Thursday, December 15, 2011

Paradigm shift

(By The Marked One, 117/028)
Таканаречената објективна вистина отсекогаш ќе генерира архетипови на моментални општествени феномени.
Ќе обликува карактерни црти и атрибуции на општествени единки,
ќе ги интегрира во Генералната слика и ќе ги истиска оние кои будно ја отфрлаат догмата.
Кон ваквите општествени феномени, генералната популација, просекот, секогаш пристапува по одредена парадигма која ќе ја обликува и предводи master-mind-елемент како власт, медиум, авторитетна личност како научник, филозоф или шоумен.

Се разбира, концептот е ever-changing и морфира и се молдира според желбите и потребите на истите оние кои го сублимираат во секојдневието на денешниот човек.
Ирационалната општоприфатеност на тврдењата на одредени непроверени интелекти доведува до сосем лесно, брзо и ефикасно менување на генералната слика во дадено општество.
Како тоа перцепира одредени индивидуи кои битисуваат во него, и се разбира како ги конфронтира истите.


Но, конфузно е како масата е игнорантна во врска со тие промени на општествениот архетип?
Зошто и како сеопштото население не ги забележува промените кои често се нелогични и ги заменува со приказни во кои е подопадливо да се верува и панично создава сопствени себе-измамувачки илузии поради постојаната потреба да се чувствува сигурно.
Дали на некој таинствен начин луѓето се способни да се натераат да ги заборават аргументите кои им ги наметнале истите тие кои сега наметнуваат некоја нова вистина , сосем спротивна на онаа во која досега се крстеле без воопшто да настане забуна и некој да се запраша што стана со старата.

Всушност, луѓето ќе заборават дека таа некогаш постоела.
Oваа способност да ја менуваат сегашноста ги научи господарите дека се способни да ја модифицираат и историјата.
Свесни сме дека тоа се случува и денес. Прост пример сме и ние како држава, учебниците денес содржат имиња на албански херои кои демек се бореле за некоја македонска кауза.
Информации кои не постоле во учебниците пред 15 години.
А сега спиеме на ново уво и во ист кош ги ставаме гегите и комитите.
Бесмислено е кога ќе се претстави вака, нели?
Но историјата е контролирана како и сегашноста.

А ако ги имаш овие две, третото е мачкина кашлица.

No comments:

Post a Comment