Saturday, December 25, 2010

Don't say brainwash

(By The Marked One, 007/004)
Одамна го немав отворено речникот,да побарам некој збор.
Не дека имам потреба. А и никаде не спомнаа дека ќе се вршеле промени во правописот.
Мајку му стара, кога тоа различно го сменивме со опасно? Блаже, ПРЕВЗЕМИ НЕШТО!
Навистина, се почесто замав зема убиецот на диференцијација.
Се почесто им се труби на децата како да бидат исти како другарчињата оти инаку нема ги дружат.
Се разбира дека нема, кога сите деца дома ќе ја добијат истата доза лоботомија. И асоцијала владее, самоубиства, болни умови, дроги и други девијации од кои боли глава. И така оние различните тонат во мастилава темнина додека оние кои успеалеоние грандоманите, ги влечат конците на куклениот театар наречен државно (не)уредување.

Сериозно,кого мислите дека ќе вработат во фирма момче со суканици и мартинки или оној кремецот пицнат во кондурче и кошулче? Да не ќе проверат дали металецон е магистар на електро?
Абе ајде...




Притиснати сме од сите страни да мислиме на еден ист заеднички начин. Начин на кој системот сака да размислуваме, да се движиме, да јадеме, да пиеме, да спиеме, да чувствуваме, да се изразуваме.
Сево ова, И НЕ ВИ Е ДОСТА?!
Не ви е смачено од прангите?
Прво прочитајте си го уставот па после смејте им се на Евреите и Американците оти искрено ни Мојсеј вакви глупости не истрескал. Кутриот 40 години ги шетал низ една мочана пустина, изгледа овие нашиве сакаат рекордот да му го срушат, само што нас не шетаат те во Брисел те во Вашингтон те ваму те таму па како да не ти дојде до телето?

КАЈ ВИ Е ТЕЛЕТО ЗЕМЈАНИ?!
КАЈ ВИ Е НЕПОСЛУШНОСТА?!
ВИ ГО ЗАБРАНИЈА ЈАБОЛКОТО ЗЕМАВТЕ ГОМНА ДА ЈАДЕТЕ!

До вчера бунтовен народ, наздравувавте за некојси веќе заборавени идеали, сон за слобода, денес едвај чекате да дојдат избори за на раат да го измавате.

No comments:

Post a Comment