ги мрзнеше белките во очите...

А времето минуваше бавно, во исчекување на неговата пријателка Фумико Ранташима која требаше да стигне пеш до некогаш напуштената истражувачка станица `Вилкс` на југоисточниот брег на Антарктик. Девојката тргна после кратката радио комуникација кога најави дека ќе стигне за најмногу шест часа бидејќи новата населба не беше премногу оддалечена од првичната локација на која се истоварија, веќе наведената станица `Вилкс`.

Сепак со задоцнување од околу еден час, низ бескрајната белина почна да се наѕира темна прилика која се приближуваше. Тоа беше Фумико.

Наредниот ден, другарката Ранташима и другарот МекБантер удобно седеа на кауч донесен од страна на американската морнарица во уште во педесетитте. Брендито и никотинот служеа за да се разврзат подмрзнатите мозоци, гласни жици и усни. Да се почне разговор.

Муабетот полека но сигурно сам од себе се насочи кон проблемите и дилемите на лицата кои себеси се идентификуваат како aнархисти, на чија идентификација впрочем и опишаните два лика беа дел.

Ралф започна во својот типичен флегматичен стил - `Претерано е...постојат беспотребни поделби на ионака не премногубројните анархисти во светот па и на оние кои за такви се сметаат. Иако живеат и работат под системот кој наводно го мразат, сепак остануваат цел живот робови и слуги на таквиот систем.`


`Биди малку појасен`, прошепоти Фумико.

`Пааа......вака, имаме две основни струи - анархисти и анархисти-после-ручек-пред-дремка-сакам-да-сум-интересен-ќе-фатам-пиче и слични на нив, особи кои никогаш не го надраснале својот адолесцентен период...а изборот е едноставен - или си за или си против системот`.

`Не ти се чини дека тоа е премногу поедноставено гледање на ситуацијата?`, запраша госпоѓицата Ранташима.

`Воопшто не`, одговори МекБантер и продолжи `Знам како се движи насоката на тие размислувања. Ако ѕирнеш во главата на самопрокламиран анархист, ќе ги чуеш следниве мисли - Абе види сега, лом ќе праиме бе само да завршам факс, само да се вработам, само да се оженам или омажам, само да ги израснам деците, само да заработам за станче или куќа, само да се пензионирам...или во превод - ќе останам роб на системот, нема да ја напуштам својата комфорна зона, нема да направам апсолутно ништо во поглед на мојата слобода или слободата на мојата заедница кон која припаѓам по свој избор...и следуваат рационализации од типот -  ама ионака нели треба свееестааааа кај рајата да се зголеми па да дојде до Анархија...има време, за едно 114 века, ние сме само Пророци и служиме како квасец за новата свест. До тогаш ќе слушам панк, ќе читнам малку од Кропоткин и ќе носам чудна фризура...ионака нема да постојам за 114 века.`
 
`Ух, те мразам, Ралф, пријателе мој`, преку насмевка напомена Фумико, `знам дека веројатно си во право но сеуште имам проблем да се прилагодам кон таа реалност`

`И јас те мразам љубов моја, се насмевна МекБантер и продолжи, оставајќи ја својата новостекната пријателка со подотворена уста...`Како што викаат америте, you either sell your ass to the system...or you don`t. Nevermind the anarcho this or anarcho that...И на локално и на глобално ниво нема разлика. Што мислиш од каде сите овие поделби на анархо-ова, анархо-она, мислиш дека тоа доаѓа од некои практични луѓе?
Се` тоа ти е од теоретичари и премногу образувани луѓе кои немаат ништо заедничко со `класите` во чие име наводно говорат, а фабрика виделе само на слика.`

На Фумико пред очи и излезе една непријатна сцена поврзана со прераната смрт на нејзиниот татко кој гордо работел цел живот за една од бројните филијали на филијалите на моќните Заибатсу корпорациски кланови.
Се обиде да ја истера таа сцена од умот...

