Friday, November 26, 2010

Митологијата како основа на системот на изместени вредности

(By Roger Mortis, 005/004)
Следуваат букви, запирки, точки кои многумина без основа, ќе ги наведат на заклучок дека авторот е смрдено комуњариште, југо-носталгичар и титов пионер.
„Не дирајте ми Југославију, ја ничега немам осим ње!„
“Не вреџај Маршала маму ти јебем, убичу те“
“Јаааааа сам југословенкааааааааааа“...

...и слично.

Не.
Поентата се митовите, слични на древните митологии но секако без квалитетот на оние старите кои кажуваат за некакви јунаци, самовили, змејови и други заебанции. Тие митови имале културно-образовна, забавна и едукативна цел. Новите за цел имаат перење на мозокот и манипулација со перцепцијата.

Рајата овдешна кука по екс-државата, покојната СФРЈ.
И по лидерот нејзин секако.
Зошто е тоа така знае секој.
Но оние кои не се согласуваат потегнуваат први, како каубоец од источно-немачки вестерн „дас ист мајне штат...auslander“ со следниов мит...

“Југославија беше поарно прибидејќи Тито земаше кредити и на вересија живеевме“
Ова е популарен мит, но популарноста не значи дека има некаква реалност.




Земјите наследнички на покојната Југославија за три пати пократок период се задолжија 5 пати повеќе отколку што должеше бившата федерација при распадот 1991.

15 милијарди долари 1991, прилагодено со инфлација, грубо околу 30 милијарди во денешна вредност, за 48 години постоење.
Земјите кои настанаа...150 милијарди долари за 19 години постоење. (112 милијарди евра)
Без да се смета Косово.
Значи помалку од легендарната цифра од 22 милијарди која се споменува често, базирана на рекордот од 21,7 милијарди во 1987, кој до распадот паднал на 15, но во исто време и други земји и должеле на покојната - околу 4 милијарди.
Реалниот долг значи бил околу 11 милијарди долари, денешни 22, а тоа веќе не носи во размер 1 према 7, непријатен за верниците во современата митологија.

И за тоа време, од распадот досега, сета стратешка инфраструктура продадена на странски фирми...секако.

Тука разликата е најевидентна и последиците кои следуваат во непосредна иднина.
Но барем патриотизмот е во пораст...и тоа е нешто...

Старата транзиоциона мудрост дека некои правеле нешто - од ништо изгледа дека е точна.
Но каматите на таквите “мудрости“ се големи. Стигнуваат за наплата.
Посебно кога се со такво слабо покритие какви што се на екс-ју просторите.

Истата партија е на власт веќе 67 години на овие простори, само што ги смени приоритетите во 1991.
Пред распадот отвори “патриотско-домољубни“ филијали со соодветни знамиња и песнички, “десни“, да им “конкурираат“ на “левите“ филијали од истата фирма.

Јеботе, Стандард Оил може вода да им носи...

Да завршам со Џони Штулич во југословенски стил, таква е темата и муабетот.
Имено, Џони предупредуваше со некои стихови како оној “Како је до непрепознавања доведена суштина преваре“, но никој не го слушаше. Оние кои го слушаа се правеа мутави. А можеби и не.

No comments:

Post a Comment