Monday, June 8, 2015

Cult goes Atomic

(By Roger Mortis, 170/50)
Што имаат заедничко забегана секта и атомска бомба? Можеби повеќе отколку што би се помислило на прв поглед.

Една од најкреативните секти во последните децении, јапонската Аум Шинрикјо, славна по бројни убиства и самоубиства и секако нивните `пет минути слава`, нападот со нервен отров Сарин во Токиското метро во 1995 кој одзел барем 12 животи а повредени имало над 6.000.

Нивната `теологија` се состоела од токсичен микс кој се состоел од христијанското Откровение, сомнителни ранобудистички толкувања, незаобиколната Шива и неколку пасуси на Нострадамус, сето тоа споено меѓусебе со харизмата на лидерот и очекувањето на крајот на светот околу истекот на Милениумот.

Сепак најшокантно делува сознанието дека експериментирале и со нуклеарна опција.

Мистериозниот сеизмички настан кога сеизмометрите регистрирале потрес како резултат на експлозија во Австралискиот аутбек на локацијата Банџаварн на 28.мај 1993 а кој би бил еквивалент на детонација од 2 кТ, заедно со сведочењата на Абориџини и фармери за голема експлозија - наведува на можност дека научниот тим на сектата создал некаква направа која би ги сместила во нуклеарниот клуб како единствена невладина организација со нуклеарен потенцијал во светот.
Или дека однекаде донеле веќе готова бомба.
Сведоци потврдиле дека сектата набавила заштитни одела, механизација, лабораториска опрема, механички копачи, хемикалии и мистериозни кутии со непозната содржина декларирана како `солна киселина`...


Потврдено е дека сектата која што имала огромна фан-база во тогашна Русија се обидувала да набави тактичко нуклеарно оружје од арсеналот на зомбифицираната руска држава. Дали навистина набавиле и пробно детонирале такво оружје е тешко да се каже но постојат сериозни индиции кои наведуваат на таков заклучок.

Властите не реагирале на настанот бидејќи сектата сеуште ја немала репутацијата која ќе ја стекне со нападот во Токио, а ранчот од 200.000 хектари сектата го продала пред да се `прослави` со нервен гас. Подоцна било откриено дека меѓу другите забегани активности секташите ископувале ураниумова руда на ранчот...

Некој би помислил дека толку креативна секта брзо би исчезнала од сцената после пресметката на Јапонските власти со неа и пресудата на смртна казна на лидерот Шоко Асахара - и би се излагал.
Секташите се` сеуште вредни како мравки и се ребрендирале под ново име `Алеф` па веројатно продолжуваат да сонуваат за нов крај на светот поттикнат од нивна атомска бомба која би била трета детонирана на Јапонско тло...

No comments:

Post a Comment