Monday, June 13, 2011

Хипстеризам

(By Brian, 067/018)
Хипстеризмот претставува модерна суб-култура која промовира вредности кои се надвор од меинстрим културата. Хипстерите се (доживуваат како) урбани боеми и интелектуалци со еклектичен вкус и фанатичен индивидуализам со кои ги опфаќаат модата, уметноста (со акцент на инди бендовите), witty хуморот, неконвенционална мудрост, начинот на миење на забите и општо начинот на живот. Кога е во прашање уметноста голем дел од нив активно учествуваат во нејзиното создавање (музика, фотографија, кратки филмови, збирки поезија, колумни во независни медиуми за уметност со мал број на читатели) иако немаат официјално образование за тоа.

Во поглед на стајлингот претпочитаат ретро парчиња под 80-та, но и за репер го земаат стајлингот на метросексуалците и хомосексуалците иако во нивни хипстерски манир го препишуваат на нивната супериорна хипстерска естетика.



Ортодоксните хипстери не се декларираат како такви и немаат потреба од официјални клубови и хипстер-локали, но хип настаните од читање на постмодернистичка поезија до денови на швајцарскиот филм - ги обединуваат. Со цел хипстеризмот да не преминe во отворен снобизам препорачливо е да има помалку од 3 хипстери на 10 метри квадратни.

Хипстеризмот налага енергија, време и пред се материјално покритие, но сепак постојат хипстери кои тегнат третокласен бурбон за кои тврдат дека е подобар од најдобриот, но поради тешката економска состојба на државата од која се увезува (за која се ДЕТАЛНО запознаени) има пониска цена. Во поглед на пушачката навика се шетаат со кутија со тутун, ризли и машинче за виткање. Говорат на урбано есперанто кое е формирано од интелектуални фрази со локален дијалект и фрази од англиско говорно наречје (најчесто стихови од инди рок бендови).

Во кратки црти хипстеризмот и хипстерите се новата димензија на снобовите, елитистите, контињата од 19 век ала Оскар Валјд преточена во модерен социјален хибрид.

No comments:

Post a Comment