Saturday, December 24, 2016

Исчезнувањето на Македонски Брод

(By Roger Mortis, 282/162)
Југослав и Персида одамна планираа да ги посетат своите роднини во "стари крај".
Иако животот во Инголштат ги беше навикнал на некои поинакви стандарди сепак кај нив остана онаа носталгичка нишка која емотивно ги поврзуваше со местото од кое потекнуваа, нешто како своевидена папочна врвка која го поврзувала телото при астрална проекција.

И така, Југо и Перса, на крилата на носталгијата и нискобуџетната авиокомпанија пристигнаа во Скопје откаде што се упатија кон локацијата на која живееле нивните претци, на едно место прилично далеку од било какво море па дури и езеро.
Но кога автомобилот застана на соодветната локација внесена во ГПС уредот, Југо и Перса не можеа да видат никаков град. Немаше згради, куќи, пци по улиците, стојадини со кука за влечење приколка...немаше ништо !


Изненадени од тоа, нашите јунаци логично претпоставија дека се работи за квар на ГПС уредот во автомобилот. Во дијаспорските умови се роди следната логична мисла, а тоа е да ја проверат локацијата со помош на своите смартфони опремени со ГПС софтвер. Кога смартфонот на Перса покажа исто што и уредот во рент-а-кар возилото, полека но сигурно паранојата почна да се вовлекува во нејзиниот мочен меур.
Празнејќи го својот позади едно дрво, Југо се обиде да стави крај на дилемата преку неговиот телефон. Но и по трет пат, локацијата беше таа. Освен ако сателитите не излегле од геостационарната орбите со цел да попречат на Југо и Перса да го најдат Градот.
Не, тоа сепак не беше случај.
Крајно збунети, во некакво бунило - Југо и Перса почнаа да се движат наоколу по рељефот. Ветрот кој ги нишаше тревите и трњето наоколу како да носеше со себе страв, како да придодаваше на паничната состојба.

Што сега?
Југо и Перса набрзина одлучија да се вратат во Скопје и да преноќат. Се стемнуваше, а планираната вечера во домот на роднините и спиењето во куќата пред која како мали деца си играа во калта сега беше само далечен спомен.
Враќајки се назад, застанаа на една бензинска станица да наполнат гориво. Сеуште во шок, почнаа да се распрашуваат меѓу вработените дали знаат како се стигнува во Македонски Брод.
Но ниту еден од вработените немаше слушнато за такво место.
Тоа само уште повеќе го потенцираше шокот. Што, зарем Југо и Перса имаа имплантирана меморија? Зарем ништо од она за кое мислеа дека се сеќаваат не постоело во реалноста?! Импликациите на ваквите помисли беа премногу сериозни за да бидат почестени со повеќе од 13 секунди во мозокот.

При враќањето во Скопје, Југо се сети на далечен роднина од Македонски Брод кој живееше во Скопје одамна. Нивните смартфони овој пат се покажаа во право светло бидејќи набрзина успеаа да го најдат телефонскиот број на Панде, роџакот.

Панде беше малку зачуден кога ги виде нивните шокирани физиономии во касните вечерни часови. Но сепак, како да претпоставуваше дека знае зошто се дојдени кај него.
После воведните испади на куртоазија, муабетот се насочи кон Македонски Брод. Кога ќерката на Панде со потсмев се обрати кон гостите со тврдење дека не постои такво нешто - беше испратена во својата соба. А Панде, видно возбуден од исповеста за скорешното искуство на Југо и Перса, прошепоти дека истото му се случило и него! И тоа ни помалку ни повеќе туку девет пати. Имено, Панде секоја година одел на тоа место откако пред девет години за последен пат имало град на тоа место.


"Сидо мори, не знам зошто никој не може да се сети на Македонски Брод. Со тоа што градот нагло исчезна од оваа реалност, го снема, го изеде мракот...некако и успеав да се помирам. Но со тоа што градот истовремено исчезна од сеќавањата - не можам. Барав на ова чудово, интеренет што го викаат, следев по весници, бев на штрек при вестите на ТВ - ништо. Ниту едно споменување за овие девет години!"

Колку што овој разговор беше тажен, истовремено беше и утешителен за Југо и Перса, па и за Панде - бидејќи сега веќе знаеа дека не се луди и дека немаат лажна меморија.

Чашка по чашка, ракијата ги стопли срцата на далечните роднини.
Панде дури и го снема на момент. Се врати за неколку минути носејќи во рацете некаков предмет замотан во платно. По димензиите и изгледот наликуваше на уметничка слика, но Панде немаше такви склоности.
Одмотувајќи го платното, пред очите на Југо и Сида излезе доказот, конечната потврда!
Жолто избоена сообраќајна табла на која пишуваше "Македонски Брод - 24км".

Со стрелка.

Saturday, November 19, 2016

Ноћ

(By Roger Mortis, 281/161)
Ноћ је била досадна
Као људи из Ресена
Као јутра ресенска
као дан ресенски

Ноћ је била досадна
као јутро преспанско
као смрт штакора
као сумрак Купа купова

Ноћ је била досадна
као улице Ресена
као међе по кућама
као дрворед са читуљама

Ноћ је била досадна
као кап проливена
из задњег гутљаја
флаше јефтиног алкохола

Ноћ је била досадна
као искушење радника
измученог дуговима
ноћ је била досадна...


Friday, November 4, 2016

Мучеништво Мојса Дејвида

(By Roger Mortis, 280/160)
Дојмио ме се наслов неке књиге
коју сам видео на бувљаку
оног тужног дана кад је прекинут
пулс генијалности Мојса Дејвида
`Доћи че смрт и имаће твоје очи`
писало је на насловници
не бих знао о чему се радило
нечијој сјајној љубави до гроба?
или исходу искрених нада?

Мрзело ме пролистати странице
те мале јефтине књиге
шокиран судбином Дејвида
мозак ми радио није
Можда се радило о невјерној жени
вечитој теми у главама људи
у понорима потсвести
балканског мушкарца
А можда је аутор био талијан
па је цинкарио некога некада
и у соби му дошла Судбина
у калибру тридесет и осам
И имала њене очи.

Кренуо сам да је тражим
у ноћи посутој звездама
у сну окупираном Дејвидом
Мојсом, мучеником највечим

Кренуо сам да је тражим
у очима црног пацова
у утроби несталог Мамута,
невољно палог војника

Нашао је нисам јуче
а нећу је наћи ни данас
колико сутра се више и не надам
јер ће потрага постати истрага

Нада ме ипак не напушта
као муљ на дну базена
као `рђа на окидачу пиштоља
остаје узданица једина


Friday, September 30, 2016

Треш

(By Roger Mortis, 279/159)
После гледањето на филмот The Room и соодветното уживање во тоа ремек дело на нискобуџетната продукција некако природно следува инспирација за уште еден рант.

Легендата вели дека филмот започнал еден ден во 2003 кога бесмртниот Томи Висо започнал да приоѓа на машки и женски особи на шанк во некоја биртија во некој град во Канада.
Не заклучувајте пребрзо, не се работи за бисексуалец (најверојатно Томи како и секој бесмртник е асексуален) туку за филмски ентузијаст кој понесен од филмовите со Џејмс Дин (!?) решил да сними свој филм.
И така Томи приоѓа на некоја на шанк и почнува `Хеј...ду ју вона плеј ин а филм хах?` Не се познати реакциите на женските особи околу тоа прашање, дали мислеле дека тоа е дебилен старт или покана за снимање ефтин порнич...сепак Томи бил искрен и навистина на крај снимил филм кој веднаш се нашол на разни листи на најлошите филмови на сите времиња.

Зошто е филмот толку лош, ако се шпекулира со сума од шест милиони долари како буџет? Затоа што филмот нема ни главе ни репа да се изразиме по северњачки, делува како несмасно намонтирани снимени делови а целината избегала во страв од ужас од Томи Висо, можеби поради неговата појава.
Но можеби Томи сака да пренесе на гледачот дека изгледот лаже па еден таков језив лик со лузни на фацата, некоја ацтечко-мајанска фризура, поглед како да планира да ти збрца шрафцигер во бубрег и акцент кој е можно да е последица на живеење во некое немачко село а можно е да и од Сибир...испадна да ти бил прав добричина, памук од чоек, романтичен до даска, склон кон сексиљави сцени со свеќи и сета таа корни ситуација.


Животот е непредвдлив и бидејќи во светот покрај искрени филмофили кои се грозат од такви дела постојат и онакви (како мене) кои се неискрени и обожаваат филмови каде што те јаде туѓ срам, каде што има толку киксови што прераснуваат во комедија, каде што потенцијалот за сеир, ремет и смеа е толку јак што веднаш решаваат дека уствари таквиот филм страшно им се допаѓа и на тој начин таквиот филм прераснува во култен.
Родоначелник на овој феномен е Ед Вуд, трансвестит-режисер-проуцент-глумец кој во педесеттите снимал ужасно лоши сај-фај-хорори но денес е ценет режисер на треш филмови благодарејќи на незаборавиот биографски филм со Џони Деп и Мартин Ландау кој за својата улога на Бела Лугоши (маџарски глумец-џанак-легенда-вампир) освоил и Оскар.

Да се разбереме не` секој лош филм е треш филм, бидејќи за да биде таков мора да го поседува оној шарм на тешко објаснивото "its so bad its actually good" или барем да знае да го насмее и расположи гледачот. Македонските филмови на пример се so bad they are actually just bad.

Во минатото Јапонија не била позната како извозник на Аниме, Манга и Хентаи туку како извор на сериозна треш продукција. Годзила како евергрин чудовиште го предводел јуришот на азиски треш по светот. За неупатените, се работи за нешто налик на Тираносаурус кој мутирал поради радијација и почнал да напаѓа градови.

Инаку добро е да се напомене дека филмовите се делат на играни (feature film) и телевизиски а според квалитет на А, Б, Ц и Д продукција (која често се нарекува и Z бидејќи е последна буква во латиничниот алфабет и природно симболизира нешто долно, лошо, ефтино)...


