Friday, September 30, 2011

Изместување : повик до капиталистите

(By The Priest, 080/019)
Да не речам, до оние што немаат срце. Или поточно, до оние што немаат душа. Или најпрецизно, оние кои го вртат своето глуво уво кон врисоците на човекото страдање (Малакиан, 2005).

Повик до вас. Не до Вас, туку до вас. Никој капиталист кој свесно живее на човечката мака и чесноста на гладните не заслужува ниту грам почит. Ниту што било... И впрочем, зошто би се грижеле, тие таквите. Од почитта тие нема да за заработат, нели?


Повик до вас... Обединете се и заштедете не' Нас од вас. Бидејќи основата на вашата крволочност е штедењето, нели.

Поштедете не', ве молиме.
Ние, кои не сме сакале да работиме.
Ние, предавниците.
Ние, работниците.
Ние,
само ние...

No comments:

Post a Comment