Но Ралф веќе влезе во ритам - `Со денешново ниво на технички развој и можностите кои скоро секој ги има на дофат, барем во половина од светот е многу поедноставно да се биде надвор од системот отколку некогаш. Но тоа бара привремено лишување од некои од скромните удобности и пред се расчистување со самиот себе, кој си и што си...и колку си искрен во намерите. Луѓето забораваат дека дури фантазираат за тоа како би требало да изгледа Анархијата во 114.век...таму некогаш после паѓањето на системот - дека секој ден го `хранат` тој исти систем кој наводно го мразат.

Има луѓе кои веројатно не слушнале за анархизмот како политичка теорија но кои се сепак анархисти. Таков пример постои меѓу рајата на Бугенвил, еден остров североисточно од Австралија каде Анархијата успеа во пракса.

Повеќе може да се научи за Анархијата од тие едноставни луѓе отколку од целиот опус на Кропоткин на пример. Иако се необразувани, сепак секојдневниот живот и секојдневните потреби развиле кај нив многу способности и квалитети од кои практично може да се научи многу.`

Другарката Ранташима воздивна, се напи од брендито и реши да не го прекинува другарот Ралф кој по се изгледа и` се допаѓаше и надвор од идеолошката колегијалност.


`Искреност во намерите и спремност да се биде надвор од системот или барем ако ништо друго да се елиминира колку што се може повеќе улогата на системот во животот на поединецот. Или на групата.
Личниот пример е најубедлив.
Сувото пропагирање и убедување не вродува со плод, барем не во последниве 200 години.
Рајата не се убедува на тој начин.
Кога рајата ќе види дека се живее добро на тој начин (off the grid) можеби ќе размисли. Барем еден дел од неа.
`Најкратко кажано, оние кои се декларираат за анархисти сакаат да се ебат а да не им влезе, секој ден да го примаат до јајца од системот и да останат - невини...`

Фумико не можеше да да премолчи - `Ралфе, изгледа не си читал многу историја`.

`Не премногу, признавам` одговори Ралф и се надоврза - `Нема такви примери од историјата.
Наводното инфилтрирање во системот како начин за негова промена е само покритие за лицемерието и стравот. Тоа е исто како некој да е спремен да се сунетиса или некоја да и го потсечат клиторисот за да станат муслимани и да го менуваат исламот одвнатре. А се кажуваат дека се - атеисти. Комплетна логичка бесмислица. Тоа е очекувано како што е очекувано и оставање на резервна опција...да се биде спремен кога ќе треба да се плати рата од кредит или да се оди на одмор некаде.`

`Системот е корумпиран, нерационален и нечовечен до крајност.
Секој кој е дел од него е делумно или тотално корумпиран, нерационален и нечовечен.
Или си за или против.`

`Можеби сето тоа е само резултат на недоразбирање`, започна Фумико. `Затоа што анархизмот и Анархијата не се синоними, нешто кое и самите анархисти не го сфаќаат.
Првото е теоретска доктрина и политичка идеологија која кажува за општество без држава, без власт, без наметнат авторитет.
Анархија е состојба на бездржавност, безвластие и немање вертикални авторитети.
Најтажно е што не треба којзнае какви ресурси.
Само искреност и истрајност.`

`Точно, драга моја, искреност`, се замеша Ралф. `Зошто некој кој би работел во системот, кој би ги користел барем оние трошки кои ги добива, сите малечки удобности и предности кои би му ги овозможила `инфилтрацијата` би се откажал од сето тоа...во име на некаков морален принцип?
Посебно ако доаѓа од сиромашна средина и трошките му делуваат како карпите Гибралтарски...или ако оформил семејство...скраја да е, или ако подигнал кредити...има да стане покајник, знаеш, како оние екс-пушачи или екс-ждерачи на месо или екс-припадници на друго племе кои се најгласни во прогонот на довчерашните `колеги`.

