Wednesday, June 24, 2015

Човекот од Тауред

(By Roger Mortis, 183/63)
Концептот на национална и етничка припадност е крајно религиозен феномен кој во поново време е ставен на испит преку создавањето на т.н. Микронации кои се состојат од мал број на луѓе. Понекогаш дури и не е потребна ниту територија на која ќе се одвива расплетот на етно-националната идеја во ултимативниот симптом познат како држава.
А имало и нации кои се материјализирале преку постоењето на само еден единствен човек, па дури и само во нечија глава...

Еден таков случај а воедно и добра мистерија е  `Човекот од Тауред`.
Јуни, 1954, непознат лик се симнал на аеродромот во Токио. На царинска контрола службеникот станал сомничав кон името на државата на пасошот - Тауред. Патникот, белец во негови средни четириесетти со ништо не одадавал дека нешто не штима, без проблеми се согласил да биде испитан.
Пасошот делувал леџит до таа мера што имал и печати од разни царински и гранични служби. Што докажувало дека без проблеми патувал со тој пасош. Дури имало и печати од јапонските служби што говорело дека не влегува прв пат со Јапонија со тој пасош. Имал пристојна количина пари во разни европски валути во себе. Она што ги шокирало јапонските службеници било тоа што патникот говорел течен јапонски со леснотија.

Му биле побарани дополнителни документи при што мистериозниот тип извадил возачка дозвола и други документи официјализирани од државата Тауред. Па дури и бизнис преписки со јапански фирми кои соработуавале со неговата фирма од Тауред...

Не знаејќи што да прават, му донеле карта на светот да покаже каде е таа држава при што патникот покажал кон Пиринеите, некаде на границата меѓу Франција и Шпанија, во близина на Андора. Патникот бил шокиран што на картата го немало Тауред и делувал тотално збунет.
Немајќи дипломатски односи со непостоечката земја и не знаејќи што да прават, властите го упатиле патникот во хотел со `придружба` од полицаец и еден царински чиновник. Типот се сместил, чуварите се паркирале пред неговата врата на петтиот кат на хотелот и тоа било тоа.

Утрото му чукнале на врата. Не добивајќи одговор влегле во собата каде што немало никаква трага од никого, собата делувала како да не влегол никој во неа а од гостинот немало ни трага ни глас. Од тогаш па до ден денес не се слушнало ништо за човекот од Тауред ниту за неговата судбина. Едноставно исчезнал.

Разни теории започнале да се појавуваат, од тоа дека се работи за патник од друга димензија па се до тоа дека е обичен измамник но ниту една не држела вода. Можеби човекот ја користел игнорантноста на чиновниците од разни гранични служби кои му удирале печати на пасошот, но зошто воопшто би го правел тоа? Зошто би правел фалш пасош од непостоечка земја кога веќе можел да си направи таков пасош од постоечка и со тоа да избегне ризик? Бидејќи колку и да биле игнорамуси, на некој чиновник ќе му светнело дека не постои таква држава, барем низ Европа. Неговото знаење на јапонскиот било бизарно како и исчезнувањето.

Ако бил од друга димензија каде што постоела држава Тауред на Пиринеите и каде што бил чест соработник со јапонски бизниси не би било бизарно тоа што знаел јапонски и тоа што патувал низ светот. Then again this is so far fetched that hurts, точно е дека теоретски постои можност за постоење на други димензии, но скок од квантните светови во макрокосмосот со држави и пасоши е...на границата на веројатното, ако не и нешто повеќе.

А можеби само сакал да си направи своја држава, да ги реализира вековните стремежи на Тауредскиот народ за слобода, самостојност и државност...

No comments:

Post a Comment