Monday, November 21, 2011

Агонија

(By The Marked One, 097/020)
Ноќ.
Земјата почива во темнина.
Се капи во мртвило.
Мртвило кое го чувствувам и во себе.
Горчина на мојот јазик.
Мирисот на смртта полека ги исполнува моите ноздри.
Го слушам нејзиниот шепот во миоте уши.
Чувствувам празнина,
шуплина во моите гради.
Нешто недостига.
Дел од мене.
Не почувствував дека го испуштив
брзајки низ преријата на болката
голтајки прашина, полека умирајки.
Сега?
Сега сум никој.
Сенка, бледа силуета на човек.
Но не и човек.
Само агонија.


No comments:

Post a Comment