А-продукција е секому позната и омилена, таму треба да бидат задоволени извесни строги стандарди во поглед на буџет, глума, техникалии, пост-продукција и сето тоа, после Водениот свет и Титаник сумите кои се трошат за филмови пораснаа драматично до над 200+ милиони долари по филм.
Б филмовите се послаби во поглед на сите наведени параметри но сепак се професионално работени. Кај Ц веќе имаме мешавина меѓу профи и аматеризам а Д (Z) е веќе тотален аматеризам.
Во ТВ-филмовите има и такви кои комотно можат да се сместат во филмска А-продукција (Панчо Виља на пример со Антонио Бандерас и Џим Броудбент) скапи и одлично реализиран филмови кои би можеле да се даваат и во кино и да не бидат ограничени на малите екрани.

Има и филмови кои се тешки за класификација како оној "Clerks" со Кевин Смит кој бил снимен за 28.000 долари но за тие пари е феноменален, таа дупка во класификацијата ја пополниле поими како независни/авторски/инди или нешто така. Кулминација беше хоророт со камерата во шумата (Вештицата од Блер) кој чинел шака долари а се стекна со култен статус и фина заработка или оној со еден тип за кој се испостави дека е Исус а се случуваше во една барака при што паднаа добри муабети поради феноменалното сценарио (Земјанинот)...
Друга категорија се филмови стрејт-ту-видео (порано ВХС касети, денес ДВД или во Нигерија стрејт-ту-ЦД) каде што нема диструбиција на филмот низ кино сали а нема ни негово емитување на тв туку може само да се рента од видеотеки или да се купи и да се гледа. Обично тоа се тешки акции со основна премиса која непоглешливо води кон кршење кичми.

Географски, постојат неколку центри (Боливуд) кои имаат долга и сјајна традиција на штанцање на тежок треш. Хонг Конг е една од земјите кои произведуваат филмови фабрички, на лента, од почеток до крај на снимање и продукција поминувале најмногу две недели, жанровски доминирало споменатото кршење кичми со помош на квази-Кунг-фу, сцените со тепачки ги снимале успорено (глумците како желки ги дигаат рацете и нозете) а потоа тоа го забрзувале во монтажа за да делува како да се тепаат некои експерти во Кунг Фу а не пропалитети. Над тоа се монтира и генерички звук на удар кој верувам му е познат на секој кој погледнал барем еден таков филм.

Тука е и Турција како место каде се продуцирани легендарни треш остварувања, турскиот Стар ворс е класичен пример (може да се види Јутјуб) каде што селџуците имале крадено цели сцени од оригиналот со сечење филмска лента (скапите сцени со вселенски летала на пример) а другото е полуаматерски крш, главен глумец нормално - турскиот Џемс Бонд - Мурат Карамурат (не му е право име ама така останало меѓу рајата, како Брусли на пример). Во турскиот подвид на треш имаме често кршење на физичките закони, па така Мурат знае и да полета по потреба. Или да подигне девет тонска карпа.

Џунејт Аркин е името на најпознатиот турски актер (ова му доаѓа како најпознатиот андорански фудбалер) и во својата кариера отепал барем 99.000 филмски антагонисти и снимил околу 300 (!) филма. Човек се прашува дали си одел дома воопшто или спиел во студиото...


Не треба да се греши душа и да се ставаат сите акциски филмови во категорија на треш. Иако е крајно примамливо филмови каде што се појавуваат галерија на антиталенти како Шварценегер, Чак Норис, Џет Ли, Долф Лундгрен, Ван Дам или Стивен Сигал да бидат карактеризирани како треш - тие тоа не се. Во продукциски смисол се добро скоцкани, буџетски се јаки а покрај главниот глумец кој делува смешно - обично има солидни глумци во кастингот кои го "извлекуваат" ваквиот филм од категоријата треш. Особено е карактеристичен Стивен Сигал, глупава и тромава појава и целосен аналфабет за глума кој не би можел уверливо да одглуми ниту леш и кој е просто роден за ефтини треш филмови но по некоја несфатлива игра на судбината осамнал во скапи и добро продуцирани филмови...

Можеби феноменот на трешот најдобро го доловил некој си режисер од Нигерија кој тврдел дека е најдобар режисер во светот. Кога го прашале дали е подобар и од самиот Мартин Скорсезе типот одговорил нешто во смисол "ајде да го видам тој Скорсезе нека сними филм за 48 часа! Дајте ми 5.000 долари и за 48 часа имате завршен филм и изрежани цедеа со филмот спремни за продажба по тезгите". Нигерија инаку денес е земја каде се снимаат најмногу филмови на светот.

Препорака за гледање - Делата на Иван Рoџерс особено филмот со име "One way out". Тоа нешто не може да се опише преку текст, Тоа мора да се гледа.

Monday, September 26, 2016

Манијаците од нашиот сокак

(By Roger Mortis, 278/158)
Се чини дека во периодот на овие 25 години по паѓањето на претходниот систем земјава ја зафати право Цунами на насилство и криминал. Не навлегувајќи во причините за таквата експлозија на зло - ќе се задржиме на "кремот" на т.н. крвен деликт - сериските убијци и нивните помалку славни колеги "масовните" убијци. За овие вторите дефинициите се разликуваат од едно до друго место но за потребите на овој пост ќе го земеме магичниот број три како појдовна точка за да им овозможиме еднаквост во тој поглед со серијашите.
Дисклејмер, неопходно е да се знае дека се работи за мирновременски убијци, а оние кои убивале во честите, богати по содржина и садизам војни на овие простори припаѓаат во некоја друга категорија.

Прв настан на масовно убиство на оваа територија секако би бил легендарниот поход на Томе Стојановски и неговите четири жртви во кругот на Скопска Пивара. "Томе од Пиварата" се прославил на 10.Февруари 1966 кога вооружен со Чешка Збројевка во калибар 7,65мм тргнал да исправи неколку криви дрини и да се одмазди за неправдите на кои бил изложен на работното место и надвор од него. Отказот од работа и шут-картата од СКМ ја прелиле чашата и во умот на Томе не оставиле простор за поинаков расплет од оној крајно крвавиот. Впрочем, за подетално инфо може да се кликне на следниов линк.


Вториот настан кој би бил на самата граница на дефиницијата пoмеѓу масовно и сериско убиство е ликвидацијата на три члена на семејството Мудинови на 13.Ноември 1995 кога во Струмица биле извршени три поединечни убиства на различни локации во ист ден. Овој случај е и единствениот кој е без официјална правна разрешница и останува во доменот на шпекулациите а таму веројатно има и политичари и локални кримоси и слични крајни продукти на општествениот метаболизам, сепак тоа било време на екот на транзицијата и на матните зделки.

Третиот лик кој извршил масовно убиство е своевиден копикет на култниот Томе.
Употребувајќи нешто појак калибар, стандардниот 9мм Пара, виничкиот осветник Моне Андоновски се упатил во основниот суд во Виница на 25.Септември 1995 и таму им пресудил на три жртви - брачен пар тужители кои долго време се суделе со Моне поради некаква меѓа помеѓу имотите и нормално, нивниот адвокат. Една од најмоќните причини за лишување од живот кај нас - имотно правните проблеми често предизвикуваат испади на смртоносно насилство но најчесто тоа се удари со секира или копач по главата, никогаш испразнување шаржер во неколку лица истовремено. Се` до походот на господинот Моне кој потоа избегал во Италија од каде што бил екстрадиран наредната година за да биде помилуван со указ на тогашниот претседател во 2006 (!?)

Четвртиот во оваа хронологија на манијаци е типот со најоригинално име и презиме од сите наведени. Пироманот од Драчево - Гагарин Зенделовиќ, средовечен семеен човек, пијаница и поклоник на легалната дрога Лексилиум направил најголем зулум од сите бидејќи при неговите дејанија настрадале 35 лица но за среќа (или сепак несреќа?) само четири смртно. 11 поминале со потешки а 20 други со полесни повреди. Како редок пример на пироманство на овие простори, Гагарин (lol), креатура од дното - наоѓал задоволство во посматрање на огнови. Неговиот Магнум опус се случил на 23.Август 2005 во Кисела Вода каде што Гагарин се завлекол во подрум на стамбена зграда, преспал извесно време и потоа запалил некои стари весници и картони во подрумот.


Подоцна се вратил за да го посматра пожарот а наредните денови бил приведен откако признал на домашните што сторил. Во настап на агресија се заканувал дека ќе го запали истражниот затвор Шутка а својот пат на овој свет го завршил обесувајќи се во затворот на 1.Февруари 2006 откако бил осуден на 14 годишен одмор во лудницата во Демир Хисар...


Петтиот на оваа листа е можеби и најефективниот а тоа е Лазе Радески, убиецот на шест менувачи на девизи од Охрид. Кај Лазета нема ништо надвор од баналното користољубие, нема некои "повисоки" мотиви, нема гласови во главата, крајно е досаден во своето зло.
Лазе употребувал чекан како оружје и со изговор за менување поголема сума ги поканувал менувачите во дуќанот за санитарии на "Туристичка" и ги убивал со удари по главата. Сечејќи ги лешевите на делови кои ги пакувал во гепекот на својата "Пезетка" манијакот им го пронаоѓал привременото последно почивалиште на останките на жртвите во околината на Охрид и Струга.
Гласините за наводна мината кариера на Удбашки ''хитмен" веројатно се само тоа - гласини. Уапсен во Април 2008, останува да се види дали ќе одлежи доживотно или ќе биде амнестиран од страна на некој иден Хорхе.


Шестиот случај е секако најпознатиот и медиумски најекспонираниот. На 22.Јуни 2008, уапсен бил Владо Танески, кичевски новинар кој наводно убил четири жени над кои потоа извршувал блуд пост мортем.
Наредниот ден после апсењето во колективната свест ќе влезе и "кофата убиец" дотогаш и оттогаш непознат феномен во светски рамки. Таа кофа била садот во кој Владо, според комичните извештаи на полицијата успеал да се удави самиот себе. Во некои други средини можеби ова би било навреда за интелегенцијата на популацијата, но во Кичево и Хунзистан поминале и поминуваат секакви срања, па така помина и смртоносната кофа. За едно од убиствата подоцна припишани на Владо, славното локално правосудство осудило погрешни особи...
Но тука не завршува приказната за Кичевскиот Давител. Во неколку наврати во следните години во кичевската околија ќе осамнат лешеви на средовечни жени убиени со сличен Modus operandi како оној со кој претходно биле одземени четири животи. Дали конечниот број на убиства е над шест или дури и десет и дали вистинскиот кривец слободно шета наоколу е тешко да се каже.