`Е тука веројатно би требало да дојде до израз идеализмот`...се насмевна Фумико и благоиронично додаде...`а можеби и Дедо Мраз и Божиќниот зајак...`

`Би требало но идеализмот е голем луксуз`, се уфрли Ралф - `идеализмот те тера да ја пренебрегнеш биолошката природа, да му кажеш збогум на еволутивно вградените механизми. Затоа е толку редок и преставува највисоко ниво на постоење кое еден Хомо-сапиенс-сапиенс може да го достигне ставајќи ги целосно под своја контрола нагоните, инстинктите, стравовите, да престане да биде роб на биологијата. Иако е многу веројатно дека ќе настрада на тој пат. И покрај се`.


Г-ѓица Ранташима го искористи молкот на Ралф и започна - `Никој не сака слобода.
Бидејќи тоа подразбира целосна одговорност кон своите постапки, своите ставови, својот живот и своето опкружување.
Нема на кого да му се `извезе` таа одговорност. А луѓето би дале бубрег, еден тестис или половина матка да можат што повеќе одговорност за своите постапки да извезат надвор, кон надворешен фактор кој ќе го носи нивниот крст, или барем ќе служи како потпора, штаки кои Исус ги немал кога се пентерел накај Голгота.`

И продолжи - `Орвел нешто мрчеше дека слободата е можност да се каже дека два и два се четири, дека се` друго следува природно. Ако тоа го рефлектираме на времето, а бидејќи не се обидувам да продавам оригиналност - ќе кажам дека од време се состои животот. Нема друга мерка за `единица живот` која е толку сеопфатна како времето.
Во тој случај, слободата би можела да се измери преку пресметка колку од 24 часа дневно ни се на располагање на начин на кој самите ние сметаме дека треба да ги трошиме, колку од времето во животот е “наше“ и можеме да го подариме на самите себе и на оние кои нешто ни значат.`

Неколку моменти Ралф и Фумико молчеа, повремено упатувајќи си понекој поглед.

Ралф имајќи во себе нешто повеќе алкохол продолжи - `Сметката беше поразителна. Тоа и беше почетокот на патот кој не донесе до Антарктик. Бидејќи тука нема држави, нема попови и оџи, нема бирократи.`

`Нема и ништо друго` примери Фумико...`освен нашата желба за Анархија. И онаа на нашите истомисленици кои сепак не се малку. Станицата Вилкс веќе се наполни и се проширува секој месец. Сега градиме и нова населба како што знаеш. Треба да дојдеш и да не посетиш наскоро.`

`Секако`, изјави Ралф.
`Морам да ти кажам дека нема да доаѓам само поради населбата, туку повеќе поради тебе`

`Може и така` одговори Фумико, `зошто да не`.
`Знаеш што Ралф, не верувам дека би ми се допаднал толку кога би живееле во Дамфрис или Осака, но ете тука на Антарктик...`

Под сонцето на поларниот ден, истовремената смеа на Ралф и Фумико навестуваше заискрување на емоциите...

Tuesday, February 9, 2016

Фудбалската војна

(By Roger Mortis, 260/140)
Старата и веќе помалку излижана од употреба фраза дека Фудбалот бил најважна споредна работа на светот очигледно е резултат на логичка недоследност, но дека фудбалот и неговите фанови знаеле и знаат да предизвикуваат човечки жртви за жал е реалност.

Трагедиите на Хилзборо, во Брадфорд, на Ајброкс, стампедото во Москва, масакрот во Лима, настаните на Хејсел, Бастија, или Максимир па дури и масовната тепачка во Порт Саид се јасен показател за својствата на динамиката на масата, на илјадници припадници на одреден колектив кои во настап на колективна психоза се способни да умрат и да убијат, спремни да тргнат во смртоносен поход кон `непријателот`, за слава на своите господари што понекогаш резултира со тешки последици кои се протегаат со децении.

Но ниту еден инцидент во светот на фудбалот не бил толку сериозен како оној во квалификациите за Светското првенство во Мексико 1970 кога во баражот за пласман од Конкакаф зоната се сретнале централноамериканските `гиганти` Ел Салвадор и Хондурас.

