Wednesday, August 26, 2015

Амбивалентност

(By Roger Mortis, 222/102)
Деновиве е скоро невозможно да се избегнат вестите за масовната миграција на сиријски граѓани низ Балканот. Медиумите надолго и нашироко известуваат за ситуацијата а на сето тоа се надоврзуваат еден куп `аналитичари` кои од `стручен` агол ќе ја обавестат јавноста за сериозноста на ситуацијата...

А ситуацијата е сериозна. Трагична и бесмислена, но и сосема непогодна за емпатија, барем не надвор од онаа мера во која е еволуциски вградена во човека. Слика на дете кое вреска во рацете на родителите додека чекаат транзит е вознемирувачка (освен за социопатите, патриотите и психопатите) но сето тоа добива целосен контекст само ако малку се загребе под површината.

Ситуацијата во Сирија (и Ирак), како места со најстари континуирани државни апарати на планетата (во разни форми) кои датираат до 6.000 а можеби и 6.500 години наназад - е уште еден во бесконечниот низ на недвосмислени докази за трагедијата на етатизмот, потсетник на злото кое го симболизира државата и за тоталната иронија во постоењето на етатистите како поединци и како групи, слепи фанатични верници во исправноста на државата која на овој или оној начин ги сотира илјадиници години, за да тоа продолжи и во 2015-то лето господово, кога истите тие етатисти тргнуваат на пат од 5.000 км за да избегаат од `својата` држава и да стигнат во едни други држави кои се помало зло од нивната, иако за воља на вистината со многу помлада етатистичка традиција - каде што никој не ги сака и чии политичари се до гуша замешани во срањето кое се дешава на Левантот.


Наводно, Дамаск бил град со најдолг континуиран урбан `стаж` на планетава, а Урук најстар град воопшто иако со одамна прекинат континуиет. И таму, на местата со најстара државна традиција на планетата - нема никаквов показател дека времето е сојузник на митот за државата како `спасител` на човекот. Напротив, таму како и секаде, без разлика дали етатизмот постои 500, 1000 или 6.500 години - сировата реалност е сосема јасна, државата краде, убива, урива и силува.

Кога човек ќе погледне од ваква перспектива, одеднаш спласнува секаков хуманистички порив кон милиони слепи верници во етатизмот (верата во Алах е само тажен додаток, данок на додадена вредност на милениумскиот идиотизам).

А балканската раја, која во моментов ја гледа миграцијата во живо - воопшто нека не се грижи, ако излезе некој проблем - државата ќе ве заштити, се што треба да направите е да си ја сакате, да вложите силни и искрени емоции, да плаќате даноци и да си го почитувате `социјалниот договор` кој веројатно го имате врамено дома, на ѕид, помеѓу иконата и портретот на рандом `херој на нацијата`.

Навистина, кој им е крив на Сиријците што направиле толку лош `социјален договор`, сличен на оној кој го направиле жителите на Југославија од почетокот на деведесеттите? Зошто бегаат од територијата на својата држава која упорно ги брани, која си ја сакале од самото раѓање а можеби и пред тоа, во мајчината утроба, државата која се грижела за нив како за свои родени чеда?

Или сите оние милијарди низ вековите, убиени од страна на оваа или онаа држава, а сето тоа само поради fine print-от на последната страница на `социјалниот договор`, голема последица поради мало недоразбирање?

They will never learn...
Or they`ll need glasses.
Or contact lenses.
Or more death and destruction...

No comments:

Post a Comment