Monday, February 15, 2016

Strangely Brown

(By Roger Mortis, 262/142)
Уште една вест од фасцинантната земја Индија го привлече моето внимание, овој пат не станува збор за поединечна бизарност туку за масовна, огромна, толку голема што се наоѓа на работ на веројатноста во оваа, 2016 година.

Не знам дали поимот `дефекација` е погоден за употреба, делува некако стерилно и не ја доловува ситуацијата која владее во Индија. Затоа тука е традиционалниот поим `сере` кој ни носи сосема прецизна информација.

Индија, земја која што е нуклеарна сила, место каде што постои вселенска програма и каде што пловат носачи на авиони - е соочена со срамен и анахрон проблем кој се заканува да ја уништи репутацијата на овој екс-доминион во светски рамки. Ако постои нешто кое што укажува на драстичните разлики помеѓу имиџот кој една нација, држава или култура сака да го промовира и реалноста тогаш тоа е следното...

Жителите на гладната земја Индија серат. Како што серат сите на светот. Но некаде оваа физиолошка потреба повеќе децении па и векови е ограничена со приватноста на тоалетот, ќенефот, ѓеризот, `вецето`. Тешкиот мирис, непокриеноста на гениталиите и хигиенската состојба налагаат целосна изолација на местото предвидено за серење во однос на останатиот дел од живеалиштето.
Освен во Индија. Таму серат и мочаат насекаде. На улица, на автобуска или железничка постојка, на стадион, на сред бел ден, луѓето серат. Настрана мочањето кое и не е некој здравствен ризик, серењето и изложеноста на населението на фекалии кои се разнесуваат насекаде и ја загадуваат храната и водата - биле и сеуште се причина за епидемии, за ретро-болести како Колера, Дезинтерија, Дијареа, Тифус и колонизација на цревата од страна на разни цревни паразити.


Како што проценува весникот `Тајмс оф Индиа`, во оваа земја секојдневно на отворено серат барем 700 милиони жители. Мојот мозок беше фатен неспремен од оваа вест и затоа не можам да ја визуелизирам таа слика каде што стотици милиони луѓе секојдневно ги празнат цревата по улици и сокаци, пред храмови и продавници, во шуми и пустини, по ливади и тротоари...

Дали поради здравствените импликации или поради меѓународниот углед - власта во Индија во соработка со ОН и нејзината програма `Уницеф` се решила да му објави војна на оваа навика!
Во далечната 2014-та година започнала жестока кампања за искоренување на јавното серење преку разни медиумски проекти кои што кај најмладата популација треба да предизвикаат подигање на свеста во поглед на хигиенските навики. Од зрелата и старата популација биле дигнати раце, ионака тешко дека ќе се откажат од славната културна одлика обоена во кафеаво.

На светло на денот излегол серијал цртани филмови кој заедно со серија стрипови, плакати, билборди и специјална видео игра наречена `Тојлет Трек` (!?) односно `Нужнички патеки` ќе треба да ја извади Индија од длабоките гомна, овој пат во буквален смисол.
Цртаните филмови имале свој протагонист кој се викал `Мистер Лу` што значи Господин Ќенеф и свој антагонист, одвратниот негативец `Мистер Пу` (Господин Лајно). Г-динот Лајно во склад со тематиката бил претставен во форма на човеколико лајно кое се движело наоколу и правело проблеми кои потоа морал да ги решава Мистер Пу како лик на јунак (!?)


Иако сето ова делува како заборавен и нецензуриран скеч на Монти Пајтон, сепак се работи за реална ситуација каде што се трошат јавни пари за изработка на цртан лик/стилизирано лајно со име Мистер Пу.
Дали и колку оваа програма ќе ги привлече младите и ќе успее во нивната сеуште неоформена свест да ја втисне улогата на тоалетот, бришењето задник и миењето раце - ќе покаже иднината. Ако се суди според резултатите на купови...хммм...проекти на ОН од минатото, не останува премногу простор за оптимизам. А можеби овој пат ќе настанат промени и во иднина 700-те милиони јавни серачи постепено ќе се свртат кон приватното серење?

До тогаш ќе остане стереотипот за Раџив, исушен хиндустанец кој ако го `притегне` едноставно ќе го симне долниот дел од облеката, ќе клекне и ќе се исере...на улица.

No comments:

Post a Comment