Две латински вукојебини познати по ништо повеќе отколку по светлите традиции на воени хунти, диктатури, земјопоседничка олигархија и маларија биле во лоши односи со години пред бараж мечевите. Оригиналната `банана држава` - Хондурас имал за нијанса поголем животен стандард од оној во Ел Салвадор што било доволна причина за околу 300.000 граѓани на Ел Салвадор да појдат на привремена работа `на црно` во соседната припиздина.
Соочени со растечка непопуларност поради својата инхерентна дебилност, властите во Хондурас морале под итно да најдат `внатрешен непријател` кој ни крив ни должен ќе ги преземе гревовите на локалната власт на себе. А за такво нешто немало подобра опција од илегалните мигранти од соседството.

Пропагандата започнала да ги обвинува салвадорците за сите проблеми во Хондурас, од лошата жетва па се до облачното време - за се` биле криви сезонските работници. They took your jobs. They gonna impregnate your women. They gonna destroy us!
Малку по малку, најниските страсти започнале да се разгоруваат и сцената била подготвена за судар помеѓу...глупавиот и поглупавиот.
Хондурас, сиромашна затуцана фашизоидна држава каде што претседателите се менувале во зависност од расположението на управниот одбор на американската корпорација Јунајтед фрут компани и Ел Салвадор, сиромашна фашизоидна држава со наклоност на властите кон геноцид како пожелна мерка за одржување на социјалното статус-кво.


Првиот меч на 8.Јуни 1969 одигран во Тегусигалпа завршил со минимална победа од 1-0 за Хондурас. Започнале првите тепања на салвадорски мигранти. Реваншот во Светиот Спасител на 15.Јуни завршил со убедливи 3-0 за Ел Салвадор а локалното население во одмазднички занес - тепало па дури и убивало хондурански навивачи...
И како што само судбината знае да биде понекогаш чудна, правилата на ФИФА не биле како оние денешните каде што се смета гол разлика или даден гол во гости - туку морало да се одигра мајсторка, трет меч кој би одлучил за патникот на СП. При денешни правила, Ел Салвадор би отишол поради вкупен скор од 3-1 и никому ништо, немало да има војна и илјадници луѓе не би завршиле мртви или осакатени...

Одлучувачкиот меч се одиграл на неутрален терен, на 26.Јуни во Сиудад де Мехико каде што во драматичен и неизвесен меч кој забегал во продолженија - Ел Салвадор победил со 3-2 и се пласирал на светско. Гневни и разочарани поради сето тоа, фановите на Хондурас својот бес го истуриле врз бројните салвадорските работници низ земјата, започнале тепања, убиства и влечење на мртви тела по правливите улици со автомобили и џипови...

Такво нешто не можело да се толерира дури ни во една болесна земја како Ел Салвадор и наредниот ден власта на Ел Салвадор ги прекинала дипломатските односи со Хондурас. Војната била на прагот.

Припремите на салвадорските сили траеле до 14.Јули. Тие вклучувале поправка и опремување на прастарите авиони подарени од САД како воени вишоци од Втората светска војна, легендарните морнарички ловци Ф4У `Корсер` со своите препознатливи специфични крила, култните П-51 `Мустанг`, безвременските Ц-47 (ДЦ-3) `Дакота`, долговечните АТ-6 `Тексан` и нивите наследници АТ-28 `Тројан`.
Убав збир на познати и признати модели на авиони, но збир кој повеќе би одговарал за една фина музејска поставка, во време кога по светското небо доминирале двојно побрзите од звукот Миражи, Мигови-21 и 23, Ф4 Фантоми и слични бештии опремени со радари, напредна електроника и ракети `воздух-воздух` - употребата на четврт век стари ветерани од битките над Нормандија или Тарава било импровизација предизвикана од немањето средства за купување на фенси опрема.

