Saturday, May 5, 2012

The Leviathan, birth

(By Roger Mortis, 143/033)
Да се осврнеме малку на настанокот и развојот на најголемиот масовен убиец на родот Хомо-сапиенс-сапиенс, неслучајно истовремено и најомилена причина за умирање кај наведениот вид. The Plague people love. 
Основниот механизам веројатно е Организираниот мистицизам кој се инкарнирал во своите најподли и најдеструктивни форми - државата и организираната религија. За разлика од мистицизмот кај поединци или мали групи кои ја користат туѓата лековерност или суеверие за свои цели, тука имаме глобална појава која ретко кој ја доведува во прашање. А глобални се и последиците.

Зошто е тоа така и каде се крие “суштина пријеваре“.


Државата настанала кога одредена група на луѓе, немоќни да го обезбедат својот физички опстанок со работа која продуцира конкретни резултати (производи и услуги) се организирале за да можат да живеат на туѓ грб. 
После првобитното такво организирање, еден од дефинирачките моменти во историјата на нашата цивилизација е раѓањето на организираниот мистицизам со кој отишле чекор понатаму откривајќи дека можат да живеат сосема одлично на туѓ грб, а не само да си го обезбедат физичкиот опстанок. Тешко е без да се располага со соодветни факти да се шпекулира, но веројатно со напуштањето на лутачкиот начин на живот на заедниците ловци-собирачи и трајното населување со раѓањето на земјоделството и сточарството се раѓа и вишокот на продукти од една страна и одреден тип на Хомо-сапиенси кои сфаќаат дека не мораат да зависат од милоста на заедницата за својот опстанок и покрај својата тотална непродуктивност.
Секако, им биле потребни соодветни механизми со кои ќе ја остварат целта.

Enters the State.
Enters the organized religion.
They got married and spawn atrocities in millenia to come.

Сами по себе, психо-физички инфериорните лица, а под такви се карактеризираат не поради недостиг на интелигенција и способност за манипулирање туку поради немоќта за створат ништо креативно, да додадат вредност на било што, не би можеле ниту да дојдат до власт ниту долго да владеат без мистицизмот. Тука доаѓаме до семоќните богови или бог, зависи која варијанта на која територија била на сила. Анонимниот авторитет. Гласот во главата. Гласот на стравот. Наводниот дарител на правото на владетелот да владее, наследно. Divine right to rule. Сите носители на власта се повикувале на “правото“ дадено од некоја виша сила да седат на власт за време на нивниот овоземен живот. Да бидат наследувани од членови на семејството. И не само тоа туку тој систем подоцна опфаќал цели класи на врвот на општеството и економијата. Раѓањето на носителите на организираниот мистицизам, Аристократијата и свештенството.

(To be continued)

2 comments:

  1. Такви паразити се раѓаат многу деновиве. Што треба обичниот човек да направи за да не стане жртва на вакви паразити според тебе?

    ReplyDelete
  2. Отсекогаш се раѓаат, најдобро истражување околу тоа има кај Лобачевски и неговата `Понерологија`. Многу е веројатно дека е `биолошки увјетовано`.

    Обичниот човек треба да ја извади главата од задникот, да седне и да пресмета што добива а што губи во својата интеракција со државата каде што се наоѓа.

    Не може да се избега од влијанието 100%. Но може сериозно да се ограничи улогата на паразитите во животот на поединецот или евентуално групата луѓе со кои би се делел истиот интерес. Да речеме некои добри 90-95% во најдобар случај.

    Get out of the fucking system or perish in the attempt to be free. I cannot give any other honest answer, i`m afraid.

    ReplyDelete