Виктор Карамарков наречен Шеќерко (!?) а потоа и Скопскиот Раскољников е единствениот со наводни литерарни мотиви во оваа тажна галерија на насилството. Како и книжевниот лик од Достоевски и Виктор користел секира за да убие а убивал и иста целна група, постари жени кои не можеле да се бранат...Но за разлика од Родион Романович, Шеќерко убил пет жени и се обидел да убие уште најмалку две, што значи дека посегнал по живот седум пати повеќе од несудениот правник од славната книга. Некогашен првенец на генерација во средно и јак студент, подоцнежен џанак и пропалица - Виктор испириран од Родион започнал да истражува неконвенционални начини за прибирање пари. Одбирајќи ги жртвите според возраста и животниот "стил" (осаменост), убиецот со здравствена книшка во рака се појавувал на врата на жртвите апелирајќи на нивниот мајчински инстинкт со приказна дека му требаат пари за операција на мајка си. Ако проценел дека жртвата е сама, Шеќерко влегувал и со неколку прецизни удари во главата ги ликвидирал жртвите. Потоа се претварал во Термит и собирал се` што има некаква вредност во живеалиштето на жртвата.
Уапсен е во Ноември 2009, после опсежна истрага а бил пронајден во некаков подрум во Ѓорче, тотално "ушлагиран" и неспособен да бега. Осуден бил на доживотен затвор.


Осмиот случај навлегува во водите на организираниот криминал и како таков можеби е на работ на релевантноста но вреди да се спомене поради невообичаеното орудије употребено за убиствата, (нај)славната автоматска пушка АК-47 или веројатно М-70 или друга варијанта на сеприсутниот сејач на смртта, Калашњиков. Имено на 3.Септември 2010, во скопската населба Аеродром во некаква биртија на иста маса седеле колеги по криминал, двајца од онаа и еден од оваа страна на законот, припадник на легализираната рекетарска служба позната како полиција. Во локалот влегол извесен Тони Денковски и испразнил најмалку три рамки во жртвите, по една за секој од убиените. Дали се работело за страв и несигурност или Тони само бил екстремно лош стрелец па морал да прибегне кон overkill не е познато. Се предал самиот следниот ден и подоцна бил упатен на доживотна робија.
Наводно се работело за должничко-доверителски односи во кои убиецот бил во улога на должник, наводно бил стар дилер и екс-колега на убиените, наводно бил само извршител, наводно бил уценет, наводно жртвите му се заканувале со ликвидација на семејството...премногу "наводно" а премалку "сигурно", како што често е случај во ваквиот вид на "уморства"...


Следат пар случаи кои се екстракт на битовиот елемент во својата пост-транзициона екстрема, сопружничките односи затруени со параноја кои често ги полнат страниците на црните хроники. На 9.Ноември 2014, во некое место наречено Кавадарци, се случувал развод помеѓу припадник на специјалните полициски сили, непопуларно познати како Алфи и неговата сопруга. Неколку дена по разводот, имењакот на претходниот убиец, Тони Станоев - веројатно разјадуван од сомнежи и гнев, отишол во домот на семејството на неговата тогаш веќе тазе екс-сопруга и со службениот пиштол ги застрелал нејзиниот татко, мајка и сестра а се обидел да убие и четврто лице. Може да се нагаѓа за причините за ваквиот епилог, но не е далеку од логиката да се претпостави дека убиецот ги сметал жртвите за одговорни за неговиот пропаднат брак.
Полицијата го пронашла и уапсила за неколку часа на мошне симболично место - градските гробишта...


Последниот, десетти случај на масовно или сериско убиство е скоро карбон-копија на претходното а се случило само две недели подоцна, на 24.Ноември 2014, во некое населено место Злетово со скромна разлика што убиецот бил професионален војник наместо полицаец. Драган Маноилов, прогонет од можноста за брачно неверство од страна на неговата сопруга - го напуштил работното место заедно со својата автоматска пушка, повторно роднина на АК-47 и со неа во настап на избезуменост и јарост одлучил да убива! Не можејќи да го лоцира наводно неверниот субјект, Драган одлучил дека самарот крепи повеќе трагика отколку магарето и отишол во домот на семејството на жена си, каде што после кратка расправија со рафална стрелба ги убил таткото и мајката на сопругата и чичкото на наводниот заводник на избраничката на неговото...па што и да имал наместо срце.
Незадоволен од "скорот" од три убиства и со сеуште незадоволена жед за крв, Драган отишол во заедничката куќа каде пребивал и братот на жена му. Но за среќа, овој пат целта се покажала жилава и во настанатата тепачка, несудениот леш успеал физички да го совлада манијакот и да му го одземе оружјето. Манијакот избегал и наредниот ден се обесил во кочина во Злетовската околија...


Во познатата екс-ју хорор комедија која се бавеше со темата на сериско убивање "Давитељ против давитеља" беше приметено дека град кој никогаш немал серијаш на своите улици - не може да се смета за метропола. Тој сомнителен услов за стекнување на урбано признание за метрополаштво засега го имаат Скопје, Охрид...
И неверојатното Кичево!

Битола нема аеродром...и нема сериски убиец.

Saturday, August 27, 2016

Olympicunts

(By Roger Mortis, 277/157)
Неодамна завршија летните Олимписки игри, најголемиот спортски собир на планетата Земја и најголемиот повод за неповрзан рант околу врската помеѓу спортот и некои морбидни работи како идентификацијата со туѓи достигнувања. Рантот започна на друго место, но како што е правило, човек мора да ја надогради моменталната инспирација со нешто повеќе, неколку зборови плус во ова мрачно и заборавено катче...

Олимписките игри се интересен феномен поради многу работи, една од нив е играњето со перцепцијата на рајата. На пример, постојат спортови како мечувањето, толку неинтересни и секогаш со повеќе такмичари отколку гледачи...што е смешно.
Некакви ликови во бело со маски на глава со кои личат на Мува се тетерават бодејќи се со парче жица. Тука е и пукањето во глинени гулаби со сачмарка (да, има и такво нешто на олимпијадата), борењето и стрелаштвото каде што лица кои неодоливо асоцираат на гикови и нердови, дебели и несмасни, пукаат од тешко модифицирани малокалибарски оружја во мета а на глава носат граничници за очите како кај товарните коњи, разни визуелни помагала и оставаат општ впечаток на неразблажен моронизам. Стрелаштовото има допирна точка со ракување и употреба на огнено оружје колку и возењето скутер со трчањето.


Да не го заборавиме и неговото величество, кралот на досадата меѓу спортовите и царот на монотонијата - Велосипедизмот кој е толку досаден што заслужува свој сопствен рант и бантер...

Но ниту еден спорт со својата дебилана не може да го надмине Ватерполото.
Јасно е дека тоа постои само за масата во одредена земја да се осети на момент значајно преку фактот за `освојување на медал на нашите`. Во случајов, најчесто четници, усташи или жабари. Или маџари. Не се сомневам дека го имаат измислено богати англиски педери од некој расадник на истополова атракција познат како `подготвително училиште`, но ете, плодно тло си нашло на тажниот Балкан...


Надвор од таа намена, ватерполото не постои. Толку е досадно, глупаво и беспотребно што не е ниту смешно.
Освен очигледната хомоеротска ситуација со куп голи мажи кои се држат за задник или за нозе во базен - тука е и задолжителното мафтање со раце пред голот, истите ама баш истите покрети во секој напад и општото отсуство за прикажување на било каква физичка интелигенција или скраја да е, креативност.
И колку треба да биде рандом домољуб ненормален за да го гледа тоа само затоа што `неговите` ќе освојат медал?! Да гледа куп голи издепилирани мажи како се држат за гениталии? Но во ред, хомоеротизмот и национализмот имаат многу повеќе заедничко отколку што просечен домољуб би сакал да признае.

Плукање во вис или фрлање на клозетска шоља во далечина би биле далеку поинтересни спортови, само кога олимпискиот комитет би имал слух да воведе уште пар дисциплини кои никого нема да го интересираат надвор од `медал каунтот` и домољубното лудило.

Monday, August 22, 2016

Микронезиска сага

(By Roger Mortis, 276/156)
Птиците, иако убави створења - имаат потреба да серат. Но понекогаш нивната Клоака е медиум преку кој во погон се ставаат тркалата на историјата, се испишуваат нечуени драми и се снимаат досадни мјузикли.

И така (да употребам еден одамна чуен израз) птиците-серици со милиони години се празнеле над едно неугледно парче земја во далечната Микронезија...а тоа парче земја во еден даден момент припаѓало на куќата на Хоенцолерните.

Има нешто кортомалтезијанско, квази-магично, необјасниво шармантно во постоењето на некогашните царски германски колонијални поседи. Обично места кои никој не ги посакувал како колонијални трофеи како Германска (Папуа) Нова Гвинеја, место кое и ден денес никој не го сака, Того(ланд), Дојче Камерун, Цинг Тао (несудениот ривал на Хонг Конг), Тангањика, Руанда, Самоа...и веројатно круната на кајзеровата Империја - неверојатниот остров Науру во веќе споменатата Микронезија, во југозападниот Пацифик.

Но германската `раса` е позната како вредна и паметна, исто како и германските овчари, па така забеганите колонисти на тој забатален остров на кој карпите се наоѓале под километарски наслаги од петрифицирани птичји гомна (Гуано) - приметиле дека гомната од Галеби, Албатроси, Корморани и остали морски бештии содржат фосфати со азотни и калиумови примеси кои биле барани како суво злато на светскиот пазар на ѓубрива.
Земјоделието отсекогаш било гладно за квалитетни ѓубрива, во случајов природни - и така малечкото Науру било на пат да стане најдрагоцен колонијален посед на Немачка. Иако е околу милион пати помал од Тангањика да речеме. Но големината никогаш не била се`. Освен големината на маларичните комарци кои биле најјак адут на таа африканска територија окупирана од исончани Баварци.

