Monday, June 15, 2015

Космосот и Митре

(By Roger Mortis, 177/57)
Постои една категорија на лица која без моја свесна желба го активира Црвениот Кмер во мене.
Оние кои при споменување на било каква тема која е надвор од daily grind ја карактеризираат со зборови како `абе бегај филозофии` или `безвеза се замараш брат` , `криви дрини сеа ќе исправаме хехе`, `дај кажи како да се напраи пара вии го Митре до лани немаше сол во очи сеа вози бембе од девеесдевета` и слични изливи на општонародна мудрост.

Што може да се каже освен - Матер вам јебем.

Како да им кажеш дека си човек, резултат на милиони години еволуција, створ во посед на најкомплексниот мозок со најкомплексна невронска мрежа низ која секојдневно струјат илјадници мисли и идеи - во познатиот универзум?


Матер вам мусаву јебем.

И тоа што со самото постоење како човек, на тацна им се дадени мисловни процеси кои ги нема...да повторам, ниту едно битие во радиус од барем четири милиони светлосни години?

Матер вам црну јебем.

Можност за индивидуална перцепција, за сопствен израз и креација како дестилат на Случајот и на неброени варијабили кои и не морале да се постават на тој начин за да сето ова стане можно, колку коцки требало да се поклопат за воопшто да се егзистира како човек, можност за живеење на самосвесен живот за каков нема можност ниту едно нешто во познатиот...yup, познатиот космос?

И после сето тоа, како да се одреагира на ликови кои се обидуваат да ја ограничат вашата перцепција на бемвето на Митре од 1999?

Море Матер вам се ретардирану најебем.

No comments:

Post a Comment