Воздушните сили на Хондурас биле како огледало на салвадорските, потполно истите типови на авиони па дури и ознаките за национална припадност на крилата предизвикувале забуна бидејќи биле скоро исти...

14.Јуни бил денот кога започнал нападот на салвадорските вооружени сили против `клетиот непријател`. Уште во првите часови на нападот копнената војска успеала да се пробие низ слабата погранична одбрана и до крајот на денот да навлезе преку 50км во Хондурас. Транспортните ДЦ-3 глумејќи бомбардери преку монтирање на посебни рампи за бомби, заштитени од Корсерите - нападнале неколку писти со цел да го уништат хондуранското воздухопловсто со ненадеен удар. Needles to say, they failed. Освен страданието на неколку десетици цивили во поширок радиус околу пистите - успеале да уништат само пар АТ-6 `Тексани` и еден БТ-13 `Валијант` прастар авион за обука.

Наредното утро во акција стапиле и хондураските Корсери чии пилоти во секој случај биле супериорни во споредба со `комшиските`. Како резултат на тоа во наредните денови хондуранската авијација успеала не само да го запре напредувањето на салвадорската армија, да уништи скоро половина од стратешките нафтени резерви на Ел Салвадор, туку и значително да го поправи моралот на своите колеги од пешадијата кои биле склони на бесктво...

Последните воздушни битки исклучиво помеѓу авиони со `клипни` мотори во историјата - заршиле со десетина соборени салвадорски авиони и ниту еден хондурански. Не припомогнале ниту американските платеници кои биле ангажирани од страна на власта во Ел Салвадор бидејќи имале сомнителен обичај да избегнуваат директна борба...
Во бизарен сплет на околности, воздушните олдтајмери спречиле продор на салвадорската армија во Тегисугалпа и го промениле текот на војната, секој еден авион летајќи по три до четири борбени летови на ден и тестирајќи го лимитот на опремата и издржливоста на пилотите...


Борбите продолжиле до 19.Јуни кога под притисок на Организација на американските држави и меѓународната зедница кои вовеле санкции, власта во Ел Салвадор ја прекинала инвазијата и салвадорската армија се повлекла од Хондурас. Иако спорадични престрелки се случувале до почетокот на Септември, тоа бил крај на активните воени дејствија.
Епилогот на фудбалскиот меч кој продолжил со други средства надвор од зелениот терен бил најмалку 2.000 мртви и 5.000 ранети на обете страни, во најголем број хондурански цивили кои загинале при бомбардирања и гранатирања и салвадорски мигранти кои биле убивани како резултат на феноменот `Ако не можеш по магарето удри по самарот`, очигледно популарен и во Централна Америка во тоа време.

Војната оставила нарушени односи меѓу двете заостанати `етнички` групи, национализмот почнал да царува во умовите на сиромашните кампесиноси, седумдесеттите биле време на трка во вооружување меѓу двете страни а при крајот на деценијата започнале и граѓански војни кои ќе однесат повеќе од 300.000 жртви. Ионака слабата економија на Ел Салвадор била уште повеќе погодена поради протерувањето на сезонските мигранти, рапидно зголемените воени трошоци, санкциите и прекинот на трговијата со соседот. Ситуацијата во Хондурас иако за нијанса подобра сепак била на раб на очајот, мнозинството од популацијата подлегнало на црната чума на национализмот, оставајќи простор за тамошните власти уште повеќе да потонат во жестока клептократија на сметка на глупавата раја.

Како жална фуснота останува да се спомене и достигнувањето на репрезентацијата на Ел Салвадор на првенството во Мексико во 1970 за чиј пласман била платена толкава цена. Дали тоа храбрите и пожртвувани салвадорски играчи стигнале до борбата за медали? Дали барем ја поминале групната фаза? Па добро, дали барем освоиле бод?
Немало ништо од тоа, ги загубиле сите три меча без да постигнат гол - на тој начин служејќи за поправање на гол разликата на домаќинот Мексико, СССР и Белгија, конкурентите во нивната група...