Островот некогаш...

И зошто е битен некаков си Науру?
Затоа што е единствена земја која доживеала целосен еколошки колапс и денес е буквално физички уништена и скоро непогодна за човечка хабитација.
И затоа што како мала територија со малку население и релативно straight forward историја е совршен терен за утврдување на крајните последици од делувањето на извесен доминантен економски модел во денешно време.

Експлоатацијата на Гуано продолжила и за време на британската, јапонската и австралиската колонијална власт. Домородното население воопшто не било заинтересирано за птичји гомна туку си се бавело со традиционалните форми на економски живот. Но, во кобната 1968 година, Науру добива независност и станувајќи најмалата меѓународно призната држава после Ватикан, со своите два-тринаесет илјади жители (половина од популацијата на велеградот Кичево на пример) и сеуште значителни наслаги на гомна - слободољубивиот и државотворен народ на оваа република - се оддава на копање Гуано како да нема утре. И до осумдесеттите години од 20-от век, Науру, благодарејќи на скромната популација и нескромната експлоатација на гомна - станува земја со втор најголем БДП по глава на жител - во светот !

Но природните ресурси ја имаат таа кобна навика да бидат ограничени. А на остров со големина на кутија кибрит, и покрај милионите години на птичјо празнење на цревата - Гуаното морало еден ден да биде исрпено. И така и биднало - фосфатните наслаги биле буквално ископани до оголување на карпите, менувајќи го и самиот рељеф на островот!
Несреќата никогаш не доаѓа сама па така изменетата биосфера која со Еони била градена на ова мало валкано парче земја - предизвикала климатска пустош бидејќи немало што да ги брани кутрите науруанци (или како и да се нарекуваат) од ветриштата и јакото сонце. Штета што никој не им кажал дека дрва не растат на камен и дека ридовите не се купуваат со долари.

и денес...

Сепак најголем даун биле створените навики на популацијата. Живеејќи на висока нога, потонати во конзумеристичко бунило, ненавикнати на наглата промена во стандардот створена преку една до две генерации - рајата почнала да пати од болести на Првиот свет, масовно, цело село заболува од дијабетес со што ја добива нималку ласкавата титула `Престолнина на шеќерната болест`, алкохолизмот зазема драматични размери, депресијата коси а просечната дебелина на популацијата скоро се удвојува од времето од пред независноста и веќе погаѓате - тоа се денес најдебелите луѓе на планетата...

Ако науријанците нешто научиле од нивните капиталистички колонијални господари - тоа е претприемачкиот дух! Микронезиските псевдо-Јапи и тајкуни во спрега со локалните политичари се впуштиле во изнаоѓање на излез од кризата. А тој се наоѓал каде ако не во - инвестирањето...и така прватно-државниот фонд кој располагал со најголем дел од девизите се впуштил во серија инвестиции кои требало да донесат спас.

Инвестицијата во авио-сообраќај се покажала како неуспешна. Претприемачите набавиле девет (!?) Боинзи 737 но заборавиле да проверат колкав е долетот на овој вид на летала. Папуа се наоѓала на крајниот лимит на долетот а Австралија, главната цел - сосема надвор од него!
Откако пропаднала таа инвестиција, се преминало кон легална војна пред меѓународните судови поради австралиското копање на гомна пред независноста. Тука науранците се покажале малку поспретни и искамчиле неколку милиони отштета во почетокот на деведесеттите години. Мечка страв, Науру нестрав - осоколени од овој успех, капиталистите од овој остров се впуштиле во нова авантура. Признавање на Тајван во замена за пари!
Ви звучи познато? Знам...знам...

Најмувањето на брод за крстарење и отварањето на крузерска линија на овој веќе визуелно мизерен остров со забележливо отсуство на бисерен песок и светлоплаво лагуни - било потфат рамен на економски суицид. Туристите сакаат призори како од рекламите. Дистопискиот туризам е сепак, ствар на иднината.

Следело финансирањето на некој несфатен лондонски уметник кој имал замисла за Мјузикл кој ќе го надмине самиот Ендру Лојд Вебер и стократно ќе ја врати инвестицијата. `Леонардо, приказна за љубовта` од некои си Грег и Томи Милер кои пронашле неочекувани мецени, било музичко-сценско дело кое требало да ја опише љубовта помеѓу Да Винчи и...па да, Мона Лиза. Милионите долари вложени во ова дело завршиле со наголемиот флоп во историјата на Вестендската сцена. На премиерата луѓето буквално заспивале па дури и оние со подарени билети си заминувале на сред изведба!

Следна станица - создавање на оф-шор дестинација за сомнителен капитал. Оваа генијална замисла навистина привлекла интерес, пред се` од транзиционите руски и украински мафијаши via Руската централна банка (!) но не е познато колкав процент од тие средства завршил кај науријанците...


Нескротливниот дух на дијабетичарите имал уште еден ас во ракавот. Имено, поради крајно дискриминаторската политика на австралиските власти кон нелегални мигранти - плашејќи се дури и да отвори детенциски логори на `своја` територија, огромната, континентално масивна и слабо населена Австралија преку нејзините политичари - го изнајмува микроскопското Науру како место на кое ќе гради привремени логори и затвори за мигранти. За соодветна надокната секако, доволна за секој од некои 10.000 преостанати жители да купи барем по едно чоколатце неделно...

На крај, после еден куп промашени инвестиции од кои повеќето се граничеле со лудило, а многу дебело ја преминале таа невидлива граница, претприемачкиот дух на рајата спласнал, повикани биле ОН да дадат некој долар за да се избегне појава на глад и епидемии...

А кој умира последен ако не желбата за богатење?
Науруанските политичари во 2015. година стапиле во контакт со јапонската вселенска агенција со цел да бидат изнајмени како место од кое ќе бидат лансирани јапонските сателити во вселената поради наводно подобрата локација за таква намена во Науру во споредба со било кој од јапонските острови...

Тука некаде би ставил крај на оваа неважна приказничка од една од најневажните земји на светот. Тотална економска, социјална, демографска, еколошка и здравствена катаклизма со само еден пат напред - а тоа е релокација на сите жители од голиот остров. Науру ќе ја има честа да биде првото парче земја кое било буквално уништено од страна на етатизмот во историјата.
СССР ја имаше таа среќа да биде поголем од самата руска глупавост па Аралското море, Припјат и Семипалатинск беа само епизоди. Парагвај во времето на војната на Тројната алијанса и секако Камбоџа со Пол Пот се другите драматични примери.

Трпение, кажува народната `мудрост`. И денешна Европа има сличен пример на опустошување.
Постои само една земја во која има поалчна, понеписмена и поподложна на делузии раја на планетата.
Да, тоа е Хунзистан.

Само што Хунзистан нема птичји гомна.
А нема ни море...

Monday, July 11, 2016

Крв, земја и естроген

(By Roger Mortis, 275/155)
Паралелно со програмата за стварање на прототипот на балканскиот алфа-мажјак кој со својата плодност требаше да го спречи изумирањето на балканските етноси во новиот 22.век - во тек беше и стварање на прототип на балканската женка која треба да го врати сјајот на старата женска забраденост, покорност и плодност.
Програмата предвидуваше и такви ситни детали како што е миењето на нозете на свекорот.

Бихевиористичкиот психолог : `Госпоѓо, кој момент од вашиот живот ве дефинираше дека сте жена во права смисла на зборот?``Постоеше ли момент кога си рековте Да, тоа е тоа, вака постапува една права жена! `Дали права жена се раѓа или тоа се станува со тек на време?

(Жената знаеше да зборува само на латиница, во Ариел.)

Репликантката : `Izvinete neznam da zboruvam na kirilica, ama blagodaram sto se obrativte na kulturen nacin oti toa e retkos`, bar kaj mazite od naseto maalo.
Paaaa........jaska otsekogas znaev deka sum zensko oti tatkomi na mala vozras` pocna da me uci deka treba dago slusam nego i da ne dozvoluvam nikoas da pokaci ton namene oti stom pokaci znaci e nervozen i sum napravila nesto sto ne treba. Znaci takov moment ne postoese no go svativ so tek na vreme koga majkami pocna da me ostava sama dase grizam za kukjata, a toa bese koga napolniv 6 godini i stanaf zrela za vo zabaviste. E sega ednas koga napolniv 12 mislev deka umiram oti pocnav da krvaram pa togas majkami mi kaza deka ustvari sum stanala veke prava zena ama nesum sigurna, jas mislam deka zenata se ragja takva ponekoas prava, ponekoas kriva. Eve imam komsika sto ima problem so kicmata od ragjanje pa ne e mnogu prava zena, ama zatoa e mnogu dobra i epten domakinka pa mazoti go zanemaruva nedostatokot.`

Бихевиористичкиот психолог : `Знаеме дека терминот е комплексен и тешко дека некогаш целосно ќе биде опишан и доловен, но кои се, според вас, некои од поглавните, повпечатливите карактеристики кои ја одвојуваат правата жена од клетите растурикуќи?`


Репликантката : Najubavo e zenata koga ke ja taksaat uste od mala. Taka taa raste znaejki za kogo e vetena i nema setanje levo-desno oti sledi kjotek. Mene me ucele deka stramota e zenata da zagleduva mazi ama pa pusto oko ne bira kogo da pusti pred vidik hehe pa zatoa samo ke si navednes glava i si kjutis.
Koga ce se omazis stanuvas svesna za vrednostite na familijata. Doma mora da ima gotvena hrana, znaci nautro se przat lepcinja so sirence za decata, pa mandzice za rucek nekoe ili so kolbavce mrsnicko hehe i za vecera nesto polesno so salatice i rakiice za poarno dase vari hranata. Deserti pravime so mlekoto sto go nosi tatkomi sekoja nedela, em svezi, em vkusni. Mene mi e merak mazotmi sekogas da e cist i namirisan, pa mu gi peram corapite sekoj den oti se zali deka mu mirisale koga se soblekuval kaj narod, a neznam sto pravi po narod koga on na gradiliste raboti ama nema vrska sigurno kaj drugari sedi oti taka grupa mazi ne pazat kako sedat, pa si idat doma so stutkani alista i iskapani od pienjeto. Ama mora da se pere sto da pravis. Nekogas i nokti mu secam sirotiot e premnogu umoren od rabota, pa sto da ne. Togas si pusta dokumentarci so Tito i se sekjava na Jugoslavija, vika mnogu ubavo bilo...a jaska nepamtam, mala sum bila.
Rasturikukjite ne zasluzuvaat ni da se spomenat. Strasno kako ne se sramat deka ke gi vidat so drug maz, a tie mazeni. Imaat seksualni odnosi uste nemazeni i so po dvajca trojca pa posle mazot ja zema projdena i ne mislat deka ce treba da mu kaze na deteto deka majkamu bila so nekogo i deteto ce si ima traumi. Sto ako posle go sretne toj cicko na ulica?

