Friday, September 30, 2011

Изместување : повик до капиталистите

(By The Priest, 080/019)
Да не речам, до оние што немаат срце. Или поточно, до оние што немаат душа. Или најпрецизно, оние кои го вртат своето глуво уво кон врисоците на човекото страдање (Малакиан, 2005).

Повик до вас. Не до Вас, туку до вас. Никој капиталист кој свесно живее на човечката мака и чесноста на гладните не заслужува ниту грам почит. Ниту што било... И впрочем, зошто би се грижеле, тие таквите. Од почитта тие нема да за заработат, нели?


Повик до вас... Обединете се и заштедете не' Нас од вас. Бидејќи основата на вашата крволочност е штедењето, нели.

Поштедете не', ве молиме.
Ние, кои не сме сакале да работиме.
Ние, предавниците.
Ние, работниците.
Ние,
само ние...

Tuesday, September 13, 2011

Македонските мажи се срање!

(By Marsovka, 079/019)
И зошто никад работите нема да се подобрат во љубовната сцена во Македонија.
До пред некое време си мислев дека работите се до мене, дека не ме бива ецт. Илјадници комплекси набиени уште од раѓање. Се додека не прочитав темава 
Не, не...се додека не излегов неколку пати со некој кој не e одовде (а.к.а странец) темава беше капакот.

Да почнам да набројувам шо све не смрди кај македонските мажи?
Егоисти се, лингури, трачарат бетер од жена, поважно им е шо ќе каже друштвото и комшијата него како им иде со цурата, неспособни, пички, немаат основно воспитување, немаат смисла за хумор, изгледаат срање (несредени сте бе мајку му) не знаат три збора да сврзат, бараат леб преку погача (згодна пичка) and above all, на крај жените им се криви зошто они седат with blue balls all the time.
Не може ти да очекуваш некоја цура која има 20 и нешто со максимум тројца под појас да ти се предаде лесно па затоа плачете дека ве отеруваат во три лепе кога ќе им пријдете - фала богу дека ќе ве отера кога после ако “лесно“ ја добиете ќе дознае пола комшилук како онаа сте ја прцале.

Не дај боже обратна ситуација да биде цурата да пријде, тогаш ќе биде “Леле брааат онаа како ми се пуштаааааа“, егото ваше испосрано прави озонски дупки на планетава.
Да бидеш фина (со оглед дека работам во продавница) се сваќа како “Оваа ми се пушта“, а после пекаат како персоналот е неуслужлив.

Одиме даље, случајно сте се спанџале...и ако цурата е ок според стандардите на другарите се завидува, а шансите да не е ок се некаде 90 посто, гарант ќе му брцаат во его “Шо бе ти со оваа ау ау“ што потоа ќе се префрла во врската а немаат јајца да им кажат да се ебат во газ и да прекинат да јадат говна за цурата негова.


Врската ќе биде исполнета со потценувања и омалуважување, да не споменувам дека 90 посто од времето минато заедно после првиот месец ќе ви биде кај него дома, па кај тебе дома, а после 6 месеци ако има своја соба ќе биде кај него дома.
Понатаму...врската си трае ли трае 5,6,7 години...се досадувате, веќе гарант те вара за да разбие монотонија и да си набилда его.
Идемо даље, БРАК - роговите ти се загарантирани.
Цела куќа на твој грб со се децата и мајка му.
Па пичка ви мајчина на крај ние пак криви и курви одозгора. Море муфлари не знаете да заработите доволно пари за фамилија да издржувате а мрчите зошто жениве не сакаат брак. А бе шмизлине на Ленинова имаат пореални очекувања и помалце конфликтни барања од вас бе.

После пекате зошто странците ви прцаат жените .
Сакате да ви кажам зошто?
Пошто цура ако сака само забава, со странец и е најдобрата опција.
Сексот е ист и не мораш да мрчиш за кондоми, нема омаловажување, нема потценување, основна култура знаат да покажат и основна почит,  попрво ќе се застрелаат него со цурата да делат сметка. Најважното не мораш да пеглаш его 24/7 и не мора да се плашиш дека утре ќе те оговара по мааало  во стилот “Како ја ебев брааат“ ниту пак ќе се тресе дали задутре на дечко и ќе му се потсмева некој дека ја прцал (ма нема врска шо сте иделе година дена). Средени се, знаат како да те забављаат со шеги и разговор, имаат прошетано, те третираат на еднакво интелектуално рамниште, не ти се потсмеваат ако имаш поинакви политичко- верски убедувања од нивните. Најважното од се не им важно дали цурата изгледа ко Анџелина Џоли туку да е просек. Никогаш нема да ти брцаат у его со изгледот. (Важи за Европејци )

И после треба да се занимавам со некој од тука кој не знае два збора да сврзи и муабетот му е како некого го истепал, не знае да почитува туѓо мислење и смета дека е попаметен од тебе пошто ти си жена, а бетер е од жена самиот он.
Само за секс или наводна врска која се врти на секс со достава и шетање низ маало кога ќе ви досади неговата соба.

П.С : Пред да почнете...од каде знам дека маживе овдешни вараат и оговараат...работев како келнерка, доволно приказни изнаслушав и доволно женети и зафатени ме имаат замарано дали имам другарка или дали јас сум слободна. Делот со странците...повеќе е од еден.
Слободно можете да ме спалите на клада со познатите аргументи курва и исфрустрирана. Нема да ги смени фактите а ако продолжи понатаму богами тешко дека ќе видите женско во државава да остане, пошто она што на Запад се смета за злоупотреба и кривично се гони овде се смета за разумен компромис, на здравје дечки и ве молам почнете да се понашате ко мужи веќе еднаш можеби тогаш ќе ебнете нешто.