Thursday, June 11, 2015

Онака...

(By Roger Mortis, 174/54)
Апатијата е едно од најголемите зла на овие простори.
Колку се мртви луѓево немаат поим.
А некој би помислил дека мртвилото доаѓа со смртта.
Не баш, мртвите се секаде наоколу, ги среќавате секојдневно, некои ги гледате а некои се сосема невидливи и покрај определената физичка форма.


Единствено никој не ги информирал дека се мртви па затоа сеуште не ја напуштиле оваа реалност.

Убиена е секоја радост, иницијатива, ентузијазам.
Умираат и радостите и тагите.
Свадби, матури, свршувачки, дипломирања, родендени, крштевки...ради реда, онака, ``на вересија``, колку да се каже, да се помине на редот.
И исти такви погреби...онака.
Порано мислев дека луѓето ги кријат емоциите и се` контролираат.
Но деновиве сфатив дека воопшто немаат емоции за да ги скријат.
Ништо повеќе не ја раздвојува емоцијата од нејзината симулација.
Симулација поради навика. Или поради очекувањата на останатите.

Онака. Лабаво. Живот ради реда. Да не е ``без ич``...

Regards from Sector Northeast, Earth 4, Quadrant 75 of the Multiverse

No comments:

Post a Comment