Бихевиористичкиот психолог : `Е сега, кога веќе отприлика се запознавме со некои основни карактеристики на вистинската жена...што е праф маш според вас, каков треба да биде избраникот на вашето срце, или изборот на стројниците?`

Репликантката : Praf mas e mojot mas! Znaci mazot treba da se pocituva i ceni sekogas, pa duri i koga gresi. Tatkomi vika deka mazot nikogas ne gresi tuku samo deka nosi odluki sto ne se tolku pravilni ama se sepak popravilni od tie na zenata. Mazot treba doma da se trudi sekogas trpezata da e polna i sekako - da ima za pivce za nego vo sekoe vreme, a toa sto ke ostane e za zenata da si kupi gakji i sminka za da ne mu izgleda grda ko pes. Mene mi se mnogu simpaticni mazi so mesinja oti taka se znae deka zenata go cuva doma i toa odma dava slika zanea deka e domakinka.
Druga odlika na praf mas e da ne pokazuva emocii oti emociite se za putki ko sto vika mojov hehe. Mazot treba da e stolbot na kukata i moze da e emotiven samo koga ce igra negoviot tim ili koga deca ce mu ja izgrebat kolata nadvor. Taka nervozen smee i da ja udri zenata ako proba da mu dava soveti oti taa nema pravo da muse mesa vo nesto vo koe toj e ekspert, a toa se site oblasti. Vaka fizicki mnogu privlecno deluva maz so nakit, odnosno nekoe lance so sentimentalna vrednos` sto ja pokazuva negovata imotna strana, a so toa i go privlekuva zenskiot pol oti taka znaat deka e sposoben da rani familija, prsten e plus. Posebno e sehi koga prstenot e burma na maloto prste na koe ima golem nokt. Povremeno ceskanje jajca i zadnik e mnogu jako. Smrdliva corapa e uste eden znak na praf mas. Znaci toj maz laci dovolno testosteron i pot, a so samoto toa i otvara povekje rabota za perenje na zenata - sto e odlika na sekoj praf mas.


Бихевиористичкиот психолог : `Кога сме кај мажите, кој е клучот за освојување и задржување на еден маж? Шта би рекли и коју поруку послали на сите овие девојчиња кои веќе се спремни за мажење, бидејќи во времето кога се знаел ред и поредок немало полуматура ами се прибирал чеиз. Помогни им на своите млади сонароднички да освојат некое грубо и крваво машко срце!`

(Subjektot odnenadez pocnuva da zboruva na kirilica)

Репликантката : `Ееееее децата сега незнаат што значи да се биде домаќинка, сопруга и мајка истовремено. Лесно им е да ги остават децата кај родителите и после мерат улици...ама секоја жена треба да знае дека патот до машкото срце не е така лесен и треба да се потрудиме малку. А нели викаат дека патот е низ стомакот.
Значи домаќинката треба на својот Стопан да му спреми убаво јадење и пиење, да го испере и облече и да му дава секогаш кога ќе побара. Не е срамота тоа кога сте во брак, така да си знаете.
А за носенје Чеиз...па да, пожелно е да си носат оти страмота е невеста со празни раце да оди кај мажот, што вика свекрвами со путката во раце само хехе. Значи барем ќебенце некое, миленце, по некој прстен за мама и тате за боже поможи, нешто накитче да се продаде за црни денови, шаторско крило...а стари фотографии никако да се носат во новиот дом.
Животот на жената почнува по мажачката и дотогашниот не се важи.`

Бихевиористичкиот психолог : `Каков е типичниот ден на една права жена, што прави таа за да ги задоволи потребите на сопругот, свекорот, деците и ближа и даља родбина?`

Репликантката : `Епа секоја жена си има рутина. Јаска значи обично станувам накај 05:30 да згрејам вода за алиштата. Преку зима понекогаш користиме и бојлер а вака во лето ја грееме на сонце оти мажотми вика да сме поикономични, па дури се топли водата ја спремам запршката за ручекот. Многу е убаво наутро кога мириса на запршка оти така се знае која станала најрано во комшилукот и се фатила за работа.
Стопанот и децата ги будам во 06:30 со спремен доручек и после ги испраќам на работа и нашколо.
Така дури да дојдат децата до 12:00 си средувам нискуќа, пазарам по нешто, си седнуваме со комшиките да си размениме рецепти и по некоја дешавка од сериите...аман изумревне веќе какви пусти судбини ги снаоѓале оние Турчинкине, многу потресно. Викаат по вистински настани била снимана серијата, загреота значи.
После ги средувам децата и го спремам ручекот. Ја подгревам запршката и го додавам остатокот, па штом дојде мажотми околу 17:00 сите јадеме, инаку вака не смееме оти не е убаво да се руча без главата на фамилијата. Некогаш им давам на децата да поткаснат ако се многу гладни ама ретко тоа. Навечер, дал Господ, се милуваме со мажот кога можеме...тој често е уморен ама разбирливо е, а роднините никако не чинат. Праф маш не ја дава жената по роднини оти знае дека и тие се прави мажи и може да им текне да и направат срамни работи. Свекорот, старо пувало само занога ќе те фати и готов е, па немам многу маки сонего, а онај братму какво ѓубре е му реков милиција ќе му викам ако ми ја потфаќа сукњата дури месам...значи многу мразам во баница да ми се мешаат.`

Бихевиористичкиот психолог : `Да прокоментираме околу физичкиот изглед, бидејќи без тоа сликата не би била комплетна. Дали правата жена треба да се грижи за својата појава, и какви совети би им дале на жените за да ги упатите по сокакот кој води до брачна среќа, прекрасни гоблени и миленца над телевизор?`

Репликантката : `За гоблени и миленца прво е многу битно да се има мираз. Значи жена без мираз не се праќа кај мажот оти тоа е многу срамота и кажува дека потекнува од недомаќинско семејство каде не се ни труделе да овозможат попристоен, да не речам побогат живот. Мене дома ме учеа да везам уште од осум годинки и многу сум срекна што првиот гоблен ми беше Тито на коњ во Дрвар. Добив и награда тогаш, книга...ама не успеав да ја прочитам до ден денешен!`


`Мојот маж е крупен, бабачко што викаме кајнас и мене тоа многу ми се свиѓа оти тоа е знак на сила...па мешето, рацете...тоа е многу битно да е крупно. Наш маш не е маш ако нема тетоважа од војска или барем со Исус нешто, крст ова она, сонцето на Кутлеш или имињата на бифши девојки. Дебели прсти и нокти се задолжителни...што подебели и подолги ноктите - тоа повреден мажот, значи работи и придонесува за дома. Прстење и ланчиња се исто добредојдени од очигледни причини. Праф маш косата ја носи во една од трите флизури : тетратка, џигерица или футбалерка.

Бихевиористичкиот психолог : `Толку се прашањата, ако имате да додадете некоја своја забелешка во однос на правата жена, домаќинка, родител која што на своите гради ја носи иднината на овој регион?`

Репликантката : `Хихихи па нема што веке да се додава. Ако е за арно и многу е кажано. Е сега сметам дека правата жена треба да биде скромна во муабетите и да дозволи делата да зборуваат за неа. Ама еве на крај да им порачам на жените да не посегнуваат по проституција, дроги и лошо друштво... значи секоја што не спие со мажот и само со мажот, треба да си ја чукне главата малку што прави со себе и како децата и родбината ќе гледаат на неа...Само така ке се спаси човештвото од блудниот пат по кој има тргнато.
Поздрав до вашата емисија и сите што ке ме читаат хехе.`

Очигледно подгрбавен под овој наплив на интегритет и естроген, психологот полека се упати во Центарот, да ги однесе резултатите на анализа. Така замислен, не ја ни примети погребната поворка која се движеше по патот во близина на Центарот. А таму, во ефтиниот сандак лежеше уште еден потомок на славните раси кои беа пред изумирање.
Природата очигледно најавуваше фајронт за популацијата на полуостровот.

Saturday, July 9, 2016

Табу 2.0

(By Roger Mortis, 274/154)
Многу навидум јасни ситуации никогаш не успеав да ги распоредам во соодветен фолдер во мозокот а една од тие е и онаа во која болестите кај луѓето, во случајов ексклузивно кај мажите - се сметаат за нешто срамно и поради некаква причина, состојба која предизвикува потсмевање.

Се разбира, муабетот е за последното табу на машката популација, поимот од кој се тресат коски и поради кој се бара утеха во Етанолот и несмасно насочената агресија, the problem that dare not speaks it`s name, апсолутот на стравот и ужасот - Импотенцијата!

За поентата на овој рант крајно се неважни причините и последиците, класификациите за тоа за каква болест станува збор и начините со кои мажите се носат со еден таков проблем.
Интересно е нешто друго а тоа е што оваа болест како поим има стекнато право на граѓанство и смее да се користи во навредлива конотација па дури и со цел да се испровоцира рандом лик, многу често од страна на женската раја. Уште повеќе лишено од логика е кога се користи од страна на машка раја...

