Thursday, December 17, 2020

Фудбалот од вистинската страна на Ла Манш

(By Roger Mortis, 314/194)
ФК Ливерпул освојува титула во ПЛ. Нормално, фановите очекуваат нова титула, можеби не веднаш но после 3,4 или 5 години. А зошто и да не?
И така во исчекување, во меѓувреме се распаѓаат СССР, СФЈР и ЧСР, се појавува World Wide Web, две заливски војни, 9/11, економска мега криза, пик оил...и најголем дел од фановите на Ливерпул се под 30 години веројатно, што значи дека во нивниот живот не виделе како нивниот клуб освојува ПЛ.
После 4-те цм кои решаваа за титула во 2018/19 и светскиот рекорд за екипа со најмногу бодови без да освои титула првак (97) се чинеше дека Ливерпул никогаш нема да освои.

Но, хер Јирген Клоп, едно од најпозитивните лица на современиот фудбал успеа, на крилата на Европската и Светската клупска титула да го скрши проклетството и да собере два бода повеќе од претходната сезона оставајќи го Манчестер Сити 20 бода зад себе на второ место. 
После тридецениски пост, конечно, Скаузерите од црвениот дел на Ливерпул ја освоија ПЛ и за кратко време беа актуелни Англиски, европски и светски шампиони што не пошло за рака на ниту еден клуб на островот до 2019/20.


На ред е претставувањето на сите трофејни англиски клубови. ПЛ е најстарата професионална фудбалска лига на светот, ФА купот е најстаро континуирано фудбалско такмичење во светот а Лига купот е најстар стриктно професионален куп кој настанал поради војните кога фудбалот морал да најде формат кој ќе му овозможи преживување.

25 екипи биле на врвот на ПЛ од 1888/89 :

20 - Манчестер Јунајтед
19 - Ливерпул
13 - Арсенал
9 - Евертон
7 - Астон Вила
6 - Сандерленд, Челзи, Манчестер Сити
5 - Шефилд Венздеј (1 Alliance)
4 - Њукасл Јунајтед
3 - Лидс Јунајтед, Вулверхемптон Вондерерс, Хадерсфилд Таун, Блекбурн Роверс
2 - Престон Норт Енд, Тотенхем Хотспур, Дерби Каунти, Барнли, Портсмут, Нотингем Форест (1 Alliance)
1 - Ипсвич Таун, , Шефилд Јунајтед, Вест Бромвич Албион, Стоук Сити (1 Alliance), Лестер Сити.

Низ 150-те години на ФА купот, 44 клуба ја имале таа чест да го подигнат трофејот (1870/71) :

14 - Арсенал
12 - Манчестер Јунајтед
8 - Тотнем Хотспур, Челзи
7 - Астон Вила, Ливерпул,
6 - Блекбурн Роверс, Њукасл Јунајтед, Манчестер Сити
5 - Форест Вондерерс, Вест Бромвич Албион, Евертон
4 - Шефилд Венздеј (1 Cromwell), Вулверхемптон Вондерерс, Шефилд Јунајтед, Болтон Вондерерс
3 - Вест Хем Јунајтед
2 - Олд Итонианс, Престон Норт Енд, Нотингем Форест, Бјури, Сандерленд, Портсмут
1 - Халам (1 Youdan), Оксфорд Јуниверсити, Ројал Енџиниерс, Клапам Роверс, Блекбурн Олимпик, Олд Картузијанс, Нотс Каунти, Бредфорд Сити, Барнли, Барнсли, Хадерсфилд Таун, Кардиф Сити, Дерби Каунти, Чарлтон Атлетик, Блекпул, Лидс Јунајтед, Саутемптон, Ипсвич Таун, Ковентри Сити, Вимблдон, Виган Атлетик.

Лига купот континуирано се игра од 1960/61 а првото издание го имал во 1917. Го имало и во Втора светска и низ ерата на евро-ембаргото на англиски клубови 1985-92. 
28 тима се закитиле со овој трофеј :

9 - Ливерпул (1 Super League Cup)
7 - Челзи (2 FMC), Нотингем Форест (2 FMC), Манчестер Сити
6 - Астон Вила
5 - Манчестер Јунајтед
4 - Тотнем Хотспур,
3 - Вулверхемптон Вондерерс, Лестер Сити, Арсенал (1 Super League Cup)
2 - Лидс Јунајтед, Норич Сити, Бирмингем Сити, Блекбурн Роверс (1 FMC)
1 - Вест Хем Јунајтед, Престон Норт Енд, Блекпул, Чарлтон Атлетик, Болтон Вондерерс, Вест Бромвич Албион, Квинс Парк Ренџерс, Свиндон Таун, Стоук Сити, Оксфорд Јунајтед, Лутон Таун, Шефилд Венздеј, Рединг (1 FMC), Кристал Палас (1 FMC), Мидлсбро, Свонси Сити.

Во наредните делови ќе се запознаеме и со другите купови под капа на најстарата фудбалска федерација на светот и конечно, европските успеси на клубовите од Англија и Велс.

No comments:

Post a Comment