На таков антиклимактичен начин бил ставен крај на една мрачна епопеја на поборниците на соголената колективна припадност чии плитки гробови ги краселе влажните шуми во некаква небитна Недојдија...

Monday, February 1, 2016

Раџив у раљама наркоманије

(By Roger Mortis, 259/139)
Понекогаш низ лавиринтите на Светската мрежа одникаде изникнуваат информации кои се прекрасни во својата бизарност и комичност. Една таква е предмет на вечерниот бантер...

Не е тајна дека зависниците од наркотици се спремни да одат that extra mile со цел да ја задоволат својата зависност, да ја намалат својата душевна или физичка болка и да си го олеснат постоењето во овој, над се` тажен и суров свет.

Но некои од нив се особено креативни во својата потрага по задоволство. Бидејќи цените на наркотиците и средствата кои ја менуваат перцепцијата се државно заштитени во својата манијакална преценетост (на вечна радост на бројните дилери) - џанакот е жив ѓаол, се снаоѓа како знае и умее а понекогаш и онака како што не знае и не умее.
Една таква екстремна сторија доаѓа од братска Индија, демократијата со најмногу гласачи на планетата, земја на организираниот хаос и претендент да ја симне од тронот НР Кина како територија со најголем број на даночни обврзници во светот.

Во таа Индија, во славниот град Амритсар во сојузната држава Пунџаб, познат по неколку драматични дешавања за време на Британскиот Раџ и центар на бизарната религија на Сикизмот (нешто како сикинскиот Ватикан, `Златниот храм` е сместен таму) - по улица си одел еден наркос...
Тој наркос по име Лал Гиридари, сиот очаен и несреќен поради немање пари да си купи опиум или хашиш или трева - неговите вообичаени дроги, полека запаѓал во лудило, се борел со напади на бунило, со замислен стап ја терал од себе паранојата...


Не знаејќи што да направи to get high, Лал се мислел дали да украде алкохол од некаде или да украде нешто ситно и да го препродаде...кога на еден ѕид пред неговите очи се појавил гуштер кој безгрижно си шетал нагоре-надолу. Лал го следел со поглед гуштерот и бидувајќи необично раздразнет од неговите движења (!?) го фатил со раце, го ставил во устата и почнал да го џвака...
Овој, во својата очајност необично оригинален потег - неочекувано му донел избавение од маките на џаначкиот ветеран, педесет и кусур годишниот господин Гиридари.
Не, не се отрул туку напротив, полека почнал да чувстува необично еуфорично расположение засилено со филинг на среќа и исполнетост. Со еден збор, Лал got high. 
Или кажано со зборовите на рандом просечен дебил - `се издрогирал`. Од гуштер...

И така овој скромен екс-возач на Рикша конечно пронашол начин за бесплатен трип. Ако се има во предвид дека гуштерите не биле воопшто ретки во таа област, тоа значело дека Лал имал доживотна залиха за да ги задоволи своите потреби за влегување во алтернативна реалност!

Како што подоцна се испоставило, станувало збор за некое битие наречено `Spiny tailed lizard` кој наводно содржел извесна супстанца во својата кожа која што овозможувала скоро инстантен ефект при нејзино џвакање.

Оваа драматична и во светски размери сосема небитна историја се појавила на светлина на денот низ некои медиуми кога Лал завршил во клиника за одвикнување од зависности како прв случај во светот на лик кој се одвикнува од јадење на - гуштери!

Тоа значи дека овој човек бил карактер особено склон кон зависност, некој кој би станал зависен и од броење на бандери по пат накај својата колиба. А освен тоа, благодарение на оваа вест - низ Пунџаб па и подалеку - малубројна но растечка популација на наркоси се упатила по патот на Лал и почнала да јаде гуштери. Оваа навика била особено популарна во затворите каде што не само гуштери туку и разни змии и други рептили биле на удар на очајните робијаши и нивната насушна потреба за бекство, ако ништо друго барем низ коридорите на мозокот...