Никој, ако не ги сметаме психопатите и социопатите, не би се потсмевал на слеп човек или на човек без нога. На маларичен или туберколозен? Не верувам. Деменција и Алцхајмер? Сифилис можеби? Тешко...Без евентуално рандом листање на медицинска енциклопедија во која би се пронашле болести кои кај некого би предизвикале потсмев, не сум сигурен дека такво нешто како комична болест може да постои.


Дали причината е неизбежната сексуалната конотација, дали и покрај површинската `еманципација` на населението и користењето на смартфони и слична електро-егзотерија која има процесорска моќ да ја посрами сметачката машинерија на НАСА за вселенската програма Аполо за пат на месечината - имаме само силна делузијата на еманципација и прогресивност зад која се крие вековна затупеност и која само чека некој малку да загребе под површина...кој би можел да знае...

Тука е и традицијата на машка трпеливост и перцепцијата на мажите како битија помалку осетливи на болка, па така разни воени ветерани со унштени тела и психа, разни жртви на несреќи на работно место или пак само на `обични` болести како гниење на вилица - морале низ вековите да `стиснат заби` (ако останале воопшто за стискање) и својата болка да ја закопаат некаде помеѓу испрекинатиот немирен сон и плачењето на седмото бебе...

А и не е важно во крајна линија. Болест е болест и во никакви околности не би смеело да биде предмет на исмевање и пакост. Барем не за лица кои се сметаат себеси за нешто повеќе од средновековна енклава во годината 2016.

`Еј брат слушнав дека Митре не можел да види бела мачка пред него, ќор бил скроз, абе слеп, така од раѓање знаеш...земај мобилниот ако се акне од некоја греда ќе биде јако...`
Дебилно?
Дебилно...

Friday, June 17, 2016

Рант за Кичево

(By Roger Mortis, 273/153)
За да се доживее ново и драматично искуство не е секогаш нужно да се патува надалеку.
И локалните краишта во себе кријат неистражени и непознати територии кои знаат да го фрапираат патникот-намерник.

Една таква територија е позната под името Кичево.
Земјата Кичево ми остави силен впечаток.
На влезот на таа мистериозна земја има неколку силоси за жито кои се надвиснуваат над ова населено место како Кришту Редентор над Рио. Сите две ленти по главната (и единствена) улица се маестрално проектирани во вид на права линија. Од лева а богами и од десна страна има згради, некои со по четири а има и такви со по пет ката!

Околу приземјата на зградите се забележуваат исцепени дрва за огрев што упатува на помисла дека таму живее вреден и чесен народ. Некаде околу градската автобуска станица порано имаше семафори, но во поново време тоа технолошко чудо кое ги збунуваше локалните жители беше исфрлено и заменето на кружен тек...кој уште повеќе ги збуни локалните жители.


Постарите лица во лимените биртии на автобуската носеа пресечени ракометни топки на главата. Не знам од каде потекнува тој обичај и дали е тоа резултат на нивната локална религија или се работи за некаква нова мода.
И така човек се движи по тоа место и се прашува дали постои нешто невообичаено...кога таму, настрана од погледите, на парче шина си седи главната туристичка атракција - локомотива со големина на Југо и пар вагончиња. Своевремено, кога ликови со фесови го донеле тоа нешто во градот - сигурно на рајата им бил направен впечаток кој денес би го оставило слетување на вселенски брод. Подоцна системот на тесни шини бил заменет со систем на широки шини, за време на владеењето на ликови со петокраки на главите и вовчето наречено Ќиро останало без работа...

Кога сме кај вселенски бродови, над и околу Кичево е забележана постојана НЛО активност за која понекогаш известуваат локалните и национални медиуми но повеќето такви инциденти остануваат во рамките на месниот фолклор. Се претпоставува дека во 1947 година во околијата навистина слетал вселенски брод. А тоа не е случајност, впрочем поимот Кичево се состои од шест букви, исто како и Розвел! А тоа не може да биде случајност. Друга сличност со Розвел е таа што во Кичево било предвидено снимање на тинејџ серија наречена `Kercove High` која требало да биде овдешен пандан на американските серии кои имаа чудно влијание врз младата популација во неславните деведесетти.

Ако некогаш патот ве однесе низ ова живописно и нималку интересно место - застанете и прошетајте, пружете му шанса на овој европски бисер на досадата и монотонијата да допре до вашето срце. Никогаш не се знае, и Лас Вегас некогаш бил само пар салуни, пар корали, еден бордел и една бензинска на сред пустелија. Така и Кичево може да прерасне во нешто значајно. А во тој случај, ако го посетите местото, еден ден на вашите правнуци гордо ќе им расправате - `да, јас сум бил во Кичево!!!`

Saturday, June 4, 2016

Комшилук

(By Roger Mortis, 272/152)
Бесмртните Монти Пајтон во својата позната нумера The Galaxy song на духовит начин зборуваат за ништожноста на човекот во огромната, темна и студена вселена. Сепак една сатирична песна тешко може да го долови местото на човекот во вселената. А човекот како човек - си ја поделил бесконечноста за да може подобро да ја разбере.

Како што знаеме уште од деновите на оскудниот и грозоморен образовен систем - земјата е трета планета по ред во Сончевиот систем кој до скоро се состоеше од девет а денес од осум планети, после дисквалификацијата на далечниот Плутон од екипата. Тука веќе ја достигнуваме границата на сознанијата добиени преку медиумот на монотон глас на рандом даскал и одиме понатаму.
Сончевиот систем се протега на некои педесетина Астрономски единици (една астрономска единица е далечината помеѓу Сонцето и Земјата или 150 милиони километри) што му доаѓа отприлика 7,5 милијарди километри, горе-долу.
Напуштајќи го сончевиот систем ги оставаме километрите на раат бидејќи не вршат повеќе работа и се префрламе на Светлосни години (растојание кое светлината го поминува за една година). Парсеците ги оставаме на астрономите.

Нашиот скромен Сончев систем бил само дел од облак на ѕвезди и најмалку 200 други сончеви системи со големина од околу 30 светлосни години. Тоа е нашето малку подалечно соседство.
Облакот од своја страна бил дел од Локалниот меур со разни облаци од звезди/сончеви системи над некои 800 светлосни години. Збир од повеќе локални меури сочинувал појас од меури наречен Гулдов појас и се протегал на барем 3000 светлосни години.


Понатаму доаѓаме до Орион гранката како збир на меури и појаси со големина од 10.000 светлосни години и како составен дел од галаксијата Млечен пат, скромна галаксија од 100.000 светлосни години. Заедно со неколку галаксии кои гравитирале кон неа сочинувале подгрупа на галаксии низ 2,7 милиони светлосни години.
Таа подгрупа била дел од група на 54 галаксии во распон од 10 милиони светлосни години познати како Локална група.
Повеќе локални групи сочинувале Кластер на галаксии, ние сме биле во Девица кластерот (преку 1500 галаксии низ 54 милиони светлосни години) кој пак бил дел од Девица Суперкластерот кој од своја страна бил собир на кластери на групи на галаксии и имал барем 100 кластери со галаксии низ своите грубо земено, 120 милиони светлосни години...

Девица суперкластерот бил составен дел од Ланикеа мегакластерот, кој се состоел од мноштво суперкластери и имал барем 100.000 галаксии низ него распространети низ 520 милиони светлосни години.
Ланикеа е последна поделба, како составен дел на Универзумот, барем оној за кој се претпоставува дека му е позната формата и големината низ 13,8 милијарди светлосни години а во својот состав содржи над 100 милијарди галаксии како дел од целосниот универзум.

А тој од своја страна може да е само еден од трилионите постоечки универзуми...

Ако на просторот се додаде и времето (а поинаку и не може) тогаш доаѓаме до најмалку четири милијарди години перипетии, подударности и коинциденции само на Земјата и во нашиот Сончев систем кои резултирале со појавата на живот и на крај секако - Човекот, сосема нова појава со неговите 200.000 години постоење.

Не знам за вас но мене ваквите информации не ми делуваат депресивно ниту пак ме прават да се чувствувам ништожен. Напротив, сите ние сме екстремно ретка ситуација во Универзумот и можеби е крајно време да се откажеме како врста од тривијалностите кои доминираат низ кратковечниот престој на секоја единка во оваа реалност. Јасно е дека тоа е невозможно и само се надевам, дури би рекол дека навивам да не бидеме единствена самосвесна врста во Универзумот бидејќи тоа би било, да го парафразираме Карл Саган - навистина ненормално трошење на простор.

Не, најсериозно...се надевам дека Митре од Ресен не е највисоката форма на живот во Универзумот.

Tuesday, May 10, 2016

Последниот лет на Трансвеститот

(By Roger Mortis, 271/151)
Извесен јудејски народен водач своевремено изјавил (или барем нему му се припишува изјавата) дека со Вера планини се поместуваат. Дваесетина векови подоцна еден чуден лик по име Морис Вилсон се обидел да ја тестира точноста на таа изјава.
Вметнувајќи и постење за да ја надополни молитвата како основа на неговото сфаќање на теологијата, Вилсон, британски ветеран од Големата војна и ентузијаст во полето на светата дејност позната како Daydreaming - решил да се искачи на Монт Еверест во 1934 година...

Тоа не би било нешто посебно спектакуларно, експедиции со цел да се освои највисокиот врв на планетата биле преземани уште од крајот на 19.век. Иако сите до таа 1934 биле неуспешни, често со кобни последици по планинарите - тоа не го поколебало Морис. Уште помалку тоа што најголемо искуство во планинарство му било искачување на шести спрат на некоја зграда во Лидс...

Како ветеран од војната, Морис покрај неколкуте тешки рани се здобил и со психичка болест, модерно кажано Пост трауматски стрес синдром. Не можејќи да се скраси на едно место, неговиот живот се претворил во номадски, вклучувајќи такви дестинации како тогаш егзотичниот Нов Зеланд, на самиот раб на Британската империја. Се бавел со разни работи, никој не знаел точно како но г-дин Вилсон успеал да се стекне со мало но значително богатство.
Измачуван од физичките и психички тегоби се решил на мистична терапија предложена од некаков мистичен Мистик во Лондон, мешавина од христијански и хинду верувања и пракси кои според него можеле да ја променат човековата судбина на подобро.


И навистина работите тргнале на подобро за Морис. Болките скоро и да престанале, психата почнала да заздравува а во умот почнале да му се мотаат крајно еуфорични мисли околу освојување на Монт Еверест, една од последните бариери несовладани од човекот во тоа време.

Големо олеснување на маките му предизвикувало носењето на женска облека (!?) во приватноста на својот дом и посебно на женска долна облека во приватноста на неговите панталони. Слично како еден друг воен ветеран и ентузијаст кој дваесетина години подоцна ќе го `освои` светот на филмската Б продукција со своите `најлоши филмови на сите времиња` легендарниот Ед Вуд.
Никој не би претендирал да пронајде корелација меѓу маките на ветераните и соодветното олеснување преку носење женски гаќички, но што е тука е, мозокот и онака бара патерни насекаде...

Патувањето со брод до Хиндустан и понатаму со железница и запреги накај Непал или Тибет му делувало непотребно споро и досадно и затоа Вилсон се решил да одлета таму. Повторно, ништо посебно за една 2016.година, но во 1934 не постоеле авионски линии помеѓу Европа и Хималаите така што Вилсон се решил да одлета таму самиот пилотирајќи авион! Фактот што авион имал видено само на слики или ги гледал далеку на небото како летаат не го спречувало да планира да одлета од Јоркшир до Непал!

Авионите имале тенденција да бидат генерално скапо превозно средство но за среќа Морис имал доволно пари за да набави еден Де Хевиленд ДХ-60 Мот, во случајот `Џипси Мот` или Цигански Молец на нашки, авионче од некои 450 кг `сува` мера и мотор од 100 коњски сили, повеќе погоден за кратки летови и основна обука отколку за трансконтинетални епопеи.
Циганскиот Молец бил преименуван во Ever Wrest, секси варијанта на именката Everest со значење `вечна тепачка` или нешто слично...


Иако му требало двојно повеќе време од стандардното за да се стекне со пилотска лиценца, упорноста на Морис се исплатела и ете го него веќе како пилот! Другата страна на планот, онаа планинарската - била сфатена ноншалантно, едноставно Морис не очекувал дека пентерењето по планини е нешто комплицирано и започнал да `тренира` шетајќи се по околните јоркширски ридови кои ретко надминувале 600 метри надморска височина или петнаесетина пати пониски од 8848 метри високиот самит на светот. Финото време, сендвичите со шунка, чајот во термос и останатие удобности при `тренинзите` биле тотална спротивност со суровоста на хималајските глечери, провалии, лавини и остри литици но Морис не се замарал премногу со сето тоа...

Планот на Вилсон, ако може да се зборува за некаков кохерентен план бил да долета до Хималаите, принудно да слета на некој глечер и да продолжи пеш во врвот. При читањето на неговиот план на памет доаѓаат поимите `неодговорност`, `наивност`,`забеганост` и `глупост` но јас би додал нешто како `восхитувачка едноставност` каква што нема ниту во цртани филмови. Немајќи дозвола за прелет низ разни земји низ кои требало да слетува и да пополнува гориво, Морис тргнал од Брадфорд кон Индија во Април 1933...и слетал за неколку минути поради лоши временски услови. Одлучен и фанатичен, после мала поправка на авионот се припремал за митскиот лет. Во тоа време некако и таблоидните весници се придружиле на настанот запознавајќи ја јавноста со `лудакот` кој сакал да го освои Еверест, прествувајќи го како комбинација од лик кој гради `Перпетуум мобиле` и секташ заглавен во мистицизам.

И покрај забраната за лет издадена од британското министерство за сообраќај, Морис полетал повторно на 21.Мај 1933 и овој пат лесно го напуштил британскиот воздушен простор и продолжил накај Каиро а оттаму кон Персија, денешен Иран, независно кралство каде што локалните власти како ретко кои покажале добра воља кон авантуристот Морис. Оттаму се обидел да лета до Бахреин но колонијалните власти одбиле да му дозволат да лета накај Индија по што се вратил во Персија и со нови залихи на гориво се упатил кон потконтинентот.

И успеал! После деветчасовен лет, јавајќи на последните испарувања на гориво во резервоарот, наспроти сите предвидувања и очекувања, како Лестер Сити во Премиерлигата во 2016, успеал да го направи незамисливото - некако стигнал до местото Гвадар во западна Индија откаде што требало да се упати накај Непал или Тибет. Но тука веќе бирократите се решиле да стават крај на неговите идеи за лет кон врвот и неговото авионче било запленето...

Не паѓајќи со духот поради новиот удар на судбината, Морис решил да `презими` во северна Иднија и со првите пролетни денови да се упати кон целта. Најмил тројца Шерпаси со кои се преоблекле како будистички монаси за да ги избегнат властите и контролите и со сосема скромна опрема и залихи тргнале кон целта. Но Вилсон се покажал преентузијастичен дури и за искусните Шерпаси - ветерани од неколку претходни неуспешни експедиции. На нивните укажувања дека одат во сигурна смрт Вилсон не се обзирнувал воопшто а тоа резултирало со тоа што останал сам бидејќи Шерпасите одлучиле да се вратат и да ја одложат својата смрт за некое друго време и место, никако тогаш и таму пратејќи го неопремениот и неискусниот аматер-пилот-трансвестит-направи-сам-псевдопланинар...

И тоа бил за жал последниот пат да биде виден жив, некаде околу крајот на Април 1934. Она што се случувало понатаму е само делумно познато од неговиот дневник кој наредната година бил пронајден од `официјална` британска алпинистичка експедиција, сосема блиску до неговиот замрзнат леш. Она што се знае е дека стигнал до најмалку 7.000 метри (ако не и нешто повеќе), дека почнале да го мачат стари и нови болки, храната и водата почнале да се топат и Мрачниот косач на овој или оној начин го стигнал храбриот Морис Вилсон. Не се знае кога точно се упокоил но последниот запис во дневникот бил на 31.Мај кога Морис запишал : `Прекрасен ден. Одам понатаму!`.


Членовите на експедицијата биле зачудени од женската облека на машкиот леш и отсуството на основни планинарски алатки кај него но и покрај тоа достоинствено го погребале Морис.
Подоцна се појавиле теории дека Морис бил првиот освојувач на Монт Еверест, посебно после пронаоѓањето на празен шатор на 8.500 метри височина од страна на Шерпаси кои придружувале кинеска експедиција во 1960. Шерпасите тврделе дека веројатноста Морис да настрадал при симнување од врвот а не при искачување била серзиона. Чиј бил мистериозниот шатор на само 350 метри од врвот останало енигма, дали во прашање бил првиот неофицијален освојувач, трансвеститот Вилсон - или тоа бил остаток од уште помистериозната Советска експедиција од 1952 за која исто така постоеле шпекулации дека го освоила врвот година дена пред славните Хилари и Тенсинг - ќе остане во сферата на непознатото. И онака никој не преживеал од советската експедиција, и тие заминале во ледена смрт одејќи кон или под врвот како и Морис...така што никогаш нема да се дознае вистината...

Но тоа во крајна линија и не е важно. Приказнава ми е страшно симпатична, би сакал Морис да успеал во својата намера и да бил првиот, барем да отишол во смрт утешен од спознанието за успехот во намерата, тој е еден од оние непознати но неверојатно пријатни историски ликови, цлосно заборавен како само што еден таков човек тоа може да биде.
Ако постои `оној свет` се надевам дека Морис е таму во некаков custom built дел од рајот, облечен во топла планинарска облека под која ѕиркаат женски гаќички...

Безвеза нешто

(By Roger Mortis, 270/150)
Лесен напад на скрибоманија...
Кој резултира со полуповрзан рант околу нешто не особено битно...и такви работи...

Отсекогаш ми било малку несфатливо зошто се користат поимите како пушење, цицање, дудлање и слични кои алудираат на орален секс во погрдна и навредлива конотација со цел да се понижи објектот кон кого се упатени таквите изрази.
И јас сум ги употребувал во навредлива конотација иако никогаш не разбрав зошто. Не за друго, оралниот секс - посебно кога се практикува со особа со која сте и емоционално ангажирани е една од најфините ствари кои постојат на светот, по мое мислење подобра и од пенетрација и од све остало пошто нивото на интимност е максимално а доживувањето е прекрасно.

Исто би застанал и во одбрана на женскиот полов орган пошто ми се глупи изрази како `пичко, пиздо` и слични кои најчесто наведуваат на наводен кукавичлук кон страната на која се упатуваат. Не знам како тоа вагината биднала симбол за страв. Она што е јасно е тоа дека вагината при соодветни хигиенски и погодни атмосферски и геолошки услови е многу фино, топло и влажно местенце кое знае да донесе неверојатно взаемно задоволство.


Како тоа дејствија кои носат задоволство започнале да се перцепираат како навредливи не сум сигурен, веројатно е до самиот секс како таков, на пример не би можел да замислам ситуација во која некој некогаш би кажал `оди бе бегај, касни си сочен Гаучо стек со Рузмарин по можност печен на скара` или `мрш бе, јадач на колачи со Марципан ниеден!`

Тука веројатно е во прашање продукт на вековната сексуална репресија која што порано била корисна но денес е анахрона како Парна локомотива, зачинето со поимањето на сексот како грев а сигурно има и дебиласт сексизам и примитивизам кој кажува дека `примањето` на пенис во устата или вагината од страна на женска особа е знак за доминација на мажјакот и понижување на женката, прастара традиција која имала тенденција да го уништи задоволството меѓу рајата, било како и да е - можеби е време да се употребуваат нови видови на навреди како `оди бе политичар еден` што е неспоредливо понавредливо отколку било која сексуална активност.

Старите и проверени изрази како лајно, гомно, говно и слични мислам дека се сепак пологични бидејќи споменатите крајни продукти на метаболизмот и нивните синоними се навистина гадни, смдливи и историски гледано погубни, посебно кога доаѓале во контакт со бунар или извор на вода а оттаму во форма на Колера убивале милиони луѓе...

Join us at Aliens-for-swearing-reform.com.

Thursday, April 21, 2016

Интервју со бркот

(By Roger Mortis, 269/149)
Експерименталниот медиум беше ставен во пробна употреба преку потрага низ време-простор широчините на мултиверзумот. Клучни поими при пребарувањето беа `лудило`, `диктатор`, `мегаломанија`, `геноцид` и `смешно`.
Веднаш се појавија неколку илјади резултати на пребарувањето но на самиот врв беа неколку забележителни ентитети на некакви ликови со бркови. Медиумот се активира преку иницирање на првиот избор, а тоа го одведе на едно чудно, суморно место.

Сценографијата беше едноставна, да не кажам спартанска.
Тесна соба, црвено знаме со свастика на ѕидот, неколку листа хартија, пенкало и привезок со двојно рунско С.
Новиот дигитален спиритуален медиум кој има способност да се пробие до една од многуте паралелни димензии конечно успеа да воспостави врска со хер А.Шиклгрубер.
Холографската проекција прикажува запечено нервозно човече со фризура на патец и смешен брк.

Медиумот се обрати со зборовите - `Господине Шиклгрубер, ве молам претставете се пред нашата публика, кој сте вие како би се опишале себеси`?

А.Шиклгрубер - `Ухм...тешко прашање. Да видиме...Јас сум спасител на Ариевската раса, Фирер на илјадагодишниот германски Рајх а би рекол и влажен сон на секоја плавокоса и плавоока германка на возраст над 14 години. Без сомнение јас сум најважниот човек што било кога се родил или ќе се роди.
За да биде појасно, мора нешто да напоменам уште на старт. Нешто можеби и пропуштив, понекогаш заборавам ствари, фала му на Борман што успеа да ме аплоудира на време на хард диск и да ме изнесе од Берлин.`


Медиумот - `Верувам дека нема да ви смета ако веднаш преминеме кон главното, дали знаете дека сте сметан за најзлобниот човек кој било кога постоел?

А.Шиклгрубер - `Знам, ми кажа еднаш Хјустон Стјуарт Чемберлен кога се видовме тука. Тоа се само злобни муабети кои ги вадат клетите гнасни евреишта, јас не сум злобен и не мразам народи туку сметам дека има ред меѓу народите, хиерархија да речеме. На врвот се Ариевците, нормално...и нивна судбина е да го раководат и владеат светот. Кој ќе владее инаку, французите? Русите?`

Медиумот - `Не мислите дека се работи за едноставна психолошка обратна проекција каде што од сопствените физички недостатоци преку фантазирање се појавуваат тези за постоење на...`

А.Шиклгрубер - `Не, не, морам да ве прекинам, вакви глупости последен пат слушав од Ланц фон Либенфелс. Гледам дека не сте запознаени со моите идеи, некои народи едноставно немаат друга цел освен да служат на Ариевската раса. Ако не им одговара местото кое природата им го наменила, можат да пробаат да се борат против природниот ред и на крајот ќе изумрат. Тоа е тоа.`

Медиумот - `Ќе се обидам да го насочам разговорот кон вашата личност. Надвор од се, како го исполнувате своето слободно време?`

А.Шиклгрубер - `Не ми останува многу слободно време, во паузата помеѓу градењето на четвртиот Рајх тука, на Антарктик и пишувањето мемоари понекогаш се релаксирам со чаша кефир или амфетаминче, мислам дека сега вие младите тоа го нарекувате Спид или Кристал мет. Барем така ми кажа Карл Хаусхофер. А тој никогаш не ме лаже.
Откако воведовме интернет на Антарктикот, одвреме навреме читам по нешто и на овие новите сајтови, блогови ли ги викаат...како и да е, има интересни мислења таму! Но има и глупости, типичен пример за дегенеративна кратка литература е блогот Y GENERATION, посебно ме иритираат блог-постови од еден тип кој цело време нешто блада, го исмева нашиот свет Рајх и семејните вредности на новата Раса.
Сигурно е некое ционистичко ѓубре...

Медиумот - `Знаеме дека сте човек кој честопати патувал и запознавал нови луѓе. Познато ни е и дека сте голем љубител на животните, растителната исхрана и жените. Што би кажале за жената како биолошки створ?`

А.Шиклгрубер - `Жената е мајка. Жената е сопруга. Надвор од тоа жената не постои. А за мене постои само Ева, непрежалената моја љубов која Борман за жал не успеа да ја префрли на хард диск. Но не губам надеж, Гестапо, Абвер и Аненербе се во потрага по драгиот доктор Широ Иши, талентиран јапонски генетичар како што кажуваат. Егзистирам во надеж дека ќе успее да ја клонира Ева.

Медиумот - `Дали сеуште гаите надеж во воскресение на Рајхот?

А.Шиклгрубер - `Не се работи за надеж, Четвртиот Рајх веќе постои, под наша контрола е цел еден континент кој порано се викаше Антарктик а сега се вика Нова Германија. Таму во подземните бази, милиони плодни жени постојано се оплодуваат од мала но домољубно напалена група Ариевци и Алберт Шпер ме убедува дека до 2039-та ќе имаме доволно млади војници кои ќе тргнат во освојување на светот.
Добро, имаме мали проблеми со пигментацијата, некако веднаш поцрвенуваат ако излезат надвор, на сонце, Доктор Менгеле ќе смисли нешто, па ваљда не потроши толку чифути и цигани во експериментите за ништо?!`

Медиумот - `Да внесеме една неочекувана димензија во разговорот. Кој е ваш омилен фудбалски тим?`

А.Шиклгрубер - `Се шегувате? Фудбалот е занимација за простите народни маси, сигурно е измислен од евреите со цел да се оттргне народот од раѓање деца и подигање на зрели и одговорни ариевци. Како млад, кога живеев во Ливерпул кај брат ми уште пред првата војна, ме однесоа на утакмица еднаш ама не беше интересно...`

Медиумот - `Што мислите за новиот бран на екстремна десница која се јавува низ Европа како резултат на сударот на домородните култури со миграциите?


А.Шиклгрубер - `Што да ви кажам, солза на око ми доаѓа од радост кога гледам на телевизија како млади, избричени мажи во големи групи се движат низ Хамбург, Тулуз, Москва или Будимпешта и тепаат припадници на пониските раси. Тоа е знак дека расната свест полека се оформува и дека денот кога светот ќе падне повторно под нашите нозе се наближува!`

Медиумот - `Но, Германија е преплавена од емигранти од пониско расно потекло, што правиме околу тоа?`

А.Шиклгрубер - `Ништо, еврејско-ционистичката предавничка власт која сега седи во Берлин ќе биде жестоко казнета и пратена во логори! Знае Германија, мајчица моја напатена како тоа изгледа, уште во 1919 таканаречената Вајмарска влада ни заби нож во грб. Ништо ново и ништо што нашата татковина не може да го надмине.`

Медиумот - `Како гледате на развојот на фашизмот во другите земји?

А.Шиклгрубер - `Има голем потенцијал во неколку земји, Унгарија како наш традиционален сојузник се чини тргнува на добар пат, во Галиција бројот на плаво население бил во пораст, Лихтенштајн е расно чист а неодамна слушнав за откривањето на нова раса која се карактеризирала со излегување на тераса поради некоја причина, не сфатив за што точно се работи но и онака немам подетални информации, ако знаете нешто за тоа слободно соопштете...кај нас во Нојшвабенланд интернетот е многу спор, знаете...`

Медиумот - `Што имате да им порачате на малите еврејчиња кои во 2039 ќе бидат возрасни и силни Евреи?

А.Шиклгрубер - `Ако еден ден дојдат чичковци во униформи дизајнирани од мојот омилен моден креатор Хуго Бос и ви чукнат на врата, спокојно одете со нив, а откако ќе се симнете од возот и откако ќе ве стават во една просторија без прозорци - не се плашете, тоа се само тушеви...`

Експериментот одненадеж беше прекинат.
Врската со другата димензија беше загубена на одредено време.

Monday, April 11, 2016

Оганче

(By Roger Mortis, 268/148)
Отсекогаш сум сакал долго време да се ѕверам во запалено оганче.
Чувството кое горењето на огнот го буди е недефинирано, но некако убаво, хипнотичко, би рекол дури и магично.
Не зборувам за било каков оган, пожар, горење на запалена гума или бензин, тоа е срање.
Но оганче запалено од собрани суви дрвца кои крцкаат при горењето, тоа целосно го задоволува пироманот во мене.

Не знам дали е тоа поради некаков инстинкт околу огнот кој би морал да биде запишан во генетскиот запис, па затоа и филингот. Можеби пак сето тоа нема никаква врска со записите во спиралниот код и само лупетам, али шта је ту је...како и да е, огнот развеселувал илјадници генерации наши претци па и помогнал човекот да опстане како вид.
Можам да замислам раја, некакво семејство - седнати во пештера во 24.768 година п.н.е како со озарени лица гледаат во оганчето кое им овозможува топлина и светлост.


И други, во некое друго време како припремаат храна за себе, уживајќи во мирисите кои се шират. Како се сушат нивните скромни алишта наводенати од бура. Како се конзервира месо и риба со помош на чад и сол...
Како огнот на средината од живеалиштето ги мотивира оние надарените за прикажување да почнат да раскажуваат за вампири, ѓаоли и сеништа.
Па дури и во скорешно доба, пред пар генерации како раја се радува на оганче на кое се печат костени или компири.

А како што се знае, една од ретките апсолутни вистини во овој дел од мултиверзумот е дека не постои подобро зготвен компир од оној запретан во жар и пепел.
Тоа ме носи до мојата следна опсесија а тоа е компирот како растение, јадно и никакво топчесто кафеаво битие кое е уште едно во низата потценети врсти кои некогаш носеле спас а денес носат радост за непцата, неопеан херој на една епоха кој го започнал својот прекрасен пат од Андите па понатаму низ целиот свет.
Али то је друга прича...друг рант, друг бантер...